Contract
ОПШТИ УСЛОВИ НА УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА „УниСМС - ИНФОРМАЦИИ ЗА АВТОРИЗАЦИИ СО БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ ПРЕКУ СМС ИЗВЕСТУВАЊА“
Донесени од Управниот Одбор на Банката
1) ДЕФИНИЦИИ
⮚ Општи услови – Општи услови на работењето на Универзална Инвестициона Банка X.X. Скопје за користење на услугата „Добивање информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања – УниСМС“, во понатамошниот текст УниСМС”, со кои се уредуваат начинот и условите за користење на услугата, како и правата и обврските на корисниците на услугата и на Банката;
⮚ Банка - Универзална Инвестициона Банка X.X. Скопје –УНИБанка;
⮚ Барање – Барање за користење на услугата „УниСМС - информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања“, кое Клиентот го пополнува и поднесува за користење на услугата и со чие потпишување ги прифаќа Општите услови;
⮚ Картичка – основна и дополнителна платежна картичка што му ја издава Банката на основниот корисник и на негово барање и овластување на дополнителениот корисник на картичка, како и картичка што ја издава Банката на правен субјект, сопственик на сметка во Банката и која гласи на лице овластено по барање од тој субјект;
⮚ Клиент – е секој овластен корисник на издадената од Банката дебитна или кредитна картичка или титулар на сметката, кон која од Банката е издадена дебитната или кредитната картичка, кој што клиент изразил желба да ја користи услугата преку пополнување и доставување на Барањето во Банката”
⮚ Авторизација - процес на потврдување на барање за авторизација добиено од банка или трговец. Барање за авторизација е електронско соопштение во формат дефиниран од страна на VISA и MasterCard, генерирано од авторизациониот центар на банката.
⮚ Xxxxxxxx – самопослужувачки уред за исплата на пари во готовина;
⮚ POS – терминален уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување на трансакција со платежна картичка;
⮚ Сметка за плаќање - сметка со број која се води во Банката во име на Клиентот, на која се пренесуваат уплатените износи од Клиентот и од која Банката ги наплаќа достасаните побарувања по основ на користењето на услугата УниСМС;
⮚ Тарифа - нормативни акти на Банката донесени од органите на управување на Банката со кои се одредува висината на трошоците и провизиите, користени од Банката при банкарските операции од овој Договор.
⮚Термини употребени во еднина можат да се употребат и во множина и членувана форма, без притоа да го изгубат дефинираното значење.
2) ПРЕДМЕТ
⮚Банката врз основа на поднесеното Барање му овозможува на Клиентот користење на услугата УниСМС со која добива информација на мобилниот телефон кој го пријавил во Барањето, за сите авторизации извршени со сите картички од VISA® и MasterCard®/Maestro® брендот издадени од УНИБанка, кои тој е овластен да ги користи.
⮚Со потпишувањето на Барањето за користење на УниСМС услугата, Клиентот ги прифаќа Општите услови и со одобрување на услугата од страна на Банката се заснова договорен однос помеѓу Банката и Клиентот.
⮚Договорниот однос помеѓу Банката и Клиентот трае се до откажувањето на услугата од страна на Клиентот или Банката.
3) УСЛОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА УниСМС УСЛУГАТА, ПРАВА И ОБВРСКИ НА КЛИЕНТОТ И БАНКАТА
⮚Клиентот еднократно ја изразува пред Xxxxxxx својата желба за користење на УниСМС услугата со пополнување и потпишување на Барањето за користење на УниСМС услугата.
⮚Клиентот може да пријави мобилен телефон од еден од овластените мобилни оператори на територија на Р. Македонија.
⮚Xxxxxxxx сноси целосна одговорност за точноста на податоците во Барањето и со неговиот потпис ја потврдува веродостојноста на податоците. Банката не сноси одговорност за погрешно наведен мобилен број од страна на Клиентот.
⮚Xxxxxxx ја овозможува УниСМС услугата во рок до 3 работни дена од поднесувањето на Барањето за услугата.
⮚Банката гарантира 24 часовно опслужување на Клиентите регистирани за добивање на услугата.
⮚СMC известување се генерира откако е извршена on-line авторизација во Банката за успешно или неуспешно подигање на готовина на банкомат или ПОС терминал, или плаќање на ПОС терминал или на интернет и др. СМС известувањето содржи износ на авторизацијата, брендот на картичката, информација за терминалот (АТМ или ПОС, банка која го опслужува АТМ-от или име и адреса на трговецот за користениот ПОС ).
⮚Доколку Клиентот добие СМС известување кое не соодветствува со трансакциите кои ги реализирал или воопшто не добие СМС известување за реализираните трансакции, или добие СМС известување за трансакции кои тој не ги направил, должен е истото да го пријави во Банката во најкус можен рок.
⮚Xxxxxxx не гарантира и не сноси одговорност во случаи кога телефонскиот оператор не ја осигурал испораката или не го испорачал СМС известувањето, како и во случаите кога поради условите кои не зависат од Xxxxxxx (прекин на
ЗП 7.5.1-КР-806/2
напојување, прекин на on-line авторизирањето во Банката, земјотреси и други катастрофи и други случаи на виша сила) не се испратени СМС известувањата или не се добиени од Клиентот во соодветниот формат.
⮚Во сите случаи на неизвршување или несоодветно извршување на УниСМС услугата, независно од причините за тоа, одговорноста на Банката се ограничува до износот на надоместот кој Клиентот го платил за соодветната услуга. Клиентот не може да побарува било каков друг надомест, пропуштени придобивки и др.
4) НАДОМЕСТОЦИ
⮚ За користење на УниСМС услугата на Клиентот му се пресметува надомест согласно Тарифата на Банката. Со потпишување на Xxxxxxxx Xxxxxxxx изјавува дека е однапред запознаен со Xxxxxxxx и го прифаќа применувањето на истата при деловните односи со Xxxxxxx во врска со користење на УниСМС услугата.
5) ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ
⮚Xxxxxxx го задржува правото еднострано да ги промени постоечките Општи услови, за што е должна да го информира Клиентот во писмена или електронска форма преку објава во просториите на Банката и на интернет страната. Доколку Kлиентот не се согласува со промената, може да побара прекинување на користењето на УниСМС услугата во рок од 15 дена од денот на објавата на измените во условите. Во тој случај е должен на Xxxxxxx да и достави писмено Барање за откажување на УниСМС услугата. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е согласен со измените.
⮚Евентуалните спорови предизвикани од недоследно почитување на Општите услови, Клиентот и Xxxxxxx ќе ги решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно надлежен ќе биде судот во Скопје.
6) ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ И ОТКАЖУВАЊЕ НА УниСМС УСЛУГАТА
⮚Клиентот може во секое време и бесплатно да изврши промена на податоците со пополнување на соодветните полиња во ново барање за користење на УниСМС услугата.
⮚Промената може да се однесува на: промена на бројот на мобилниот телефон, времено деактивирање на услугата поради губење или кражба на мобилниот телефон, откажување на користење на УниСМС услугата, повторно активирање на бројот за добивање на УниСМС услуга.
⮚Доколку Клиентот навремено писмено (со поднесување на Барање) не ја извести Банката за настанатата промена, Банката не одговара за штетата настаната поради испраќање на СМС известување.
⮚Клиентот може да ја откаже услугата преку пополнување на соодветното поле во писменото Барање за користење на услугата „УниСМС - Информации за авторизации со банкарски картички преку СМС известувања“. Во случај на поднесено Барање за откажување на услугата, Xxxxxxx прекинува со давањето на услугата во рок од 3 работни дена од датата на поднесеното Барање.
⮚Независно од датата на откажување на услугата по барање на Клиентот, Банката наплаќа месечна провизија за таа услуга за месецот во кој е направено откажувањето.
⮚Банката, без претходно образложение, има право да ја откаже УниСМС услугата на Клиентот, доколку утврди дека Клиентот ја користи услугата спротивно на Општите услови на Банката или нередовно ги подмирува трошоците за месечен надоместок. За прекинување на услугата, Банката писмено ќе го извести Клиентот.
7) ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
⮚ Сите податоци кои Клиентот ќе ги достави на Банката се деловна тајна на Xxxxxxx и ќе бидат користени исклучиво за сопствени цели.
⮚ Времето на праќање на пораката (СМС известувањето) е времето кога пораката го напуштила информативниот систем на Банката. Банката гарантира за доверливоста и интегритетот на податоците до моментот на нивното излегување од информативниот систем на Банката.
⮚Банката не сноси одговорност доколку поради технички проблем или привремен прекин во работата на мобилниот оператор или авторизацискиот систем на Банката се случи ненавремено доставување или недоставување воопшто, доколку во Барањето за користење на УниСМС услугата, доставил неточен или туѓ телефонски број на кој треба да се доставуваат СМС известувањата.
⮚Xxxxxxx се обврзува да ги заштити личните податоци за Клиентот, согласно законските прописи и интерните акти на Банката.
8) ЗАКЛУЧНИ ОДРЕДБИ
⮚Општите услови заедно со Xxxxxxxx и Тарифата содржат целосно уредување на односите помеѓу Клиентот и Банката во врска со обезбедувањето и користењето на УниСМС услугата на Банката и стапуваат во сила во моментот на поднесување на писмено барање од Клиентот за користење на оваа услуга.
⮚Oпштите услови за обезбедување на УниСМС услугата се донесени од Управиот Одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.
⮚Со потпишување на Барањето за користење на УниСМС услуга Клиентот потврдува дека му се објаснети и е запознаен со овие општи услови и ја прифаќа примената при решавање на односите помеѓу него и Банката во врска со обезбедувањето и користењето на услугата.