Contract
Д О Г О В О Р
за изведување на практична настава на студенти
Склучен на ден година помеѓу:
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Технолошко-металуршки факултет – Скопје, со седиште на ул. ,,Руѓер Бошковиќ“ бр.16, Скопје застапуван од в.д. деканот проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxx (во натамошниот текст Факултетот)
и
, со седиште на xx. xx.
, застапуван од Генералниот директор (во натамошниот текст- фирма соработник)
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор претставува регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Факултетот и фирмата - соработник, а кои произлегуваат од изведувањето на практична настава на студентите на Факултетот во рамките на неговата дејност и согласно важечката законска и подзаконска регулатива.
Во согласност со потребите на наставно – научниот процес, практична настава се организира со цел да им се обезбеди на студентите можност да се стекнат со практична вештина како и со работно искуство кое ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им помогне при вработувањето во иднина.
2. НАЧИН НА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Изведувањето на практичната настава се врши согласно Правилникот за начинот и условите за организирање на практична настава за студентите (Сл.весник на Р.Македонија бр.120/10).
Член 3
Практичната настава се состои во практични и корисни задачи и ангажмани ворамките на фирма - соработник каде што истата се изведува.
Член 4
Бројот на студенти кои ќе бидат дел од предметот на овој договор ќе се определи согласно организациските и просторните можности на фирмата - соработник.
На предлог на Факултетот крајниот број на студенти го определува фирмата - соработник. Одговорното лице на Факултетот, задолжено за реализирање на овој договор е должно 15 дена пред отпочнување на практичната настава да достави до фирмата - соработник листа на студенти која ќе ги содржи нивните имиња и презимиња.
Оваа листа е потребно да биде потврдена од страна на фирмата - соработник. Упатувањето на студентот се врши со упатница издадена од страна на Факултетот,
во која се наведени податоци за студентот, институтот и насоката на која е запишан и периодот во кој ќе се изведува практичната настава.
По завршувањето на практичната настава потребно е фирмата - соработник да му издаде заверена потврда за реализирана практична настава на студентот, потпишана од менторот и овластеното лице на фирмата – соработник.
3. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА
Член 5
Практичната настава не може да трае помалку од 1 месец ниту повеќе од 3 месеци.
Практичната настава не може да трае помалку од 1 ниту повеќе од осум часа во текот на денот.
4. МЕСТО НА РЕАЛИЗИРАЊЕ
Член 6
Студентите практичната настава ќе ја изведуваат во седиштето на фирмата - соработник.
За изведување на практична настава фирмата - соработник се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за нормално остварување и изведување на истата.
Фирмата - соработник има обврска да обезбеди достапност до информации и вештини за студентите.
Фирмата - соработник е должна да го запознае студентот со сите негови права и обврски кои е должен да ги почитува.
Фирмата соработник е должна да води евиденција на присутност на студентите кои реализираат практична настава.
Факултетот води контрола за квалитетот на изведување на практичната настава.
5. ОДРЕДБИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 7
Договорните страни се обврзуваат да обезбедат тајност и заштита на личните податоци на студентите на начин што нема да бидат повредени обврзувачките законски и подзаконски акти.
6. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
Договорот се склучува на неопределено време.
Договорот влегува во сила со денот на неговото потпишување.
Секоја странка има право да го раскине еднострано овој договор без никакви условувања или надомест на штета.
За намерата за раскинување на Договорот, страната што сака да го раскине договорот е должна да ја извести другата страна со официјален допис.
Измена и дополнување на овој договор може да се склучи со Xxxxx кон овој договор и истиот задолжително се составува во писмена форма.
За сè што не е предвидено со овој договор се применуваат и важат позитивните законски норми.
Во случај на несогласувања, договорните страни се должни истите да ги решат спогодбено, во спротивно надлежен за нивно решавање е Основниот суд Скопје 2 Скопје.
Овој договор се склучува во 4 еднообразни примероци, по два за секоја договорна страна.
Име на компанијата ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ
Генерален директор x.x.Xxxxx