5. III КЛИЕНТ
АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА
ПАРТНЕР
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИВРЕМЕНИ РАБОТНИЦИ
- ОПШТИ УСЛОВИ -
Скопје, Септември 2012
Овие Општи услови ги донесе Раководниот тим на Агенцијата за привремени вработувања ПАРТНЕР - Скопје
Содржина:
1. Примена 5
2. Вовед - дефиниции 6
3. I РЕГРУТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИ 9
4. II ПОЧЕТОК НА ПРИВРЕМЕНОТО ВРАБОТУВАЊЕ 11
5. III КЛИЕНТ
Права и обврски на клиентот 13
6. IV АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА
Права и обврски на агенцијата 15
7. V ПРИВРЕМЕН РАБОТНИК
Права и обврски на привремениот работник 16
8. VI ПЛАЌАЊЕ 19
Посебни обврски за плаќање 21
9. VI ПРОВИЗИЈА - пресметка 22
10. ПРИЛОЗИ
- Генерален договор за ангажирање
на привремени работници 23
- Закон за агенциите за привремени
вработувања 28
Примена
Овие општи услови ќе важат и ќе се применуваат за сите понуди и договори кои се однесуваат на обезбедување на работници за вршење на привремени работи кај работодавачот корисник, во понатамошниот текст: клиент.
Условите и спогодбите кои отстапуваат од овие општи услови ќе важат само доколку Агенцијата за привремени вработувања писмено ги потврди отстапувањата.
Деловната активност на Агенциите за привремени вработувања (АПВ) е да обезбедат работници на определено време, за клиентите кои имаат привремено зголемен обем на работа, работа на проекти, сезонска работа , замена на привремено отсутен работник и сл.
Договор за ангажирање на привремен работник може да склучи секоја фирма, компанија, која има интерес, потреба за ангажирање на привремен работник.
АПВ ПАРТНЕР е експерт во областа на обезбедување работници и во овие рамки ќе направи се да ги исполни желбите на клиентите. Но, имајќи во предвид дека пазарот на труд е многу непредвидлив, АПВ ПАРТНЕР не може да гарантира дека секогаш во целост ќе ги исполни желбите и барањата на клиентите.
Привремениот работник само формално е вработен во АПВ ПАРТНЕР, а е ангажиран да извршува работа за име и за сметка на клиентот, иако не постои договор меѓу нив. Бидејќи привремениот работник работи за клиентот, клиентот е одговорен за упатствата и надзорот на привремениот работник на работното место.
Пред да дојде до вработување, потребно е АПВ ПАРТНЕР и клиентот да се договорат за многу прашања, како: видот на работата што привремениот работник треба да ја извршува, траењето на истата, квалификациите кои треба да ги има привремениот работник кој ќе биде обезбеден, провизијата на АПВ ПАРТНЕР и сл.
Договорот за ангажирање на работник задолжително се склучува во писмена форма и ги содржи следните податоци: генералии на двете договорни страни; времетраење на периодот за ангажирање на работник; висина на платата на привремениот работник; опис на работата и работните задачи и сл. (Закон за Агенции за привремени вработувања).
Работниот однос на одредено време, т.е. привременото ангажирање на работници вклучува три страни: клиентот, работникот и Агенцијата за привремени вработувања.
За да се објасни местото и улогата на секоја од наведените страни: клиентот, работникот и АПВ ПАРТНЕР, како и нивните меѓусебни односи, За нив во продолжение се даваат кратки дефиниции за секој поединечно.
- Генерален договор за обезбедување на работници на одредено време
Договор за соработка помеѓу АПВ ПАРТНЕР и клиентот, со кој АПВ ПАРТНЕР се обврзува да му обезбеди на клиентот работници секогаш кога кај него ќе се јави потреба за привремени работници.
- Договор за привремено вработување
Договор за вработување, според кој едната страна, Агенцијата, ја става другата страна, индивидуалниот работник, на располагање на клиентот за одредено време, за извршување на активности за име и сметка на клиентот.
- Агенција за привремено вработување
Правно лице кое го става на располагање привремениот работник на клиентите.
- Привремен работник
Физичко лице кое склучува договор за привремено вработување со Агенцијата за привремени вработувања.
