Contract
ОПШТИ УСЛОВИ
1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1.1. Со овие Општи услови (во понатамошниот текст: ОУ) се регулираат начинот, условите и постапката за аплицирање за склучување Договор за кредит со Финансиско Друштво ПРОФИ КРЕДИТ НМК ДООЕЛ Скопје, со регистрирано седиште на ул. “Мирослав Крлежа” бр. 56, 1000 Скопје , Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Друштвото или Кредиторот).
1.2. Овие Општи услови претставуваат составен дел на склучениот Договор за кредит со Друштвото.
2. УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
2.1. За аплицирање за склучување на Договор за кредит со Друштвото, Корисникот на кредит треба да ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија и да има постојано живеалиште во Република Северна Македонија;
- да има навршено најмалку 18 години и да не е постар од 75 години;
- да има редовни приходи врз основа на воспоставен редовен работен однос или пак врз основа на остварено право на старосна или инвалидска пензија;
- да има деловна способност да склучува правно обврзувачки договори;
- да поседува важечка лична карта;
- да располага со мобилен телефон и активна емаил адреса;
- да поседува сопствена трансакциска сметка во банка регистрирана во Република Северна Македонија.
3. ПОСТАПКА ПРИ АПЛИЦИРАЊЕ
3.1. Лицата кои ги исполнуваат условите од член 2.1. од овие Општи услови имаат право да аплицираат за склучување на Договор за кредит со Друштвото преку електронско пополнување на апликациониот формулар на Друштвото кој се наоѓа на официјалната веб страница на Друштвото www.proficredit.mk, да аплицира преку телефон или пак со посредување од страна на овластените кредитни посредници на Друштвото како и со физичко присуство во деловните простории на Друштвото со пополнување на хартиена документација за аплицирање.
3.2. Корисникот на кредитот ја пополнува електронската апликација за склучување на Договор за кредит со Друштвото според дадените полиња, при што се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и други податоци, како и бараниот износ на кредитот и рокот за враќање на кредитот.
3.3. За Корисникот да може да го склучи Договорот за кредит, како и потпишување на пропратната документација, Корисникот мора да пополни апликационен формулар. Без пополнување на апликационен формулар, Корисникот немада има можност да го потпише Договорот и пропратната документација на начин дефиниран со овие Општи услови. При склучување на Договор за кредит со Друштвото, Корисникот ја потврдува својата согласност со овие Општи услови и истовремено ја дава својата согласност Друштвото да врши проверка на неговата кредитна способност во Македонското Кредитно Биро или во друга база на податоци до која Друштвото има пристап согласно важечките прописи.
3.4. Корисникот на кредит се согласува Друштвото да врши обработка и ажурирање на неговите лични податоци, да ги користи со цел да врши проверка и верификација на истите, да ги користи при анализа и процена на кредитната способност на Корисникот на кредит за наплата на долг, како и во други случаи предвидени со закон. За сите останати цели, користењето на личните податоци ќе биде во согласност со изјава дадена од страна на Корисникот. Друштвото се обврзува да ги заштити личните податоци за Корисникот на кредитот, согласно законските прописи, интерните акти и правила на Друштвото за заштита на личните податоци.
3.5. Друштвото покрај документот за идентификација (важечка лична карта) го задржува правото да побара од Корисникот на кредит и дополнителна документација во функција на докажување на неговата кредитна способност (копија од последен извештај за годишен приход, потврда за вработување или копија од банкарски извештај за последните три месеци, документ за примање на пензија и сл.).
3.6. По успешно извршената апликација, Друштвото врши проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит и доколку оцени дека Корисникот на кредит е кредитно способен, за истото ќе го извести Корисникот на кредит и потоа Корисникот ги има следните опции за потпишување:
Во деловните простории на Друштвото, кредитокорисникот ќе може своерачно или преку трето лице со полномошно заверено на нотар да го потпише Договорот и пропратните документи (во ситуација кога Корисникот на кредит аплицира телефонски, онлајн преку веб страната или пак, преку кредитен посредник);
Стр. 1 од 7
Ако Корисникот аплицира и барањето е одобрено во деловните простории на Друштвото, во тој случај своерачно ќе ја потпише горенаведената документација или преку трето лице со полномошно заверено на нотар.
