2. Назив на корисник, со седиште на адреса: ул. хх xx, со ЕМБС хх, ЕДБ хх, жиро сметка бр. хх, кај хх Банка АД Скопје, застапуван од ххх, (во понатамошниот текст именуван како „Корисник на финансиски средства”) од друга страна.
Д О Г О В О Р
за доделување на финансиски средства во рамки на јавниот повик
Ковид – 19 брза реакција преку „Дигитализација на услугите на локалната самоуправа”
Овој Договор за доделување на финансиски средства („Договор”) е склучен на ден хх.хх.2020 година во Скопје помеѓу:
1. Фондот за иновации и технолошки развој, со седиште на адреса: бул. Xxxx Xxxxxx бб., 1000 Скопје, претставуван од директорот Xxxxx Xxxxxxxxxxx, (овде и во понатамошниот текст именуван како „Фондот”) од една страна и
2. Назив на корисник, со седиште на адреса: ул. хх xx, со ЕМБС хх, ЕДБ хх, жиро сметка бр. хх, кај хх Банка АД Скопје, застапуван од ххх, (во понатамошниот текст именуван како „Корисник на финансиски средства”) од друга страна.
Фондот и Корисникот на финансиските средства се наречени „Договорни страни”. КАДЕ ШТО,
Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за развој на Обединети Нации (во понатамошниот текст именуван како „УНДП”) имаат склучено Договор за имплементација на проектот “КОВИД – 19 брза реакција преку јавен повик за дигитализација на услигите на локалната самоуправа”, согласно кој УНДП одобрува финансиски редства на Фондот, со цел спроведување на јавен повик за финансирање на проекти за обезбедување на дигитални решенија / алатки кои ќе се воведат во секојдневното работење на пет општини; избор на најдобри решенија како и мониторинг на развојот на решенијата до нивната имплементација во 5 општини во Република Северна Македонија и тоа: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово.
Член 1
Сo овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на Договорните страни кои произлегуваат од доделувањето на финансиски средства во согласност со условитe и постапката утврдени во рамки на јавниот повик Ковид – 19 брза реакција преку „Дигитализација на услугите на локалната самоуправа” бр. хх од хх година објавен од страна на Фондот (во понатамошниот текст: „Јавниот повик”), а во врска со спроведување на проектот предвиден во Проектната апликација бр. хх од хх година и Буџетот на проектот бр.хх од хх година изработени и поднесени од страна на Корисникот на финансиски средства на Јавниот повик, а прифатени и одобрени од страна на Комисија за избор и евалуација со Записник бр. хх од хх година и Одлука бр. хх од хх година.
1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е доделување на финансиски средства на Корисникот на финансиските средства, согласно Јавниот повик за изработка и имплементација на дигитални алатки/решенија со цел подобрување на квалитетот на услугите во пет општини и тоа: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово (во понатамошниот текст именуван како: Општините), почитувајќи ги мерките за превенција од вирусот и побрзо економско опоравување од последиците предизвикани од пандемијата на Ковид - 19. Доделувањето на финансиските средства согласно овој Договор има за цел дигитализација на услугите на
локалната самоуправа кои треба да придонесат кон побрзо економско опоравување на последиците предизвикани од пандемијата на Ковид – 19 и подобрување на квалитетот на живеење во новонастанатите услови, преку забрзана дигитализација на услугите на Oпштините.
2. ДЕФИНИЦИИ
Член 3
(1)За целите на овој Договор, поимите наведени во истиот ќе го имаат следното значење:
1. „Буџет на проект“ значи одобрени финансиски средства за реализација на Проектот и проектните активности, кои Корисникот на финансиските средства ќе ги обезбеди од средствата доделени од страна на Фондот;
2. „Виша сила“ претставува се она што е предвидено како Виша сила во одредбите на Законот за облигационите односи;
3. „Договор” претставува овој Договор за доделување на финансиски средства во рамки на јавниот повик Ковид – 19 брза реакција преку „Дигитализација на услугите на локалната самоуправа”;
4. „Завршен извештај“ е извештај кој Корисникот на финансиските средства има обврска да го достави до Фондот во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот за реализација на проектот и истиот ги содржи следните делови: описен дел и финансиски дел, кој се доставува пред исплатата на преостанатите 50% (педесет проценти) од вкупниот буџетот;
5. „Извештај за реализација на решението/ата и нивна имплементација“ е извештај доставен од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, чијашто цел е да се утврди дали алатките/решенијата се успешно реализирани и имплементирани во системите на Општините, кој се доставува во рок од 7 дена, по истекот на рокот за реализација на проектот;
6. „Проект” значи предлог проект избран за финансирање во рамки на јавниот повик Ковид – 19 брза реакција преку „Дигитализација на услугите на локалната самоуправа”;
7. „Трета страна” значи секое физичко и/или правно лице кое не е договорна страна на овој Договор;
8. „Финансиско сметководствена документација“ претставува збир од изводи од наменската банкарска сметка, фактури, договори и други финансиски и сметководствени документи согласно применливите прописи.
(2) Роковите во овој Договор се пресметуваат во денови.
(3) Поимите кои не се дефинирани во Договорот, го имаат значењето како што е утврдено согласно важечките закони на Република Северна Македонија кои ги регулираат соодветните области.
3. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
(1) Фондот одобрува финансиски средства на Корисникот на финансиските средства во износ од хх,00 денари (со букви: хх денари), а кој износ претставува 100% (сто проценти) од вкупниот Буџет на проектот.
(2) Распределбата и намената на средствата од став 1 на овој член е определена и ќе се врши согласно одобрениот Буџет на проектот и Јавниот повик.
(3) Исплатата на средствата ќе се изврши авансно, по потпишување на Договорот во износ од 50% од вкупниот буџет на проектот, а останатите 50% по успешна имплементација на решението предмет на проектот во Oпштините кои поседуваат технички услови за имплементација на истото, односно по доставување на Извештај за реализација на решението/ата и нивна имплементација и одобрување на Завршниот извештај.
(4) Во случај проектот да не биде успешно реализиран и имплементиран во Oпштините кои поседуваат технички услови за имплементација на истото или во случај на злоупотреба, износот од 50% нема да биде исплатен на коринскиот на финансиската поддршка.
(5) За потребите на проектот, Корисникот на финансиските средства ќе отвори посебна сметка со број хх во хх АД Скопје на која ќе бидат префрлени финансиските средствата.
4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ А. Обврски на Фондот
Член 5
Фондот со овој Договор се обврзува:
• исплатата на финансиските средства од Фондот да ја спроведува под услови и рокови уредени со овој Договор, одобрениот Буџет на проектот и Јавниот повик,
• да врши надзор над имплементација на проектните активности и трошењето на финансиските средства согласно одобрениот буџет на проект преку разгледување на завршниот извештај и придружната документација до евентуално одобрување на истиот.
Б. Обврски на Корисникот на финансиските средства
Член 6
(1) Корисникот на финансиските средства има обврска да го спроведе Проектот во согласност со условите пропишани во овој Договор и Јавниот повик, како и во согласност со добрите технички, економски, финансиски, управувачки, еколошки и социјални стандарди и практики и во согласност со законските и подзаконските акти во Република Северна Македонија.
(2) Корисникот на финансиските средства има обврска да го спроведе Проектот ефективно и ефикасно, во согласност со Проектната апликација и Буџетот на проектот.
(3) Корисникот на финансиските средства има обврска да одржува систем за финансиско управување и да одржува систем на одвоена-посебна финансиско-сметководствена евиденција, во согласност со меѓународните сметководствени стандарди и на начин најсоодветен за проектните активности, расположливите ресурси и трошоци поврзани со проектот и ќе изготвува финансиски извештаи во согласност со сметководство на парична односно готовинска основа, јасно претставувајќи ги сметкопотврдите и исплатите, на начин кој ќе соодветствува со активностите, ресурсите и трошоците поврзани со проектот.
(4) Корисникот на финансиските средства е должен да се придржува кон процедурите за надзор и да му овозможи на Фондот и/или Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство да изврши лесен надзор над спроведувањето на Проектот. Исто така, Xxxxxxxxxx на финансиските средства е должен да му овозможи на Фондот или на лица овластени од Фондот и/или Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во секое време да извршат длабинска анализа на спроведувањето на Проектот, на неговите активности и остварени резултати, како и да извршат ревизија на проектната и финансиска документација поврзана со Проектот. Корисникот на финансиските средства има обврска сите релевантни документи поврзани со Проектот да ги подготви и достави до Фондот и/или Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на негово барање, со цел обезбедување на наменско искористување на доделените финансиски средства за реализација на одобрениот Проект и исполнување на условите согласно со одобрениот Буџет на проектот, одредбите од овој Договор и Јавниот повик.
(5) Во случај на промени на Проектот и/или Буџетот на проектот, Корисникот на финансиските средства има обврска да побара согласнот од страна на Фондот.
(6) Корисникот на финансиските средства е должен да ја чува целокупната документација, на Проектот, од почетокот на Проектот, а најмалку 5 (пет) години по завршување на Проектот и истата да ја достави на увид на барање на Фондот.
(7) Корисникот на финансиските средства се обврзува на јасно и видливо место на опремата набавена со финансиските средстваод Договорот, промотивниот материјал за проектот и добрата добиени од
проектот, да го означи логото и називот на Фондот, како и со напомената со следниов опис „Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија”.
(8) Корисникот на финансиските средства кој поседува веб – страница или профил/страница на социјални мрежи (Фејзбук, Инстаграм), должен е да објави кратка информација за поддршката обезбедена од Фондот.
(9) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на финансиските средства објавува или дава изјава за медиуми во врска со проектот, должен е да ја спомене поддршката обезбедена од Фондот. Корисникот на финансиските средства има обврска да го информира Фондот при јавно/медиумско промовирање (презентирање) на проектот и да понуди учество на Фондот при медиумскиот настап.
Член 7
(1)Корисникот на финансиските средства не смее свесно или намерно да ги нарушува правата на интелектуална сопственост на трети страни.
(2)Доколку Проектот се заснова на веќе постоечки права на интелектуална сопственост, Корисникот на финансиските средства е должен да достави доказ за право на користење на интелектуалната сопственост во вид на договор за лиценцирање, договори за “in-kind” придонес или друг вид на договор кој потврдува дека Корисникот на финансиските средства има право на користење на интелектуалната сопственост на која се заснова Проектот.
(3) Фондот не е одговорен за спорови поврзани со правата на интелектуална сопственост помеѓу Корисникот на финансиските средства и трети страни.
(4)Сите права на интелектуална сопственост и „know how“ кои ќе бидат создадени за време на имплементација на Проектот и/или како резултат на спроведувањето на Проектот му припаѓаат на Корисникот на финансиските средства и доколку е применливо, треба да ги заштити правата на интелектуална сопственост.
(5) Корисникот на финансиските средства е согласен алатките/решенијата кои претставуваат резултат на спроведување на проектот за кој се доделени финансиките средствата согласно овој Договор, и/или правата на користење на интелектуалната сопственост кои евентуално би биле резултат на проектот, да бидат достапни целосно и бесплатно без ограничувања на сите единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија без било каков дополнителен надоместок или исплаќање на дополнителни средства покрај оние кои се исплаќаат врз основа на овој Договор.
(6)Корисникот на финансиските средства е согласен алатките/решенијата кои претставуваат резултат на спроведување на проектот за кој се доделени финансиките средствата согласно овој Договор да бидат имплементирани во Општините без било каков дополнителен надоместок или исплаќање на дополнителни средства покрај оние кои се исплаќаат врз основа на овој Договор.
В. Рок за реализација на проектот
Член 8
(1) Проектот се реализира во максимално времетраење од 30 дена од денот на потпишување на Договорот.
5. НАДЗОР НА ПРОЕКТОТ
Член 9
(1) Фондот врши надзор на проектот преку преглед на Завршниот извештај и придружната документација доставени од страна на корисникот на финансиските средства, а со цел да се потврди напредокот на проектот и спроведувањето на планираните активности, да се потврди дека реализираните трошоци се во согласност со одобрениот буџет на проектот за дадениот период и согласно процедурите на Фондот.
(2) Корисникот на финансиските средства има обврска до Фондот да достави Xxxxxxx извештај (описен дел и финансиски дел) во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот за реализација на образец утврден од страна на Фондот.
(3) Извештаите се разгледуваат и одобруваат од страна на тимовите за следење назначени од директорот на Фондот.
(4)Корисникот на финансиските средства има обврска при спроведување на Проектот да му овозможи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство да врши надзор на реализацијата и имплементација на алатките/решенијата во системите на Општините, за што Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство доставува Извештај до Фондот.
6. ВИША СИЛА
Член 10
(1) Договорните страни се согласни дека ниту една Договорна страна нема да сноси одговорност кон другата Договорна страна за било каква штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од или се последица на Виша сила.
(2) Во случај на настанување на Виша сила која влијае или би можела да влијае на исполнувањето на овој Договор, секоја од Договорните страни се обврзува писмено да ја извести другата Договорна страна за таквата околност, со цел договарање на нови услови за исполнување или за раскинување на овој Договор.
7. УСЛОВИ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА
Член 11
(1)Фондот има право да го раскине Договорот, во случај на било каква повреда на обврските овој Договор од страна на Xxxxxxxxxx на финансиските средства, и/или било каква повреда на одредбите од Јавниот повик од страна на Корисникот на финансиските средства, а особено во следниве случаи:
1. Доколку Корисникот на финансиските средства наменски не ги користи одобрените финансиски средства согласно Проектот предмет на овој Договор, вклучувајќи и промена на средствата од вкупниот Буџет на проектот и/или проектните активности, без претходна писмена согласност од Фондот и доколку Проектот не биде рализиран во рок од 30 дена од денот потпишување на договорот;
2. Доколку Корисникот на финансиските средства со намера за измама дава неточни податоци во текот на постапката за доделување средства и за времетраењето на овој Договор а кои имаат материјално влијание на Проектот;
3. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на финансиските средства не воведе соодветни политики и процедури кои ќе му овозможат на Фондот и/или Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство да врши надзор и да го оцени напредокот на Проектот;
4. Доколку Xxxxxxxxxx на финансиските средства не подготви завршен извештај во согласност со сметководствените стандарди на начин кој соодветно ќе ги рефлектира активностите, ресурсите и трошоците поврзани со Проектот;
5. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на финансиските средства на барање на Фондот не дозволи ревизија од страна на независен ревизори;
6. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на финансиските средства не му обезбеди на Фондот/или на лица назначени од страна на Фондот, да извршат увид во спроведувањето на Проектот, неговите активности, остварени резултати, сите релевантни документи за Проектот, или на сметките и/или истите да ги достави до Фондот на негово барање;
7. Доколку Корисникот на финансиските средства не го извести Фондот за секоја значајна промена на страна на Корисникот на финансиските средства, која би можела да има материјално влијание врз Проектот;
8. Доколку Xxxxxxxxxx на финансиските средства постапува спротивно на Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а со цел спречување на корупцијата и сродните појави во текот на спроведувањето на овој Договор;
9. Врз основа на барање на Корисникот на финансиските средства или тимот за следење, доколку поради неизбежна пречка од технички или пазарен аспект се доведат во прашање идните резултати на проектот;
10. Доколку корисникот на финансиските средства не ги стори целосно и бесплатно достапни, без ограничувања алатките/решенијата кои претставуваат резултат на спроведување на проектот за кој се доделени финансиките средствата согласно овој Договор, и/или правата на користење на интелектуалната сопственост кои евентуално би биле резултат на проектот, на сите единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија без било каков дополнителен надоместок или исплаќање на дополнителни средства покрај оние кои се исплаќаат врз основа на овој Договор и
11.Доколку корисникот на финансиските средства не ги имплементира алатките/решенијата кои претставуваат резултат на спроведување на проектот за кој се доделени финансиките средствата согласно овој Договор во Општините без било каков дополнителен надоместок или исплаќање на дополнителни средства покрај оние кои се исплаќаат врз основа на овој Договор.
Член 12
(1) Во случај на настанување на било која од околностите за раскинување на Договорот, Фондот го задржува правото да донесе одлука за раскинување на Договорот и/или да бара враќање на дел или во целост на финансиски средства исплатени на Корисникот на финансиските средства сметано до денот на донесување на таквата одлука.
(2) Одлуката за раскинување на Договорот ја носи Фондот.
(3) Доколку Договорот е раскинат од било која причина согласно овој Договор и Јавниот повик, а доделените финансиски средства не се потрошени, корисникот на финансиските средства е должен да го врати на Фондот целиот непотрошен износ на средства најдоцна во рок од 5 (пет) дена од денот кога од Фондот тоа е побарано. Во спротивно Корисникот на финансиските средства паѓа во задоцнување и на истиот износ може да биде обврзан да плати законска казнена камата во согласност со Законот за облигациони односи сметано од денот на доцнењето, се до конечната исплата.
(4) Доколку поради неизбежна пречка од технички или пазарен аспект се доведат во прашање идните резултати на проектот, од Корисникот на финансиските средства ќе се бара да достави документација до Фондот и да побара престанок на проектот и финансирањето. Последователно, Фондот ќе утврди дали постои оправданост на доказите за постоење на неизбежна пречка која ги доведува во прашање идните резултати на проектот и ќе донесе соодветна одлука. Доколку Фондот одлучи дека се исполнети условите наведени како неизбежна пречка, Корисникот на финансиските средства нема да биде обврзан да ги врати доделените средства.
(5) Сите исплати на Корисникот на финансиските средства спрема Фондот треба да бидат исплатени во денари.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
(1) Овој Договор започнува да произведува правно дејство од денот на неговото потпишување од страна на двете Договорни страни.
Член 14
(1) Овој Договор е составен на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
Член 15
(1) Договорните страни се согласни меѓусебната комуникација да се врши по писмен пат со препорачана пратка на следните адреси:
• Фондот на адреса: бул. Xxxx Xxxxxx бб., 1000 Скопје;
• Корисникот на финансиските средства на адреса: ул. хх бр. хх, Скопје;
односно по електронски пат на следните е-маил адреси:
• Фондот на електронска адреса: xxxxxxxxxxxxxx@xxxx.xx;
• Корисникот на финансиските средства на електронска адреса: хх.
Доставата извршена на еден од горенаведените начини ќе се смета за уредна на денот на прием на писмената, односно електронската порака кај другата Договорна страна.
(2) Секоја Договорна страна е должна за каква било измена на податоците од став 1 на овој член писмено да ја извести другата Договорна страна во рок од 3 (три) дена од денот на настанување на промената.
(3) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на финансиските средства изврши промена на податоците од став 1 од овој член и за тоа писмено не го извести Фондот во рокот наведен во став (2) од овој член, секоја извршена достава на писмена или електронска порака од страна на Фондот до Корисникот на финансиските средства на адресата наведена во став 1 од овој член ќе се смета за уредна и валидна.
Член 16
(1) Со потпишување на Договорот, Xxxxxxxxxx на финансиските средства потврдува дека ги прочитал и разбрал во целост одредбите од Договорот и Јавниот повик, и дека истиот ќе постапува во целост согласно одредбите од Договорот и условите предвидени во Јавниот повик, со цел успешна реализација на Проектот.
Член 17
(1) Насловите во овој Договор нема да имаат влијание на неговото толкување.
(2) Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx на финансиските средства потврдува дека пред склучувањето на Договорот навремено му се соопштени сите потребни информации и податоци потребни за склучување на Договорот и дека истиот е запознаен со условите од Јавниот повик, содржината и условите на Договорот и применливите законски одредби.
Член 18
(1) Измени и дополнувања кон овој Договор можат да бидат извршени со заедничка согласност на Договорните страни со склучување на анекс во писмена форма.
Член 19
(1) За сè она што не е регулирано со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за иновациската дејност, Законот за облигациони односи и важечките законски и подзаконски прописи во Република Северна Македонија.
Член 20
(1) Договорните страни ќе настојуваат настанатите спорови да ги решаваат спогодбено и на мирен начин.
(2) Во случај на поведување постапка за присилна наплата или друг спор кој може да произлезе од прекршување на одредбите на овој Договор, Xxxxxxxxxx на финансиските средства има право да поднесе писмено барање до Фондот за вонсудско решавање на спорот.
(3) Фондот е должен во рок од 30 дена од приемот на писменото барање од ставот (2) на овој член да го извести Корисникот на финансиските средства писмено или по електронски пат за прифатливоста на неговото барање.
(4) Во случај на вонсудско спогодување, Фондот и Корисникот на финансиските средства потпишуваат спогодба или протокол во писмена форма.
(5) Во случај на спор по овој Договор надлежен да постапува е Основниот Граѓански суд Скопје во Скопје.
Член 21
(1) Овој Договор е сочинет во 2 (два) еднакви примероци, од кои по 1 (еден) за секоја договорна страна.
За Фондот за иновации За Корисникот,
и технолошки развој,