„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
ЗА НАБАВКА НА СЕРВЕРСКА ОПРЕМА
/стоки/
септември 2022]
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За поедноставена отворена постапка за набавка на Серверска опрема Тендерската документација содржи:
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 10
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 20
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ...
9. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ ....................................................................
Прилог 1 – Образец на понуда........................................................................
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата ...............................................
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
Прилог 4- Електронски потпишан модел на договор
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го
имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или
понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги1, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што
1 Кога предмет на набавка се работи, овој дел се брише.
договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорниот орган е Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје, со адреса на Xx.Xxxxx Xxxxx xx. 0, мезанин, локал 5, телефон за контакт 02/3231- 117, електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, лице за контакт Xxxxx Xxxxxxxxxx.
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стока:
Набавка на серверска опрема.
Подетален опис на предметот на набавката: Набавка на серверска опрема согласно техничката спецификација по вид и количина дадени во спецификацијата.
1.3.2 Предметот на договорот не е делив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови.Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и донесените подзаконски прописи.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци.
Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Кај договорниот орган Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ,лицето Шеваљ Цеку- контакт тел 02/0000-000 ,електронска адреса xxxxxx.xxxx@xxxxxxxx.xx ,
е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи,а во врска со корупција во јавните набавки.
1.5.2 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка2
1.7.1 Електронска аукција
1.7.2 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.3 Предмет на електронската аукција ќе биде само цената кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
1.7.4 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.5 Електронската аукција започнува најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција [во кои се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат].
2 Овој точка треба да е содржана само доколку се користи еден од пропишаните начини на доделување на договорот. Во спротивно се брише.
1.7.6 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.7 Доколку е поднесена само една понуда или доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, договорниот орган иако предвидел електронска аукција истата нема да ја одржи согласно член 59 став 16 од Законот за јавни набавки(Сл.весник на РМ 24/19)
Напомена: Согласно на ова понудувачите треба да имаат во предвид да доставуваат реални цени во рамките на проценетата вредност, за да имаме од двете страни успешно спроведени и реализирани постапки, во спротивно договорниот орган ќе биде принуден да донесува одлука за понишување на постапката поради цени повисоки од реалните на пазарот.
1.7.8 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА 3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или
правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН3, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуда.
3.6 Цена на понудата
3На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари..
3.7 Корекција на цени
3.7.1 Не се предвидува корекција на цените.При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените,односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот.
3.8 Начин и рок на испорака на стоките
3.8.1 Опремата да биде испорачана во рок од 15 дена од направена нарачка од страна на договорниот орган на начин кој е детално даден во техничката спецификација и моделот на договор.
Времетраење на договорот -до испорака на стоката.
3.9 Начин на плаќање
3.9.1 Набавувачот се обврзува плаќањето на Понудувачот да го врши вирмански, по потпишан записник за извршена инсталација на понудената опрема, во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност oд 90 дена.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување
3.11.1 Изјава за сериозност
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската
документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 05.10.2022 година, до 12,00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност
- (Документи со кои ќе се докаже дека дека не постојат причини за исклучување од постапката)
- Документи со кои ќе се докаже дека се исполнети условите за квалитативен избор- способност за вршење професионална дејност , техничка и професионална способност и стандардите за системи за квалитет.
- Електронски потпишан модел на договор (прилог 4)
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
− ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
− доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
− доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
− доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 05.10.2022 година во 12,00 часот како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација ул.„Xxxxx Xxxxx“ бр. 9, мезанин, локал 5 во Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ 5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат
економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа: а) способност за вршење професионална дејност;
б) техничка и професионална способност и
в) Дали се исполнети стандардите за системи за квалитет.
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:4
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за
4 Во оваа потточка се содржани опционалните услови за исклучување од постапката. Доколку не се утврдуваат оваа потточка се брише / или останува/ат само оној/ие основ/и кој се утврдува/ат.
јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран
5.3.3 Техничка и професионална способност5
5.3.4 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
-Економскиот оператор треба да има најмалку 1(едно) стручно лице кое поседува сертификат за MCSE-Server-Infrastructure или еквивалентно
-Економскиот оператор треба да има најмалку 1(едно) стручно лице кое поседува сертификат за Microsoft Specialist – Server Virtualization with Windows Server Hyper-V and System Center или еквивалентно
-Економскиот оператор треба да достави МАФ од производителот на опремата за првата ставка од техничката спецификација.
5 Утврдувањето на овој услов за квалитетивен избор на економските оператори е опционален. Доколку не се утврдува да се избрише.
