Contract
Врз основа на член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија„ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/2016 , 120/18 и „Службен
весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19 и 267/20), а во врска со член 160 став (3) од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр.82/18), член 6 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија„ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија 143/19 и 14/20), Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје објавува
XXXXX XXXXX
за вработување на 8 (осум) лица на определено време до 31.12.2021 година и тоа:
1. РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ (1) извршител
Кандидатот за оваа работно место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки.
• Најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува до 33,436 денари
2. СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА И ПРЕТПРИЕМНИШТВО (1) извршител
Кандидатот за оваа работно место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент);
• Најмалку три години работно искуство во струката ;
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува до 25,966 денари.
3. СОВЕТНИК – ЛЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ, ЛЕКТОР ЗА ЛЕКТОРИРАЊЕ НА ПРЕВОДИ ОД АЛБАНСКИ ЈАЗИК НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК И ОД АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК (1) извршител
Кандидатот за оваа работно место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Наука за јазикот (лингвистика), Наука за книжевноста
• Најмалку три години работно искуство во струката;
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува до 25,966 денари.
4. СОВЕТНИК ЗА ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ (1) извршител
Кандидатот за оваа работно место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Правни науки и Образование
• Најмалку три години работно искуство во струката ;
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува до 25,966 денари.
5. СОРАБОТНИК ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ ОД АЛБАНСКИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ОД МАКЕДОНСКИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК (1) извршител
Кандидатот за оваа работно место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Наука за јазикот (лингвистика), Наука за книжевноста
• Најмалку една година работно искуство во струката;
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува до 23,943 денари.
6. САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ – ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА РЕКТОРОТ (1) извршител
Кандидатите за ова работното место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Вишо или Средно образование
• Најмалку три години работно искуство во струката
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува 16,025 денари
7. САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ – ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТЕХНИЧКИ НАУКИ (1) извршител
Кандидатите за ова работното место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Вишо или Средно образование
• Најмалку три години работно искуство во струката
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува 16,025 денари
8. САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ – ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ НАУКИ (1) извршител
Кандидатите за ова работното место потребно е да ги исполни следниве посебни услови:
• Вишо или Средно образование
• Најмалку три години работно искуство во струката
• Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
• Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски),
Паричниот износ на основната нето плата ќе изнесува 16,025 денари
Кандидатите покрај горенаведените посеби услови, треба да ги исполнуваат и следните општи услови:
• Да е државјанин на Република Северна Македонија,
• Активно да го користи македонскиот јазик,
• Да е полнолетен,
• Да има општа здравствена способност за работното место и
• Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар, и тоа:
1. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место – Xxxxxxxx уверение од Институтот за трудова медицина;
3. Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование согласно условите во огласот;
5. Доказ за работно искуство;
6. Доказ за познавање на странски јазик согласно условите во огласот
7. Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
8. Доказ за вршење на работи од раководно ниво (само за позицијата под реден број 1);
Распоред на работно време: 40 работни часови во неделата, работно време од 08:30 до 16:30, работни денови: од понеделник до петок.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време, до 31.12.2021
година.
Рокот за доставување на пријавите со бараните документи ќе трае 5 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (со исклучок на денот на објавувањетo).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од
201 до 500 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот ќе се
изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Пријавите со бараните документи треба да се достават во затворен плик во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на xxxxx Xxxxx Xxxx xxxx 0, 0-ми спрат соба бр.115, со назнака „за огласот за вработување во Универзитетот, за работно место под реден број ."
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се земаат во предвид.
Краен рок за пријавување: 08.07.2021 година
Контакт телефон: 00-0000-000
Со почит,