Број на оглас:06/2014 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас:06/2014 ДЕЛ I:ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ
I.1.2) Адреса:бул. X.Xxxxxxxxxx 10
I.1.3) Град и поштенски код:Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт:Xxxxx XxxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:nenad@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3174-264/3174266
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Јавни претпријатија, акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност од опфатени дејности-Друго
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
НАБАВКА И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКА ЛОКАЦИЈА И ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА ВО ВОЗИЛАТА НА ЈСП СКОПЈЕ
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ:120.000.000,00 ден.
II.2) Вид на договорот за јавна набавка:Стоки - Купување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Скопје - Дирекција на ЈСП СКОПЈЕ
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):Транспорт
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка:Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во Тендерската документација
- (Техничка спецификација )
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.8) Дали предметот на набавката е делив:Не
II.9) Рамковна спогодба:Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 46
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка:Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка:Најниска цена
III.4) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства?Не
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција?Да Дополнителни информации во врска со електронската аукција:
Подетални информации за користењето на електронски средства за домашни и Економски оператори од странство: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете на web страната (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда:Да
IV.1.2) Гаранција на понудата:Да [2,00%]
IV.1.3) Изјава за сериозност:Не
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%]
IV.1.5) Авансно плаќање:Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Да
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор:
- Документ за регистрирана дејност
10.2.1. За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
•Bо 3(три) години (2010, 2011 и 2012 години) да не искажал загуба во работењето и остварил вкупен приход од најмалку 30.000.000 (триесетмилиони) евра и добивка од минимум 3.000.000 (тримилиони) евра.
•Доколку понудувачот ја врши дејноста во период помал од три години, треба да не искажал загуба во работењето и остварил вкупен приход од најмалку 10.000.000 (десетмилиони) евра и добивка од најмалку 1.000.000 (еденмилион) евра, во периодот на вршење на дејноста.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
•Извештај за биланс на состојба и успех за 3(три) години (2010, 2011 и 2012 година), односно Извештај за биланс на состојба и успех за 2012 година доколку дејноста ја врши во период помал од три години.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
•Да има имплементирано најмалку еден систем за АВЛ на минимум 250 (двестапедесет) автобуси за градски превоз во земја од ЕУ. Системот да е во функција најмалку 4 (четири) години во моментот на поднесување на понудата.
•Да има имплементирано најмалку еден систем за електронско плаќање со картички со чип (смарт тикетинг систем) во земја од ЕУ идентичен на понуденото решение на минимум 250 (двестапедесет) автобуси за градски превоз со минимум 100.000 (стоилјади) трансакции просечно дневно. Системот да овозможува интегрирана наплата со мобилен телефон, при што не е дозволено плаќање со СМС порака, BAR или QR код. Системот да е во функција најмалку 4 (четири) години во моментот на поднесување на понудата.
•Понудувачот треба да обезбеди доказ дека ги исполнува условите за микроплаќање пропишани спорд Законот за платен промет на РМ. Како доказ треба да достави Решение за согласност за микроплаќање издадено од страна на Народна Банка на РМ.
•Да располага со соодветен кавлификуван технички кадар потребен за инсталирање на целокупната опрема и контрола на квалитетот, на кои кандидатот може да се повика;
•Да располага со уреди и техничка опрема која на понудувачот му е потребна за извршување на Договорот, и мерки кои ги користи кандидатот за обезбедување на квалитет во испорака и инсталирање на Xxxxxx.
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
•Преглед (листа) на реализирани договори во кој се наедени следните податоци:назив, број и датум на склучување на договор/и, назив(фирма) на купувачот, вредност на договорот и конткт телефон со купувачот/те. Прегледот треба да е потпишана и заверена од страна на одговорното лице на понудувачот (Образецот 3А кој е даден во прилог од оваа тендерска документација).
•Минимум една потврда ( изјава) издадена (потпишана и заверена) од одговорно лице на договорен орган (купувач) каде е имплементиран Систем за АВЛ во земја од ЕУ идентичен со понуденото решение на минимум 250 (двестапедесет) автобуси за градски превоз. Системот да е во функција најмалку 4 години. Датумот на потврдата (изјавата) да не биде постар од 6 месеци од датумот на поднесувањето на понудата. Потврдата за имплементиран проект со понуденото решение за АВЛ систем треба да ги содржи следните податоци: носител на проектот, број на договорот и датум на договорот, вредноста на договорот, број на возила (автобуси) во кој е имплементиран системот, место (град) во кој е имплементиран системот за пратење на возилата, податоци на купувачот (назив, адреса, податоци за контакт) и мислење на купувачот за функционалноста на системот.
•Минимум една потврда ( изјава) издадена (потпишана и заверена) од одговорно лице на договорен орган (купувач) каде е имплементиран Систем за електронска наплата со чип (смарт тикетинг) во земја од ЕУ идентичен со понуденото решение на минимум 250 (двестапедесет) автобуси за градски превоз со минимум 100.000 трансакции просечно дневно. Системот да овозможува интегрирано плаќање со мобилен телефон при што не е дозволено плаќање со СМС порака, BAR или QR код. Системот да е во функција најмалку 4 години. Датумот на потврдата (изјавата) да не биде постар од 6 месеци од датумот на поднесувањето на понудата. Потврдата за имплементиран проект со понуденото решение за Систем за електронска наплата со чип ( смарт тикетинг) треба да ги содржи следните податоци: носител на проектот, број на договорот и датум на договорот, вредноста на договорот, број на возила (автобуси) во кој е имплементиран системот, место (град) во кој е имплементиран системот за смарт тикетинг, просечен број на дневни трансакции, изјава дека системот овозможува интегрирана наплата со мобилен телефон, податоци на купувачот (назив, адреса, податоци за контакт) и мислење на купувачот за функционалноста на системот.
•Изјава дека располага со соодветен кавлификуван технички кадар потребен за инсталирање на целокупната опрема и контрола на квалитетот, на кои кандидатот може да се повика;
•Извештај (изјава) за уреди и техничка опрема која на понудувачот му е на располагање за извршување на Договорот, и мерки кои ги користи кандидатот за обезбедување на квалитет во испорака и инсталирање на Систем.
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
Не
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
Не
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи:
V.2) Услови за доставување на понудите или пријавите за учество
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 16.06.2014 во 11.00 часот
V.3) Период на важност на понудата: 180 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите и на следното место:
16.06.2014 во 11.00 часот Место: Дирекција на ЈСП - СКОПЈЕ
V.5) Дополнителни информации
телефон за контакт: +389 2 .3174 979 (од 7 до 15 часот), факс: x000 0 0000 000 електронска пошта: xxxxx@xxx.xxx.xx, контакт лице Xxxxx Xxxxxxxxxxx
V.6) Датум на објава: 30-04-2014