„Грантова шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата- корисник" - EuropeAid /138495/ID/ACT/MK
„Грантова шема за спроведување на проекти за зголемување на конкурентноста на земјата- корисник" - EuropeAid /138495/ID/ACT/MK
Договорен орган:
Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), Министерство за финансии на Република Македонија
Приоритетна област
Лот 3: Подобрување на капацитетите на МСП за иновации, истражување и развој, соработка помеѓу јавниот, приватниот и образовниот сектор
Дискусија на Фокус група
Име на проект: „Акцелератор на знаење за МСП (МЕКА)“
26 Октомври, 2018 година (петок), во 10:00 часот Локација: ресторан ШАЛОМ, Струмица
ИЗВЕШТАЈ
Цел: Дискусија за главните пречки и потреби на микро и малите претпријатија во Јуоисточниот регион, кои треба да бидат надминати со основање на „Акцелератор на знаење за МСП (МЕКА)“.
Опис на настанот:
Дискусија на Фокус група во рамки на проектот, „Акцелератор на знаење за МСП (МЕКА)“, на 26 октомври 2018 година се одржа во Струмица. Од аспект на таргетираните групи на настанот учествуваа вкупно 14 лица претставници на мали и средни претпријатија, бизнис асоцијации, невладин сектор, локална самоуправа, вклучувајќи ги и експертите и проектниот тим. Од нив, 5 беа машки, а 9 лица беа од женскиот пол.
Кратко претставување на проектот, планираните активности и очекуваните резултати ги претстави директорот на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија.
Дискусијата на Фокус групата во Струмица ја водеше Xxxx Xxxxxx во два дела. Најпрво се претставниците дискутираа во насока на Идентификување на главните бариери со кои се соочуваат микро и малите претпријатија во Југоисточниот регион, а како втор анасока следуваше Идентификување на потенцијални услуги од страна на Акцелераторот на знаење за МСП (МЕКА).
Од дискусијата беа извлечени следниве заклучоци:
Недостатоци, бариери
- Недостаток на финансиски средства
- Нема иновативност во работата на компаниите
- Нема доволно храброст
- Нема сигурност во законските прописи/правила
- Неинформираност на компаниите за можностите
- Компаниите не го сакаат терминот „обука“. Треба да се смисли нешто поинвентивно за да се поканат на обуки за зголемување на нивното знаење од соодветни области.
- Како да им се пристапи на фирмите?
Предлози
- Со презентација на практични примери
- Информации за изнаоѓање начин за финансирање на предлог бизнис идеи
- Социјални мрежи како фејсбук...да се поканат повеќе да ја посетуваат страницата
- Како да „допреме“ до луѓето? Кој канал на инфирмација да го користиме?
- Како да го пресметаме ризикот? Xxxxxxxxx дали е ризичен?
- Треба знаење, вештини, став...„рандеву со реалноста“
- Дипломата не дава знаења
- Комуникација? Како?
Настанот затворен со коктел.
АГЕНДА
26 Октомври, 2018 година (петок), во 10:00 часот Локација: рестран ШАЛОМ, Струмица
Време | Опис на сесија |
9.45 – 10.00 | Регистрација на учесниците |
10.00 – 10.15 | Кратко претставување на проектот и планираните активности |
10.15 – 11.00 | Идентификување на главните бариери со кои се соочуваат микро и малите претпријатија во Југоисточниот регион |
11.00 – 11.45 | Идентификување на потенцијални услуги од страна на Акцелераторот на знаење за МСП (МЕКА) |
11.45 – 12.00 | Заклучоци и планирање на наредни активности |
12.00 | Коктел |
ФОТОГРАФИИ