3.7. Доколку како резултат на извршената проценка Друштвото оцени дека Корисникот на кредит не е кредитоспособен да ги исполни обврските од договорот за кредит кој би се склучил, во тој случај Друштвото ќе го одбие Корисникот на кредит и веднаш и бесплатно го известува Корисникот на кредитот за резултатот од проверката и за информациите поврзани со Корисникот на кредит содржани во соодветните регистри, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство.
4. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИКОТ НА КРЕДИТОТ
4.1. Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредитот под полна морална, материјална и кривична одговорност, потврдува дека сите податоци кои ги има наведено во барањето за кредит, а врз основа на кои се склучува Договорот за кредит, се вистинити и точни.
4.2. Доколку Корисникот на кредитот изврши промена на личните и адресните податоци и за тоа не го извести Друштвото во писмена форма во рок од 7 дена од денот на настанување на промените, извршената достава на последната евидентирана адреса или емаил адреса ќе се смета за уредна и валидна и тоа како во постапката за редовна отплата на кредитот така и во постапката за присилна наплата на побарувањето на Друштвото согласно законските прописи.
5. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ
5.1. Доколку Друштвото го одобри барањето за кредит, Корисникот на кредитот склучува Договор за кредит. Корисникот на кредитот ги прифаќа сите услови од Договорот со потпишување на истиот на следните начини: Во деловните простории на Друштвото, кредитокорисникот ќе може своерачно или преку трето лице со полномошно заверено на нотар, со инструкции за негово склучување, да го потпише Договорот и пропратните документи (во ситуација кога корисникот на кредит аплицира телефонски, онлајн преку веб страната или пак, преку кредитен посредник);
Ако Корисникот аплицира и барањето е одобрено во деловните простории на Друштвото, во тој случај своерачно ќе ги потпише Договорот и пропратните документи или преку трето лице со полномошно заверено на нотар.
5.2. Пред Корисникот на кредит да се обврзе со договор за кредит, Друштвото задолжително ќе му достави на Корисникот на кредит на неговата е-маил адреса или физички при посета на деловните простории на Друштвото, информации на посебен формулар, потребни за споредба на различните понуди, со цел донесување на одлука за склучување на договорот за кредит (пред договорни информации).
5.3. Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредит се согласува дека единствениот Код кој ќе го добие преку СМС порака на својот мобилен телефон ќе го користи како негов електронски и/или своерачен потпис за потпишување на согласностите кои ќе му бидат достапни на линкот кој ќе го добие по СМС порака на телефонскиот број кој ќе го наведе во апликациониот формулар во согласност со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис и притоа во кредитниот однос со Друштвото воспоставен со Договорот за кредит ќе има важност како негов своерачен потпис и целосно ќе го обврзува.
5.4. Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредит се согласува електронски да ги потпишува со единствениот код сите документи доставени до него од Друштвото во електронска форма, или пак, физички со посета на деловните простории на Друштвото со своерачен потпис или преку трето лице со полномошно заверено на нотар , при што Корисникот на кредит признава, прифаќа и се обврзува дека таквото потпишување на кредитните документи претставува правилно и важечко изразување на волја од страна на Корисникот за стапување во договорен однос со и преземање на обврски спрема Друштвото, што произлегуваат за Корисникот на кредит од Кредитните Документи.
5.5. Друштвото преку овластено лице ќе го потпише Договорот, а Корисникот на кредит го прифаќа потпишувањето на начинот опишан во овој член и се откажува од правото да бара поништување или било какво оспорување на склучениот Договор за кредит поради ваквиот начин на потпишување. Во случај Корисникот на кредит да го потпише Договорот и останатата кредитна документација во деловните простории на Друштвото со своерачен потпис, тогаш и овластеното лице ќе го потпише Договорот своерачно.
6. РЕАЛИЗИРАЊЕ И ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ
6.1. По успешно склучување на Договорот за кредит, Друштвото го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка наведена од Корисникот на кредитот. Доколку Корисникот на кредит сака да ги добие средствата на својата сметка веднаш, може да побара од Друштвото да му ги исплати средствата преку користење на МИПС методот за трансфер на средства.
Стр. 2 од 7
6.2. Корисникот на кредит е должен да врши отплата на кредитот заедно со сите пресметани камати и трошоци во согласност со утврдената временска рамка и динамика за отплата на ратите утврдена со склучениот Договор за кредит и документацијата во прилог кон истиот.
6.3. Корисникот на кредит е должен да се придржува кон упатствата за отплата опишани на веб страната www.proficredit.mk и во амортизациониот план прилог кон Договорот. Во случај Корисникот на кредит да изврши плаќање кое е во спротивност со упатствата за отплата опишани на веб страната www.proficredit.mk како и во амортизациониот план прилог кон Договорот и поради тоа таквото плаќање не биде правилно идентификувано од страна на Друштвото, таквото плаќање нема да се смета за валидно се до моментот на неговата идентификација и истото ќе има третман на задоцнето плаќање, а Корисникот на кредитот ќе ги сноси сите последици од задоцнетото плаќање.
6.4 Во случај Корисникот на кредитот да изврши предвремена целосна отплата на недостасаниот дел од кредитот, Друштвото ќе ја намали обврската по основ на камата и административни трошоци.
Кога Корисникот на кредитот ќе изврши предвремена целосна отплата на кредитот, а користи дополнителни доброволни услуги, во тој случај, Друштвото има право да наплати 33% од вкупниот недоспеан износ на дополнителните доброволни услуги, согласно Договорот за кредит.
6.5. Во случај на делумни отплати на доспеаниот дел на обврските од склучениот Договор за кредит, од износот на извршените уплати најпрво се отплаќаат провизии и надоместоци поврзани со користење на кредитот, каматите (законска казнена камата и редовна камата) и на крај главнината на кредитот.
6.6. Во случај на делумни отплати на недостасаниот дел на обврските од склучениот договор за кредит, корисникот на кредитот се согласува уплатените средства да стојат евидентирани на сметка на кредитната партија и да се распоредат на ратите кои ќе доспеат согласно амортизациониот план и упатството за отплата на кредит, освен доколку корисникот на кредитот не поднесе писмено барање за предвремено раскнижување на предвреме извршената уплата.
6.7 Редоследот на засметување од став 6.5 ќе се применува во сите случаи на исполнување, без оглед на евентуална идна изјава и намера на корисникот бидејќи редот на засметување е предвиден во овие Општи услови и Договорот за кредит и ќе се почитува во сите случаи на исполнување.
6.8. Корисникот на кредит има право да поднесе барање и бесплатно да добие, при отплата на главнината на договорот за кредит со фиксно времетраење, во кое било време во текот на траењето на Договорот за кредит, извештај за сметка во форма на амортизационен план. Амортизациониот план и упатството за отплата на кредит содржи упатство за отплата на кредитот, податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплатата на тие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врз основа на каматната стапка, доколку е применливо и дополнителни трошоци.
6.9. Доколку корисникот уплати средства во износ поголем од износот на доспеаните обврски, на истите Друштвото не пресметува и не исплатува камата и немаат третман на средства за предвремена отплата на недостасаните обврски од кредитот се до момент на прием на писмено барање за намалување на кредитното салдо.
7. ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОБРОВОЛНИ УСЛУГИ
Дополнителни доброволни услуги се услуги кои Друштвото ги нуди на Корисникот на кредитот, но истите не се предуслов за аплицирање и одобрување на кредит од Друштвото. Избор на дополнителна доброволна услуга која Корисникот на кредитот може да ја користи е наречена Стандард Екстра.
Со Дополнителната услуга Стандард Екстра – Корисникот на кредитот добива приоритетно разгледување и мислење за барањето за доделување потрошувачки кредит пред другите Корисници на кредит кои не ја користат оваа дополнителна доброволна услуга, во рок од 1 (еден) до 12 (дванаесет) часа, сметано од приемот на барањето за доделување потрошувачки кредит. Дополнително, Корисникот на кредитот со користење на оваа услуга добива право еднострано да го промени својот план за отплата по исполнувањето на соодветните специфични барања опишани подолу и намалување на износот на ратата во висина не поголема од 75% од неа, но намалениот износ да не биде помал од 1 000 денари. Друштвото и Корисникот на кредит потпишуваат анекс за сите горенаведени услуги поединечно, а промената стапува во сила од датумот на потпишување од двете страни на начин предвиден во член 5 од овие Општи услови.