- Потенцијален привремен работник
Физичко лице регистрирано во Агенцијата за привремени вработувања како потенцијален привремен работник.
- Клиент
Фирма корисник на услугите на Агенцијата за привремени вработувања, фирма која ангажира работници од агенцијата за период за кој смета дека има потреба од дополнителни работници.
Забелешка :
За да се избегнат незаконски динстинкции, особено врз база на религија, пол, вера, политичка определба, раса или по други основи при обезбедувањето на инфор-мации за вработувањето, клиентот нема право да поставува барања кои не се релевантни за работата, ниту пак АПВ ПАРТНЕР ќе земе во предвид некои од тие барања.
Регрутирање на привремени работници
- АПВ ПАРТНЕР ги регистрира физичките лица како потенцијални привремени работници.
- Член на АПВ ПАРТНЕР може да биде секое лице постаро од 15
години ( ученици, студенти, невработени ).
- При регистрирњето во АПВ ПАРТНЕР секој потенцијален привремен работник треба да достави :
1. лична карта
2. 2 ( две ) фотографии
3. Диплома за завршено образование
4. Останати дипломи, уверенија ( од посета и завршени курсеви за странски јазик, работа со компјутери и сл)
5. Доказ за минат труд ( работен стаж) се докажува со поднесување на М4-листа на работен стаж издадена од Фонд на ПИОМ
6. Трансакциска сметка исклучиво од НЛБ Тутунска Банка АД
- При регистрирањето секој потенцијален привремен работник треба да достави на АПВ ПАРТНЕР информација за неговото работно искуство
- Со самото регистрирање, потенцијалните привремени работници покажуваат дека имаат интерес за привремено вработување, а АПВ ПАРТНЕР им укажува дека се можни кандидати за привремено вработување.
- Самото регистрирање на лицата не ја обврзува АПВ ПАРТНЕР да им понуди привремено вработување, а во исто време и самата регистрација не ги обврзува потенцијалните привремени работници да ја прифатат секоја понуда за привремено вработување, но доколку потенцијалниот привремен работник одбие пет понуди за привремено вработување ќе биде санкциониран од страна на АПВ ПАРТНЕР
- Потенцијалниот привремен работник може да биде упатен на интервју (разговор) во фирма која бара работници врз предходно дадени информации за видот на работата , работните часови , начинот на плаќање и сл)
- Потенцијалниот привремен работник е должен да одговори веднаш дали прифаќа или не да оди на понуденото интервју ( разговор)
- Доколку се согласи да оди на интервју , а не појде потенцијалниот привремен работник ќе биде избришан од членство во АПВ ПАРТНЕР
- На барање на АПВ ПАРТНЕР идните привремени работници се задолжени да и достават на АПВ ПАРТНЕР информации за нивното работно искуство, пред да започнат со работа на привременото вработување кое им е понудено.
- Доколку потенцијалниот привремен работник , оди на интервју кај работодавачот-корисник , биде запознаен со условите за негово ангажирање, доколку од работодавачот - корисник биде избран за привремен работник кој ги исполнува условите и потребите на работодавачот-корисник,доколку и привремениот работник даде своја согласност за работење кај работодавачот-корисник во текот на интервјуто ( разговорот) и ако потоа одбие да го потпише договорот за вработување со АПВ ПАРТНЕР тогаш привремениот работник е должен на АПВ ПАРТНЕР да и исплати штета во износ од 5.000,00 денари
- По престанокот на Договорот за привремено вработување, привремените работници остануваат да бидат регистрирани во АПВ ПАРТНЕР, а самата регистрација ќе заврши доколку е прекината од страна на привремениот работник или АПВ ПАРТНЕР.
Напомена:
АПВ ПАРТНЕР има право без образложение да одбие да зачлени лице - потенцијален привремен работник
Почеток на привремено вработување /
Договор за привремено вработување
- Клиентот треба писмено да ја извести АПВ ПАРТНЕР за намерата да ангажира привремен работник, пред да ја реализира самата намера.
- За таа цел клиентот пополнува образецот БАРАЊЕ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРИВРЕМЕН РАБОТНИК . Образецот мора да биде целосно пополнет и потпишан од овластено лице , заверен деловоднички и заверен со печат.
- АПВ ПАРТНЕР за едно работно место на клиентот ќе му испрати до 5 ( пет) кандидати на разговор
- Доколку клиентот не изврши избор на првото интервју , АПВ ПАРТНЕР ќе ја повтори постапката ( по барање на клиентот) , но најмногу уште 2 ( два) пати
- Доколку по одржаните интервјуа со кандидатите испратени од страна на АПВ ПАРТНЕР , клиентот не избере кандидат кој одговара на барањата , се обрзува на АПВ ПАРТНЕР да и даде образложение зошто испратените кандидати не одговараат , а со цел да и помогне на Агенцијата во иднина да ја подобри селекцијата на кандидатите.
- Доколку клиентот го откаже барањето во било која фаза безусловно се обрзува на АПВ ПАРТНЕР да и надомести трошоци во износ од 3.000,00 денари по работно место
- Клиентот се обрзува во прилог на БАРАЊЕТО ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РАБОТНИК да достави и Тековна состојба од Централен регистар ( не постара од 3 месеци)
- Договорот за привремено вработување, се склучува за определено време (до одреден датум или за одреден временски период) и престанува да важи по истекот на тој определен период. Договорот не може да се откаже пред истек на определениот период.
- Доколку е предвидена можност за отказ на договорот, тогаш тоа може да се направи со отказен рок.
Отказниот рок може да варира во зависност од тоа за кој период е склучен договорот и тоа:
- за ангажирани работници до 1 месец - отказен рок 5 дена
- за ангажирани работници до 3 месеци - отказен рок 14 дена
- за ангажирани работници до 6 месеци - отказен рок 30 дена
- за ангажирани работници до 12 месеци - отказен рок 60 дена
Напомена:
АПВ ПАРТНЕР има право без образложение да одбие да склучи договор со одредена фирма - клиент.
Права и обврски на клиентот /
опис на работа и работно место
- Клиентот е должен да постапува строго доверливо, со сите регистрирани лични податоци за привремените работници кои ги обезбедува АПВ ПАРТНЕР, за и во текот на траењето на договорот за привремено вработување.
- Пред склучувањето на Договорот за привремени вработувања, клиентот е должен на Агенцијата да и достави податоци со опис на работата што ќе треба да ја врши привремениот работник; работното време; времетраењето на работата; позицијата и условите за работа кои се однесуваат на привремениот работник, како и предвиденото траење на договорот.
- Клиентот е должен да ја извести Агенцијата за секоја промена на адресата (седиштето), промена на името и за сите останати промени кои што ќе настанат во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
- Клиентот е должен на Агенцијата да и обезбеди и информација за бараните професионални квалификации на привремениот работник.
- Клиентот нема да ангажира привремен работник се до моментот додека работникот не биде во можност да склучи договор за работа со АПВ ПАРТНЕР, ако неговите ангажирања кај други работодавци сеуште не престанале.
- Клиентот е одговорен за управување и надзор над работата што ја врши привремениот работник.
- Клиентот е должен да го обучи привремениот работник за обавување на работата до степен кој ќе гарантира безбедно извршување на работните задачи
- Клиентот е должен да ги обезбеди просториите, опремата и орудијата во кои или со кои работникот на одредено време треба да ја извршува работата за клиентот и да обезбеди инструкции за заштита при работа на привремениот работник.
- Клиентот, во однос на привремениот работник, се јавува како работодавач и во таа смисла треба да ги почитува одребите од Законот за работни односи, Законот за Агенции за привремени вработувања и Законот за безбедност и заштита при работа, кои се однесуваат на заштита при работа и посебната заштита на одредена група работници.
- Ако работникот претрпи индустриска несреќа или професионално заболување, клиентот е должен веднаш да ги извести надлежните органи и да се осигура веднаш да биде составен извештај за настанот во кој ќе бидат наведени сите факти кои се поврзани со несреќата, со што би се утврдило во кој обем несреќата е резултат на фактот дека не се превземени сите мерки за заштита од индустриска несреќа или професионално заболување.
- Клиентот има обврска да исплати надомест на привремениот работник за сите загуби кои ги имал работникот, а се резултат на настаната несреќа при извршување на работата или професионално заболување.
- Ако привремениот работник ангажиран кај клиентот е привремено отсутен од работа поради болест, тогаш АПВ ПАРТНЕР и клиентот се договараат дали е потребна замена на тој работник, со услов привремениот работник, по неговото оздравување, да се врати на работа.
Права и обврски на АПВ ПАРТНЕР
- Активноста на АПВ ПАРТНЕР е да обезбеди привремени работници на клиентите на кои привремено им е потребен персонал. Агенцијата постојано регрутира работници, ги оспособува и ги задржува спремни за вработување.
- АПВ ПАРТНЕР го задржува правото да го замени привремениот работник или да го откаже договорот за привремено вработување, ако оцени дека постојат добри услови за тоа.
- АПВ ПАРТНЕР нема да биде одговорна пред клиентот, за штетата или загубите кои ги причиниле привремените работниците кон клиентот или трети лица.
- Пред започнување на работењето за клиентот, АПВ ПАРТНЕР е должна да го информира привремениот работник за професионалните квалификации што се бараат за понуденото работно место како и за можните ризици што можат да произлезат како резултат на ангажирањето и за начинот на справување со нив.
- АПВ ПАРТНЕР треба да се осигура дека клиентот, при вршењето на супервизијата и управување, мора да се однесува со почит кон привремениот работник, со однос каков што има и кон постојаните работници.
- АПВ ПАРТНЕР е должна да се однесува како добар работодавец. Во случај да дојде до неисполнување на обрските од страна на АПВ ПАРТНЕР, а со тоа трпи процесот на работа кај клиентот, АПВ ПАРТНЕР е должна да плати надомест на клиентот.
- АПВ ПАРТНЕР во секое време може да поднесе барање-предлог до клиентот, за замена на еден привремен работник со друг, а без при тоа да се менува договорот за привремено вработување на работници.
Права и обврски на привремениот работник
- Во сите комуникации со АПВ ПАРТНЕР и клиентот, привремениот работник е должен секогаш безусловно да се легитимира со членска карта од АПВ ПАРТНЕР.
- Привремениот работник при интервју за работа кај работодавач корисник не смее да дава никави податоци од лична природа (телефонски број за контакт, адреса на живеење , копија од лична карта и сл) , затоа што целокупната комуникација помеѓу привремениот работник и рабтодавачот корисник секогаш и без исклучок се одвива на реалација АПВ Партнер - клиент. Во спротивно АПВ ПАРТНЕР не сноси одговорност за можни злоупотреби на податоците на работникот од страна на клиентот.
- Привремениот работник е должен да ја врши работата под надзор и управување на клиентот и да ги почитува регулативите на АПВ ПАРТНЕР и на клиентот.
- Привремениот работник е должен да се однесува како добар работник кон клиентот.
- Привремениот работник е во работен однос со АПВ ПАРТНЕР и за него во целост се применува и важи Законот за работни односи како во поглед на правата така и во поглед на обврските.
- Доколку привремениот работник несоодветно се однесува, ќе биде подложен на санкции како укор, суспензија (без плаќање надомест - плата) или отпуштање.
- Работникот има право да бара, пред да биде упатен на работа кај клиентот, да му биде објаснета природата на работата, потребните квалификации, евентуалните ризици што можат да се јават при извршувањето на работата и сл..
- Работникот е должен да постапува со строга доверливост кон доверливите информации кои се однесуваат на клиентот и неговите деловни активности.
- Правото на годишен одмор, привремениот работник може да го оствари во случај кога е ангажиран континуирано кај работодавецот подолго од 6 месеци. Во случај работникот да нема оставрено 6 месеци континуиран стаж, тогаш се стекнува со право да користи 2 дена годишен одмор за секој месец поминат на работа.
За да го оствари правото за користење на годишен одмор привремениот работник мора во АПВ ПАРТНЕР да достави барање за користење на годишен одмор со потпиес и печат од одговорното лице ( непосреден раководител) .
- За секое отсуство од работа заради боледување , привремениот работник е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа да ја извести АПВ ПАРТНЕР , а по престнок на боледувањето треба да достави заверен примерок од боледување од матичен лекар до АПВ ПАРТНЕР.
- Привремениот работник има право на надомест на плата до 30 календарски дена на товар на работодавачот , а над 30 календаски дена на товар на Фонд за здравствнено осигурување само во случај да има шест месеци непрекинат стаж на осигурување ( член 15 од Закон за здравствено осигурување).
- Привремениот работник нема право на користење на неплатено отсуство од работа.
- Привремените работници , сите други отсуства и одмори , предвидени со Законот за работни односи , можат да ги користат единствено со предходно добиено решение од АПВ ПАРТНЕР
- Доколку привремениот работник прифатати да биде ангажиран во одредена компанија со знаење на сите права и обврски за соодветното работно место, потпише договор за вработување, а на договорениот ден не се појави на работното место или пак во периодот за кој е склучен договорот сака да го раскине работниот однос без посебна
V ПРИВРЕМЕН РАБОТНИК
причина, тогаш е должен да плати пенали на АПВ ПАРТНЕР, во висина од 30% од договорената нето плата.
- Привремениот работник, при неговото ангажирање, има право да бара од фирмата каде е ангажиран да му обезбеди заштитна опрема, во зависност од видот на работата. Привремениот работник има обврска да ја користи заштитната опрема за цело време на неговото ангажирање, доколку процесот на работа тоа го бара.
- Привремениот работник има право да одбие извршување на работа доколку клиентот не му обезбеди заштитни средства или доколку самата работа е ризична по здравјето и животот на работникот, односно истиот не е доволно и соодветно остручен за извршување на истата.
- Доколку привремениот работник не побара обезбедување на заштитни средства, односно истите не ги користи при процесот на работа, а дојде до повреда, ниту АПВ ПАРТНЕР, ниту клиентот не сносат никаква одговорност.
- Сите привремени работници задолжително се осигуруваат од незгоди. Осигурувањето го врши АПВ ПАРТНЕР колективно за сите ангажирани привремени работници. Месечниот износ со кој се задолжуваат сите привремени работници изнесува 150,00 денари и подразбира 24 часовно осигурување од повреди.
- Сите недоразбирања што можат да настанат на релација привремен работник - клиент и обратно се решаваат единствено со учество и навремено известување на АПВ ПАРТНЕР.
Забелешка :
Привремениот работник не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на клиентот, кои како такви со посебен акт ќе ги определи клиентот и кои му биле доверени на привремениот работник или со кои бил запознаен на друг начин.
Привремениот работник е одговорен за издавање на деловна тајна, ако знаел или би морал да знае за таквото својство на податоците.
Работа и работно време
Со склучувањето на Договорот за ангажирање на привремени работници, клиентот треба да достави опис на работата што треба да ја врши привремениот работник. Работата може да се измени за времетраење на ангажманот, по барање или на работникот или на клиентот, врз основа на поднесено барање до АПВ ПАРТНЕР. Ако привремениот работник треба да извршува работа на пониско квалификувано работно место, неговата плата треба да остане непроменета.
Работното време на привремениот работник, бројот на работните часови, времето за одмор, ќе бидат еднакви на нормалното време и часови кои се применуваат во фирмата- клиент, освен ако поинаку не е договорено при склучувањето на договорот за привремено вработување помеѓу АПВ ПАРТНЕР и клиентот. Доколку привремениот работник ја извршува работата подолго од нормалното работно време, тогаш тие часови ќе се сметаат како прекувремена работа. Одморот и посебните отсусва на привремениот работник се усогласуваат со Законот за работни односи.
АПВ ПАРТНЕР треба да биде запознаена со секој прекин што настанува во ангажирањето на привремениот работник. Клиентот има обврска постојано да ја известува АПВ ПАРТНЕР за прекините кои што можат да настанат при ангажирањето на привремениот работник, како АПВ ПАРТНЕР би можела соодветно да постапи, доколку тие прекини бидат подолги од неколку континуирани денови.
Висината на платата што ќе ја добива привремениот работник не може да биде помала од платата на работник кај клиентот на исти работи, а ако таков работник нема, од платата на работник кој е ангажиран на слични работи (Закон за Агенции за привремени вработувања).
На привремениот работник ангажиран преку АПВ ПАРТНЕР му следуваат сите надоместоци од плата како на лицата што се во редовен работен однос кај клиентот.
Евидентирање на присуството на привремениот работник се врши секојдневно , евидентирајки го бројот на часови поминати на работа ( вклучувајќи и посебна евиденција на прекувремените часови) кои работникот ги остварил. Списоците што се доставуваат до АПВ ПАРТНЕР за евиденција на присуството на привремениот работник се основа за изработка на фактура од АПВ ПАРТНЕР кон клиентот.
Доколку отстапените работници во тек на месецот отсуствуваат од работа , клиентот е должен веднаш да го пријави отсуството на отстапените работници во АПВ ПАРТНЕР со писмен допис или по електронски пат ( по факс или електронска пошта) . Во спротивно АПВ ПАРТНЕР ќе пресмета и фактурира плата за целиот период на ангажирање утврден во договорот за отстапување.
АПВ ПАРТНЕР им исплаќа плата на привремените работници на трансакциска сметка од НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, по плаќање на фактурата од страна на клиентот.
АПВ ПАРТНЕР нема обврска да исплати плата на работниците кои се ангажирани кај клиентот пред плаќање на фактурата.
АПВ ПАРТНЕР има обврска да ги исплати неисплатените плати на работниците во рок од 3 ( три ) месеци од истекот на периодот за кој се однесува платата !
Клиентот мора секоја фактура, која му е доставена од АПВ ПАРТНЕР, да ја плати во рок од 8 дена сметано од денот на фактурурањето , но не подоцна од 14-ти во месецот. Во спротивно клиентот ќе биде обврзан да плати и затезна камата.
Агенцијата за привремени вработувања има обврска на привремениот работник да му достави целосен извештај за секоја исплатена плата, со детали за вкупниот износ на платите, одбиените износи - ако има такви, висина на даноците, придонесите и сл.
Посебни обврски за плаќање
(резултат на неисполнување на договорот)
1. Кога АПВ ПАРТНЕР не го исполнува договорот
- Доколку АПВ ПАРТНЕР пропушти да ги исполни своите обврски, а тоа доведе до директна штета кај клиентот.
- Доколку прати на работа лице кое не одговара на профилот што го определил клиентот.
- Доколку пропушти или не испрати лице на работа, а за тоа не го извести клиентот (еден работен ден претходно).
Во тој случај, АПВ ПАРТНЕР е должна да плати надомест на клиентот во висина од 30% од договорената нето плата на привремениот работник.
2. Кога клиентот не го исполнува договорот
- Кога привремениот работник се појави на договореното место и време за да почне да ја извршува договорената работа, а по вина на клиентот не отпочне со извршувањето на работата.
- Согласно со договорот за привремени вработувања на работници, ангажирањето да биде помалку од 15 часа неделно, а со договорот не е утврдено или не е јасно утврден неделниот обем на работа.
Во двата случаи клиентот ќе се терети на Агенцијата да и исплати, надомест во висина од 30% од договорената нето плата.
АПВ ПАРТНЕР своите услуги ќе ги наплати од клиентот.
Висината на надоместокот што АПВ ПАРТНЕР ќе го побарува од клиентот е во зависност од бројот на работниците што клиентот ќе ги ангажира од АПВ ПАРТНЕР, времетраењето на договорот за ангажирање на работниците, како и дали АПВ ПАРТНЕР ќе треба при ангажирањето на работниците да направи нивна дообука - доквалификација и сл..
Висината на провизијата што АПВ ПАРТНЕР ја пресметува и наплаќа за извршена услуга се движи :
- до 10 (десет) ангажирани лица 10% на бруто плата
- до 20 (дваесет) ангажирани лица 8% на бруто плата
- до 30 (триесет) ангажирани лица 7% на бруто плата
- За сите неконтинуирани ангажирања без оглед на бројот на отстапените работници провизијата без исклучок изнесува 10%.
Напомена:
Провизјата може да биде променлива во зависност од времетраењето на договорот и висината на нето платата
( висината на провизијата ќе се утврдува по истекот на месецот врз основа на реален број на отстапени работници , а не врз основа на склучени договори )
За склучен договор за соработка на 1 (една) година со континуирано ангажирање на работници ( во текот на целиот период) на одредената провизија се пресметува 10% попуст.
За склучен договор за соработка на 2 (две) години со континуирано ангажирање на работници ( во текот на целиот период) на одредената провизија се пресметува 20% попуст.
Клиентот ќе биде должен да и плати на АПВ ПАРТНЕР, се до оној момент додека АПВ ПАРТНЕР се придржува кон договорените услови дефинирани со генералниот договор за отстапување на работници.