ООУ„Страшо Пинџур“, со адреса на ул„Партизанска“бр.146-Неготино, телефон за контакт 043/361-900, факс 043/361-900 електронска пошта spingur_negotino@yahoo.com, има потреба од набавка на услуги - превоз на
ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино
ОВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 2/2011
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
Превоз на ученици од местото на живеење до училиштето и обратно во учебната 2011/12год.
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот:економски најповолна понуда
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
ООУ„Страшо Пинџур“, со адреса на ул„Партизанска“бр.146-Неготино, телефон за контакт 043/361-900, факс 043/361-900 електронска пошта xxxxxxx_xxxxxxxx@xxxxx.xxx, има потреба од набавка на услуги - превоз на
ученици од местото на живеење до училиштето и обратно во учебната 2011/12год.
За таа цел, договорниот орган спроведува отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) достапен на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx, во согласност со член 21 и 22 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08 и 97/10), за што објави оглас број 2/2011.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 22.08.2011г. во 12.00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Придружната документација, односно документи како што се сертификати, уверенија и потврди издадени од други државни органи или правни лица, може да се поднесат во хартиена форма, исклучиво доколку истите не се достапни во електронска форма (скенирани). Достапноста значи дека тие документи не се издадени во изворна електронска форма, односно дека економскиот оператор не може да ги конвертира во електронска форма по пат скенирање.
Во прилог на оваа покана е тендерската документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, и образец на понудата.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 22.08.2011 година, во 12,30 часот.
Однапред благодариме на соработката.
Во Неготино Овластено лице
25.07.2011 година
/Xxxxxxxx Весна/
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Договорен орган
1.1.1 Договорен орган е ООУ„Страшо Пинџур“, со седиште на адреса: „Партизанска“ бр.146, телефон 043/361-900, факс 043/361-900, електронска пошта xxxxxxx_xxxxxxxx@xxxxx.xxx, интернет адреса: xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxxxxxxxx.xxx
1.1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Ристовска Билјана_, телефон 043/361-900, факс 043/361-900, електронска пошта xxxxx_x@xxxxx.xxx.
1.2 Предмет на договорот за јавна набавка
1.2.1 Предмет на договорот е набавка на услуги - превоз на ученици од местото на живеење до училиштето и обратно во учебната 2011/12год.
1.2.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива
1.2.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.3 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.3.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. Критерум за доделување на договорот е економски најповолна понуда.
1.3.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.3.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Регистрацијата во ЕСЈН е бесплатна. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.3.4 Оваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција
1.3.5 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цената на предметот на договорот за јавна набавка, односно првично поднесените цени на секој од квалификуваните понудувачи. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката.Пред закажување на електронската аукција која се спроведува во постапка во која како критериум е избран економски најповолна понуда, комисијата прави целосна евалуација на првично поднесените понуди, при што доделува бодови за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. Врз основа на спроведената евалуација и доделените бодови се формира почетна ранг листа на квалификувани кандидати.На електронска аукција, понудувачите може да ги намалуваат своите првично поднесени цени на тој начин да ги зголемат првично добиените бодови за елементот цена,, додека бодовите доделени за останатите елементи остануваат непроменети како за времетраењето на е- аукцијата, така и по нејзинито завршување.По спроведената целосна евалуација на првичните понуди и одобрувањето на почетната ранг листа преку ЕСЈН ќе се испрати автоматско известување до регистрираната е-маил адреса на секој економски оператор кој не е квалификуван за учество на електронска аукција, додека квалификуваните
понудувачи за учество на аукцијата директно ја добиваат Поканата за учество на аукцијата.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на квалификуваниот понудувач, односно неговата првично поднесена цена, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени), доделените бодови за секој елемент, како и тековниот ранг на понудувачот направен врз основа на вкупниот број бодови доделени за секој елемент на критериумот економски најповолна
1.4 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.4.1 Оваа постапка ќе за врши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5 Применливи прописи
1.5.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 136/07, 130/08 и 97/10) и донесените подзаконски акти.
