Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТ ОДОБРЕН ОД СТРАНА НА ДЕЛОВНА БАНКА ПОРАДИ
ПРИВРЕМЕНА СПРЕЧЕНОСТ ЗА РАБОТА (БОЛЕДУВАЊЕ)
Јануари, 2023 година
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Овие Посебни Услови за осигурување во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка поради привремена спреченост за работа – боледување (во понатамошниот текст: Посебни Услови) се составен дел од договорот за осигурување во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка (во понатамошниот текст: договор за осигурување) кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштвото за осигурување (во понатамошниот текст: Осигурувач) и се применуваат заедно со Општите услови за осигурување во случај на неможнoст за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка (во понатамошниот текст: Општи Услови).
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 2
(1) Со овие Посебни Услови се регулираат односите помеѓу договорувачот на осигурувањето и осигурувачот во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка поради привремена спреченост за работа (боледување) на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), која настапила во периодот на осигурителното покритие.
(2) Во смисла на овие Посебни Услови, за лице со привремена спреченост за работа се смета лицето:
1) кое е привремено спречено за работа поради последица на болест или незгода која се случила во текот на траењето на осигурувањето;
2) кое е привремено спречено за работа поради тоа што се наоѓа во фаза на медицински испитувања со цел лечење или дијагностицирање на болест, и/или;
3) кое не е во можност да оди на работното место поради пропишани мерки за задолжителна вирозна изолација или поради појава на заразни болести во неговата околина;
4) кое не може да биде привремено вработено на друго работно место или во друга област на работење и делување.
(3) За да може да се смета лицето за привремено спречено за работа во смисла на став (2) од овој член, неопходно е да истата привремена спреченост за работа биде пријавена кај стручно- медицински орган, односно матична филијала на Републичкиот завод за здравствено осигурување, т.е. да биде отворено боледување.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 3
(1) Осигуран случај се смета неспособноста на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), да ги подмирува обврските по договорот за кредит поради привремена спреченост за работа (боледување), доколку во текот на траењето на договорот за осигурување, осигуреникот стекне статус на лице со привремена спреченост за работа во согласност со член 2 став (2) од овие Посебни Услови и со тоа остане континуирано спречено подолго од договорениот период на чекање во согласност со Општите Услови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4
(1) Со договорот за осигурување осигурувачот се обврзува дека, во случај на настапување на привремена спреченост за работа (боледување) на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), на корисникот на осигурувањето ќе му исплати надомест од осигурување еднаков на износите на ратите на кредитот, во согласност со договорот за кредит за секои 30 (триесет) дена на траењето на привремената спреченост за работа,
максимум до 6 (шест) месеци, за целиот период на осигурување. Обврската на осигурувачот по еден осигуран случај трае максимум 6 (шест) месеци.
(2) Обврската на осигурувачот настанува по истекот на каренцата, доколку е истата договорена, односно периодот на чекање согласно член 2 од Општите Услови.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 5
(1) Со договорот за осигурување е дефинирано ограничувањето на обврските на осигурувачот во смисла на бројот и износот на рати за кредит по еден осигуран случај и за цел период на траење на договорот за осигурување.
Максимална обврска на осигурувачот се 3(три) осигурени случаи за осигуреникот и 3(три) осигурени случаи за осигуреникот како трето лице (за дете) во текот на траење на договорот за кредит.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 6
(1) Исклучени се сите обврски на осигурувачот по овие Посебни Услови, доколку привремената спреченост за работа настанала:
1) како последица на органски мозочен синдром, астхенија, депресија, шизофренија, манично- депресивни и параноидни состојби и останати психички пореметувања;
2) како последица на примање на психолошки или психијатриски терапии;
3) во врска со детоксикација или терапија со сон;
4) во врска со геријатриска или геронтолошка терапија;
5) во врска со рехабилитација во стационарни здравствени установи специјализирани за рехабилитација (бањи);
6) во врска со едукација на хендикепирани лица или говорни терапии;
7) во врска со терапевтска гимнастика, психотерапија, физикална терапија, масажа, балнеотерапија, терапија за слабеење;
8) на барање на осигуреникот без претходна медицинска индикација (на пр. пластична хирургија, козметички зафати и сл.);
9) во врска со бременост, раѓање и родителство , како и за време на примање на надомест во период на отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство;
10) поради здравствена состојба на друго лице кое е во сродство на осигуреникот (член на поблиско или пошироко семејство);
11) како последица на абортус, освен ако е индициран од страна на лекар поради здравствени причини;
12) во врска со последици од спонтан абортус;
13) во врска со третман за вештачко оплодување и лечење на неплодност;
14) поради привремена спреченост за работа која не е предизвикана со здравствената состојба на осигуреникот;
15) по раскинување на договорот за осигурување (или договорот за кредит);
16) како последица на намерно дејство или самоповредување на осигуреникот;
17) како последица на војна, вооружен конфликт, инвазија, делување на странски непријател, непријателство, терористички активности, граѓанска војна, чин на саботажа, тероризам или вандализам, буна, револуција, востание, војна и друг вид на узурпација на власт, како и учество на осигуреникот во немири, штрајкови или буни од било кој вид;
18) при подготовка, обид или извршување на смислено кривично дело, како и при бегство по такво дејство;
19) како последица на природна катастрофа и елементарна непогода (вулканска ерупција, земјотрес, поплава и сл.) и епидемија;
20) при управување на моторно возило под дејство на наркотички средства или алкохол. Се смета дека осигуреникот е во алкохолизирана состојба доколку се утврди дека присуството на алкохол во крвта на личноста која го управува возилото е повисоко од
дозволеното согласно позитивните законски прописи кои се во сила во моментот на настанување на осигураниот случај;
21) како директна последица на управување на моторно и друго возило без пропишана службена исправа;
22) како последица на јонизирачко зрачење или контаминација со радиоактивност од радиоактивен отпад настанат со согорување на нуклеарно гориво, или по дејство на радиоактивен, отровен, експлозивен или други опасни својства на експлозивен нуклеарен склоп или некои други негови компоненти;
23) како последица на конзумирање на наркотични или алкохолни средства, или користење на опојни (халуциногени) производи, или злоупотреба на психоактивни лекови – освен доколку е употребата на наркотични средства, халуциногени производи и психоактивни лекови пропишана во терапевтска цел и под услов пропишаниот рецепт да не е поврзан со зависност на осигуреникот;
24) како последица на злоупотреба на лекови или земање на отров;
25) како последица на СИДА или инфекција со вирусот ХИВ (посредно или непосредно);
26) како последица на зафат од естетска природа, на барање на осигуреникот од психолошки или лични причини;
27) како директна последица на учество на осигуреникот во воздухопловни, автомобилски, моторциклистички, наутички и други брзински натпреварувања, трки и при нивни тренинзи, тест возења и тест летање;
28) како директна последица на занимавање со сите видови на високоризични спортови, скокови од висина и активности кои бараат употреба на специјална опрема, како што се: нуркање, падобранство, акробации, фрифлаинг, скајсурф, фристајл, параглајдерство, банџи скокање, алпинизам, акробатско скијање, спелеологија, рафтинг, ракување со пиротехнички средства, огномет, муниција и експлозиви и сл.;
29) при тренинг и учество на осигуреникот во јавни спортски натпреварувања во својство на регистриран член на спортска организација, и тоа: фудбал, кошарка, коњски трки, хокеј на трева, хокеј на мраз, џиуџицу, џудо, карате, бокс, скијање, рагби, борење, скијачки скокови, алпинизам и подводен риболов;
30) како последица на било каква медицинска постапка која ја превзел лекар кој не поседува диплома призната од страна на медицински факултет и нема дозвола за вршење на лекарска пракса;
31) како последица на несреќни случаи кои настанале во период од 360 дена пред почеток на периодот на осигурување или последица на патолошки состојби настанати во текот на
360 дена пред почетокот на периодот на осигурување, а кои на осигуреникот му биле познати.
(2) Исклучена е обврската на осигурувачот во случај на настанување на привремена спреченост за работа поради следните болести кои постоеле пред склучување на договорот за осигурување:
1) хронична шеќерна болест со компликации;
2) Алцхајмерова болест;
3) состојба по CVI (Cortical Visual Impairment) со функционални пореметувања;
4) квадриплегија и паралегија и слични состојби;
5) цироза на црн дроб;
6) тумори на мозокот со неврални испади;
7) хронична бубрежна инсуфициенција (хемодијализа);
8) сите видови на малигни болести;
9) акутен перикардитис.
ПРИЈАВА НА ШТЕТА ВО СЛУЧАЈ НА НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 7
(1) Осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), или корисникот на осигурувањето поднесува пријава на штета, односно барање за исплата на надомест од осигурување со следните придружни документи:
1) план за отплата на кредитот односно потврдата за минимална уплата или уплати
(месечен извод), од денот на настанување на осигураниот случај со примена на членот 3. од овие Посебни Услови, кои ги спрема и заверува овластен претставник на договорувачот на осигурувањето;
2) потпишана копија од договорот за кредит;
3) извештај за привремена спреченост за работа (дознака) издаден од страна на стручен медицински орган;
4) медицинска документација која мора да содржи име и презиме на лекарот кој го прегледал или го лекува осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), негова специјалност, исказ на лекарот за видот на болест, телесната повреда и евентуално настанатите последици, како и податок за телесни маани, недостатоци и болести кои осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), евентуално ги имал пред настанување на осигураниот случај;
(2) Со прифаќање на овие Посебни Услови, договорувачот и осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), се согласни дека осигурувачот, во постапката за решавање на штетното барање, и доколку смета дека е потребно, има право на увид во целокупната документација и прибавување на информации од трети лица за моменталната и претходната здравствена состојба на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), (здравствена книшка, извештај на специјалистичка ординација, картони - историја на болести во болничките институции и сл.).
(3) Осигурувачот има право да бара од осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете),, договорувачот или од било кое друго правно или физичко лице дополнителни докази, како и на свој трошок да презема мерки за лекарски преглед на осигуреникот и осигуреникот како трето лице (за дете), од страна на лекар, лекарска комисија и здравствени установи кои ги именува осигурувачот, доколку смета дека се потребни за утврдување на правата за исплата на осигураната сума.
Завршни одредби Член 8
(1) За се она што не е регулирано со овие Посебни Услови, се применуваат одредбите на Општите Услови.
(2) Доколку постои несогласување на одредени одредби од Општите Услови и овие Посебни Услови, на односите од договорот за осигурување ќе се применуваат одредбите од овие Посебни Услови.
Овие Посебни Услови се донесени од страна на Xxxxxxxx одбо, врз основа на Одлука Бр. 0203-03/19 од 28.12.2022 година, и стапува во сила сметано од 01.01.2023 година.
УПРАВЕН ОДБОР
Претседател на управен одбор Xxx Xxxxxxxxx
Член на управен одбор Xxxxx Xxxxxxx
Член на управен одбор Xxxx Xxxxxxxx