Договорниот орган, Државeн завод за ревизија, со адреса на ул. Македонија 12/3 Палата Македонија, телефон за контакт 02/3211-520, факс 02/3126-311 електронска пошта: dzr@dzr.gov.mk, интернет адреса: www.dzr.mk, има потреба од набавка на услуга за...
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 08/2016
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГА ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА И ИНТЕРНЕТ НА ТЕРЕН ПРЕКУ МОБИЛНА МРЕЖА
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, февруари 2016 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган, Државeн завод за ревизија, со адреса на ул. Македонија 12/3 Палата Македонија, телефон за контакт 02/3211-520, факс 02/3126-311 електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xx, има потреба од набавка на услуга за мобилна телефонија и интернет на терен преку мобилна мрежа, согласно техничката спецификација која е составен дел од оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/2015 и 192/15), за што објави оглас број 08/2016.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 09.03.2016 година во 11.30 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 09.03.2016 година во 11.30 часот.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 18.02.2016 година |
Овластено лице _____________________________ |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
„Доминантно влијание“ е кога:
едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
„Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Државeн завод за ревизија, со седиште на адреса: ул. Македонија 12/3 Палата Македонија, телефон 02/0000-000, факс 02/3126-311, електронска адреса xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxxxx Xxxxxxxxx, телефон 000000000 лок. 237, факс 02/3126-311, електронска адреса xxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx.
1.3. Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за мобилна телефонија и интернет на терен преку мобилна мрежа, за потребите на Државниот завод за ревизија. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.3.2 Предметот на договорот е делив по делови како што е дефинирано во техничката спецификација и тоа:
Дел 1 - Услуга за мобилна телефонија
Дел 2 - Услуга за интернет на терен преку мобилна мрежа
1.3.3 Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/2015 и 192/15) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштита при работа. Потребните закони можат да се најдат во соодветните изданија на „Службен весник на Република Македонија„. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да ги добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштита при работа).
1.7 Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка ќе се обезбедат од буџетот на Државниот завод за ревизија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки. Во случај некој од членовите на групата да не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.9. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
личната состојба,
способноста за вршење професионална дејност.
Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“,за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од подточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од подточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка (ДРД-Образец) или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран;
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
Пополнет Образец на понуда (Прилог 1 );
Модел на договор, парафиран (Прилог 2)/(Прилог 3);
Документи за докажување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
Документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4);
Изјава за независна понуда (Прилог 5);
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) (Прилог 6);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори];
Образец за општи информации (Прилог 7).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2. При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.2 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.3 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 150 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
4.7.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.8 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.8.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.8.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.9 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.9.1 Краен рок за доставување на понудите е 09.03.2016 година во 11.30 часот.
4.9.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.9.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.10 Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.11 Измена, замена и повлекување на понудата
4.11.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.11.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.11.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.11.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1.
4.12 Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице. Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 09.03.2016 година во 11.30 часот, во просториите на Државниот завод за ревизија, Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи“. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на корегирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.1.6. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, Носителот на набавката е должен да достави корегирана/изменета понуда согласно вредноста постигната со завршувањето на аукцијата врз основа на која ќе биде склучен договорот за јавна набавка. Останатите карактеристики на понудата остануваат непроменети.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
податоци за застапникот или полномошникот,
назив и седиште на договорниот орган,
број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Xxxxxxx избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативната референца.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапката каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Задолжителни барања кои секој економски оператор треба да ги исполни:
Дел 1 - Услуга за мобилна телефонија
Број на претплатнички линии во пакетот на барани услуги |
92 претплатнички говорни мобилни постпејд телефонски линии (СИМ картички);
Сите СИМ картички да бидат во рамките на компанијата (CUG);
Носителот
на набавката безусловно ќе допушти
зголемување на бројот на претплатничките
линии од најмногу 100% по барање на
договорниот орган. За потребата за
обезбедување на повеќе од овој број
на линии, договорниот орган потребно
е да добие претходна согласност од
носителот на набавката. |
Цена за нова претплатничка линија (СИМ картичка) |
0 денари |
Износ на месечна претплата
|
Максималниот износ за претплатничка линија (СИМ картичка) изнесува 680 денари без ДДВ |
Модел на тарифирање кон национални мрежи |
Тарифирањето на разговорите да се врши во временски интервал од 60/1 секунди (првиот интервал е 60 секунди, а останатите 1 секунда) |
Надоместокот за воспоставувањето на повик |
0 денари |
Цена на разговори во рамки на компанијата (CUG) |
0 денари/минута |
Цена на минута разговор кон сите национални дестинации (кон сите мобилни и фиксни мрежи) |
Неограничени
разговори кон сите национални дестинации
(кон сите мобилни и фиксни мрежи).
|
Нормална/ефтина тарифа |
Еднаква тарифа во текот на денот |
Надоместок за детална сметка, која се доставува и во печатена и во електронска форма |
0 денари |
Износ на субвенциите за набавка на нови мобилни апарати по претплатничка линија |
Субвенција за набавка на нови мобилни апарати која да биде 11.017 денари без ДДВ по претплатничка линија за времетраење на договорот и субвенциите да се искористуваат врз основа на основната цена на телефоните кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник по малопродажна цена на телефонските апарати, важечки во времето на искористување на субвенцијата.
Сумирање на субвенциите е дозволено. |
Цена за СМС пораки кон сите национални мрежи |
100
СМС пораки вклучени во месечната
претплата. |
Цена за СМС порака во меѓународна мрежа |
Според официјалниот ценовник на операторот објавен на веб страната |
Цена за ММС порака во национална мрежа |
Според официјалниот ценовник на операторот објавен на веб страната |
Цена за Интернет сообраќај во национални мрежи |
10GB
со интернет брзина од 4G
вклучени во месечната претплата. |
Цена за роаминг услуга со нормално избирање на бројот
|
Цените за роаминг услуга со нормално избирање на бројот да се согласни со цените кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник |
Цена за роаминг услуга со бирање на префикс |
Цените за роаминг услуга со бирање на префикс да се согласни со цените кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник |
Тарифирање на роаминг, дојдовен роаминг и меѓународни разговори |
Тарифирањето на роаминг, дојдовен роаминг и меѓународни разговори да биде согласно официјалниот ценовник објавен на веб страницата на економскиот оператор |
Цена на услуга за пренесување на броевите (портирање) |
Бесплатно портирање. Моменталните претплатнички броеви да бидат пренесени заедно со префиксот (НДК бројот – Националниот Дестинациски Код) во мобилниот оператор кој што ќе биде избран како најповолен понудувач |
Говорна пошта (преслушување на пораки) |
0 денари |
Центар за грижа на корисници |
0 денари |
Забрана на несакани повици |
0 денари |
Пренасочување на повик |
0 денари |
Повик на чекање и задржување на повик |
0 денари |
Идентификација на повикувачки број |
0 денари |
Замена на СИМ картичка |
0 денари |
Привремено исклучување (во случај на кражба и слично) |
0 денари |
Активирање по исклучување |
0 денари |
Промена на број |
0 денари |
Деблокирање на СИМ картичка |
0 денари |
Проверка на сметка |
0 денари |
Покриеност со мрежа |
Покриеност со мрежа на целата територија на Република Македонија од 95% |
Времетраење на договорот |
24 месеци (2 години од денот на склучувањето на договорот) |
Рок и место на испорака |
Услугата да се извршува 24 часа на ден, 7 дена во неделата, кон сите фиксни и мобилни оператори, |
Дел 2 – Услуга за интернет на терен преку мобилна мрежа
Задолжителни барања кои секој економски оператор треба да ги исполни:
Употреба на интернет на терен |
Со користење на УСБ модеми за лаптоп/компјутер со што се воспоставува сообраќај преку мобилната мрежа на економскиот оператор. |
Износ на месечна претплата со вклучен интернет секој месец од 10GB со интернет брзина од 4G по претплатничка линија |
Максимален износ од 250 денари по претплатничка линија без ДДВ; |
Бројот на претплатнички линии |
Минимум 20 претплатнички линии; Максимум 100 претплатнички линии; |
Цена за нова претплатничка линија |
0 денари |
Цена по искористување на интернет сообраќајот вклучен во месечната претплата |
По надминување на 10GB брзината на интернет сообраќајот се намалува, но дополнителниот сообраќај не се доплаќа. |
УСБ модеми по претплатничка линија |
Обезбедување
на нови УСБ модеми, без надоместок. |
Интернет сообраќај во меѓународни мрежи |
Забрана за интернет сообраќај во меѓународни мрежи |
Прилог 2 – Модел на договор
ДОГОВОР
за набавка на услуга мобилна телефонија
Склучен помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, ул. “Македонија„ бр.12/3, со ЕМБС __________застапуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор (во понатамошниот текст, Договорен орган) и
2. ________________________________________, ул.__________________ бр.____, со ЕМБС__________, застапувано од_________________________ (во понатамошниот текст, Носител на набавка)
I.ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Предмет на овој договор е набавка на услуга за мобилна телефонија, согласно Техничката спецификација и Понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги прими и плати во согласност со одредбите на овој Договор.
член 2
Со овој договор се регулираат меѓусебните права и обврски на носителот на набавката и договорниот орган, како договорни страни во согласност со: Законот за електронските комуникации и правилниците, прописите и стандардите донесени во согласност со Законот за електронските комуникации.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
член 3
Вкупната вредност на предметот на договорот согласно член 1 на овој Договор изнесува до _________,___ денари, со вклучен ДДВ.
член 4
Во случај на целосно искористување на средствата, утврдени во членот 3 од овој договор како вкупна вредност на набавката, пред истекот на времетраењето на овој договор предвиден во член 16 став 1 од овој договор, што ќе се утврди со увид во шестмесечните писмени известувања на Договорниот орган доставени до Носителот на набавката за висината на потрошените средства за услугите што се предмет на овој договор, Носителот на набавката ќе го прекине давањето на услугите кон Договорниот орган по писмено известување до економскиот оператор и договорот ќе се смета за раскинат.
III. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
член 5
Носителот на набавката се обврзува месечните сметки да ги издава и да ги доставува директно до Државниот завод за ревизија.
Начинот на плаќање на предметот на овој Договор е вирмански со доставување на месечната фактура по извршување на услугата, со одложено плаќање најдоцна до 60 дена.
Носителот на набавката се обврзува, по барање на Договорниот орган, да овозможи електронски увид во месечните детални сметки по корисник и нивно преземање во електронска форма.
Ако Договорниот орган, во исклучителни ситуации има потешкотии да го запази рокот на плаќање, должен е за ова писмено да го извести Економскиот оператор најмалку 5 (пет) дена пред истекот на рокот, за да се избегне можноста за исклучување на неговите приклучоци, бидејќи исклучувањето на приклучоците од страна на Економскиот оператор се врши автоматски, за сите претплатници, по истекот на рокот за плаќање на месечните сметки.
IV. РАЗЛИКА ВО ЦЕНА (КОРЕКЦИЈА ВО ЦЕНИ)
член 6
Корекција на цените на предметот на овој договорот не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
V. ПРАВА И ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
член 7
Носителот на набавката обезбедува минимум 92 претплатнички говорни мобилни постпејд телефонски линии (СИМ картички) за кои е должен да обезбеди:
Сите СИМ картички да бидат во рамките на компанијата (CUG);
Носителот на набавката безусловно ќе допушти зголемување на бројот на претплатничките линии од најмногу 100% по барање на договорниот орган. За потребата за обезбедување на повеќе од овој број на линии, договорниот орган потребно е да добие претходна согласност од носителот на набавката.
Носителот на набавката безусловно ќе допушти намалување на бројот на претплатничките линии од најмногу 20% по барање на договорниот орган;
Цената за нова претплатничка линија (СИМ картичка) да изнесува 0 денари;
Износ на месечна претплата по претплатничка линија, согласно понудата на Носителот на набавката по електронската аукција изнесува ______денари без вклучен ДДВ;
Тарифирањето на разговорите во национални мрежи да се врши во временски интервал од 60/1 секунди (првиот интервал е 60 секунди, а останатите 1 секунда);
Надоместокот за воспоставувањето на повик да изнесува 0 денари;
Цената на разговори во рамки на компанијата (CUG) да изнесува 0 денари/минута;
Цена на минута разговор кон сите национални дестинации (кон сите мобилни и фиксни мрежи) - неограничени разговори кон сите национални дестинации (кон сите мобилни и фиксни мрежи).За неограничените разговори, нема политика на фер користење;
Да применува еднаква тарифа во текот на 24 часа;
Надоместокот за детална сметка, која се доставува и во печатена и во електронска форма да изнесува 0 денари;
Да обезбеди субвенција за набавка на нови мобилни апарати која ќе биде 11.017 денари без ДДВ по претплатничка линија за времетраење на договорот и субвенциите да се искористуваат врз основа на основната цена на телефоните кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник по малопродажна цена на телефонските апарати, важечки во времето на искористување на субвенцијата;
Да дозволи сумирање на субвенциите;
Цена за СМС пораки кон сите национални мрежи - 100 СМС пораки вклучени во месечната претплата. По надминување на вклучените СМС пораки во месечната претплата, цената за СМС порака да изнесува 3 денари +ДДВ;
