Contract
Д О Г О В О Р
за уредување на меѓусебните права и обврски во текот на специјализација
Склучен на ден __________________ 2022 година, помеѓу:
Универзитет ,, Св. Кирил и Методиј’’ Стоматолошки факултет во Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр. 43, Скопје, застапуван од декан проф. д-р Xxxx Xxxxxxxxx x
д-р ________________________________________________ (во понатамошниот текст специјализантот)
Член 1
Со решение бр. 08- _________ од __________2022 година, донесено од Деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје, на специјализантот му е одобрена приватна специјализација по ________________________________________со најкратко времетраење од три (3) години, односно триесет и шест месеци (36) месеци сметано од 15.12.2022 година.
Член 2
Стоматолошкиот факултет во Скопје се обврзува на специјализантот да му издаде програма за специјализацијата од член 1 на овој договор, да завери специјализантска книшка каде се води евиденција за обавени турнуси и положени колоквиуми, да издаде книга за евиденција за спроведени потапки и интервенции, да овозможи едукација во согласност со програмата и по обавување на предвидените турнуси и положени колоквиуми, да овозможи полагање на специјалистичкиот испит и да издаде уверение за положен специјалистички испит.
Член 3
Специјализантот се обврзува да ги надомести средствата на име трошоци за наведената специјализација од член 1 на овој договор во износ од 2400 евра во денарска противвредност.
Износот наведен во став 1 на овој член се однесува за најкраткото времетраење на специјализацијата кое изнесува 36 месеци определено со Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 275/2021).
Во случај на потреба од продолжено времетраење на специјализацијата, се доплаќаат средства кои се пресметуваат како процентуален износ од вкупното времетраење на специјализацијата во однос на вкупната сума за плаќање на име трошоци за специјализација определена со став 1 од овој член.
Договорните страни се согласни да извршат измени на договорот во писмена форма во случај на евентуални измени во висината на трошокот на специјализација со позитивните прописи со кои би биле опфатени и специјализанти кои се веќе запишани на специјализација.
Член 4
Договорните страни се согласни вкупната сума на име трошоци за специјализација да се плаќа на три (3) еднакви рати од по 800 евра во денарска противвредност по среден курс на еврото според Народна банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.
Динамиката на плаќање договорни страни се согласни да биде следна:
- веднаш при уписот да биде исплатена првата рата на износ од 800 евра во денарска противвредност;
- останатите две рати од долгот, од по 800 евра во денарска противвредност да бидат исплатени по истекот на секои дванаесет (12) месеци, сметано од денот на одобрување на специјализацијата.
Член 5
Специјализантот се обврзува доспеаните рати да ги уплатува на време во роковите предвидени со членот 4 од овој договор.
Доколку средствата од член 3 и 4 не се уплаќаат редовно на сметката на првата договорна страна, Факултетот може да го прекрати обавувањето на специјализантски стаж на кандидатот. Продолжување на стажот може да се дозволи откако ќе бидат подмирени сите доспеани трошоци, односно рати.
Член 6
Договорните страни се согласни секој евентуално настанат спор да го решаваат мирно и спогодбено, во спротивно доколку тоа не е можно спорот ќе го решава месно и стварно надлежен суд во Скопје.
Член 7
Овој договор е склучен во два (2) еднообразни примерока од кои по еден за секоја договорна страна.
Специјализант УКИМ-Стоматолошки факултет во Скопје
Д Е К А Н
___________________________ Проф. д-р Xxxx Xxxxxxxxx
(потпис)