1. Одложување на рата - По барање на Корисникот на кредитот постои можност да изврши одложување на ратите според следната табела:
Рок на кредити | Колку рати | Со причина | Без причина | Кога |
Стр. 3 од 7
по месеци | може да се одложат | |||
4 | 1 | 1 | 0 | По прва уплатена рата |
7 | 1 | 1 | 0 | По прва уплатена рата |
10 | 1 | 1 | 0 | По прва уплатена рата |
12 | 2 | 2 | 0 | По прва уплатена рата |
18 | 3 | 2 | 1 | По трета уплатена рата |
На секои 12 месеци: 1 рата без причина | ||||
24 | 4 | 2 | 2 | По трета уплатена рата |
Не повеќе од 3 последователни рати | ||||
На секои 12 месеци: 1 рата без причина | ||||
30 | 5 | 3 | 2 | По третата платена рата на првиот исплатен кредит и по првата платена рата на секој нареден исплатен кредит |
Не повеќе од 3 последователни рати | ||||
На секои 12 месеци: 1 рата без причина |
а) Друштвото го одложува бројот на рати за отплата што ги бара Корисникот на кредитот, во согласност со горенаведените услови, од следниве причини:
− Долгорочна неспособност на Корисникот на кредитот или на друго лице кое со своите приходи учествува во неговото домаќинство; Се подразбира дека долгорочната неспособност започнала најрано од денот на потпишувањето на Договорот и трае повеќе од 3 (три) недели.
− Раскинат договор за вработување на Корисникот на кредитот или на друго лице кое со неговите приходи учествува во неговото домаќинство;
− Неплатено отсуство на Корисникот на кредитот, кое е подолго од 10 работни дена;
- Загуба или оштетување на имотот на Корисникот на кредитот како резултат на катастрофа - пожар, поплава итн. слично;
− Смрт на лице кое учествува со своите приходи во домаќинството на Корисникот на кредитот;
− Обврска на работодавачот кон Корисникот на кредитот или кон друго лице кое учествува со неговите приходи во неговото домаќинство;
− Намалување на работното време и платата на Корисникот на кредитот;
− Други причини со согласност на Корисникот на кредитот;
б) За да ги докаже горенаведените причини, Корисникот на кредитот му дава на Друштвото соодветната копија од наведените документи:
− Лекарско уверение кое го покажува времетраењето на неспособноста;
− Документ со кој се потврдува регистрацијата Агенција за вработување (М1/М2 образец);
− Одлука за отказ, Спогодба за раскинување на договор за вработување, М1/М2 образец за одјава од Агенција за вработување на Република Северна Македонија или друг документ со кој се докажува престанок на работен однос.
− Документ од работодавач за намалување на надоместокот или доцнење на неговата исплата;
− Извод од матична книга на умрените;
− документ со кој се докажува постоење на штети од осигурување;
- Корисникот на кредитот е должен да го потпише Анексот на начин утврден во член 5 од овие Општи услови и соодветните документи кои го докажуваат постоењето на наведените услови, Корисникот на кредитот мора да ги достави до Друштвото најдоцна во рок од 25 (дваесет и пет) календарски дена од датумот на доспевање на ратата за отплата. Документите мора да се издадени не повеќе од два месеци пред датумот на поднесување на барањето.
- Во случај на одложување на ратите според условите од член 7, точка 1, потточка (а), за периодот на одложување, Корисникот на кредитот го должи целиот износ на одложените рати според планот за отплата, но истите се плаќаат на крајот на отплатата.
2. Намалување на висина на рата - На барање на Корисникот на кредитот, Друштвото може да ја намали висината на ратата. Корисникот на кредитот е должен да го потпише Анексот на начин утврден во член
5 од овие Општи услови и соодветните документи. Корисникот на кредитот може да побара од Друштвото да ја намали ратата до 75% од износот на ратата, но намалениот износ да не биде помал од 1 000 денари. Потоа Друштвото го намалува износот според следната табела
Стр. 4 од 7
Рок на кредити по месеци | Колку рати може да се намалат | Со причина/ * Без причина | Кога |
4 | 1 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
7 | 1 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
10 | 2 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
12 | 2 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
18 | 3 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
24 | 4 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
30 | 5 | Со причина/ * Без причина | По втора уплатена рата |
*Во случај Корисникот на кредитот да ги отплати последните 6 редовни (не одложени или намалени) месечни рати со доцнење не повеќе од 10 календарски дена.