1.5.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа.Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.6 Извор на средства
1.6.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од страна на МОН.
1.7 Право на учество
1.7.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое преку ЕСЈН презело тендерска документација од договорниот орган.
1.7.2 Групата на понудувачи треба да назначи претставник што ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на која било страна и на сите страни од групата на понудувачи во текот на постапката за доделување на договор за јавна набавка и во текот на извршувањето на договорот, во случај истата да биде избрана за носител на набавката.
1.7.3 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.7.4 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.7.5 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.7.6 Понудувачот е должен во својата понуда да ги наведе деловите на понудата кои ќе ги отстапи на извршување на подизведувачи.
1.7.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8 Трошоци за поднесување на понуда
1.8.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.9.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолната понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда .
1.9.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
цена 50 бодови,
технички карактеристики 20 бодови,
број на возила 20 бодови.
Посебна линија 10 бодови
1.9.3 За елементот цена се утврдени вкупно 60 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која
има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска цена (без ДДВ) . максимален број бодови
Цена (безДДВ)
1.9.4 За елементот технички карактеристики се утврдени вкупно 20 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: се собираат бодовите на поделементот карактеристики на квалитет прикажани во тендерската спецификација.
1.9.5 За елементот број на возила се утврдени вкупно 20 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: најмалку 5 (соодветни) возила- добива максимален број на бодови.
1.9.6 За елементот посебна линија се утврдени вкупно 10 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: најповолниот начин е за секоја релација да има посебна линија со што понудувачот добива максимален број на бодови.
1.9.7 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.10 Спречување на судир на интереси
1.10.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.10.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11 Начин на комуникација
1.11.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.11.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2 и 4.6.3.
1.11.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 1.5.2 од Инструкциите за понудувачите.
1.12 Информации од доверлив карактер
1.12.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.12.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.12.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден
случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничката или професионалната способност
- стандардите за системи за квалитет
2.1.2 Придружната документација, односно документи како што се сертификати, уверенија и потврди издадени од други државни органи или правни лица, може да се поднесат во хартиена форма, исклучиво доколку истите не се достапни во електронска форма (скенирани). Достапноста значи дека тие документи не се издадени во изворна електронска форма, односно дека економскиот оператор не може да ги конвертира во електронска форма по пат скенирање.
Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“,за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени понуди", во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
• изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
• потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
• потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
• потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
• потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
• потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
• потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Економска и финансиска состојба
2.4.1 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов со доставување на соодветни изводи од банки;
2.4.2 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5 Техничка или професионална способност
2.5.1 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на
- опис на техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор, мерки за осигурување на квалитет и негова опременост,
- изјава за ангажиран технички персонал
2.5.2 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.5.3 Ако економски оператори поднесат понуда како група не економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
2.6 Стандарди за системи за квалитет
2.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
- да поседува сертификати издадени од независни институции со кои се потврдува дека економскиот оператор се придржува до одредени стандарди за гаранција на квалитет
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 работни дена за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма, освен оние елементи кои согласно правилата на тендерската документација може да се достават во оригинална хартиена форма, и се состои од следниве елементи
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.1 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во точка 2.5 од тендерската документација;
- писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори),
4.1.2 Економскиот оператор задолжително треба да ги користи електронските обрасци дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената.
4.3.3 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
4.3.4 Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара објаснување на причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни во електронска форма преку ЕСЈН преку модулот
„Појаснување/дополнување на поднесени документи“, кои се причините за таквата цена во рок од [да се дополни] дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.3.1 Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 30 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Форма и потпишување на понудата
4.6.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
4.6.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара
дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот; б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.7 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.7.1 Понуди можат да достават само економските оператори кои ја презеле тендерската документација преку ЕСЈН. Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.7.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во оригинална или во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат бараната документација за утврдување на способност пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите не се достапни во електронска форма.
4.8.Краен рок и место за поднесување на понудите
4.8.1 Краен рок за доставување на понудите е 22.08.2011 година, во 12,00 часот.
4.8.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.8.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.9 Измена, замена и повлекување на понудата
4.9.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.8.1
4.9.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.9.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 22.08.2011 година, во 12,30 часот, во просториите на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени. Оние понудувачи кои не ги исполнуваат условите од тендерската документација ќе бидат исклучени од понатамошната постапка, односно нема да бидат поканети на електронската аукција. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи“. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат ист број на вкупни бодови, за најповолна ќе биде избрана онаа понуда која освоила повеќе бодови за оној елемент од критериумот економски најповолна понуда кој носи најмногу бодови. Ова правило ќе се применува соодветно за сите елементи според редоследот на важност.
6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат идентичен број на вкупни бодови и идентичен број на бодови според елементите на критериумот економски најповолна понуда за најповолен понудувач ќе биде избран онај кој прв ја поднел најниската цена во текот на електронската аукција. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција за најповолен понудувач ќе биде избран онај кој прв ја поднел понудата преку ЕСЈН.
6.1.4. Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот
6.1.5 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно ниту еден од понудувачите да не ја намали својата првично поднесена цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, ќе им биде испратена одлуката за доделување на договор како и известување за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на :
- објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците,
- дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот,
- приемот на одлуката за избор на најповолна понуда или одлуката за поништување на постапката или
- сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.3 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.1, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.4 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
• податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
• податоци за застапникот или полномошникот,
• назив и седиште на договорниот орган,
• број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
• број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
• податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
• опис на фактичката состојба,
• опис на неправилностите и образложение по истите,
• предлог на докази,
• жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
• потпис на овластено лице и печат.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 –ри примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 3 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата (доколку се барала).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува начин на плаќање во рок од најмалку 5(пет) дена од доставување на фактурата. Начинот на плаќање е задолжителен.
7.2 Рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорот. Рокот и местото(дадено во техничката спецификација) на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување договор со најповолниот економски оператор е обезбедување банкарска гаранција од страна на носителот на набавката за извршување на набавката во износ од 5% од вредноста на договорот.
7.5.2 Гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
7.6 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.6.1 По завршувањето на електронската аукција, и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
1. За потребите на училиштето за учебната 2011/12година потребна е набавка на услуги – превоз на ученици од местото на живеење до училиштето за следните релации:
• Криволак – Xxxxxxxx-Xxxxxxxx( 67 ученици)
• Пепелиште-Неготино-Пепелиште (40 уч.)
• Војшанци-Неготино-Војшанци (25 уч.)
• Црвени Брегови-Неготино-Црвени Брегови (11 уч.)
• Демир Капија-Неготино-Демир Капија (1 уч.)
• Дуброво-Војшанци-Дуброво (4 уч.)
2.Реализирањето на гореспоменатите услуги да биде во точно определено време на тргнување и враќање во согласност и по договор со директорот на училиштето,а ќе се дефинира по склучување на договорт за извршена јавна набавка
3.Критериуми за избор на најповолна понуда се:
Цена 50 бода
Технички карактеристики – техничка опременост и оспособеност
(поседување лиценци) 10 бода
-мерки за осигурување на квалитет 10бода Број на возила - најмалку 5 возила(со мин.150 седишта) 20 бода Посебна линија 10 бода
4.Пресметката да биде направена спрема бројот на ученици за еден работен ден. Во понудата цените да бидат пресметани без ДДВ+ ДДВ=Вкупно.
Комисија за јавни набавки
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број објавен од страна на
, за доделување на договор за јавна набавка на
со спроведување на отворена
постапка со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
1. ОПШТ ДЕЛ
1.1.Име на понудувачот:
1.2. Контакт информации
Адреса:
−Телефон:
−Факс:
−Е-пошта:
−Лице за контакт:
1.3. Одговорно лице:
1.4. Даночен број:
1.5. Нашата понудата е составена од следниве делови:
-
1.6. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
* Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.