5.3.5 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на условот од подточка 5.3.4 со доставување на:
- Сертификат од најмалку 1(едно) стручно лице кое поседува сертификат за MCSE-Server Infrastructure
-Сертификат од најмалку 1(едно) стручно лице кое поседува сертификат за Microsoft Specialist-Server Virtualization with Windows Server Hyper-V and System Center
-Да се достави МАФ од производителот на опремата за првата ставка од техничка спецификација
5.3.6 Користење способност од други субјекти
5.3.6.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.6.2 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.6.3 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.2, 5.3.5 од оваа тендерска документација.
5.3.6.4 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точката 5.3.6.2 од оваа потточка.
Економскиот оператор не може во постапката за јавна набавка заради исполнување на стандардите за системи за квалитет да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.7 Стандарди за системи за квалитет
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на
квалитет ,економскиот оператор,треба да ги исполнува следниве стандарди:
-ISO/IEC ISO/IEC – 20000-1 (IT Servicе Management System).
-ISO/IEC 27001:2013 (Information Security Management System).
5.3.8 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 5.3.7 со доставување на:
-Важечки Сертификат ISO/IEC-20000-1 (IT Service Management System) и
-Важечки Сертификат ISO/IEC 27001:2013 (Information Security Management System)
НАПОМЕНА: Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1 на оваа тендерска документација кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, на XXXX ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или
би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.3 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
Прилог 4
Модел на договор за
Набавка на стока- Набавка на серверска опрема
Склучен помеѓу:
1. Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, со седиште на xx.Xxxxx Xxxxx xx.0 мезанин локал бр.5 Скопје, ЕМБС 6701213 ЕДБ 4080011521604 застапувано од Генерален Директор Шеваљ Цеку дипл.соц. (во натамошен текст: Договорен орган ), и
2. , со седиште на ул. бр. , со ЕМБС , ЕДБ застапувано од
(во натамошен текст: Економски оператор)
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со набавка на стока-, Набавка на серверска опрема со примена на поедноставена отворена постапка со користење на електронска аукција, врз основа на Одлука за јавна набавка бр.05- 1110/2 од 26.04.2022 година и Одлуката за избор на најповолна понуда бр. од година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е Набавка на серверска опрема за потребите на Договорниот орган ,по опис согласно техничката спецификација од тендерската документација од тендерската документација и
прифатената Понуда бр. од година составен дел на Договорот.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на Договорот согласно прифатената понуда на Носителот на набавката бр. година изнесува денари без
ДДВ, ДДВ во износ денари или вкупно денари со ДДВ ,
царина и други јавни давачки и транспортни трошоци до седиштето на Договорниот орган.
Единечните цени по дадените количини од Спецификацијата за набавка на серверска опрема од тендерската документација од прифатената понуда на Понудувачот бр. од , составен дел на овој Договор , се цени искажани без ДДВ, и со ДДВ со вклучена царина, други јавни давачки согласно законските прописи и
сите трошоци и транспортни трошоци до седиштето на договорниот орган.
Единечните цени неможе да се менуваат до истекот на важноста на овој Договор.
НАЧИН , УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Набавувачот и Понудувачот изричито се договорија дека авансно плаќање е неприфатлив начин на плаќање.
Набавувачот се обврзува плаќањето на Понудувачот да го врши вирмански, по потпишан записник за извршена инсталација на понудената опрема, во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган.
НАЧИН И РОК НА ИСПОРАКА
Член 5
Понудувачот е должен да ја испорача стоката предмет на овој Договор во рок од 15 дена од направена нарачка од страна на договорниот орган согласно спецификациите од прифатената понуда.
Понудувачот е должен да ја испорача стоката, предмет на овој Договор , согласно описот и количината, описот на конфигурацијата и оперативниот систем од техничките спецификации, составен дел на прифатената понуда на Договорниот орган.Избраниот најповолен понудувач ќе треба да изврши инсталација на понудената опрема,префрлање/миграција на постоечките виртуелни сервери на новиот кој е предмет на набавка.
Избраниот економски оператор ќе треба да изготви предлог решение за наведените услуги, кое после одобрувањето од страна на договорниот орган истото во заемно договорен термин и рок ќе се изврши. Целата миграција е на товар на економскиот оператор и треба да биде вкалкулирана во цената.
Економскиот оператор треба да изготви техничка документација за ново инсталираната опрема.
Испораката на предметот на набавката ќе се констатира со записник за технички прием на предметот на набавката, потпишан од овластени лица од двете договорни страни.
Понудувачот е должен стоката предмет на овој Договор да ја испорача до седиштето на договорниот орган на ул „Стале Попов„ бр.9 мезанин локал бр. 5 Скопје.
Испораката на стоката се смета за извршена со уредно заверена гаранција на опремата.
