✓ невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 12.01.2022година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, за работно ангажирање со скратено работно време од 5 (пет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невранботени лица треба да имаат лиценца за негувател.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 5 месеци.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 5 (пет)месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица- корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско- корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
✓ долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
✓ млади лица до 29 години
✓ лица постари од 50 години
✓ невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19
✓ лица корисници на гарантирана минимална помош
✓ лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
✓ жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
✓ самохрани родители
✓ родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- негуватели за деца во јавните детски градинки
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје во периодот од 12.01.2022година до 17.01.2022година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Xxxxxx Xxxx и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кисела Вода кај лицето Xxxxxxxxx Xxxxxxxx, Општински координатор за Програмата
„Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Xxxxxx Xxxxxxxx, Центар за социјлна работа Кисела Вода кај лицето Xxxxx Xxxxxxxxxx.
Општина Кисела Вода