Постапката за склучување договор со не‐ полно работно време е иста како и постап‐ ката за склучување договор со полно работ‐ но време (потребата од работник се огласува во дневен печат или друго средство за јавно информирање или сe објавува во службата
полно или со неполно работно време (скра‐
тено работно време). Како неполно работно време, согласно Законот за работните односи (во натамошниот текст: ЗРО), се смета вре‐ мето кое е пократко од полното работно време кај работодавачот, односно пократко од 40 часови неделно.
Најчесто работодавачот склучува дого‐ вор за вработување со полно работно вре‐ ме, но кога процесот на работа наметнува потреба од склучување договор со работно време пократко од полното работно време, тој може со одделен работник да склучи до‐ говор за вработување со неполно работно време. Колку часови дневно треба да изнесу‐ ва работното време на работник кој склучил договор до неполно работно време, XXX не определува, па работодавачот сам одлучува на колку часови ќе го ангажира работникот. Но, со оглед што некои права работникот кој работи со неполно работно време ги стекну‐ ва доколку работи 4 часа дневно, сметаме дека тоа би било минималното скратено ра‐ ботно време.
ЗРО предвидува работа со скратено ра‐ ботно време и во други посебни случаи и под посебни услови, но во овие случаи пра‐ вата и обврските кои ги уживаат работници‐
о Законот за работни односи („Служ‐
xxx весник на РМ“ бр. 62/05...27/16, предвидена е можност договор за вработување да биде склучен со
С
XXXX XXXXXXXX
I
те кои работат со скратено работно време, се разликуваат од работењето со неполно работно време согласно член 48.
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО
НЕПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ
Постапката за склучување договор со не‐ полно работно време е иста како и постап‐ ката за склучување договор со полно работ‐ но време (потребата од работник се огласува во дневен печат или друго средство за јавно информирање или сe објавува во службата
надлежна за посредување при вработува‐ ње или се бара посредување на службата). По извршениот избор, со избраниот канди‐ дат работoдавачот склучува договор за вра‐ ботување. Задолжителен елемент на дого‐ ворот за вработување е одредбата дали до‐ говорот е склучен со полно или неполно ра‐ ботно време.
Во ЗРО со неколку одредби содржани во членот 48, е уредено склучувањето договор за вработување со неполно работно време. Со овие одредби утврдено е дека:
⮊ работник кој склучил договор со непол‐ но работно време има договорни и дру‐ ги права и обврски од работниот однос како работникот кој работи полно ра‐ ботно време и ги остварува пропорцио‐ нално на времето, за кое што склучил до‐ говор за вработување освен тие за кои со закон поинаку е определено;
⮊ работодавачот на работникот кој работи со неполно работно време (ако во догово‐ рот за вработување поинаку не е опреде‐ лено), не смее да му наложи да работи подолго од договореното работно вре‐ ме, освен во случај на дополнително ра‐ ботење во случаи на природна или друга несреќа;
⮊ работникот има право на годишен од‐ мор со минимално времетраење од де‐ сет работни дена;
⮊ работодавачот е должен во договорот за вработување со неполно работно време да го утврди почетокот и завршетокот на неполното дневно работно време на ра‐ ботникот и
⮊ да води посебна евиденција за работни‐ ците со неполно работно време.
Права и обврски на работникот кој склучил договор со неполно работно време
Како што огоре наведовме, согласно од‐ редбите од член 48 од ЗРО, работник кој склучил договор со неполно работно време има договорни и други права и обврски од работниот однос како работникот кој рабо‐ ти полно работно време и ги остварува про‐ порционално на времето, за кое што склу‐ чил договор за вработување, освен тие за кои со закон поинаку е определено (некои пра‐ ва изречно се наведени во ЗРО). Имајќи ги предвид наведените одредби, можеме да кажеме дека работникот кој работи со не‐ полно работно време има право на:
🖎 плата, надомест на плата и надомест на трошоци поврзани со работа;
1
🖎 одмори и отсуства и
🖎 други права од работен однос.
ПЛАТА, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА И НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТА
1.1.Плата
Работник кој склучил договор за вработу‐ вање со неполно работно време има право на плата сразмерно на времето за кое склу‐ чил договор за вработување, но при тоа треба да се има предвид одредбата од член 3 од Законот за минимална плата („Служ‐ бен весник на РМ“ бр. 11/12...129/15) сог‐ ласно кој работникот кој работи со скрате‐ но работно време, за времето поминато на работа, има право на сразмерен дел од ми‐ нималната плата.
Да потсетиме дека согласно одредбите од член 106 од ЗРО, платата на работникот се состои од основна плата, плата по основ на работна успешност и додатоци на плата. Основната плата се определува земајќи ги предвид барањата на работното место, за кое работникот го склучил договорот за вработување, а работната успешност на ра‐ ботникот се определува земајќи ги предвид домаќинскиот однос, квалитетот и обемот на вршењето на работата, за којашто работ‐ xxxxx го склучил договорот за вработување. Додатоци на плата, му припаѓаат на работни‐
кот доколку работи под посебни услови при работа кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа: за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неде‐ лен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.
Значи работникот има право на плата оп‐ ределена за работното место за кое склу‐ чил договор за вработување, право на дел од платата по основ на работна успешност (доколку работните задачи ги извршил по‐ веќе од планираните, со надпросечен квали‐ тет и според други критериуми за оценка на извршената работа) и право на додатоци на плата доколку работи во некои од условите утврдени со закон (работи во смени, преку‐ времено, ноќе, на ден на државен празник и.т.н). Платата по основ на работна успеш‐ ност и додатоците на плата, се определу‐ ваат (пресметуваат) според основната пла‐ та определена за работното место на кое работи со неполно работно време и се до‐ даваат на основната плата.
1.2.Надоместоци на плата
Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во слу‐ чаите и во траење определено со закон, ка‐ ко и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот, а работода‐ вачот е должен да му исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од ра‐ бота поради користење на годишниот од‐ мор, платениот вонреден одмор, дообразу‐ вање, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот (член 112). За вре‐ ме на отсуството на работникот му припаѓа надоместок на платата во висина од негова‐ та просечна плата од последните 12 месеца (остварена за работа со неполно работно време), ако со ЗРО или друг закон поинаку не е одредено, а доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надо‐ мест во висина на најниската плата.
1.3. Надоместоци на трошоци поврзани со работа
Согласно член 113 од ЗРО, работникот има право на надомест на трошоци поврза‐ ни со работата за:
⮊ службено патување;
⮊ теренски додаток;
⮊ користење на приватен автомобил за служ‐ бени патувања;
⮊ одвоен живот од семејството x
⮊ смрт на работникот или член на негово‐ то семејство.
⮊ отпремнина при одење во пензија, како и
⮊ јубилејни награди.
Висината, основицата и рокот за пресме‐ тување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдени Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“ бр. бр. 84/2010...119/15), каде што се утврдени и други основи за исплата на надомест на трошоци.
?
Исплатата на надоместоци на трошоци поврзани со работа не е спорна, но се на‐ метнува следното прашање:
Дали на работник кој склучил дого‐ вор за вработување со неполно ра‐ ботно време, треба да му се испла‐ туваат надоместоците во цел износ или сразмерно на времето за кое склучил договор ?
Вистински одговор на вашите проблеми !!! МСФИ КОНСАЛТИНГ
Ако се имаат предвид одредбите од член 48 дека работник кој склучил договор со не‐ полно работно време има договорни и други права и обврски од работниот однос како работникот кој работи полно работно време и ги остварува пропорционално на времето, за кое што склучил договор за вработува‐ ње, освен тие за кои со закон поинаку е оп‐ ределено, тогаш нема никакви дилеми.
Висината на одделни трошоци поврзани со работа за работник кој работи со непол‐ но работно време, не е определена ниту со ЗРО ниту со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанст‐ вото (во натамошниот текст: ОКДС).
Некои од трошоците поврзани со работа произлегуваат од некое друго право кое што му припаѓа на работник со неполно ра‐ ботно време. На пример регрес за користе‐ ње годишен одмор (бидејќи е поврзан со правото на користење годишен одмор), на работник со неполно работно време му сле‐ дува најмалку половина од износот опреде‐ лен за работник со полно работно време (би‐ дејќи ЗРО му гарантира 10 работни дена на работник со неполно работно време, однос‐ но половина од годишниот одмор гаранти‐ ран за работник со полно работно време кој изнесува најмалку 20 работни дена).
Меѓутоа, одделни надоместоци на трошо‐ ци поврзани со работа на кои има право ра‐ ботник кој работи со полно време, се испла‐ туваат во ист износ на работник со неполно работно време, на пример: дневници за служ‐ бени патувања (доколку службениот пат трае повеќе од 12 часови кога работникот стекну‐ ва право на цела дневница), или користење службен автомобил за службени патувања.
2
Основицата за пресметување на надомес‐ тоците на работниците, согласно член 35 од ОКДС претставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.
ОДМОРИ И ОТСУСТВА
Паузата во текот на работниот ден и го‐ дишниот одмор за работник кој работи со не‐ полно работно време, точно се определени во ЗРО. Имено, работникот има право на:
⮚ пауза во текот на работниот ден во трае‐ ње од 15 минути, но само доколку работи најмалку четири часови дневно (член 132);
⮚ за работник помлад од 18 години (со ог‐ лед на фактот што уживаат посебна заш‐ тита), со ЗРО предвидена е пауза од 30 минути доколку работи најмалку четири и пол часа дневно;
⮚ годишен одмор во траење од најмалку 10 работни дена. Да потсетиме дека ра‐ ботникот кој прв пат заснова работен од‐ нос стекнува право на годишен одмор по истекот на шест месеци непрекината ра‐ бота кај ист работодавач, без оглед дали работникот работи со полно работно вре‐ ме или со пократко од полното работно време (член 139).
3
Покрај паузата во тeкот на работниот ден и годишниот одмор, работникот кој ра‐ боти со неполно работно време има право на платен одмор и неплатено отсуство во исто времетраење како и работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време, во случаите утврдени во ЗРО и ОКДС: склучување брак, смрт на член на семејство, полагање стручен испит, еле‐ ментарна непогода и други случаи утврде‐ ни со колективен договор на ниво на рабо‐ тодавач.
ДРУГИ ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
3.1 Право на образование, дошколување и оспособување
Согласно одредбите од член 154 од ЗРО, работникот има право и должност на посто‐ јано образование, дошколување и оспособу‐ вање во согласност со потребите на работни‐ от процес, со цел на одржување, односно унапредување на способноста за работа на работното место, како и зачувување на ра‐ ботното место, а работодавачот е должен да им обезбеди образование, дошколува‐ ње и оспособување на работниците, ако тоа го бараат потребите на работниот про‐ цес или, ако со образованието, дошколува‐ њето или оспособувањето може да се из‐ бегне откажувањето на договорот за вра‐ ботување од лична или деловна причина. Траењето на образованието, дошколување‐ то и оспособувањето на работниците, како и правата и обврските на договорните стра‐ ни пред и по завршувањето на образова‐ нието, дошколувањето и оспособувањето на работниците се уредуваат со посебен
договор или со колективен договор. Бидеј‐ ќи овие одредби изречно не упатуваат де‐ ка се однесуваат само на вработени со полно работно време, сметаме дека исти‐ те се однесуваат и на работници со непол‐ но работно време.
3.2 Право на безбедни услови за работа
Работникот има право на безбедни ус‐ лови за работа, поради што согласно член 42 од ЗРО, работодавачот е задолжен да обезбеди услови за безбедност на животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за здравје и безбед‐ ност при работа и да ги преземе неопход‐ ните мерки со кои се гарантира дека на секој работник му е дадена доволна обука соод‐ ветна на посебните карактеристики на рабо‐ тата, водејќи сметка за неговата стручна под‐ готовка и искуство. Значи работник кој рабо‐ ти со неполно работно време ги има сите права и обврски согласно Законот за без‐ бедност и здравје при работа.
3.3 Обврска да ги извршува совесно работните задачи
Обврските на работникот при извршува‐ њето на работните задачи (без оглед дали склучил договор со полно или неполно ра‐ ботно време), во ЗРО се пропишани со по‐ веќе одредби, а некои од нив ги наведува‐ ме во продолжение на овој текст. Имено:
⮊ работникот е должен совесно да ја извр‐ шува работата на работното место за кое‐ што склучил договор за вработување, во време и на место, коишто се определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната ак‐ тивност на работодавачот (член 30);
⮊ работникот е должен да ги почитува ба‐ рањата и упатствата на работодавачот во врска со исполнувањето на работните обврски од работниот однос да ги почи‐ тува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица. Работникот е должен да се воздржува од сите постапки кои со ог‐ лед на природата на работата што ја вр‐
xx кај работодавачот, се штетни или би ги повредиле интересите на работодава‐ чот (член 34);
⮊ работникот не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги преда‐ де на трето лице податоците што се сме‐ таат за деловна тајна на работодавачот, кои како такви со посебен акт ќе ги опре‐ дели работодавачот и кои му биле дове‐ рени на работникот или со кои бил запоз‐ нат на друг начин и одговорен за издава‐ ње на деловна тајна, ако знаел или би мо‐ рал да знае за таквото својство на пода‐ тоците (член 35);
⮊ за времетраењето на работниот однос работникот не смее без согласност на работодавачот за своја или на туѓа смет‐ ка да врши или склучува работи кои спа‐ ѓаат во дејноста на работодавачот и зна‐ чат или би можеле да значат конкурен‐ ција на работодавачот (член 36).
3.4 Да не ја крши работната дисциплина и ред пропишани од страна на работодавачот
Работникот е должен да ги почитува ба‐ рањата и упатствата на работодавачот во врс‐ ка со исполнувањето на работните обврски од работниот однос, како и да ги почитува правилата за работниот ред и дисциплина пропишани од работодавачот. Непочитува‐ њето на работниот ред и дисциплина од страна на работник, без оглед дали склучил договор за вработување со полно или непол‐ но работно време, повлекува одговорност и можност за откажување на договорот за вра‐ ботување со или без отказен рок.
III
Со ЗРО е предвидена можност работник, кој работи полно работно време, по исклу‐ чок да склучи договор за вработување со неполно работно време со друг работода‐ вач, но најмногу за десет часа неделно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со полно работно вре‐ ме (член 121). Обврзен составен дел на до‐ говорот за вработување е договорот за на‐ чинот на остварувањето на правата и обврс‐ ките од овој работен однос со оглед на пра‐ вата и обврските на работникот кај работо‐ давачот, каде што е вработен со полно ра‐ ботно време. Дополнителното работење не е во права смисла на зборот скратено работ‐ но време, бидејќи работникот веќе има склу‐ чено друг договор со полно работно време (кај еден или два работодавачи со неполно работно време), кај кој ги остварува правата и обврските во целост. Исто така, ЗРО не оп‐ ределува посебни права и обврски за овие дополнителни часови што ги поминува на работа (бидејќи работникот ги ужива сите права со склучувањето договор со полно работно време), туку упатува правата и об‐ врските од овој работен однос со оглед на правата и обврските на работникот кај ра‐ ботодавачот каде што е вработен со полно работно време, да се уредат со договорот за вработување за дополнително работење.
СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Согласно член 116 од ЗРО пропишано е дека со закон или други прописи во соглас‐ ност со закон, или со колективен договор мо‐ же да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работ‐ но време да трае помалку од 36 часа недел‐ но. Оваа законска одредба детално е уреде‐ на со член 122‐а со кој е предвидена мож‐ носта на работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето рабо‐ ти, а чие штетно влијание врз неговото здрав‐ је, односно работна способност не може во
мерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, во сог‐ ласност со закон и колективен договор. Како особено тешки, напорни и штетни по здрав‐ јето работи, согласно одредбите од овој член, се сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски прити‐ сок; работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на јо‐ низирачки зрачења; работа со болни од за‐ разни болести и со заразни материјали; ра‐ бота на хируршки интервенции во операцио‐ ни сали; работа во областа на психијатријата; работа со лица со најтешки пречки во психич‐ киот развиток; работа во судска медицина и патолошка анатомија; работа со нагризу‐ вачки материјали; работа на летачки персо‐ нал; балетски изведби; музичари на дувач‐ ки инструменти; играорци и оперски солис‐ ти; работа во близина на напон или под на‐ пон и работа на височина или длабочина. Одобрение за работа со скратено работно време во овој случај, дава министерот надле‐ жен за работите од областа на трудот, врз ос‐ нова на претходно прибавено мислење од здравствена установа која врши дејност ме‐ дицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.
IIРАБОТЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
целост да се отстрани со заштитни мерки, ра‐
ботното време да му биде скратено сраз‐
РАБОТНИ ОДНОСИ
МСФИ е НАПИС ‐ АВГУСТ 2016
Скратувањето на работното време, однос‐ но добивање одобрение за работа со скрате‐ но работно време, се врши по спроведена постапка која се поведува по барање на ра‐ ботникот или синдикалната организација до работодавачот. ЗРО предвидува можност инспекцијата на трудот со решение да му на‐ реди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време, доколку утврди дека постојат условите за скратување на работното време.
Барање за добивање одобрение за рабо‐ та со скратено работно време поднесува ра‐ ботодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот. Кон бара‐ њето за добивање одобрение, работодава‐ чот доставува мислење од здравствена ус‐ танова која врши дејност на медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.
РАБОТНИ ОДНОСИ
МСФИ е НАПИС ‐ АВГУСТ 2016
Здравствената установа која врши дејност медицина на трудот и инспекцијата на тру‐ дот, мислењето го доставуваат врз основа на претходно изготвен и доставен елаборат од работодавачот.
При остварување право на плата и други‐ те права од работен однос, скратеното ра‐ ботно време се изедначува со полното ра‐ ботно време, што значи дека работникот ги ужива сите права како да извршува работни задачи со полно работно време.
IV
Работникот кој работи со скратено работ‐ но време на работи особено тешки, напор‐ ни и штетни по здравјето работи, не смее да работи на тие работи прекувремено, ни‐ ту може да се вработи кај друг работодавач на истите работи, за времето за кое работи со скратено работно време.
СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ПОСЕБНИ СЛУЧАИ
Работникот може да работи помалку од полното работно време (скратено работно време) во согласност со прописите за пензис‐ ко и инвалидско осигурување (инвалидност) и прописите за здравствено осигурување (ме‐ дицинска рехабилитација). Имено, согласно член 38 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 98/12...27/16) доколку работната способ‐ ност на осигуреникот е намалена за 50% во споредба со физички и психички здрав оси‐ гуреник со исто или слично образование и способност поради што не може да ги извр‐ шува работните задачи со полно работно време, може да работи со скратено работно време или да биде распределен на друга со‐ одветна работа согласно со прописите кои се однесуваат на работните односи и колектив‐ ниот договор. Во таков случај тој остварува права од задолжителното социјално осигуру‐ вање како кога би работел со полно работно време. Работникот кој работи помалку од полното работно време во наведените случаи, има право на плата според стварните работни обврски, како и други права и обврс‐ ки од работниот однос како работник кој ра‐ боти полно работно време, ако со ЗРО поина‐ ку не е определено (член 122).
СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА РОДИТЕЛ НА ДЕТЕ СО РАЗВОЈНИ ПРОБЛЕМИ И ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
V
ЗРО предвидува и право еден од родите‐ лите на дете со развојни проблеми и посеб‐ ни образовни потреби, да работи со поло‐ вина од полното работно време ако двајца‐ та родители се во работен однос или ако ро‐ дителот е самохран. Скратеното работно вре‐ ме во ваков случај се врши врз основа на наод од надлежна лекарска комисија, и под услов детето да не е сместено во установа за социјално‐здравствено згрижување.
Скратеното работно време во овој случај се смета како полно работно време, а пра‐ вото на надомест на плата се исплатува спо‐ ред прописите за социјална заштита (член 169). Имено, согласно одредбите од член 82 од Законот за социјална заштита („Служ‐ бен весник на РМ“ бр.79/09...192/15), пра‐ вото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со те‐ лесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболува‐ ња, утврдено со ЗРО, се остварува во цен‐ тарот за социјални работи. Висината на на‐ доместокот на плата изнесува 4.800 дена‐ ри, која се усогласува со порастот на трошо‐ ците на живот за претходната година, обја‐ вени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година. Придонесите и другите обврски се пресметуваат и наплату‐ ваат согласно со Законот за пензиско и ин‐ валидско осигурување, а социјалните при‐ донеси се пресметуваат и плаќаат согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Напомена:
Во продолжение Ви презентираме Терк на Договор за вработување со неполно ра‐ ботно време.
✆ 070 317 142
✆ 070 333 713
Врз основа на член 13, 15, 28 и 48 од Законот за работни односи (Сл. весник на РМ бр.
62/05...27/16), работодавачот
со седиште на
ул. , МБ
(во натамошниот текст:работодавач) и работникот
од , со живеалиште на ул.
, ЕМБГ
работник), на ден година го склучија следниот:
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
со неполно работно време
(во натамошниот текст:
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работниот однос меѓу работникот и работодавачот.
Член 2
Работникот заснова работен однос на неопределено време почнувајќи од
година.
Работниот однос работникот го заснова со неполно работно време, односно 4 (четири)
часови дневно, на работно место .
Работните задачи, работникот ќе ги извршува во (се наведува местото, односно градот).
Почетокот на работното време е од 8 (осум часот) а завршува во 12 часот (може да се определи и друг почеток и завршеток на работа)
Во случај на потреба, работникот е согласен да извршува работни задачи на секое работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.
Обврски на работникот
Член 3
Работникот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти на работодавачот, а особено:
‐ работите да ги извршува совесно, навремено и квалитетно, а средствата за работа да ги користи економски, целесообразно и одговорно и да остварува позитивни резултати во работата;
‐ да се придржува кон пропишаното работно време и пропишаните мерки за заштита при работа;
‐ да ги почитува општите и поединечните акти, наредби, барања, упатства и одлуки на работодавачот, непосредниот раководител и органите на управување;
‐ да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот;
‐ правилно и совесно да се однесува спрема странките и останатите вработени, со своето однесување да го чува угледот на работодавачот и
‐ не смее да ги користи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна и кои му биле доверени и со кои бил запознат на друг начин.
Обврски на работодавачот
Член 4
Работодавачот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти, а особено прифаќа:
‐ да му ги обезбеди работа за која се договориле, потребните услови работа и за извршување на преземените работни задачи;
‐ да му го обезбеди пропишано работно време, одмори и отсуства од работа,
‐ да му обезбеди пропишани средства за заштита при работа и други услови за работа и права од работен однос во согласност со закон и колективен договор;
‐ да му обезбеди редовна месечна плата и исплата на други додатоци, надоместоци и примања во согласност со закон и колективен договор и општите акти на работодавачот;
‐ да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот и неговата приватност.
Права на работникот
Член 5
За извршената работа, работодавачот на работникот ќе му се исплатува основна плата во бруто износ од денари.
Работникот има право на додатоци на плата, дел од плата за работна успешност, надоместоци на плата и надоместок на трошоци поврзани со работа согласно ЗРО и колективен договор, сразмерно на времето за кое склучил договор за вработување.
Работодавачот се обврзува на работникот да му ја исплаќа платата најдоцна до 15‐ти во месецот за претходниот месец.
Член 6
Работникот има право на дневен, неделен и годишен одмор.
Должината на дневниот одмор изнесува 15 минути во текот на работниот ден, а неделниот одмор се определува согласно Законот за работни односи.
Работникот има право на годишен одмор во траење од најмалку 10 работни дена, а времето на користење го определува работодавачот во согласност со Законот за работните односи, колективниот договор и во согласност со потребите на работењето на работодавецот, утврдено со општ акт на работодавецот.
Работникот има право на платен и неплатен одмор (отсуство) согласно ЗРО и колективен договор.
Обврска за чување деловна тајна
Член 7
Работникот се обврзува дека за време на вработувањето кај работодавачот, како и по престанок на работа кај работодавачот, без негова писмена дозвола, нема да даде на било
која личност, фирма, компанија или организација, било која информација за работењето на друштвото, добиен или лично работен кај работодавачот.
Работникот се обврзува дека нема да користи за сопствени цели или профит, или цели различни од оние на работодавачот, било каква информација која може да ја добие, а се однесува на работата на работодавачот или било кој поранешен, сегашен или иден коминтент, добавувач или вработен.
Конкурентска забрана
Член 8
Работникот не смее за времетраењето на работниот однос, без согласност на работодавачот за своја или на туѓа сметка да врши или склучува работи кои спаѓаат во дејноста на работодавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот.
Во случај на непочитување на оваа забрана работодавачот може да бара обештетување на настаната штета, во рок од три месеца од денот кога дознал за вршењето на работата или склучувањето на зделката, односно во рок од две години од довршувањето на работата или склучувањето на зделката.
Раскин на договорот
Член 9
Овој Договор може да се раскине со спогодба на страните и пред истекот на времето за кое е склучен и со отказ од страна на работникот и работодавачот во согласност со закон, колективен договор и општите акти на работодавачот.
Должината на отказниот рок изнесува 30 дена.
Општи акти на работодавачот
Член 10
Условите за работа на работникот, се уредени во следниве општи акти на работодавачот:
‐ Правилник за организација на работа и систематизација на работните места;
Завршни одредби
Член 11
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за работните односи.
Член 12
Договорот е склучен во 2 (два) истоветни примероци, од кои по еден за работникот и работодавачот.
Работник Работодавач