Работно место 2: Негoвател на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Договорот за соработка за Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско–корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.06.2024 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Поддршка на заедницата” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенцијата за вработување - Центар за вработување Крушево.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Работниот ангажман ќе започне на 01.07.2024 година/01.09.2024 година.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата
„Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот
ангажман од 6 (шест) месеци / 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно оствареното право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, активни баратели на работа.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
− долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
− млади лица до 29 години;
− лица постари од 50 години;
− лица корисници на гарантирана минимална помош;
− лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
− жртви на семејно насилство;
− самохрани родители;
− родители на деца со пречки во развојот;
− родители на 3 и повеќе деца и
− лица со незавршено средно или пониско образование.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место 1: Асистент за помош и поддршка на самостојно живеење - давање на инструментални услуги
Работниот ангажман за асистентите за помош и поддршка на самостојно живеење - давање на инструментални услуги, ќе се одвива на територијата на општина Крушево, во домашни услови кај крајните корисници.
Ангажманот подразбира извршување на следниве работни задачи: четиричасовно дневно ангажирање, да врши ресоцијализација на корисникот, да овозможи психолошка поддршка на корисникот и да ја поттикне комуникацијата, да овозможи социјална интеракција и вклученост во заедницата, да го поттикне чувството на сигурност и доверба кон заедницата, да дава помош/поддршка во извршување на инструментални активности од секојдневниот живот и тоа: поддршка за одржување на хигиена во домот, поддршка во подготовка на оброк, набавка на намирници за подготовка на оброк, достава на храна, поддршка во набавка на лекови, земање на медицинска терапија, поддршка во плаќање на сметки, поддршка во
извршување на ситни поправки во домот (менување сијалица, закачување на слика и сл.), помош за закажување термини за прегледи, состаноци и сл., поддршка во надворешна мобилност преку организирање на прошетки, придружување на корисникот на манифестации и културно-спортски настани, болница, амбуланта, клуб, неформално образование и сл. (да му обезбеди поддршка на корисникот безбедно да стигне од дома до одредената институција/дестинација и обратно), користење телефон и помош во управување со буџет (во зависност од потребата на секој корисник поединечно), да подготвува дневник за евидентирање на дневните обврски и месечен извештај за спорведените активности и да врши други работи согласно стручната подготовка.
Позиции за работно место 1: 3 (три)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност, принципиелност.
Стекнато образование:
• ССС било кое три или четиригодишно средно образование
• Основно образование
• Медицинска сестра – средно образование
• Физиотерапевт – средно или високо образование
опционално:
• стекнат сертификат за неговател на стари и изнемоштени лица
• стекнат сертификат за неговател на лица со попречености
• возачка дозвола Б категорија.
Работно место 2: Негoвател на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево
Работниот ангажман за негувателот на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево ќе се одвива во просториите на Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево.
Ангажманот подразбира извршување на следниве работни задачи: четиричасовно дневно ангажирање, да овозможи социјална интеракција и психолошка поддршка на корисниците, да ги пречекува, испраќа, згрижува, да помага во хранење и одржување на личната хигиена на корисниците, да пружа соодветна нега на корисниците, да помага во одржување на наставата, да соработува со стручните соработници од установата и родителите/старателите/згрижувачите околу испорачувањето на услугите, да ги придружува корисниците на манифестации и културно-спортски настани кои се дел од активностите на установата каде се згрижуваат, да помага во утврдување на интересите и афинитетите на корисниците, да подготвува дневник за евидентирање на дневните обврски и месечен извештај за спорведените активности и да врши други работи согласно стручната подготовка.
Позиции за работно место 2: 1 (една)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:
Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност, принципиелност.
Стекнато образование:
• ССС било кое три или четиригодишно средно образование
• Основно образование
• медицинска сестра – средно образование
опционално:
• стекнат сертификат/лиценца за негувател
• стекнат сертификат/лиценца за негувател на лица/деца со попречености
Работно место 3: Личен асистент на деца со попречености
Работниот ангажман на личниот асистент на деца со попречености ќе се одвива во домот на корисникот и во образовната институција.
Ангажманот подразбира извршување на следниве работни задачи: четиричасовно дневно ангажирање, да овозможи ресоцијализација на корисникот со попреченост во редовно образование, психолошка поддршка и да ја поттикне комуникацијата на корисникот, да овозможи социјална интеракција и вклученост во заедницата, да го поттикне чувството на сигурност и доверба кон заедницата, да го придружува кориникот од домот до училиштето и обратно, да го чека корисникот во училиштето додека траат часовите, да го придружува корисникот за време на одморите, да дава помош/поддршка во извршување на секојдневните активности – помош при исхрана и одржување на лична хигиена додека е во училиште и во домот доколку има потреба од тоа, да го придружува корисникот на прошетки организирани од училиштето и на манифестации и културно-спортски настани кои се организирани од училиштето, да помага во ориентација во просторот и користење на помагала, да овозможи поддршка - придружување, потпирање и водење, да го придружува корисникот до болница, амбуланта, клуб, неформално образование и сл., да помага во утврдување на интересите на корисникот, да соработува со родителите/старателите/згрижувачите околу испорачувањето на услугите, да помага во утврдување на интересите и афинитетите на корисникот, да подготвува дневник за евидентирање на дневните обврски и месечен извештај за спорведените активности и да врши други работи согласно стручната подготовка.
Позиции за работно место 3: 2 (две)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:
Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност, принципиелност.
Стекнато образование:
• ССС било кое три или четиригодишно средно образование
• Основно образование
• Медицинска сестра
• Физиотерапевт
опционално:
• стекнат сертификат/лиценца за работа со лица/деца со попречености
• Возачка дозвола Б категорија
Работно место 4: Стручен соработник - логопед
Работниот ангажман на стручниот соработник – логопедот, ќе се одвива во просториите на ЈОУДГ „Гонча Туфа“ – Крушево.
Ангажманот подразбира извршување на следниве работни задачи: четиричасовно дневно ангажирање, да врши процена на видот и пречките во јазично - говорните проблеми кај децата, да превенира и обезбедува третман за подобрување на комуникациските потешкотии кај децата, да врши научно истражување за потребата од логопеди во предучилишната воспитно - образовна установа, да соработува со воспитувачите и другите стручни соработници во градинката, да соработува со родителите/ старателите/ згрижувачите околу организацијата и испорачувањето на услугите, да подготвува дневник за евидентирање на дневните обврски и месечен извештај за спорведените активности и да врши други работи согласно стручната подготовка.
Позиции за работно место 4: 1 (едно)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 4:
Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност, принципиелност.
Стекнато образование:
• Високо образование и тоа дипломиран логопед
Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата
„Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Крушево во периодот од 07.06.2024 година до 14.06.2024 година, од 08:00 до15:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крушево и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крушево кај лицето Xxxxx Xxxxxxx, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и лицето Еленица Љума, Агенција за вработување-Центар за вработување Крушево кај лицето Xxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxx, Центар за социјлна работа Крушево кај лицето Xxxxxx Xxxxxxxx.
ОПШТИНА КРУШЕВО ГРАДОНАЧАЛНИК
м-р ТОМЕ ХРИСТОСКИ