Contract
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Бр. ____ ____ __
_ _ _ __ 2020 година
СКОПЈЕ
ЗА СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ
Склучен на ден година помеѓу:
1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, со седиште на ул. „Св.Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје, претставувано од министерката Xxxx Xxxxxxxx (во натамошниот текст: давател на стипендија) од една страна и
2. _ _ _ _ __ од ,
(име, татково име и презиме)
со адреса на живеење на ул. „_ _ _ _ _ _“ бр. _ , со
ЕМБГ _ _ , ученик во
година во
„ _ _ _ “ во учебната
(назив на средното училиште)
2020/2021 година (во натамошниот текст: корисник на стипендија) од друга страна.
Член 1
Предмет на овој договор е обезбедување и користење на стипендија за ученик кој е запишан во јавните средни училишта во Република Северна Македонија, согласно
„Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална поддршка ученици од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година” бр. 19-11897/2 од 27.10.2020 година (во натамошниот текст: Конкурсот), утврдување на износот на стипендијата и регулирање на правата и обврските на договорните страни.
Член 2
Давателот на стипендијата согласно Конкурсот од членот 1 на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од 2.200,00 денари, за периодот додека трае наставниот период во учебната година, сè додека корисникот на стипендијата ги исполнува условите од членот 4 на овој Договор.
Член 3
Давателот на стипендијата се обврзува стипендијата од член 2 на овој договор да ја исплаќа на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Член 4 Корисникот на стипендија се обврзува:
1. Редовно да ја запишува наредната годината на образование, да постигне континуиран многу добар успех согласно Конкурсот и да го заврши средното образование во рокот предвиден со Законот за средното образование.
2. На почетокот на секоја учебна година, до давателот на стипендијата да достави потврда за запишана наредна година на школување и свидетелство со остварен успех од претходната година, најдоцна до 30 септември секоја година, се до завршувањето на средното образование.
3. Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото на стипендија, како што се: промена на училиштето, прекинување на понатамошно школување, добивање стипендија или кредит од друга установа или фирма, престој во странство, промени во материјалната состојба на потесното семејство и социјалната положба на потесното семејство на ученикот како и други промени, корисникот на стипендијата е должен за тоа да го извести давателот на стипендијата во рок од 15 дена од денот кога настанала промената, во спротивно давателот на стипендијата ќе изврши наплата на веќе исплатените стипендии.
4. На денот на потпишувањето на договорот да достави број на трансакциска сметка, од која било банка во Република Северна Македонија, на која давателот на стипендијата ќе врши исплата на средствата од член 2 на овој договор.
Член 5
Правото на користење на стипендија престанува доколку:
- корисникот на стипендија не ги исполнува обврските од член 4 на овој Договор;
- не ја заврши годината на школување;
- не ја запише наредната година на школување и најдоцна до 30 септември не достави потврда за запишана наредна година на школување и свидетелство со остварен успех од претходната година;
- не го заврши школувањето во рокот предвиден со Законот за средното образование;
- ја заврши годината на школување со успех помал од предвидениот во Конкурсот;
- не ја достави трансакциската сметка на денот на потпишувањето на овој Договор;
- добие стипендија или кредит од друга установа или фирма за што е должен веднаш да го извести давателот на стипендијата.
Член 6
Во случај на спор, договорните страни се согласни истиот да го решава Основниот суд Скопје II Скопје.
Член 7
Овој договор е составен во три еднообразни примероци, од кои два за давателот на стипендијата и еден примерок за корисникот на стипендијата.
Договорот се смета за склучен откако ќе го потпишат договорните страни.
ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
МИНИСТЕРКА,
Xxxx Xxxxxxxx
КОРИСНИК НА СТИПЕНДИЈА
_ _
(име и презиме)
_ _ _
(име и презиме на старател)
Контакт тел: _
Изготвил: Xxxxxxxx Xxxxxxxx Контролирал: Xxxxx Xxxxx Xxxx Xxxxxxx: Xxxxxx Xxxxxxxxxxx Согласен: Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxxx