За набавка од мала вредност за Oдржување, сервисирање и испитуванје на ПП апарати
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
ОДРЖУВАЊЕ, СЕРВИСИРАЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ НА ПП АПАРАТИ
Март , 2023
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност за Oдржување, сервисирање и испитуванје на ПП апарати
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9. Технички спецификации
Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 3-Модел на договор
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1. Договорен орган
1.1 Договорен орган е Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје со адреса на ул. „Xxxxx Xxxxx„ бр.9 мезанин локал бр.5 Скопје, телефон за контакт 3226-072,3231-117 ,електронска адреса xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, лице за контакт Xxxxx Xxxxxxxxxx
2. Предмет на набавка
2.1 Предмет на набавката е набавка на услуга- - Oдржување, сервисирање и испитување на ПП апарати
Детален опис на предметот на договорот на набавката: Oдржување, сервисирање и испитување на ПП апарати согласно техничка спецификација.
А-1).Сервисирање на ПП апарати;
А-2)Одржување-резервни делови за ПП апарати(апарати под постојан притисок-полнење во прав)
А-3 Одржување -резервни делови за ПП апарати (стандардни апарати со боца-полнење во прав)
A-4 Oдржување-резервни делови за за ПП апарати(апарати со полнење CO2 и Халон)
Б) Одржување -Сервисирање и поправка на хидрантска мрежа (хидранти) со вклучени траснспортни и други трошоци) и тоа за: Дирекција на Друштвото- Скопје,Трговски Центар Скопјанка -Скопје, Административен простор во: РЕ-Велес,РЕ-Тетово,РЕ-Штип,РЕ-Струмица со канцеларија-Гевгелија,РЕ-Прилеп,РЕ-Битола,РЕ-Охрид-канцеларија-Струга,РЕ-Кавадарци Канцеларија-Неготино,РЕ-Кичево,РЕ-Кочани-канцеларија Берово и РЕ-Куманово.
В) Обука на вработени, обележување на пп места , изработка на план за заштита и спасување, процена на загрозеност, скици за евакуација со вклучени транспортни и други трошоци.
Плановите да се изработат во согласност со законските прописи и да се предадат со добиено позитивно мислење од Дирекцијата за заштита и спасување при Влада на Република Северна Македонија.
2.1.2.Предметот на договорот не е делив.
2.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12(дванаесет) месеци од денот на склучување на договорот.
Договорниот орган го задржува правото да не ја исполни планираната вредност на набавката во целост
3. Општи мерки за спречување на корупцијата
3.1 Кај договорниот орган Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ,лицето Шеваљ Цеку Генерален директор во Акционерското друштво,контакт тел\моб.02/0000-000 ,електронска адреса xxxxxx.xxxx@xxxxxxxx.xx , е
овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи,а во врска со корупција во јавните набавки.
3.2 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
4. Вид на постапка за јавна набавка
4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка1
Електронска аукција
5.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
5.1.1 Предмет на електронската аукција ќе биде само цената кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
5.1.2 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
5.1.2 Електронската аукција започнува најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција [во кои се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат].
5.1.3 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
5.1.4 Доколку е поднесена само една понуда или доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, договорниот орган иако предвидел електронска аукција истата нема да ја одржи согласно член 59 став 16 од Законот за јавни набавки(С.весник на РМ 24/19)
Напомена: Согласно на ова понудувачите треба да имаат во предвид да доставуваат реални цени во рамките на проценетата вредност, за да имаме од двете страни успешно спроведени и реализирани постапки, во спротивно договорниот орган ќе биде принуден да донесува одлука за понишување на постапката поради цени повисоки од реалните на пазарот.
5.1.5 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку
модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што
сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може крајниот рок за поднесување на понудите да го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација и тоа најдоцна четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.3.1 Алтернативна понуда
Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди. 3.4 Цена на понудата
3.4.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на цената на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно во денари.
3.5 Корекција на цени
3.5.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.6 Рок на испорака на стоката и извршување на услугата
2На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
Економскиот оператор е должен да ја испорача стоката предмет на овој Договор согласно карактеристиките од техничката спецификација од прифатената понуда на Економскиот оператор , составен дел на овој Договор.