- Во случај на намалување на ратите според условите, за периодот на намалувањето, Корисникот на кредитот го должи целиот износ на месечните рати според планот за отплата, но намалените рати ги плаќа на договорениот рок, а остатокот од истите до нивната целиот износ се плаќа на крајот од планот за отплата.
3. Промена на датумот на отплата
На барање на Корисникот на кредитот, Друштвото го менува датумот на доспевање, во согласност со писмено барање како и потпишан Анекс на начин утврден во член 5 од овие Општи услови и соодветните документи кое е поднесено до Друштвото, во која е потребно Корисникот на кредитот да го наведе посакуваниот датум за плаќање на преостанатите рати за отплата. Друштвото не го менува датумот на достасување на веќе достасаните обврски според планот за отплата.
8. ДОЦНЕЊЕ СО ПЛАЌАЊЕТО
Доколку корисникот на кредитот задоцни со плаќање на три последователни рати во вкупен износ, Друштвото ќе има право веднаш да го раскине Договорот. Во таков случај, вкупниот износ на кредитот, заедно со каматата до денот на раскинување и трошоците предвидени со договорот доспеваат за плаќање веднаш и во целост. За таа цел, Друштвото ќе го извести корисникот на кредитот преку испраќање на писмено известување.
9.РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ
9.1 Друштвото има право еднострано, без отказен рок,
да го раскине договорот и да го достаса целиот износ на кредитот доколку е исполнет еден од следниве услови:
- корисникот на кредитот не се придржува на обврските по склучениот договор за кредит, и/или
- корисникот на кредитот доставил невистинита документација во постапката на одобрување и користење на кредитот.
9.2 Во случај на раскинување на договорот за кредит од страна на Друштвото, Друштвото има право да бара присилна наплата на целиот искористен кредит со камата и други трошоци согласно Договорот за кредит, пропратната документација прилог кон Договорот, актите на Друштвото и законските прописи. Притоа, за сите доспеани обврски Друштвото ќе има право да побарува и казнена камата.
9.3 Стасаноста на обврската за плаќање на казнена камата се определува согласно со правилата на Законот за облигационите односи што се однесуваат на определувањето на времето на исполнување на обврските.
9.4 Во случај на ненавремено исполнување на обврските од Договорот и нередовна отплата, на достасаните, а неплатени обврски по основ на достасаниот износ за плаќање, Друштвото ќе пресметува и наплатува законска казнена камата од денот на достасаноста до денот на целосна наплата. Казнената камата за кредити во денари при потпишување на Договорот се определува согласно закон.
9.5 Трошоците за присилна наплата на побарувањата на Друштвото паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
Стр. 5 од 7
9.6 Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот на кредитот е согласен со правото на Друштвото да ги користи како и да ги пренесува неговите лични податоци на трети правни лица со кои Друштвото има склучено Договори за пренос на податоци во име и за сметка на Кредиторот. Корисникот на кредитот е согласен Друштвото да ги продаде побарувањата кои што би можеле да произлезат од склучениот Договор за кредит на трети правни лица, вклучувајќи ги сите податоци и документи поврзани со истите.
9.7 Корисникот на кредит може да се откаже од Договорот за кредит во рок од 14 дена, без да наведува причина за откажувањето. Рокот на откажување започнува да тече од денот на склучувањето на договорот.
9.8 Доколку Корисникот на кредит го искористи правото на откажување од договорот за кредит во смисла на член 9.7. од овие Општи услови, Дополнително кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи. Дополнително, Корисникот на кредит е должен:
1) да го извести Друштвото во писмена форма или преку друг траен медиум за откажувањето од договорот за кредит, пред истекот на рокот од 14 дена, и
2) да ја плати главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето до Друштвото за откажувањето од кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорената каматна стапка. Друштвото има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи.
9.9 Корисникот на кредит има право да изврши предвремена делумна отплата на кредитот. Ако Корисникот извршил уплата поголема од недостасаниот износ за плаќање, уплатата ќе се смета како претплата. За уплатата да се смета како делумна предвремена отплата на кредитот, потребно е Корисникот да испрати барање во кое ја изразил намерата за истото. По евидентирање на уплатата за делумна предвремена отплата на кредитот, Друштвото ќе изработи нов амортизационен план со намален броj на рати и ќе биде доставена до Корисникот.
10 ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ
10.1 Кредиторот го задржува правото да изврши промени во Општите услови, и во рок од 7 дена од извршената промена се задолжува да ги објави новите ажурирани Општи услови на својата интернет страница www.proficredit.mk, или пак, во хартиена форма ако Корисникот на кредитот ја посети канцеларијата
10.2 Во рок од 7 дена од измената на ОУ, Кредиторот се обврзува да го извести Корисникот на кредитот за новите ОУ на еден од следниве начини: телефонски со испраќање СМС; преку е-маил; на адреса за кореспонденција последен пат декларирана од клиентот.
10.3 Во рок од еден месец од добивањето на известувањето за нови ОУ доставено на било кој од начините наведени во чл. 10.2., Корисникот на кредитот може писмено да го извести Кредиторот дека сака да се откаже од Договорот со плаќање на преостанатата главнина од кредитот, заедно со сите обврски според планот за отплата што достасале, вклучително и надоместокот за секоја дополнителна услуга која се користи, како и сите камати, провизии и казни доспеани до датумот на отплата на обврските на клиентот. Доколку се користи дополнителна услуга, надоместокот за периодот помеѓу датумот на доспевање и следниот датум на доспевање доспева во целост.
10.4. Новите Општи услови влегуваат во сила за Корисникот од датумот на верзијата наведена во нив, во случај Корисникот на кредитот да не го искористи своето право од чл. 10.3 во наведениот период во истиот член. Во овој случај, новите ОУ се сметаат за прифатени од Корисникот на кредитот и тие се обврзуваат да се усогласат со нив како составен дел на Договорот за кредит.
11. ВИША СИЛА
11.1. Друштвото не презема одговорност спрема Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските содржани во овие Општи услови, кои се резултат на виша сила (пожари, поплави, војна, саботажа, природни непогоди, штрајкови, терористички напади, земјотреси и сл.).
12 ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
12.1. Во случај на отстапување на побарување од договорот за кредит или отстапување на договор за кредит на друго лице, корисникот на кредит има право кон лицето на кое му е отстапено побарувањето, односно договорот за кредит да ги истакне сите приговори, освен личните приговори што ги имал кон Друштвото, како и сета документација која што Друштвото ја пратил кон Корисникот на кредитот ( писмени опомени, опомени испратени по електронски пат и сл).
12.2. Корисникот на кредитот треба да биде известен за извршеното отстапување, освен доколку Друштвото, во договор со лицето на кое му се врши отстапувањето, продолжува да го сервисира кредитот.
12.3. Друштвото го задржува правото во секое време да изврши измена и надополнување на овие Општи услови. Во случај на промена, за корисникот на кредит ќе бидат валидни новите Општи услови кои важат од моментот на промена, освен ако Корисникот на кредитот се откаже од извршената промена со писмено
Стр. 6 од 7
барање. Во случај на откажување од Договорот Корисникот на кредитот има обврска да изврши плаќање на преостанатата заостаната главнина од кредитот, заедно со сите обврски според планот за отплата што достасале како и дополнителните провизии и дополнителни услуги кои ги користи.
12.4 Договор за кредит како и неговите пропратни документи, како што се Општите услови и планот за отплата, се подготвени во два идентични примероци, од кои еден за Кредиторот и по еден за Корисникот на кредитот.
12.5. Договорот за кредит може да се промени само со писмена согласност од страните во него.
12.6. Корисникот на кредитот плаќа надоместоци за услугите обезбедени од Кредиторот според Тарифата. Корисникот на кредитот изјавува дека е запознаен со тековната Тарифа на датумот на потпишување на Договорот за кредит, а од денот на плаќање на соодветната провизија истата доспева во износ според тековната тарифа.
12.7. Надзор врз работењето на Друштвото врши Министерството за финансии на Република Северна Македонија со адреса на седиште на Даме Груев бр.12 Скопје.
12.8. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки врз основа на закон, останатите одредби остануваат во сила и продолжуваат да се применуваат и понатаму.
Стр. 7 од 7