Брoj
Брoj
.2023 год. С К О П Ј Е
ДОГОВОР ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ
Склучен на ден година помеѓу:
1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА со седиште на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, застапувано од министер Doc.Xx. Xxxxx Xxxxxxx (во натамошниот текст:како давател на стипендија) од една страна и
2. од , со адреса на (име и презиме) (град/општина)
живеење на , со ЕМБГ , (улица и број)
студент/ка на запишан/а во
(име на универзитет)
семестар на Факултетот во студиската 2023/2024 година, (во натамошниот текст: како корисник на стипендија) од друга страна
Член 1
Предмет на овој договор е обезбедување и користење на стипендија за студент кој е запишан на додипломски студии во јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, согласно Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2023/2024 година, со бр. бр.19-11465/2 од 25.10.2023, утврдување на износот на стипендијата и регулирање на правата и обврските на договорните страни.
Член 2
Давателот на стипендијата согласно Конкурсот од членот 1 за студиската 2023/2024 година на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од по 6.000,00 денари, за периодот додека трае наставниот период во академската година, се додека корисникот ги исполнува условите од членот 4 на овој Договор.
Член 3
Давателот на стипендијата се обврзува стипендијата од член 2 на овој договор да ја исплаќа на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Член 4
Корисникот на стипендија се обврзува:
1. Редовно да ги запишува семестрите, да исполнува услов за запишување на нареден семестар, односно наредна студиска година и дипломира во рокот предвиден со статутот на високообразовната установа каде се школува;
2. Најдоцна до 30 октомври 2023 година, до давателот на стипендијата да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успехот и бројот на положени испити од претходната година за која е стипендиран корисникот на стипендија и индекс на увид.
3. Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото на стипендија, како што се: промена на факултет, насока, отсек, прекинување на понатамошно школување, добивање стипендија или кредит од друга установа или фирма, дипломирање, студиски престој во странство, како и други промени, должни се за тоа да го известат давателот на стипендијата најдоцна во рок од 30 дена од денот кога настанала промената.
4. На денот на потпишувањето на договорот да достави број на трансакциска сметка-резидентна, од банка во Република Северна Македонија на која давателот на стипендијата ќе врши исплата на средствата од член 2 на овој договор.
Член 5
Давателот на стипендијата може да го раскине договорот доколку корисникот на стипендија не ги исполнува обврските од член 4 на овој Договор, го промени факултетот или насоката за кои се доделува стипендијата, не ги достави навремено потребните документи, не запише нареден семестар или студиска година како редовен студент.
Член 6
Во случај на спор странките се согласни по истиот да решава Основниот суд Скопје II Скопје.
Член 7
Овој договор е составен во три еднообразни примероци, од кои два за давателот на стипендијата и еден примерок за корисникот на стипендијата.
Договорот се смета за склучен откако ќе го потпишат договорните странки.
ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
И НАУКА МИНИСТЕР/ MINISTËR,
Doc.Xx. Xxxxx Xxxxxxx
КОРИСНИК НА СТИПЕНДИЈА
(име и презиме)
(потпис)
Изготвил: Xxxxxx Xxxxx Прегледал:Арабела Иљаз Одобрил:Xxxxxx Xxxxxxxxxxx