Економскиот оператор е должен испораката на стоката предмет на овој договор да ја изврши во рок од 10 (десет) дена од денот на склучувањето на Договорот.
Рокот за извршување на услугата за одржување, сервисирање и испитување на ПП апарати, да биде намногу до 10 дена од денот на приемот на писмената нарачка испратена по е-маил или по пошта од страна на договорниот орган.
Економскиот оператор е должен да пристапи кон извршување на услугата предмет на овој договор во рок од 1(еден) ден по добиен писмен налог за работа заверен од овластено лице на договорниот орган .
Во итни случаи Економскиот оператор е должен да почне со извршување на услугата веднаш по повик од страна на Договорниот орган.
Економскиот оператор се воведува во извршување на услугата со доставување на Налогот за работа.
Економскиот оператор се обврзува да ја изврши услугата во рокот утврден во Налогот за работа.
Економскиот оператор е должен услугата- предметот на набавката да ја изврши на начин кој е детално даден во моделот на Договор за Oдржување, сервисирање и испитување на ПП апарати.
3.7.1 Начин на испорака на стоката и извршување на услугата
Начинот на испорака на стоката и извршување на услугата е детално даден во моделот на Договор за Oдржување, сервисирање и испитување на ПП апарати..
3.8 Начин на плаќање:
3.8.1 Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган.
Прилог на фактурата е работен налог за извршени услуги и испратница за набавени пп
апарати , опрема и резервни делови, уредно потпишан и заверен од страна на овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Eкономскиот оператор.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 60 дена.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
.3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се однесува понудата .
4.1.4 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.5 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба
да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.7 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.8 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.2 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 13.03 .2023 година, до 12,00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),со пополнети технички спецификации
- Документ за регистрирана дејност,
- Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање на јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси од Дирекција за заштита и спасување при на Влада на Република Северна Македонија.
- Овластување за одржување ,сервисирање и испитување на противпожарни апарати од Дирекција за заштита и спасување при на Влада на Република Северна Македонија
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Електронски потпишан модел на договор(Прилог 3) 4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
− ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
− доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
− доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
− доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 13.03 .2023 година, во 12,00 часот, во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ул. „Xxxxx Xxxxx„ бр.9 мезанин локал бр.5 Скопје
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка
5.1.2. Економскиот оператор треба да поседува
- Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање на јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси од Дирекција за заштита и спасување при Влада на Република Северна Македонија.
-Овластување за одржување сервисирање и испитување на противпожарни апарати од Дирекција за заштита и спасување при Влада на Република Северна Македонија.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот
Економскиот оператор треба да достави:
- Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање на јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси од Дирекција за заштита и спасување при Влада на Република Северна Македонија.
-Овластување за одржување сервисирање и испитување на противпожарни апарати од Дирекција за заштита и спасување при Влада на Република Северна Македонија.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
5.3.2 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.8 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, спецификациите на понудените стоки, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавката.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
5. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Прилог 3
МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА
ОДРЖУВАЊЕ , СЕРВИСИРАЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ НА ПП АПАРАТИ
Склучен помеѓу:
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
1.Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, со седиште на xx.Xxxxx Xxxxx xx.0 xxxxxxx xxxxx xx.0 Xxxxxx, ЕМБС 6701213 ЕДБ 4080011521604 застапувано од Генерален директор Xxxxx Xxxx (во натамошен текст: (Договорен орган)
2. , со седиште на ул. бр. , со ЕМБС , ЕДБ застапувано од
(во натамошен текст: (Економски оператор)
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со набавка за Одржување, сервисирање и испитување на ПП апарати, , по спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка со електронска аукција ,согласно
Одлуката за јавна набавка бр.05-285/3 од 06.02.2023 година, и Одлуката за избор на најповолна понуда бр. од година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е Одржување, сервисирање и испитување на ПП апарати, согласно спецификацијата и прифатената понуда заведена кај Договорниот орган под бр. од година и тоа:
А-1).Сервисирање на ПП апарати;
А-2)Одржување-резервни делови за ПП апарати(апарати под постојан притисок-полнење во прав)
А-3 Одржување -резервни делови за ПП апарати (стандардни апарати со боца-полнење во прав)
A-4 Oдржување-резервни делови за за ПП апарати(апарати со полнење CO2 и Халон)
Б) Одржување -Сервисирање и поправка на хидрантска мрежа (хидранти) со вклучени траснспортни и други трошоци) и тоа за: Дирекција на Друштвото- Скопје,Трговски Центар Скопјанка -Скопје, Административен простор во: РЕ-Велес,РЕ-Тетово,РЕ-Штип,РЕ-Струмица со канцеларија-Гевгелија,РЕ-Прилеп,РЕ-Битола,РЕ-Охрид-канцеларија-Струга,РЕ-Кавадарци Канцеларија-Неготино,РЕ-Кичево,РЕ-Кочани-канцеларија Берово и РЕ-Куманово.
В) Обука на вработени, обележување на пп места , изработка на план за заштита и спасување, процена на загрозеност, скици за евакуација со вклучени транспортни и други трошоци.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на Договорот ќе се утврди врз основа на стварно испорачани стоки и
извршени услуги, внесени и оверени во налог за работа со единечни цени по позиции утврдени во спецификацијата од тендерската документација од прифатената понуда на Понудувачот заведена кај Договорниот орган под бр. од година, составен дел на овој Договор, но не повеќе од денари без ДДВ, согласно Одлуката за јавна набавка бр.
од година, или со вклучен ДДВ денари.
Единечните цени по позиции на стоки и услуги искажани во спецификациите-табелите се утврдени врз основа на сите елементи кои важеле при прифаќањето на Понудата и се фиксни и непроменливи по било кој основ.
Единечните цени на стоките и услугите се цени во кои се вкалкулирани ДДВ, работна рака, трошоци за работа, патни трошоци и сите трошоци и други јавни давачки согласно законските прописи.
За вградените резервни делови се потпишува работен налог од страна на овластени лица на двете договорни страни.
Договорените единечни цени не може да се менуваат до истекот на важноста на Договорот.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган.
Прилог на фактурата е работен налог за извршени услуги и испратница за набавени пп апарати , опрема и резервни делови, уредно потпишан и заверен од страна на овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Eкономскиот оператор.
НАЧИН , РОК НА ИСПОРАКА НА СТОКАТА И ВРШЕЊЕ НА УСЛУГА
Член 5
Економскиот оператор е должен да ја испорача стоката предмет на овој Договор согласно карактеристиките од техничката спецификација од прифатената понуда на Економскиот оператор , составен дел на овој Договор.
Економскиот оператор е должен испораката на стоката предмет на овој договор да ја изврши во рок од 10 (десет) дена од денот на склучувањето на Договорот.
Рокот за извршување на услугата за одржување, сервисирање и испитување на ПП
апарати, да биде намногу до 10 дена од денот на приемот на писмената нарачка испратена по е-маил или по пошта од страна на договорниот орган.
Економскиот оператор е должен да пристапи кон извршување на услугата предмет на овој договор во рок од 1(еден) ден по добиен писмен налог за работа заверен од овластено лице на договорниот орган .
Во итни случаи Економскиот оператор е должен да почне со извршување на услугата веднаш по повик од страна на Договорниот орган.
Економскиот оператор се воведува во извршување на услугата со доставување на Налогот за работа.
Економскиот оператор се обврзува да ја изврши услугата во рокот утврден во Налогот за работа.
Во случај на доцнење со испорака на стоката или извршување на услугите предмет на овој Договор од страна на Економскиот оператор, Договорниот орган има право на договорна казна – пенали.
Договорната казна-пенали се определува во висина од 2% од вредноста на неиспорачаната стока со вклучен ДДВ за секој ден задоцнување или во висина од 2% од вредноста на неизвршената услуга со вклучен ДДВ, за секој ден задоцнување но не повеќе од 5 % од вредноста на Договорот со вклучен ДДВ, при што потребно е веднаш од страна на Договорниот орган по приемот на стоката или приемот на извршената услуга да му врачи на Економскиот оператор писмено известување дека Договорниот орган го задржува правото на договорна казна
– пенали.
Во случај на доцнење со испораката на стоката и извршување на услугите предмет на овој Договор, Договорниот орган има право, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за дополнително оставен рок, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета.
