Contract
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Брoj
.2021 год.
С К О П Ј Е
ДОГОВОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ
Склучен на ден година помеѓу:
1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, со седиште на ул.
„Св.Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, претставувано од министерката Xxxx Xxxxxxxx (во натамошниот текст:како давател на стипендија) од една страна и
2. од , со адреса на (име и презиме) (град/општина)
живеење на , со ЕМБГ , (улица и број)
студент/ка на запишан/а во
(име на универзитет)
семестар на Факултетот во студиската 2021/2022 година, (во натамошниот текст: како корисник на стипендија) од друга страна
Член 1
Предмет на овој договор е обезбедување и користење на стипендија за студент кој е запишан на додипломски студии во јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, согласно Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2021/2022 година, со бр. 19-11568/2 од 04.08.2021 година, утврдување на износот на стипендијата и регулирање на правата и обврските на договорните страни.
Член 2
Давателот на стипендијата согласно Конкурсот од членот 1 за студиската 2021/2022 година на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од по 5.000,00 денари, за периодот додека трае наставниот период во академската година, се додека корисникот ги исполнува условите од членот 4 на овој Договор.
Член 3
Давателот на стипендијата се обврзува стипендијата од член 2 на овој договор да ја исплаќа на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Член 4
Корисникот на стипендија се обврзува:
1. Редовно да ги запишува семестрите, да исполнува услов за запишување на нареден семестар, односно наредна студиска година и дипломира во рокот предвиден со статутот на високообразовната установа каде се школува;
2. Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото на стипендија, како што се: промена на факултет, насока, отсек, прекинување на понатамошно школување, добивање стипендија или кредит од друга установа или фирма, дипломирање, студиски престој во странство, како и други промени, должни се за тоа да го известат давателот на стипендијата најдоцна во рок од 30 дена од денот кога настанала промената.
3. На денот на потпишувањето на договорот да достави број на трансакциска сметка-резидентна, од банка во Република Северна Македонија на која давателот на стипендијата ќе врши исплата на средствата од член 2 на овој договор.
Член 5
Давателот на стипендијата може да го раскине договорот доколку корисникот на стипендија не ги исполнува обврските од член 4 на овој Договор, го промени факултетот или насоката за кои се доделува стипендијата, не ги достави навремено потребните документи, не запише нареден семестар или студиска година како редовен студент.
Член 6
Во случај на спор странките се согласни по истиот да решава Основниот суд Скопје II Скопје.
Член 7
Овој договор е составен во три еднообразни примероци, од кои два за давателот на стипендијата и еден примерок за корисникот на стипендијата.
Договорот се смета за склучен откако ќе го потпишат договорните странки.
ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА МИНИСТЕР, Xxxx Xxxxxxxx | КОРИСНИК НА СТИПЕНДИЈА
(име и презиме)
(потпис) |
Изготвил: Xxxxxx Xxxxxxxxxx Прегледал:Xxxxxxx Xxxx