Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Услови за комбинирано осигурување на електронски
сметачи, процесори и слични уреди
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. ▇▇ ▇▇▇▇ ▇▇▇. факс 02 3215 128, ▇▇▇.▇▇▇▇▇.▇▇
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
1. Склучените осигурувања по тарифна група 1 имаат осигурително покритие по Условите за осигурување од пожар и некои други опасности, Условите за осигурување на машини од кршење и некои други опасности и Условите за осигурување од провална кражба и разбојништво.
2. Склучените осигурувања по тарифна група 2 имаат осигурително покритие по условите за осигурување од пожар и некои други опасности и Условите за осигурување од провална кражба и разбојнишво.
Услови за осигурување од пожар и некои други опасности
1. Пожар и удар од гром.
2. Експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено;
3. Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација;
4. Луња и град;
5. Удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените гадежни објекти;
6. Паѓање на воздушни летала;
7. Манифестација и демонстрација;
8. Дополнителни опасности;
9. Поплава и порој;
10. Лизгање и одронување на земјиште;
11. Слегнување на тлото;
12. Снежна лавина;
Услови за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности
(1) Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените предмети од незгода во погонот под кој се подразбираат настани штои се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурените предмети како и неспретност, невнимание или зла намера на работници или било кое друго лице, освен:
1. Од пожар и од некои други опасности;
2. Провална кражба и разбојништво;
3. Штетно дејство на нуклеарна енергија, ерупции, освен истражни ерупции, доколку тоа посебно се договори;
4. Поради недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето, а овие недостатоци или гршекии биле или морале да му бидат познати на осигуреникот;
5. Непосредни последици на трајни хемиски, термички, механички атмосферски и други влијанија и услови за сместување и работа (оксидации, стареење, корозија, зрачење, прекумерни вибрации и сл.)
6. Преоптовареност на машините, машинските и електричните уреди, апарати и инсталации преку границите на нивните проектни параметри;
7. Ставање во погон пред конечната поправка;
8. Монтирање и пробно испитување на новите предмети;
9. Повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените предмети, како и заштитни мерки;
10. Штети настанати на надворешните носачи на податоци.
Услови за осигурување од провална кражба и разбојништво
1. Провална кражба
2. Разбојништво.
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Предмет на осигурување, од опасностите наведени во членовите 2, 15 и 17 од овие Услови можат да бидат сите електронски сметачи, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот и на лицата што во него живеат во заедничко домаќинство, освен оние што со овие Услови се исклучени од осигурувањето.
(2) Осигурени се само оние предмети кои се означени во полисата. Ако во полисата предметите не се поединечно наведени, туку како група, се смета дека се осигурени сите предмети што се наоѓаат во местото
на осигурувањето, а и припаѓаат на осигурената група, како оние што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, така и оние што дополнително се внесуваат во таа група.
Член 2
Услови за осигурување од пожар и некои други опасности (осигурени опасности (ризици))
(1) Осигурувањето по овие услови дава осигурителна заштита од следните ризици (основни ризици):
1. Пожар и удар од гром;
2. Експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено;
3. Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација;
4. Луња и град;
5. Удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените гадежни објекти;
6. Паѓање на воздушни летала;
7. Манифестација и демонстрација;
(2) Ако посебно се договори и плати дополнителна премија, осигурената заштита се проширува на една или на повеќе дополнителни опасности, според тоа како ќе се договори, и тоа:
1. Поплава, порој и високи води;
2. Лизгање и одронување на земјиште;
3. Слегнување на тлото;
4. Снежна лавина.
(3) Со осигурувањето, кога ќе настане осигурен случај, се покриени:
1. Штети од уништувае или оштетување на осигурените средства предизвикани при спасување (рушење, изнесување, укажување помош и слично) поради настанатиот осигурен случај;
2. Штетите поради исчезнување на осигурените средства при настанување на осигурен случај:;
3. Трошоците направени за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурените средства;
4. Трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај на осигурените средства за преземените мерки заради отстранување и намалување на штетата во висина одредена според член 24 од овие Услови.
(4) Осигурувачот е во обврска да исплати надоместок само во случај на непосредна штета до која дошло поради загуба на закупнина, загуба предизвикана со прекин на работа, намалена можност за употреба и поради други слични загуби поради настанатиот осигурен случај.
Член 3
Обем на опасностите од пожар и удар на гром
(1) Под пожар, во смисла на овие Услови, се смета оган појавен навор од определеното огниште или оган кој го напуштил ова место и е способен понатаму да се развива со својата сопствена сила.
(2) Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да плати надоместок ако осигурените средства се уништени и оштетени:
1. Поради изложување на оган или топлина заради обработка или за други цели (на пример во индустриска преработка при пеглање, сушење, пржење, печење и сл.) или поради паѓање или фрлање во огниште (печка, шпорет и сл.)
2. Со осмадување (подгорување), опрлување или прегорување од цигари, пури, справи за осветлување, жар и сл.;
3. Поради вриење или затоплување, варење, чадење и сл.
(3) Осигурувањето од удар од гром, во смисла на овие Услови, покрива штети што громот ги предизвикал на осигурените предмети со дејство на силата или топлината, како и штети од удар на предмети соборени од громот.
Член 4
Обем на опасности од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
(1) Излевање на вода, во смисла на овие Услови, се смета:
1. Неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни (канализациони) инсталации, како и од уреди за греење со топла вода и парно греење и други уреди и апарати што се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување (кршење, прскање или откажување на уредите за управување и сигурност) на тие уреди и апарати. Под инсталација на соодветниот објект се смета се до приклучокот на надворешната мрежа (пример: шахта, хидрофор, подстаница за топла вода).
2. Неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или за парно греење.
(2) Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводната и одводната канализациона мрежа, на уредите за греење со топла вода и за парното греење, како и за нивната заштита од мраз.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети:
1. Од излевање на вода од отворени славини, како и од водоводни (канализациони цевки), ако шетата настанала поради затнување на цевките;
2. Поради дотраеност, истрошеност и корозија во просториите на осигуреникот кои се достапни на контролата на осигуреникот;
3. Од габички поради влага;
4. Настанати како последица на повреда на должноста на осигуреникот од ставот (2) од овој член;
5. Од излевање на вода од наворешна инсталација (улична и сл.);
6. Од слегнување на земјишта како последица на излевање на вода од водоводни и канализациони цевки;
7. Поради смрзнување на инсталациите и уредите кои се под контрола на осигуреникот.
Член 5
Обем на опасноста од експлозија
(1) Под експлозија, во смисла на овие Услови, со исклучок на експлозија од нуклеарна енергија, до колку поинаку не се договори, се смета ненадејно пројавување на сила, заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок (казани, цевки и сл.) постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати, што се јавува моментно израмнување на внатрешниот и надворешниот притисок.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1. Штети на предметите на осигуреникот предизвикани од минирања што се вршат со рамките на неговата дејност или во рамките на дозволената дејност на трети лица;
2. Штети од експлозија што се нормална појава во процесот на производството;
3. Штети од експлозивно издувување од печка и слични направи;
4. Штети од експлозија од биолошки карактер;
5. Штети поради пробивање на звучен ѕид;
6. Штети од воден удар, кои во тунели и цевководи под притисок се манифестираат како експлозија.
Член 6
Обем на опасноста од луња и град
(1) Под луња, во смисла на овие Услови, се смета ветер со брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 км. на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото каде што се наоѓаат осигурените предмети, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил редовно одржуван градежен објект. Во случај на сомневање, осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај на хидрометеоролошката служба.
(2) Штети од луња се опфатени со осигурувањето ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените предмети:
1. Со непосредно дејство од луњата;
2. Со директен удар од соборените или од носените предмети од луњата;
3. Нанесување на снег со ветер;
4. Со осигурувањето се опфатени штети од уништување, односно оштетување на осигурените предмети што ги предизвикува градот со својот удар. Опфатени се штетите од навлегување на град и дожд само низ отвори настанати од паѓање на град или од дејство на луњата;
(3) Со осигурувањето од луња не се опфатени штети:
1. Од навлегувањето на дожд, град или снег или други наноси низ отворен прозорец или други отвори што постојат на зградата;
2. Штети од дожд и други врнежи од предмети сместени во слободен простор (во пластови, камари и сл.) во ритчиња, под настрешници и други отворени згради;
3. Над со пропис предвидена тежина на снег.
Член 7
Обем на опасноста од удар на сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина
Со осигурување се опфатени и штети на осигурените предмети кои ќе настанат како последица на рушење на градежни објекти или на дел од објектот, предизвикано со удар на сопствено моторно возило.
Член 8
Обем на опасноста од паѓање на летало
(1) Под паѓање на воздушно летало, во смисла на овие Услови, се смета паѓање на летало било од кој вид врз осигурените предмети.
(2) Се смета дека настапил осигурен случај паѓање на летало, ако со непосреден удар на леталото или од неговите делови, како и од предмети од леталото, се уништи или оштети осигурениот предмет.
Член 9
Обем на опасноста од манифестација и демонстрација
(1) Под манифестација и демонстација, во смисла на овие Услови, се смета организирано или спонтано јавно покажување на нерасположение на група граѓани.
(2) Се смета дека настапил осигурен случај манифестација или демонстрација ако осигурениот предмет е уништен било на кој и да е начин на делување на манифестантите, односно демонстрантите (рушење, демолирање, кршење, палење и др.).
Член 10
Обем на опасноста од поплава, порој и висока вода
(1) Под поплава, во смисла на овие Услови, се смета стихиско неочекувано плавење на терен од постојани води (реки, езера и др.) заради тоа што водата се излила од коритото или го провалила одбрамбениот насип или браната, излевање на вода поради брановите на езера со необична јачина и од надоаѓање на вода од вештачки езера.
Поплава се смета и неочекувано плавење на терен поради нагло образување на големо количество водена маса која настанала како последица на провала на облак (пороен дожд).
Под порој се смета стихиско неочекувано плавење на терен со водна маса што се образува на низбрдни терени поради силни атмосферски врнежи и се слива низ улици и патишта.
Со осигурувањето од поплава се опфатени само штети предизвикани на осигурени предмети за време додека поплавата трае и непосредно по повлекување на водата.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1. Штета од габички поради влага;
2. Штети од слегнување на теренот како последица на поплава и порои; Под висока вода, во смисла на овие Услови се смета:
1. Исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот;
2. Подземна вода како последица од висока вода.
Обврската на осигурувачот за штети од висока вода и подземна вода како нејзина последица почнува со порастот на високата вода над однапред утврдените месечни коти на водостојот или протекот измерен спрема најблискиот поставен покажувач на водостојот.
За секој одделен месец нормален е оној највисок месечен водостој за последните 20 години што го покажува покажувачот на водостојот
најблизок до осигурените предмети, со исклучок на особено високите водостои.
Член 11
Обем на опаснсот од лизгање и одронување на земјиштето
(1) Под лизгање на земјиште, во смисла на овие Услови, се сметаат ненадејни движења на земјишната површина на коси терени со јасни манифестации на расцепување на површината на земјиштето и срозување кои, со појава на силни деформации и пукнатини на градежните објекти, настануваат во краток временски период.
(2) Под одронување во смисла на овие Услови, се смета откинување и паѓање на материјалот како геолошка појава, или во врска со лизгање на теренот.
(3) Се смета дека настапил осигурениот случај доколку деформациите, оштетувањата или уништувањата на осигурениот предмет настанале поради движење на земјиштето, притисок или удар на земјишниот материјал.
(4) Со осигурувањето не се опфатени штетите:
1. На осигурениот предмет кои настанале пред или во моментот на склучувањето на осигурувањето;
2. На осигурениот предмет, доколку лизгањето на земјиштето или одронувањето се предизвикани со дејноста на осигуреникот или со дејноста на било кое лице.
Член 12
Обем на опасност од слегнување на земјиште
(1) Под слегнување на земјиште, во смисла на овие Услови, се смета ненадејно вертикално движење на земјиното тло, улегнување како геолошка и хидролошка појава.
(2) Со осигурувањето по овие Услови се опфатени штети од уништување и/или конструктивно уништување на осигурениот предмет, без кои предметот не може да се стави во предвидената функција и/или безбедно да се користи.
(3) Со осигурување по овие Услови, не се покриени штетите на осигурените предмети кај кои не настанало оштетување во смисла на став
(1) и (2) од овој член:
Слегнување заради грешка во статичка пресметка; Промена на естетскиот изглед на осигурениот предмет;
Испитување и пуштање во работа на машини и уреди кај кои не настанало оштетување на виталните делови.
Член 13
Обем на опасноста од снежна лавина
(1) Под снежна лавина, во смисла на овие услови, се смета снежна маса во движење која се откинала од планинските страни.
(2) Со осигурувањето се опфатени штети предизвикани од непосредното дејство на снежната лавина, како и дејството на воздушниот притисок од снежната лавина.
Член 14
Место на осигурување
(1) Осигурувањето важи за времето додека осигурените предмети се наоѓаат на местото означено во полисата.
(2) Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени предмети ќе се пренесат од местото што е означено во полисата на некое друго во рамките на осигурениковото седиште, односно место на живеење на територијата на Република Македонија.
(3) Ако осигурениот предмет, според природата на употребата, се преместува од едно на друго место, тоа треба да се наведе во полисата. Доколку не може точно да се означат одделните места на осигурувањето, осигурувањето е ограничено на територијата на Република Македонија.
(4) Осигурувањето не важи за времето додека осигурените предмети се наоѓаат на изложба, панаѓур или саем, доколку поинаку не се договори.
Член 15
Услови за осигурување на машини од кршење и од некои други опасности осигурени опасности (ризици)
(1) Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или
уништување на осигурените предмети од незгода во погонот под која се подразбираат настани што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурените предмети како и неспретност, невнимание или зла намера на работници или било кое друго лице, освен:
1. Од основни и дополнителни ризици кои се опфатени со Условите за осигурување од опасност од пожар и од некои други опасности;
2. Штетно дејство на нуклеарна енергија, ерупции, освен истражни ерупции, доколку тоа посебно се договорени;
3. Поради недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот;
4. Непосредни последици на трајни хемиски, термички механички, атмосферски и други влијанија и услови за сместување и работа (оксидации, стареење, корозија, зрачење, прекумерни вибрации и сл.);
5. Преоптовареност на машините, машинските и електричните уреди, апарати и инсталации преку границите на нивните проектни параметри;
6. Ставање во погон пред конечната поправка;
7. Монтирање и пробно испитување на новите предмети;
8. Повреда на техничките и други прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените предмети, како и заштитни мерки;
9. Штети настанати на надворешните носачи на податоци;
(2) Осигурувачот исто така не е во обврска:
1. За посредни штетни настани во врска со осигурениот случај: загуба на заработувачка, денгуби, казни и сл;
2. За штети за кои по законските прописи или по договорот одговара производителот, односно испорачателот на предметите. Ако производителот односно испорачателот ја оспорува одговорноста,а штетата е предизвикана со незгода во погонот, осигурувачот ќе му исплати надомест на договорувачот на осигурувањето, а потоа до износот на исплатениот надомест ќе стапи во сите права на осигуреникот спрема производителот, односно испорачателот.
(3) За трошоците за демонтирање и ремонтирање, кои се направени со цел за редовен преглед или одржување за осигурените предмети (периодични поправки замени на истрошени делови), па и кога во тој случај ќе се утврди оштетување на осигурениот предмет од осигурениот ризик на осигурената опасност.
Надоместот во овој случај ќе ги опфати само трошоците за поправка или замена на оштетените делови кои не биле предвидени за периодична поправка односно замена.
Осигурувачот е во обврска да дава осигурителна заштита од опасностите од став (1) од овој член и на осигуреното куќиште или на осигурените машини само ако оштетувањето на истите е последица од оштетување или уништување на машината од опасностите покриени со овие Услови.
Член 16
Место на осигурување
(1) Предметите што се предмет на осигурување се осигурени на местото означено во полисата и за време:
1. Кога се монтирани и готови за работа;
2. Кога се наоѓаат во работа;
3. Кога се дадени под наем или на послуга, доколку работат во услови и служат на намената за која се проектирани и градени;
4. Кога се демонтираат и ремонтираат поради преместување или поправки, како и за времетраење на поправката на местото на користење на осигурените предмети или во работилници на осигуреникот, под услов преместувњето или поправката да ги обавуваат работници овластени за тој вид работа;
(2) Предметите се осигурени и кога во целост се преместени на друго место на подрачјето на Републиката.
(3) Ако осигурениот предмет, според природата на употребата, се преместува од едно на друго место, тоа треба да се наведе во полисата. Доколку не може точно да се означат одделните места на осигурувањето, осигурувањето е ограничено на територијата на Република Македонија.
(4) Осигурувањето не важи за времето додека осигурените предмети се
наоѓаат на изложби, панаѓур или саем, доколку поинаку не се договори.
Член 17
Услови за осигурување од опасност од провална кражба и разбојништво осигурени опасности (ризици)
(1) Со осигурување по овие Услови се дава осигурителна заштита од ризикот извршување или обид на провална кражба и разбојништво.
(2) Со осигурувањето се покриени штети од однесување, уништување или оштетување на осигурените предмети, како и штети предизвикани со оштетување на градежни делови на простории, инсталации и опрема во кои се наоѓаат осигурените предмети при извршување или обид на провална кражба, односно разбојништво на начин како што е опишано во член 24.
(3) Со осигурувањето не се покриени штети од провална кражба односно разбојништво кај осигурување на граѓаните:
1. Извршени од членовите на семејството кои живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот;
2. Извршени со учество на некои од членовите на семејството со кои живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот како наговорувач или помагач.
За припадници се сметаат и лицата кои во просториите каде се наоѓале однесените или оштетените предмети живеат, работат или се примени на ноќевање.
(4) Со осигурувањето не се покриени ниту штетите:
1. Од измама;
2. Од обична кражба;
3. Поради посредни загуби предизвикани од настанување на осигурениот случај (загуба на заработка, денгуба и слично);
4. Од кусокот утврден со пописот (инвентарисување), па ни тогаш кога кусокот ќе се установи пред пописот кој е извршен по осигурениот случај.
Член 18
Обем на опасност од провална кражба
(1) Провална кражба во смисла на овие Услови се смета кражба ако нејзиниот извршител:
1. Провали во простории, во кои се наоѓат осигурените предмети (место на осигурувањето) со кршење на врати и прозорци или со провалување на тавани, ѕидови и подови;
2. Го отвори местото на осигурување со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отварање, а при тоа да е оставен траг, врз основа на кој може со сигурност да се утврди провала во смисла на кривично-правен доказ;
3. Провали во заклучено сместувалиште во местото на осигурувањето, во кое се наоѓаат осигурените предмети, ако до сместувалиштето дошло на еден од начините кои по одредбите од овој член се оквалификувани како провална кражба;
4. Го отвори местото на осигурувањето или сместувалиштето со вистински клучеви или со нивни дупликати, до колку до клучевите дошло со едно од дејствијата наведени во точка 1, 2, 3 и 5 од овој став или со разбојништво или со измама на малолетен член од домаќинството. Скокање преку отворен прозорец во ниско приземје (до висина од 2.50 м. од долниот раб на прозорецот) не се смета за провална кражба.
(2) Од ризикот провална кражба предметите се осигурени само за време додека се наоѓаат во затворени и заклучени простории, односно во заклучени сместувалишта наведени во полисата.
Член 19
Обемна опасност од разбојништво
(1) Разбојништво во смисла на овие Услови се смета одземање на осигурените предмети со примена на сила (загрозување со опасност по живот и здравјето) против осигуреникот или неговите припадници или застрашување дека непосредно ќе се нападне на животот или телото на овие лица.
(2) Се смета дека постои употреба на сила и тогаш кога се употребени средства за оневозможување на отпор .
Член 20
Место на осигурување
(1) Предметите се осигурени од опасност од повална кражба и разбојништво додека се наоѓаат во просториите односно во сместувалиштето означено во полисата (место на осигурувањето).
Ако одделни предмети привремено се оддалечени но најмногу 30 дена за потреба од користење на осигуреникот, осигурувањето важи и на друго мсто, согласно чл.18, став 2.
(2) Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени предмети се пренесени од местото означено во полисата на некое друго место во рамките на седиштето на осигуреникот, односно на местото на живеење на територијата на Република Македонија.
Осигуреникот е должен за преселувањето на осигурените предмети веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, да го извести осигурувачот. После наведениот рок осигурувањето престанува да важи.
Член 21
Пронајдени украдени предмети
(1) Ако осигуреникот накој идаеначин разбере каде се наоѓаат украдените предмети, должен е да ги преземе сите потребни мерки, особено преку надлежните органи, да се утврди идентичноста на овие предмети и да му се вратат што побргу. Исто така е должен за своето сознание, преземените мерки и резултати од истите, да го извести осигурувачот во најкус рок.
(2) Ако на осигуреникот не му е исплатен надоместок,а не минал срокот за исплата на надоместокот за пронајдените предмети од членот 26 од Општите услови за осигурување на имоти, осигуреникот е должен да ги прими назад пронајдените предмети.
Ако вратените предмети се оштетени, осигуреникот има право на надоместок според членот 23 од овие Услови.
(3) Ако украдените предмети се пронајдени по исплатата на надоместокот од осигурувањето или по истекот на срокот за исплата, осигуреникот може да ги задржи за себе, но е должен на осигурувачот да му го врати примениот надоместок за неоштетените предмети со одбивање на неопходните трошоци за преземањето, кои не можат да го надминат износот на исплатениот надоместок, а оштетените предмети може да ги задржи по цена спогодбено утврдена со осигурувачот и да му врати соодветен дел од примениот надоместок. Доколку осигуреникот не сака да ги задржи овие предмети, тие преминуваат во сопственост на осигурувачот.
ОПШТ ДЕЛ
Член 22
Вредност на осигурените средства
Вредноста на осигурените средства, до колку поинаку не се договори, е набавната цена на нови исти такви средства.
Член 23
Утврдување надоместок од осигурувањето
(1) Висината на надоместокот од осигурувањето се утврдува:
1. Во случај на уништување или исчезнување на предметите според вредноста на осигурените средства (член 22) во време на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците и амортизацијата;
2. Во случај на оштетување во висина на трошоците за поправка според цената на материјалите и работната рака во време на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците на заменетиот дел.
И во обата случаи за штетите настанати по осигурените ризици од опасности од провална кражба и разбојнишво и од кршење машини и некои други опасности, односно членовите 15, 16, 17 и 18 од овие Услови, осигуреникот учествува во секој штетен настан со најмалку 10%.
(2) Поголемите трошоци за поправки што настанале поради тоа што при поправката на оштетениот предмет се направени измени, подобрувања, надгадби и сл. паѓаат на товар на осигуреникот.
(3) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести сите осигурени предмети ако оштетениот, односно уништениот дел не може да се поправи
или набави поради тоа што осигурениот предмет е набавен во странство или повеќе не се произведува.
Осигурувачот е во обврска само до вредноста на оштетениот, односно уништениот дел на осигурениот предмет која се утврдува со проценка на сразмерно учество на вредноста на оштетениот или уништениот дел на осигурениот предмет во вредноста на целиот осигурен предмет или со спроведување со истовидни, односно слични делови на оштетениот предмет.
(4) Ако сумата на осигурување е помала од вредноста на предметите во време на настанување на осигурениот случај (подосигурување), штетата ќе се надомести и сразмерно помеѓу сумата на осигурувањето и вредноста на осигурените предмети.
Член 24
Надоместок на трошок
(1) На име торшоци направени за расчистување и рушење, во врска со настанатиот осигурен случај на осигурениот предмет, осигурувачот ги надоместувса нужните издатоци за расчистување и рушење, но до колку поинаку не се договори, најмногу до 3% од сумата на осигурување.
(2) Осигурувачот ги надоместува нужните трошоци што договорувачот на осигурувањето ги направил кога настанал осигурен случај на осигурениот предмет за преземени мерки поради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни, но доколку поинаку не се договори, најмногу до 5% од сумата на осигурувањата, односно на вистинската вредност на оштетените предмти кај осигурувањата на договорена вредност.
(3) Вкупниот надоместок на име трошоци од ставовите (1) и (2) од овој член и на име надоместок на осигурувањето (член 23) може да ја надмине сумата на осигурување, односно вистинската вредност на штетата. Неопходните трошоци за отстранување и намалување на штетата, направени по налог на осигурувачот, се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот од осигурувањето (член 23) ја надминуваат сумата на осигурувањето.
(4) Во случај на подосигурување, трошоците за расчистување, рушење, како и трошоците за отстранување и намалување на штетата се надоместуваат во ист сразмер како и надоместокот од членот 23, освен во случаите кога тие трошоци се направени по налог на осигурувачот.
(5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците предизвикани заради отстранување на причината на штетата, како и трошоците за интервенција на противпожарните друштва или на други организации чија должност, според карактерот на работењето, е бесплатно да даваат помош кога ќе настане осигурен случај.