Во случај ако штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган заради раскинување на Договорот е поголема од договорната казна, Економскиот оператор има обврска да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штетата.
Член 6
Испораката на стоката се смета за извршена по потпишувањето на испратницата од овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Економскиот оператор.
Член 7
Договорниот орган е овластен да именува лица задолжени за реализација на предметот на Договорот, како и да врши надзор над извршувањето на услугите од страна на Економскиот оператор.
Економскиот оператор е должен предметот на овој Договор, да го врши совесно и
квалитетно, според описот и природата на стоката и услугата, согласно Закон и подзаконски акти кои се однесуваат на предметот на овој Договор.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 8
Квалитативен и квантитативен прием на стоките и квалитативен и квантитативен прием на извршената услуга од член 2 предмет на овој Договор го врши Договорниот орган со документ
-налог за работа, потпишан и заверен од лица овластени за прием и достава на двете договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаната стока и извршената услуга.
Договорниот орган е должен да изврши преглед на извршената услуга штом тоа според редовниот тек на извршувањето е можно, и за утврдените неисправности или недостатоци веднаш без одлагање да го извести Економскиот оператор.
Договорниот орган има право поради неисправност или недостаток да бара:
- Бесплатно отстранување на утврдените недостатоци или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатоците;
- Сразмерно намалување на цената;
- Надомест на штета;
- Раскинување на Договорот.
ГАРАНЦИЈА И ГАРАНТЕН РОК РОК
Член 9
Економскиот оператор е должен да издаде заверна гаранција(гарантен лист) за квалитетот, односно за исправното функционирање, упатство за начинот на употреба на стоката да обезбеди сервиси за одржување и поправка,и снабдување со резервни делови во гарантен рок.
Економскиот оператор гарантира за квалитетот на вградените резервни делови.
Гарантниот рок за пп апаратите и опремата е во траење утврден од прозиводителот но не помалку од една година од денот на испораката.
За гарантниот рок на вградените резервни делови важат гарантните листови од Производителите, од денот на вградувањето на резервните делови.
Овие гарантни листови од Производителите ги прибавува Економскиот оператор и ги доставува на Договорниот орган.
ВИША СИЛА
Член 10
Договорниот орган и Понудувачот се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 11
Договорот стапува во сила веднаш по неговото потпишување од страна на договорните страни..
Член 12
Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година од денот на склучувањето.
Член 13
Договорот се склучува на македонски јазик и неговото кирилично писмо.
Член 14
Измени и дополнувања на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се изменува и дополнува со Xxxxx на Договор потпишан од овластените претставници на договорните страни.
Договорот може да се менува со Xxxxx –Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 15
Во случај на спор договорните страни се согласни спорот да го решат спогодбено.
Доколку спорот не се реши спогодбено истиот ќе го решава надлежниот суд во Скопје.
Член 16
За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и позитивните прописи во Република
Македонија.
Член 17
Овој Договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два ) за Економскиот оператор.
ДОГОВОРЕН ОПЕРАТОР ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР
Моделот на договор треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот бр. објавен од страна на АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, за Одржување, Сервисирање и испитување на пп апарати со спроведување на постапка со набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава: ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3.Одговорно лице : I.4.Даночен број I.5.Матичен број
Дел II – Финансиска понуда
Нашата понуда важи за перидот утврден во тендерската документација.Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација
Согласни сме да понудиме услуга- за Одржување, Сервисирање и испитување на пп апарати
Вкупна цена на нашата понуда согласно техничката спецификација (А+Б+В) за вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и јавни давачки без вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Вкупен износ на ДДВ во денари изнесува:
во денари со бројки и букви)
Вкупна цена на нашата понуда во денари за вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и јавни давачки со вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Составен дел на понудата е техничката спецификација (А+Б+В) односно листите со поединечни цени, кои треба да биде пополнети.
Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација како и начинот и рокот за извршување на услугата утврдени во тендерската документација
Место и датум Одговорно лице
(потпис)
Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице.
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Понудувачот [назив на економскиот
оператор], како учесник во постапката за набавка на која се
спроведува по оглас за јавна набавка број објавен од страна на
, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
• нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
• понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
• е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*
(потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето