Contract
МЦМС е новиот ТАКСО ресурсен центар
Во текот на октомври 2014 година МЦМС и СИПУ од Шведска склучија договор за партнерство со кој МЦМС ќе функционира како ресурсен цен- тар за Македонија, во рамките на ЕУ проектот ТАКСО (Техничка поддршка за граѓанските организации) кој СИПУ го раководи на регионално ниво (За- паден Балкан и Турција). Договорот се однесува на следните три години и ќе трае до август 2017 година. Вкупниот буџет изнесува 195.000 евра.
Главната цел на ТАКСО е да ги зголеми и подобри капацитетите и активности- те на граѓанските организации како и да ја зајакне нивната улогата во пар- тиципативната демократија. Еден од главните предизвици во оваа фаза ќе биде развивањето организациски и финансиски услови за продолжување на испораките на услугите од ТАКСО на национално ниво по август 2017г. кога ќе заврши поддршката за проек- тот.
Четирите клучни области каде ќе се одвиваат активностите се: 1) поната- мошно зајакнување на капацитетите на граѓанското општество и улогата во националната демократизација и во процесот на пристапување; 2) зго- лемување на комуникацијата и видли- воста на придонесите на граѓанското општество за општеството во целина;
3) поддршка во откривањето на нови стратегии и пристапи за мобилизација на ресурси кои се потребни за да се обезбеди развој и одржливост на граѓанското општество и, 4) подобру- вање на законската и институционал- ната рамка за активностите на граѓан- ското општество.
МЦМС веќе обезбеди канцелариски простор за персоналот на ТАКСО, а дел од договорот е и советодавна поддршка од постариот персонал на МЦМС, воспоставување на услуги за поддршка на ГО, обуки за ГО, настани, поддршка во обезбедување видли- вост на ГО, организирање на соста- ноците на Локалната акциска група, учество во регионалните настани и со- станоци и интегрирање на ресурсните материјали на ТАКСО и МЦМС.
МЦМС се пријави за оваа улога на отворениот повик на ТАКСО во април оваа година, а беше избран во процес на темелна оценка на капацитети на апликантите од страна на членовите на Комитетот за оценка и дополни- телна оценка направена од независен експерт.
Ноември 2014
БРОЈ 159
Во новата фаза Цивика мобилитас ќе биде движечка сила за одржливо граѓанско
општество
На 18 ноември 2014 година, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанско- то општество и ќе трае четири години.
На промоцијата беше претставен и тимот кој ќе работи на спроведувањето на Цивика мобилитас
Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци и е донација на СДЦ/Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. Програмата ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
На присутните им се обрати Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, неговата екселенција Xxxxxxx Xxxxxxxx. „Би сакале да ги видиме граѓанските органи- зации фокусирани првенствено на нивното членство, на граѓаните, да ги видиме како ги штитат правата на граѓаните и ги застапуваат нивните интереси“, рече Ам- басадорот Xxxxxxxx и додаде дека транспарентноста на
организациите кон граѓаните ќе им ја зголеми доверба- та, ефикасноста и одржливоста.
Вовед во програмата даде Xxxxx Xxxxxx, меѓународен водач на тимот, а ја презентираше Xxxxxxxxxx Xxxxxxx- ски, националниот водач на тимот и прв извршен дирек- тор на МЦМС.„Во следните четири години Цивика моби- литас ќе тежнее да достигне критична маса на граѓански организации кои активно се ангажираат во постигну- вање општествени промени во Македонија“, рече тој.
Визијата на Цивика мобилитас е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реали- зацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Таа ќе настојува да биде движечка сила за одр- жливо граѓанско општество. Активностите на програма- та се организирани во три компоненти: учење и вмрежу- вање, финансиска поддршка (грантови) и истражување и развој. Учењето и вмрежувањето ќе се реализираат преку поддршка, околу триесетина форуми, фасилита- ција и менторство. Финансиската поддршка се состои од четири типа грантови: институционални, акциски, мали и ад-хок. Третата компонента предвидува истражувачки активности во областите на доброто владеење, децен- трализацијата, граѓанското општество, како и во родови- те прашања, меѓуетничките односи и миграциите.
Ова е втора фаза од спроведувањето на Цивика Моби- литас. Првата фаза беше спроведена во периодот 2009- 2013 година, од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа).
Учество на јавноста во процесите на подготовка на
закони
МЦМС, го промовираше извештајот Огледало на Влада- та: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони. Во првиот дел на анализата е оценета отворе- носта на органите на државна управа во комуникацијата со јавноста, во поддршката на граѓанските организации и во отвореноста при подготовка на конкретни предлог закони. Резултатите од следењето на минимумот стандар- ди и запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се предмет на анализа во вториот дел.
Државните институции се вклучија во дискусијата на резултатите од Извештајот
Извештајот констатира отсуство и опаѓање на проактив- носта на органите на државна управа за комуникација со јавноста. Просечната оцена на комуникациската сре- дина на институциите и степенот на отвореност е оценет со 3,19, што претставува намалување споредено со 2012 (3,47). Поддржувачката околина за учество на јавноста
во подготовката на законите е незначително подобрена, а зголемена е и вклученоста на граѓанскиот сектор во сле- дење и оцена на спроведување на предлог-закони.
Непрепознавањето на експертизата на граѓанскиот сектор за подготовка на стручни текстови продолжува, а забеле- жано е подобрување на почитувањето на временската рамка за консултации. Вклучувањето на јавноста во текот на спроведувањето на консултации за предлог-закони кои се следеле, бележи подобрување. Министерството за труд и социјална политика е најдобро оценето.
Анализата констатира дека Министерствата не објавува- ат голем дел од предлог-законите на XXXX. Во периодот на известување има вкупно 381 закон кои влегле во собраниска постапка, а 201 биле објавени. Покрај тоа, следењето на консултативниот процес е отежнато со неажурирањето на податоците на XXXX и недостапноста на записниците од седниците на Владата. Минималниот рок за консултации е половично почитуван, а министер- ствата најчесто ги објавуваат комплетните документи за консултации. Од друга страна, интересот на јавноста за коментирање на XXXX е мал. Во периодот на следење се поставени само 28 коментари за 15 од вкупно 201 обја- вени предлог-закон. Министерствата во две третини од случаите не даваат повратен одговор на коментарите. Во истиот период министерствата дале само девет повратни одговори на вкупно 28 поставени коментари (32%).
Ќе се утврдува економскиот придонес на граѓанскиот сектор
На 3 и 4 Ноември 2014 г. во Белград, Србија се одржа работилница со на- слов „Студија за економска вредност на граѓанското општество“. Организа- тори на работилницата беа Граѓански иницијативи од Србија и Балканската мрежа за развој на граѓанското опш- тество. Претставник на МЦМС беше Xxxxxx Xxxxxxxxxx.
Работилницата беше вовед во длабин- ско истражување на економскиот при- донес на граѓанскиот сектор во Запа- ден Балкан и Турција. Клучна цел е да се мапираат и прикажат финансиските капацитети, големината, резултатите и вредноста на секторот во однос на це- локупната економија. Истражувањето треба да придонесе кон процесот на легитимизирање на граѓанскиот сек- тор и неговите активности низ реги- онот преку анализирање на опфатот на ГО и мрежите во обезбедување клучни услуги, вработување и помош за стимулирање на економски развој.
Директорот на Агенцијата за деловни регистри на Србија го претстави сис- темот, видот и пристапот до податоци за економската вредност на граѓан- скиот сектор во Србија (интерактив- ната мапа развиена со статистички и финансиски податоци). Искуството на Словенија го презентира претставник на ЦНВОС.
Учесниците работеа во групи и ги идентификуваа заедничките и поеди- нечните за секоја земја прашања. Се дискутираше за поставување основа за истражување/следење и застапу- вање за подобрување на формите на прибирање, пристап и стандар- дизирање на податоците. Земјите се соочуваат со различни предизвици во поглед на обезбедувањето на пода- тоците. Во Македонија сите податоци може се достапни, меѓутоа тие не се бесплатни.
Работилницата се спроведе во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на по- тенцијалот и капацитетите на граѓан- ските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европ- ската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.
Објавен споредбен преглед на состојбите со
корупцијата во регионот
На 13 и 14 ноември 2014 година во Тирана, Албанија се одржа завршната конференција на Мрежата за ли- дерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ). Конференцијата беше посветена на доброто владеење и антикорупциските предизвици во регионот. Се дискутираше за наодите и препораките од следење- то на корупцијата и антикорупцијата во југоисточна Европа како и за превенцијата на корупцијата преку проценка на ризиците за корупција. Конференцијата беше организирана во соработка со Регионалната ан- тикорупциска иницијатива (РАИ), Советот за регионална соработка (РЦЦ) и албанското Министерството за ло- кални прашања. МЦМС како партнер во оваа мрежа на конференцијата беше претставуван од Xxxxxx Xxxxxxx и Xxxxxxx Xxxxxxxx.
На конференцијата беше промовиран Регионалниот антикорупциски извештај кој дава споредбен преглед на состојбите во регионот. Беа презентирани и наодите од националните извештаи за проценка на корупцијата, а посебен акцент беше ставен и на соработката помеѓу граѓанското општество и државните институции.
Xxxxxx Xxxxxxx од МЦМС ги претстави главните наоди од македонскиот Извештај за проценка на корупцијата. Тој истакна дека поради силно изразените социо-еко- номски проблеми, македонските граѓани не ја препо- знаваат корупцијата како еден од трите главни општест- вени проблеми. Наодите од истражувањето укажуваат на тоа дека македонските граѓани ја препознаваат ко- рупцијата повеќе како институционален проблем на не- ефикасна администрација и недоволно спроведување на законите отколку како културен проблем или пак традиционално однесување. Во споредба со резулта- тите од 2002, изведените индекси покажуваат дека прифатливоста за корупцијата се зголемила, заедно со корупцискиот притисок, додека пак постои намалување на подложноста, распространетоста и исплатливоста на корупцијата. Xxxxxxx истакна дека Македонија, слично
на другите земји во регионот има релативно солидна правна рамка која што е се уште недоволно и селектив- но имплементирана. Оттука, беше укажано на потребата од поттикнување на политичката волја со цел институ- ционално гонење на корупциски случаи од високо ниво, како и на потребата од градење на довербата помеѓу граѓаните и институциите. Исто така, беше истакната и потребата од поспецифично дефинирање на антико- рупциските политики, со цел нивно ефективно спро- ведување во пракса и беше потврдена потребата од силно и компетентно граѓанско општество како значаен коректив на институциите.
Учесниците ја потенцираа дека експертизата на граѓанскиот сектор треба почесто да се користи
Во финалната дискусија, учесниците истакнаа дека граѓанскиот сектор треба да биде не само коректив на институциите туку и корисен извор на експертиза и зна- ење. Беа дискутирани и повеќе примери на соработка помеѓу граѓанскиот сектор и државата и беа презенти- рани добрите практики од Србија, Романија и Албанија. Учесниците разговараа и за повеќе механизми и меѓународни искуства за проценката на ризикот од корупција. Беше претставена и методологијата за анти- корупциска проценка на законите, развиена од РАИ и РЦЦ, која има за цел да воспостави дополнителни меѓу- народни стандарди за развивање на подобри закони со минимален корупциски ризик.
Завршија Форумите во заедницата
Последната недела од ноември МЦМС ги одржа двете последователни сесии во општините Делчево и Шуто Оризари со што го заврши спроведувањето на Форуми- те во заедниците.
Граѓаните на Делчево добија уреден парк помеѓу ули- цата „Кеј на ослободување“, реката Брегалница, спорт- ската сала и реката Габровчица. Паркот има пешачки патеки и партерно хортикултурно уредување, поста- вени се клупи за седење, фонтана, корпи за отпадоци и јавно осветлување. Во проектот беа вложени вкупно 5.788.902 денари од кои 2.400.000 денари беа обезбе- дени како донација од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 3.388.902 денари се општински средства.
„Искрено се радувам за уредениот парк, бидејќи според мене паркот беше навистина неопходен за граѓаните на општина Делчево, а посебно за луѓето кои што живеат во тоа населено место,“ изјави Xxxxx Xxxxxxx, учесник на форумот.
Граѓаните на Xxxx Xxxxxxx добија реновирани и са- нирани улици и тоа ул. Диме Мечето и ул. Дринска. Вредноста на овој проект изнесува 5.603.026 денари од кои 2.400.000 денари беа обезбедени како дона- ција од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 3.203.026 денари се општински средства. „Форумот беше интересен процес кој даде вистински резултати“, ни рече Мерсина Куртеши, учесничка на форумот. „Са- кам да напоменам дека овој го сметам за еден од рет- ките проекти кој има видлива реализација. За разлика од останатите, овој проект е видлив - се градат улици, патишта. Би замолила до одговорните и понатаму да се реализираат такви проекти“, рече Куртеши. На крајот од сесиите беа презентирани информации за преземените активности и состојбата на препораките кои граѓаните им ги предадоа на градоначалниците на општините Делчево и Шуто Оризари на петтата форумска сесија.
МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
ул. Xxxxxx Xxxxxxxxx 41а, П.Фах 55, 1060 Скопје
тел: x000 0 0000000 | факс: x000 0 0000000 | xxx.xxxx.xx | xxxx@xxxx.xx