Contract
Д О Г О В О Р
за културно – образовна соработка склучен на 2021/2022 година помеѓу:
1.ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје, Булевар „Илинденска„ бр. 53 жиро
сметка_785010962878715_ЕДБ_4030973232895_Депонент на Народна банка на Македонија, застапувана од директорот Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска од една страна во својство на давател на јавни услуги во културата и
2. во својство на корисник на јавни услуги во културата.
ДОГОВОРЕНИТЕ СТРАНИ СЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОТО
Член 1
Предмет на овој договор е остварување вонучилишна, воспитно – образовна, социјална, забавна и рекреативна дејност на ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје (давател на јавни услуги во културата – во понатамошниот текст Центарот), според пропишаните протоколи за заштита од Ковид 19, со деца од предучилишна дејност до 17 години (корисник на јавни услуги во културата - во понатамошниот текст корисник).
Член 2
Користењето на јавните услуги во Центарот се реализираат во музичкиот оддел, за манифестацијата Распеани гласчиња – хорчиња.
Член 3
Членувањето на корисникот во Центарот за манифестацијата Распеани гласчиња – хорчиња, и користењето на неговите услуги, се реализира со потпишување пристапница и согласност од родителот – старателот на детето кои се наоѓаат на задната страна од договорот.
Член 4
За користењето на услугите на Центарот, корисникот(дете/родител) на хорско пеење е должен да ги почитува протоколите за заштита од Ковид 19. За изучување на хорско пеење кое е наменето исклучиво за манифестацијата Распеани гласчиња – хорчиња и членување во хорот „ Гласот на децата на Скопје“ е бесплатно.
Децата треба редовно да доаѓаат на закажаните часови
Член 5
Обврските кои би настанале дополнително, а не се регулирани со овој договор, ќе се регулираат со анекс кон истиот.
Член 6
Центарот еднострано ќе го раскине договорот, доколку корисникот не ја исполни основната обврска од член 4 став 2, односно децата кои нередовно ќе ги посетуваат часовите, нема да бидат понатаму вклучени во изработка на аудио и видео материјал кој ќе биде емитуван јавно на медиуми, радио, ТВ и социјални мрежи, односно не ги почитува протоколите за заштита од Ковид 19.
Член 7
Овој договор е изготвен во 2(два) еднакви примероци, од кои по 1(еден) за двете договорени страни. Договорот се испраќа електронски и електронски се враќа на инструктор потпишан од родител.
Член 8
Евентуалните спорови договорените страни ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно ќе одлучува надлежен суд.
За Центарот, За корисникот,
Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска Директор
ПРИСТАПНИЦА
Име и презиме на детето: Возраст:
Име и презиме на родител/старател:
Контакт телефон:
СОГЛАСНОСТ
Јас , родител 1*се согласувам моето дете да посетува часови по хор и сум одговорен навреме и редовно да го носам, да ги почитувам протоколите за заштита од Ковид 19.
2* Се согласувам и одговорен сум моето дете да доаѓа само почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид 19 и да си оди само без придружба .
( се заокружува една од понудените опции)
Се согласувам моето дете да се фотографира, слика и снима и истото да биде објавено за потребите на манифестацијата Распеани гласчиња – хорчиња ( хор „ Гласот на децата на Скопје).
Ги прифаќам условите и протоколите кои ги нуди Центарот.