Цена за СМС порака во меѓународна мрежа да ја утврдува според официјалниот ценовник на Носителот на набавката објавен на неговата веб страна;
Цената за ММС порака во национална мрежа да биде според официјалниот ценовник на Носителот на набавката објавен на неговата веб страна;
Цена за Интернет сообраќај - 10GB со интернет брзина од 4G вклучени во месечната претплата. По надминување на вклучените 10GB брзината се намалува, но дополнителниот сообраќај не се доплаќа;
Цените за роаминг услуга со нормално избирање на бројот да се согласни со цените кои Носителот на набавката ги има јавно објавено на неговата веб страна или ги има во неговиот официјален ценовник;
Цените за роаминг услуга со бирање на префикс да се согласни со цените кои Носителот на набавката ги има јавно објавено на неговата веб страна или ги има во неговиот официјален ценовник;
Тарифирањето на роаминг, дојдовен роаминг и меѓународни разговори да биде согласно официјалниот ценовник објавен на веб страницата на Носителот на набавката;
Да овозможи бесплатно портирање;
Моменталните претплатнички броеви да ги пренесе заедно со префиксот (НДК бројот – Националниот Дестинациски Код) во сопствената мрежа);
Износ за услугата говорна пошта (преслушување на пораки) да изнесува 0 денари;
Износот за услугата од Центар за грижа на корисници да изнесува 0 денари;
Услугата на Забрана на несакани повици да изнесува 0 денари;
Услугата на Пренасочување на повик да изнесува 0 денари;
Услугата на Xxxxx на чекање и задржување на повик да изнесува 0 денари;
Услугата на Идентификација на повикувачки број да изнесува 0 денари;
Услугата на Замена на СИМ картичка да изнесува 0 денари
Услугата на Привремено исклучување (во случај на кражба и слично) да изнесува 0 денари;
Услугата Активирање по исклучување да изнесува 0 денари;
Услугата на Промена на број да изнесува 0 денари;
Услугата на Деблокирање на СИМ картичка да изнесува 0 денари;
Услугата на Проверка на сметка да изнесува 0 денари.
Во понудата на Носителот на набавката, не се вклучени цени за дополнителни услуги кои се дефинирани од трета страна (пр. СМС гласања, наградни игри, паркинг услуга, донации итн.).
Цените на сите останати услуги кои не се содржани во понудата на носителот на набавката, истиот ќе ги обезбедува по цени не повисоки од официјалните цени кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник.
Договорните страни се согласни, доколку некој од претплатничките броеви користени согласно овој договор учествува во наградна игра организирана од страна на Носителот на набавката и добие некоја награда, наградата да му биде доделена на Договорниот орган.
член 8
Носителот на набавката е должен услугата да ја врши 24 часа на ден, 7 дена во неделата, кон сите фиксни и мобилни оператори, во временски период од 24 месеци, имајќи ги во предвид одредбите од Законот за електронски комуникации.
Носителот на набавката е должен да обезбеди покриеност со мрежа на целата територија на Република Македонија од 95%.
VI. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
член 9
Договорниот орган има право во согласност со применливите прописи од оваа област:
на приговор против одлуките или активностите на носителот на набавката во врска со пристапот до или обезбедување на услугите;
да ја плати издадената фактура издадена согласно член 5 од овој договор;
непримањето на сметката, не го ослободува договорниот орган од обврската да го плати долгуваниот износ на време. Во случај на недобивање на месечната сметка да се информира во специјализираните служби за грижа за корисниците на носителот на набавката и да побара изготвување на истата,
да ги користи услугите од овој договор исклучиво за свои сопствени потреби и согласно нивната намена, да не ја користи за цели спротивни на законот, како и на условите содржани во овој договор,
да не ги користи комуникациските капацитети, предмет на овој договор, за обезбедување јавни комуникациски услуги на трети лица, спротивно на условите содржани во законот и други правила и прописи и писмен договор со носителот на набавката,
да се воздржува од било какви дејствија кои би ја довеле во опасност или би и нанеле штета на мрежата на носителот на набавката,
ги почитува упатствата на носителот на набавката во поглед на користењето на услугите.
член 10
Договорниот орган е должен на секои шест месеци во текот на времетраење на овој договор, писмено да го известува Носителот на набавката за износот на потрошени средства во претходниот период за услугите што се предмет на овој договор, а што влегуваат во вкупната вредност на набавката утврдена со член 3 од овој договор.
член 11
Сите дополнителни претплатнички линии на Договорниот орган кои ќе бидат активирани по склучувањето на овој договор, а во рамките на времетраењето на договорот, имаат важност до истекот на овој договор.
За секоја активирана претплатничка линија, мобилниот оператор доделува субвенција за телекомуникациска терминална опрема согласно понудата на економскиот оператор.
член 12
Телекомуникациската опрема стекната од страна на Договорниот орган преку искористување на субвенциите стануваат сопственост на Договорниот орган и Носителот на набавката нема право да бара нивно враќање и по истекот на важноста на овој договор.
За сите линии кои ќе бидат подоцна приклучени кон овој договор, субвенцијата сразмерно се намалува за износ од 1/24 за изминатите месеци од важноста на овој договор.
VII. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
член 13
Договорниот орган може да го раскине договорот, со претходно писмено известување на носителот на набавката, најмалку 30 дена пред датумот на раскинување на договорот, при што е должен да ги изврши сите обврски за плаќање кои ги има кон носителот на набавката, за извршени услуги согласно овој договор.
Носителот на набавката може да го раскине договорот, поради неисполнување на обврските на договорниот орган предвидени со овој договор и тоа:
Доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од овој договор,
Доколку договорниот орган ја користи претплатничката услуга за обезбедување на комуникациската услуга на трети лица за надомест, спротивно на условите содржани во законот или други закони или прописи, констатирани од страна на надлежен орган, и без писмен договор со носителот на набавката,
Со судска одлука за бришење од трговски регистар,
Во случај на стечај, реорганизација, ликвидација или неликвидност на договорниот орган,
Доколку носителот на набавката не е во состојба да ги обезбедува услугите поради дејство на Виша сила подолго од шест месеци,
член 14
Во случај на предвремено раскинување на договорот или деактивирање на дел од претплатничките линии пред истекот на договорниот период по барање на договорниот орган, договорниот орган се обврзува на носителот на набавката да му исплати 1/24 од износот на субвенцијата за секој месец до истекот на Договорот за секоја од деактивираните линии.
VIII. ВИША СИЛА
член 15
Користењето на услугите кои ги обезбедува носителот на набавката може да биде прекинато поради дејство на Виша сила. Под Виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорните страни, чие наспатување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна) акти на јавната власт, нарушување на функционирањето на телекомуникацискиот систем и сл.
Носителот на набавката не сноси никаква одговорност кон договорниот орган поради прекин на услугите, предизвикан од настан на Виша сила.
IX. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 16
Договорот влегува во сила со денот на неговото потпишување и има важност 2 (две) години од денот на потпишувањето.
Сите дополнителни претплатнички линии на договорниот орган кои ќе бидат акивирани по потпишување на договорот, а во рамките на нивното времетраење, имаат важност до истекот на овој договор.
член 17
Овој договор се смета за реализиран, по истекот на неговото времетраење или по искористување на максималната вредност од членот 3 од овој Договор.
член 18
Во случај на спор, надлежен е Основен Суд Скопје 2 – Скопје.
За се што не е предвидено со овој договор, ќе се применат соодветните одредби од Законот за облигационите односи и Законот за електронските комуникации.
член 19
Договорот е сочинет во 4 еднакви примероци од кои по 2 примерока за секоја од договорните страни.
ДОГОВОРЕН ОРГАН ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Главен државен ревизор
м-р Тања Таневска |
НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА __________________________ __________________________ (Одговорно лице) __________________________
|
Прилог 3 – Модел на договор
Д О Г О В О Р
за набавка на услуга за интернет на терен преку мобилна мрежа
Склучен помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, ул. “Македонија„ бр.12/3, со ЕМБС __________застапуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор (во понатамошниот текст, Договорен орган) и
2. ________________________________________, ул.__________________ бр.____, со ЕМБС__________, застапувано од_________________________ (во понатамошниот текст, Носител на набавка)
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Предмет на овој договор е набавка на услуга за интернет на терен преку мобилна мрежа за потребите на Државниот завод за ревизија, по спроведената отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка број 08/2016 која заврши со спроведување на електронска аукција, согласно понудата на економскиот оператор и техничката спецификација, кои се составен дел на овој договор.
.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
член 2
Вкупната вредност на предметот на договорот согласно член 1 на овој Договор изнесува до __________ денари, со вклучен ДДВ.
Договорните страни постигнаа согласност услугите предмет на овој договор да бидат дадени согласно понудата на Економскиот оператор по отворениот повик број 08/2016 и постигнатата цена по спроведената електронска аукција на ден ___________ година.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
член 3
Начинот на плаќање на предметот на овој Договор е вирмански со доставување на фактурата по извршување на услугата, со одложено плаќање најдоцна до 60 дена.
Ако Договорниот орган, во исклучителни ситуации има потешкотии да го запази рокот на плаќање, должен е за ова писмено да го извести Економскиот оператор најмалку 5 (пет) дена пред истекот на рокот, за да се избегне можноста за исклучување на неговите приклучоци, бидејќи исклучувањето на приклучоците од страна на Економскиот оператор се врши автоматски, за сите претплатници, по истекот на рокот за плаќање на месечните сметки.
член 4
Економскиот оператор се обврзува месечните сметки да ги издава и да ги доставува директно до Државниот завод за ревизија .
Економскиот оператор се обврзува, по барање на Договорниот орган, месечните сметки да ги доставува и во електронска форма.
РАЗЛИКА ВО ЦЕНА (КОРЕКЦИЈА ВО ЦЕНИ)
Член 5
Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ
член 6
Носителот на набавката обезбедува УСБ модеми и нивна употреба за лаптоп/компјутер со што ќе се воспостави интернет сообраќај преку мобилната мрежа на Носителот на набавката, и при тоа е должен:
Да овозможи бројот на линии преку УСБ модем да го утврди договорниот орган и истиот ќе изнесува минимум 20 и максимум 100 линии;
Износ на месечна претплата по претплатничка линија, согласно понудата на Носителот на набавката по електронската аукција изнесува ______денари без вклучен ДДВ;
Цената за нова претплатничка линија која се дава преку УСБ модем да изнесува 0 денари;
По надминување на 10GB брзината на интернет сообраќајот се намалува, но дополнителниот сообраќај не се доплаќа;
Обезбедување на нови УСБ модеми, без надоместок. УСБ модемите да поддржуваат 4G брзина на интернет сообраќај. УСБ модемите се даваат без обврска за нивно враќање на Економскиот оператор по престанување на договорот и
Економскиот оператор да обезбеди забрана за интернет сообраќај во меѓународни мрежи.
Член 7
Економскиот оператор е должен услугата да ја врши 24 часа на ден, 7 дена во неделата, кон сите фиксни и мобилни оператори, во временски период од 24 месеци.
Економскиот оператор е должен да обезбеди покриеност со мрежа на целата територија на Република Македонија од 95%.
Член 8
Договорниот орган има право да бара од Економскиот оператор, покрај претплатничките линии што ќе бидат активирани со склучувањето на овој договор, активирање на дополнителни претплатнички линии, согласно понудата.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 9
Договорот стапува во сила со денот на неговото склучување од страна на овластените претставници на Договорниот орган и Носителот на набавката.
Договорниот орган и Носителот на набавката постигнаа согласност дека договорните услуги за претплатничките линии опфатени со овој договор се со важност од 24 месеци сметано од денот на склучувањето на договорот.
Член 10
Сите дополнителни претплатнички линии кои ќе бидат активирани на барање на Договорниот орган по склучувањето на овој договор во согласност со член 8 од овој договор, имаат важност до истекот на времетраењето на овој договор утврдено со членот 10 од овој договор.
ВИША СИЛА
член 11
Договорните страни се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.
Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на настапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
член 12
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или раскинување на овој договор. Договорот може да се раскине во текот на неговото извршување до негова целосна реализација, со претходна согласност од двете договорни страни, под услови предвидени со Законот за облигациони односи.
Носителот на набавката има право да го раскине договорот, доколку во текот на времетраењето на овој договор бројот на претплатнички линии се намали под 20 (дваесет) претплатнички линии.
Договорниот орган има право да го раскине овој договор без да ги плати надоместоците од ставот 2 од овој член во случај кога Економскиот оператор неоправдано ќе престане да ги дава услугите согласно член 2 и член 6 на овој договор.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 13
Овој Договор стапува на сила со денот на неговото потпишување од двете договорни страни и важи до неговата целосна реализација.
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат сите спорови ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Доколку дојде до статусни промени на страната на Корисникот или на страната на Операторот од било кои причини, таквите промени нема да имаат никакво влијание врз валидноста на овој договор. Овој договор за своето целокупно времетраење е целосно обврзувачки и од него произлегуваат права и за сите евентуални правни наследници или сукцесори на правата и обврските на договорните страни, како и за правните лица кои евентуално би се одвоиле од било која договорна страна.
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализиција на овој Договор.
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи, Законот за јавни набавки, Законот за електронски комуникации и позитивните законски прописи во Република Македонија.
Овој Договор може да се менува со Анекс-Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки.
член 14
Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за договорниот орган и 2 /два/ за економскиот оператор.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА _________________________
Главен државен ревизор _______________________
(Одговорно лице)
м–р Xxxx Xxxxxxxx ________________________
ПРИЛОГ 1 - ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 08/2016 објавен од страна на Државен завод за ревизија, за доделување на договор за јавна набавка на услуга за мобилна телефонија и интернет на терен преку мобилна мрежа, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
1. ОПШТ ДЕЛ
1.1.Име на понудувачот: _____________________________________________
1.2. Контакт информации
Адреса: ________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________
Факс: _______________________________________________________
Е-пошта: ____________________________________________________
Лице за контакт: ______________________________________________
1.3. Одговорно лице: ________________________________________________
1.4. Даночен број: __________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно условите дефинирани во техничките спецификации.
II.2 Нашата понудата е составена од следниве делови:
Пополнет Образец на понуда (Прилог 1 );
Модел на договор, парафиран (Прилог 2)/(Прилог 3);
Документи за докажување на личната состојба наведени во точка 2.2.2 од тендерската документација;
Документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4);
Изјава за независна понуда (Прилог 5);
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) (Прилог 6);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори];
Образец за општи информации (Прилог 7).
II.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел |
Цена без ДДВ |
ДДВ |
Дел 1 - Услуга за мобилна телефонија Износ на месечна претплата по претплатничка линија |
|
|
Дел 2 - Услуга за интернет на терен
преку
мобилна мрежа |
|
|
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Дел 1 - Услуга за мобилна телефонија
Ред.бр. |
Опис на услугата |
Единечна цена без ДДВ |
ДДВ |
1. |
Износ на месечна претплата по претплатничка линија |
|
|
Вкупен износ за ДЕЛ 1 |
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 1, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
Напомена: Цената треба да се изрази на две децимали. Доколку понудувачот ја изрази цената со повеќе од две децимали, комисијата ќе ја смета цената до втората децимала.
(Вкупната цена се изразува со бројки и букви. Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Дел 2 - Услуга за интернет на терен преку мобилна мрежа
Ред.бр. |
Опис на услугата |
Единечна цена без ДДВ |
ДДВ |
1. |
Износ на месечна претплата по претплатничка линија |
|
|
Вкупен износ за ДЕЛ 2 |
|
|
Вкупната цена на нашата понуда за ДЕЛ 2, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, изнесува:_________________________________[со бројки], односно (______________________________________________[со букви] денари). Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________________________денари.
Напомена: Цената треба да се изрази на две децимали. Доколку понудувачот ја изрази цената со повеќе од две децимали, комисијата ќе ја смета цената до втората децимала.
(Вкупната цена се изразува со бројки и букви. Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
III.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________
(потпис)
|
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
**Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице (точка 4.7 Форма и потпишување на понудата).
Прилог 4 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот____________________________________________________________ , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата во отворената постапка број 08/2016 за доделување на договор за јавна набавка на услуга за мобилна телефонија и интернет на терен преку мобилна мрежа и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 5 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот _________________________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата за дел __________________________________ од отворената постапка број 08/2016 за доделување на договор за јавна набавка на услуга за мобилна телефонија и интернет на терен преку мобилна мрежа ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за дел ___________________ од отворената постапка број 08/2016 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
ПРИЛОГ 6- ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи
|
Бројот на страниците со тие информации |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
*Ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува
Прилог 7 - ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
|
|
|
|
2. Адреса на седиштето:
|
|
3. Телефон:
|
4. Контакт: |
5. Факс:
|
6.e-mail: |
7. Место на основањето / регистрацијата:
|
8. Година на основањето / регистрацијата:
|
9. Основни дејности на економскиот оператор:
|
*Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН