образец – Smart Home решение)
ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИКТ УСЛУГИ
(образец – Smart Home решение)
Бр. на договор:
Склучен во на ден помеѓу
1. ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ
Друштво за комуникациски услуги А1 Македонија ДООЕЛ Скопје со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје со ЕМБС 7068310 и ЕДБ 4080015554205, жиро сметка 210070683100115 НЛБ Банка АД Скопје
2. КОРИСНИК НА УСЛУГИ ☐физичко лице ☐правно лице
Име и презиме: | Назив на правно лице: | ||
Адреса од л.к.: | Адреса: | ||
ЕМБГ: | ЕДБ: | ЕМБС: | |
Бр. л.к./пас. | Застапник: | ||
Важи до: | Издадена од: | ЕМБГ: | Бр.л.к./пас. |
Контакт телефон: | Контакт телефон: |
Член 1: Предмет на Договорот
(1) Предмет на овој Договор е уредување на условите за активирање и користење на услуги на информатичко општество т.е. ИКТ услуга која вклучува обезбедување на Smart Home Решение со кое Корисникот ќе има можност согласно неговите потреби да врши преглед и контролирање на повеќе smart home уреди по негов избор со кои се врши далечинска контрола врз одредени функционалности/куќни апарати и добивање повратни информации кон Корисникот на услугата (понатаму – Решение) кое претставува пакет од:
1) софтверска апликација “Smart Home Solution” обезбедена од трета страна наменета за управување со поединечните уреди кои се дел од Smart Home Решението самостојно од страна на Корисникот на услугата, како и доделување на права за пристап до апликацијата на други лица и
2) smart home опрема која е управувана преку “Smart Home Solution” апликацијата и која опфаќа:
а. централна smart home единица која претставува уред кој овозможува размена на податоци помеѓу smart home уредите и апликацијата и
б. smart home уреди кои обезбедуваат одредени функционалности за надзор, контрола и управување со други уреди кои се поврзани со централната smart home единица.
(2) Давателот на услуга го обезбедува Решението преку однапред определени пакети на smart
home опрема. Избраниот пакет на опрема коj ќе му бидe обезбеден на Корисникот е даден во Прилог 3 кон овој Договор. Корисникот на услугата има можност и сам да набавува и додава дополителни уреди, доколку истите се компатибилни со централната smart home единица.
(3) Корисникот на услугата е должен самостојно, на свој трошок и независно од овој Договор да обезбеди соодветна Интернет врска која е неопходна за користење на Решението, поврзување на smart home опремата на електрично напојување и интернет како и соодветна терминална опрема (паметен телефон, таблет итн.) за инсталација и користење на софтверската апликација преку која се управува со Решението.
Член 2: Надоместоци
(1) Детални информации за еднократните и месечните надоместоци кои Корисникот на услуга ги плаќа за користење на Решението и за набавка на smart home опремата согласно избраните пакети се наведени во Прилог 2 и Прилог 3, кои претставуваат негов составен дел.
(2) Прикажаните надоместоци се со пресметан ДДВ кој е искажан во фактурата која Давателот ќе му ја издава на Корисникот на услугата согласно избраниот пакет на Услуги.
(3) Давателот на услугата има право да ги менува финансиските и техничките услови за користење на Решението доколку Производителот ги промени истите и/или поради промена на курсот
на валутите како и поради други оправдани причини. При промена на Ценовникот на Услугите кои ги користи Корисникот, Давателот на услуги, ќе го извести Корисникот на услугите за промената на надоместоците најмалку 30 (триесет) дена пред воведувањето на измените, со испраќање на порака на е-мејл адресата на Корисникот на услугите. Доколку Корисникот на услугата не ја откаже Услугата во наведениот рок, се смета дека истиот ги прифатил изменетите услови/цени.
Член 3: Обврски на Давателот на услуги (1)Давателот на услугите обезбедува соодветна сервисна поддршка за smart home опремата согласно издадената гаранција.
(2)Давателот на услугата обезбедува техничка телефонска поддршка за помош на Корисникот на услугата при инсталација на smart home опремата и при тековното користење на Решението.
(3)Давателот на услугата ќе му обезбеди на Корисникот на услугата:
1. Лозинка за прв пристап до корисничкиот профил на апликацијата “Smart Home Solution” која се доставува првиот работен ден по потпишување на овој договор на е- мејл адресата на Корисникот на услугата наведена во овој Договор;
2. Aжурирани верзии на “Smart Home Solution” апликацијата достапни на Play Store за Андроид уреди и на App Store за iOS уреди од Apple.
Член 4: Обврски на Корисникот на услуги
(1) Предуслов за користење на Решението е Корисникот да обезбеди активна и функционална интернет конекција и на уредот на кој му е инсталирана апликацијата и на локацијата каде му е поставена централната smart home единица согласно спецификацијата на производителот.
(2) Корисникот на услуги е должен на својот мобилен паметен уред, да ја инсталира апликацијата Smart Home Solution и да креира свој кориснички профил согласно со инструкциите добиени од страна на самата апликација.
(3) Корисникот на услугата е должен да се грижи за тајноста на корисничко име и лозинката преку кои го користи Решението и истата и да не ја соопштува на трети неовластени лица. Давателот на услуга не е одговорен за било каква штета настаната со неовластен пристап до Решението поради изгубена или пробиена лозинка/корисничко име.
(4) Корисникот на услугата е согласен и со склучувањето на овој Договор го овластува Давателот на услугата да ги пренесува внесените податоци преку Smart Home Solution апликацијата до податочниот центар наменет за позадинско техничко
администрирање на Решението кој се наоѓа во Австрија.
(5) Квалитетот на опсегот при користење на поврзаните smart home уреди зависи од различни фактори како што се типот на мрежната интернет конекција, оддалеченоста од централната smart home единица и евентуални пречки како што се ѕидови, прегради и други слични фактори на влијание. Давателот на услуга не сноси одговорност за несоодветен квалитет на поврзаноста на smart home опремата.
(6) Корисникот на услуги е должен да се придржува до начинот на користење на Услугите наведени во Член 5 и ограничувањата наведени во Член 8 и Член 9.
Член 5: Начин на користење на Услугите
(1) Корисникот на услугата е должен да ги почитува условите за користење на Smart Home Solution апликацијата кои задолжително треба да ги прифати при инсталирањето на апликацијата, како и условите за користење кои ги пропишуваат производителите на smart home опремата наведени во нивното упатство за употреба.
(2) Давателот на услуга не дава гаранција за непрекинато користење на Услугите, односно за истите не обезбедува ниво на достапност. Користењето на Решението може да биде прекинато поради дефект на одреден дел од Smart Home опремата, ажурирање на апликацијата, поради настанување на околности на страна на Корисникот на услуга наведени во Член 7 став 6 или поради настанување на ситуација на Виша сила согласно Член 8 од овој Договор. Давателот на услуга не сноси никаква одговорност за настанати штети поради нефункционална Smart Home опрема кои се резултат на околностите наведени тука.
(3) Корисникот на услугата врши самостојно нагодување и управување со Smart Home уредите кои ги користи и е одговорен за начинот на користење, поставеноста на smart home опремата и нивната вклученост/исклученост. Давателот на услугата нема техничка можност да пристапува, управува ниту да врши надзор врз инсталираните уреди и не сноси никаква одговорност за нивната работа.
(4) Корисникот на услугата може преку соодветно доделување на привилегии преку Smart Home Solution апликацијата самостојно да додава други лица кои ќе имаат пристап до Решението.
(5)За одредени пакети од Решението Давателот на услугата обезбедува редундантен интернет сообраќај за потребите на комуникација меѓу уредите од Решението како специјализиран сервис кој се употребува во случај на прекин на интернет пристапот кој корисникот треба самостојно да го обезбеди согласно Член 1 став
3. Овој интернет сообраќај не може да се користи
за ниту една намена освен за функционирање на Решението.
Член 6: Наплата на надоместоците
(1) Во зависност од избраниот тип на пакет за користење на Решението, Давателот на услуги ќе му наплати на Корисникот еднократен и/или месечен надомест за нивното користење, како и надомест за опрема за што ќе му издаде сметка - фактура во која ќе бидат наведени надоместоците и применливата стапка на ДДВ.
(2) Давателот на услуга го врши фактурирањето на надоместоците согласно цените наведени во Прилог 2 и Прилог 3 на овој Договор и пакетот избран од Корисникот на услугите.
(3) Xxxxxxxxxx е должен редовно и навремено да ја плаќа доставената месечна фактура во рокот утврден во неа.
(4) Во случај на задоцнето плаќање, Давателот на услуги може:
1. Времено да го прекине пристапот на Корисникот до Решението; и
2. наплати законска казнена камата.
(5) Доколку Корисникот на услугата не го плати долгот ниту во рок од 30 (триесет) дена по истекот на рокот за плаќање определен во сметката, Давателот на услуги има право да го раскине Договорот и трајно да го оневозможи користењето на Решението.
Член 7: Времетраење и раскинување на Договорот
(1)Во зависност од пакетот кој го избрал Корисникот на услуги, овој Договор може да се склучи без или со обврска за задолжителното минимално времетраење на договорната обврска од 24 (дваесет и четири) месеци, што е утврдено во Прилог 1 кон овој Договор.
(2)Корисникот на услуги може да го раскине овој Договор лично или преку трето лице овластено од Корисникот на услуги со нотарски заверено полномошно.
(3)Раскинувањето на овој Договор од страна на Xxxxxxxxxx на услуги се врши со поднесување на писмено барање за раскинување на Договорот во кое Корисникот на услуги, покрај своите податоци е должен да го впише и датумот на раскинување на овој Договор, кој не може да биде пократок од 5 (пет) дена од денот на поднесување на барањето кај Давателот на услуги. Давателот на услуги ќе постапи по применото барање, при што ќе се смета дека Договорот е раскинат од датумот наведен во барањето и од тој момент Давателот на услуги ќе престане да му ги овозможува Услугите на Корисникот на услуги.
(4)Доколку Корисникот на услуги го раскине овој Договор пред истекот на задолжителното минимално времетраење на договорната обврска утврдено во Прилог 1 од овој Договор или доколку во истиот период Давателот на услуги е приморан да го раскине овој Договор или да го
прекине обезбедувањето на Услуги за одредена претплатничка линија поради постоење на околности на страна на Корисникот на услуги утврдени во став 6 од овој Член, Корисникот на услуги е должен покрај плаќањето на заостанатиот долг, да му плати на Давателот на услуги и договорна казна/казни (пенали) во износи утврдени согласно Прилог 2 од овој Договор поради предвремено раскинување на овој Договор.
(5) Во моментот на раскинувањето на овој Договор Корисникот на услугата треба да ги има платено сите доспеани долгови за кои Давателот му има издадено фактура. Корисникот на услугата останува одговорен за плаќање и на сите дополнително издадени фактури од Давателот на услугата кои се однесуваат на периодот пред раскинувањето на овој Договор.
(6) Давателот на услугата има право еднострано да го раскине овој Договор без дополнителен отказен рок при постоење на една од следните околности на страна на Корисникот на услугата:
1. Поради ненавремено или нецелосно плаќање на доспеаните фактури;
2. Во случај на користење на Услугите од страна на Корисникот спротивно на Член 9 од овој Договор;
3. Во случај на извршена злоупотреба на Услугите за цели спротивни на овој Договор;
4. Во случај на поведување постапка за стечај или ликвидација на Корисникот на услуги или негово бришење од соодветен регистер врз основа на судска одлука.
Член 8: Виша сила
Давателот на услуги нема да биде одговорен за било каква пречка, штета или настанат прекин во обезбедувањето на Услугите поради појава на ситуација на „виша сила” како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења итн.) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, епидемии итн.) акти на јавната власт или дефекти на техничката опрема обезбедена од Давателот преку која се овозможува Услугата или на други технички системи од кои зависи користењето на Услугата (испади на електроенергетскиот систем, дефекти на системи на оптички врски или безжичен пренос на податоци итн.).
Член 9: Забрана за комерцијална употреба
(1) Корисникот на услугата има право да го користи Решението само како краен корисник, за негова сопствена употреба. Секоја комерцијална употреба заради препродажба на Решението на трети лица е забранета и ќе биде санкционирана од страна на Давателот на услуги.
(2) Доколку Корисникот на услугите постапи спротивно на оваа одредба од овој Договор, Xxxxxxxxx на услугите има право да преземе мерки за ограничување на пристапот на
Решението на Корисникот на услугите и раскинување на овој Договор согласно одредбата од Член 7 став 6 т.2 од овој Договор.
Член 10: Завршни одредби
(1) Со потпишување на овој Договор, двете договорни страни потврдуваат дека во целост ги прифаќаат правата и обврските кои произлегуваат од него.
(2) Измени и дополнувања на овој Договор може да се извршат само со склучување на посебни Xxxxxx во писмена форма потпишани од овластени лица на двете договорни страни.
(3) Доколку настане спор произлезен од извршувањето на овој Договор кој не може да биде решен спогодбено помеѓу договорните страни, надлежен за негово решавање е надлежниот суд во Скопје.
ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ | КОРИСНИК НА УСЛУГИ | |
А1 Македонија ДООЕЛ Скопје | ||
(потпис и печат) |