ГАРАНТЕН РОК И СЕРВИСИРАЊЕ
Член 6
Носителот на набавката е должен, согласно техничките карактеристики- спецификација) со кои се определува стоката која се испорачува, да издаде гаранција за квалитетот , односно за нејзино
исправно функционирање , документ за начинот на употреба на стоката, да обезбеди сервиси за опремата, одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантен рок.
Гарантниот рок за првата ставка од техничката спецификација- Серверска опрема,хардвер и софтвер изнесува минимум 3 (три години) гаранција и подршка од производителот.
Гарантниот рок за втората ставка од техничката спецификација- UPS(уред за непрекинато напојување) изнесува минимум 1 година.
Гарантниот рок за третата ставка од техничката спецификација SWITCH(Мрежен преклопник ) изнесува минимум 3 години.
Понудената опрема треба да е нова,да не е да не е refurbished и да е неотпакувана.
Задолжително да се достави МАФ од производителот на опремата за првата ставка од техничката спецификација.
Трошоците за одржување и сервисирање во гарантниот рок паѓаат на товар на Носителот на набавката .
Во случај на доцнење со испорака на стоката предмет на овој Договор од страна на Понудувачот , Набавувачот има право на надомест на штета и договорна казна-пенали.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 7
Во случај на доцнење со испораката на стоките предмет на овој Договор, од страна на Носителот на набавката , Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали.
Договорната казна –пенали се определува во висина од 2% од вредноста на Договорот со вклучен ДДВ, за секој ден задоцнување од вредноста на неиспорачаните стоки со вклучен ддв за секој ден задоцнување.
Во случај на доцнење со испораката, Договорниот орган има право, по претходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за дополнително оставениот рок од 2 дена, да го раскине Договорот за испорака на стоките со проста изјава за раскинување на Договорот и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета.
Член 8
Во случај на неисправност или недостаток на стоките предмет на овој Договор,несоодветност со техничката спецификација, освен во неработни денови, договорниот орган е должен веднаш да го пријави кај Носителот на набавката .
Договорниот орган има право поради неисправност или недостаток на стоките, несоодветност со техничката спецификација, по свој избор да
бара:
• Замена на стоките со соодветна стока со иста трговска марка, тип, конфигурација и оперативен систем
• Сразмерно намалување на продажната цена
• Бесплатно отстранување на недостатоците на стоката
• Намалување на продажната цена
• Надомест на штета
• Раскинување на Договорот.
Во сите случаи од став 2 на овој член Договорниот орган има право на надомест на штета.
ВИША СИЛА
Член 9
Договорниот орган и Носителот на набавката се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток,
повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 10
Договорот стапува во сила веднаш по неговото потпишување од страна на договорните страни.
Член 11
Договорот се склучува на определено време до испорака на
стоката.
Член 12
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата што ја претрпел поради неисполнување или
ненавремено или неквалитетно исполнување на договорните обврски.
Член 13
Во случај на спор договорните страни се согласни спорот да го решат спогодбено.
Доколку спорот не се реши спогодбено истиот ќе го решава надлежниот суд во Скопје.
Член 14
За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и позитивните прописи во Република Северна Македонија.
Член 15
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката .
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
Моделот на договор треба да се достави електронски потпишан заедно со понудата
Прилог 1-Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број објавен од страна на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост- Скопје , за набавка на стока – Серверска опрема , со спроведување на набавка по спроведена поедноставена отворена постапка , и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Финансиска понуда
Нашата понуда важи за перидот утврден во тендерската
документација.Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација
Согласни сме да понудиме стока – Набавка на Серверска опрема.
III.1. Според тоа вкупната цена на нашата понуда во денари, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти за Серверска опрема, без ДДВ, изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
III.1.1 Вкупниот износ на ДДВ во денари изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Според тоа, вкупната цена на нашата понуда вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со ДДВ, изнесува:
[со бројки и букви во денари ]
Составен дел на понудата е техничката спецификација за јавна набавка на сервер и серверска опрема и Спецификацијата- табелата со цени и истите треба задолжително да се пополнат.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација како и начинот и рокот за извршување на услугата утврдени во тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Спецификација со цени
Р. бр. | Тип | Количина | Единечна мерка | ЕДИНЕЧНА ЦЕНА без вклучен ДДВ | Износ на ДДВ | ЕДИНЕЧНА ЦЕНА со вклучен ДДВ |
1 | Серверска опрема | 1 | парче |
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Понудувачот [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на стока-Серверска опрема, која се спроведува по оглас за јавна
набавка број објавен од страна на
, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
• нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
• понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
• е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*
(потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Xxxxxxxx ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека
за
[се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на стока-Серверска опрема [се наведува предметот на
набавка] која се спроведува по оглас бр. [се наведува
бројот на огласот] објавен од страна на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост Скопје [се наведува договорниот орган].
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) * |
**Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.