Contract
Арх број 03-384/1 од 18.05.2016
Д О Г О В О Р
за јавна набавка на гориво за патничко моторно возило склучен на ден 12.05.2016 година во Зновци помеѓу:
1. Општина Зрновци, со седиште на ул. “Илинденска“ бб, Зрновци, застапувано од Xxxxx Xxxxxxx, Градоначалник , во понатамошниот текст: договорниот орган и
2.ДАДИ-Компани Дооел, со седиште с.Јакимово , Виница, застапувано од Xxxxxxx Xxxxxx, во понатамошниот текст: носителот на набавката.
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е набавка на гориво за патничко моторно возило со безготовинско плаќање, за потребите на Општина Зрновци, специфициран според тендерската документација и понудата по огласот бр. 002/2016.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Корекција на цените на предметот на договор се дозволени во согласност со последната Одлука за утврдување на највисоки цени на нафтени деривати од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и секоја измена на цените, соодветно на измената од страна на Регулаторната комисија ќе биде применлива и според овој договор корегирана за фиксниот процент на намалување постигнат по завршувањето на е-аукцијата од страна на економскиот оператор- носител на набавката кој изнесува 0.21%,
Договорниот орган ќе набави количини кои ќе ги задоволат потребите на Општина Зрновци во текот на една година, чија вредност нема да биде поголема од 180,000,00 денари без ДДВ.
III. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорот се склучува за времетраење од 12 месеци од денот на склучување на договорот.
IV. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА
Член 4
Горивата ќе се подигаат од бензинските станици на носителот на набавката сукцесивно, согласно потребите на Договорниот орган, со безготовинско плаќање преку користење на картички кои што Носителот на набавката му ги издава на Корисникот на услугата.
Носителот на набавката му издава картички на Корисникот. Kартичката е во сопственост на Носителот на набавката.
Корисникот се обврзува дека картичките ќе ги чува уредно и ќе постапува со истатите внимателно за да спречи нејзина злоупотреба, уништување, губење или кражба.
По престанокот на важење на овој договор, Xxxxxxxxxx е должен да му ги врати картичките на Носителот на набавката во исправна состојба.
Член 5
Начин на плаќање е со доставување на фактурите по извршена услуга на секои 30 дена со валута од 30 дена од денот на издавањето фактура.
Заедно со доставената фактура, Носителот на набавката доставува:
− месечен извештај за испорачаното гориво за секое возило одделно со следните податоци: регистерски број на возилото, тип на гориво, количина, вкупна вредност и
− сметка за секое полнење на гориво со податок за состојба на километражата на возилото потпишана од претставник на набавувачот Секретаријат за законодавство и работник од бензиската станица каде е точено горивото, бројот на картичката и други податоци согласно техничките можности на економскиот оператор.
Член 6
Во случај на уништување, губење или кражба на картичката, Корисникот е должен веднаш да го извести Носителот на набавката.
Во случај на губење или кражба на картичката, Носителот на набавката е должен веднаш да ја блокира со цел да спречи нејзина злоупотреба.
Во случај на уништување, губење или кражба на картичката, Корисникот има право да побара издавање нова Картичка од Носителот на набавката, при што трошоците настанати за издавање на нова картичка ги подмирува Корисникот.
V. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР
Член 7
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 8
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и позитивните законски прописи на Република Македонија.
Член 9
Во случај на спор, договорните страни се согласни спорот да го решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно, согласни се спорот да го решава надлежниот суд во Кочани.
Член 10
Овој договор е составен од 4 (четири) исти примероци од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
Договорен орган: Општина Зрновци Градоначалник Xxxxx Xxxxxxx
Носител на набавката: ДАДИ-Компани Дооел Директор
Xxxxxxx Xxxxxx