Contract
Бр. Д О Г О В О Р
ЗА ОТВОРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА НА РЕЗИДЕНТ
Број
Склучен на ден : год. помеѓу:
1.СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА застапувана од д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx – Претседател на Управен одбор (во понатамошниот текст: Банка) од една страна и
2. со ЕМБГ од
, ул.
(во понатамошниот текст-имател на сметка со партија бр. ) од друга страна.
Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на вољата на договорните страни Банката да отвори и води трансакциска сметка на имателот на сметка.
Член 2
Договорните страни утврдуваат и прифаќаат дека трансакциска сметка е сметка која претставува единствен и неповторлив нумерички податок кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет, а преку која истиот врши плаќања.
Трансакциската сметка е мултивалутна сметка преку која се вршат наплати и плаќања со резиденти и нерезиденти, пренос на средства од/на денарски и девизен влог, од/на денарски и девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни домашни и странски пари,. Не е дозволено плаќање помеѓу учесниците во платниот промет кое не се извршува преку трансакциска сметка.
Член 3
Банката може да отвори повеќе денарски и девизни трансакциски сметки на имателот на сметката, врз основа на доставена уредна документација. Имателот на сметката дава согласност и ја овластува банката да воспоставува и извршува налози за пренос од/на трансакциски сметки, како и да ги презема сите потребни дејствија потребни заради извршување на трансакциите одпределени во став 2 од Член 2, без посебна дополнителна согласност од Имателот или овластеното лице.
Член 4
Со средствата на сметката на имателот располага законскиот застапник, односно сопственикот на сметката или лице овластено од него. Евентуална штета што ќе настане од давањето на овластувањето ќе ја сноси Имателот на сметката.
Член 5
Банката ќе ги извршува налозите за плаќање од член 2 од овој Договор, до висина на покритието на сметката вклучувајќи го и дозволеното пречекорување одобрено од Банката.
Имателот на сметката е должен да достави исправни и точно пополнети инструменти за вршење на платниот промет со земјата и странство во согласност со законските и подзаконските прописи кои ја регулираат оваа материја, во законски предвидените рокови и согласно терминските планови на Банката, во спротивно Банката не презема никаква одговорност за евентуални настанати штети за имателот на сметката.
Банката се обврзува веднаш да го извести имателот на сметката за неправилно или некомплетно пополнети платни инструменти кои нема да бидат извршени.
Член 6
Банката се обврзува:
⮚ да отвори трансакциска сметка на имателот на сметката, врз основа на негово писмено барање
⮚ на имателот на сметката му издаде картичка, со која се идентификува.
⮚ да го извести имателот на сметката за состојбата и промените на неговата сметката во хартиена форма на шалтер или во електронска форма преку е-банкинг.
⮚ навремено да го извести имателот на сметката за пристигнати девизни приливи преку телефон или по пошта;
⮚ плаќањата во странство од девизната сметка ги извршува исклучиво по доставен писмен налог од имателот на сметката, или од лицата овластени од него, како и приложување на соодветна документација, согласно прописите кои го регулираат платниот промет со странство и важечките прописи во Република Македонија, доколку на сметката има средства.
⮚ да ја гарантира тајноста на податоците за состојбата на сметката;
⮚ да врши сигурен и ефикасен пренос на средства меѓу учесниците во платниот промет;
⮚ да го информира имателот на сметката за третманот на резидент согласно позитивните законски прописи
⮚ на Имателот на сметката да му пресметува камата со висина на каматна стапка утврдена со актите на Банката важечка на денот на пресметка. Доколку во текот на траење на овој Договор дојде до промена на висината на каматните стапки, периодот или начинот на нивната пресметка и исплата, двете договорни страни се согласни измените да се применуваат од денот на влегувањето во сила на истите.
⮚ да засметува и наплатува надоместоци, трошоци, провизии поврзани со работењето на сметката во висина, рокови и на начин определени со Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д. Битола чиј дел се прикажани во прилог 1., кој што е составен дел на овој договор важечки на денот на извршување на услугата. Надоместоците од став 1 на овој член се променливи. Во случај на измени и дополни на Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д. Битола , клиентот ќе биде известен за измените и дополнувањата на извадокот на тарифата со објавување на измените и дополнувањата на web. страната на банката или на огласна табла во просториите на банката или на “email” адреса на физичкото лице.
⮚ да изврши ажурирање на документацијата за идентификација на резидентот веднаш по истекување на рокот на важност на личната карта или патната исправа со кои се идентификувал при отворањето на сметката
⮚ да ги извршува решенијата за присилна наплата согласно позитивните законски прописи.
⮚ да врши обработка на личните податоци, вклучувајќи го и ЕМБГ, како и да ги користи личните податоци на Корисникот за потребите на работењето на начин предвиден со Закон и во согласност со ЗЗЛП, како и за промоција на своите производи и услуги , по претходно добиена писмена согласност од имателот на сметката.
Член 7
Имателот на сметката се обврзува:
⮚ да поднесе писмено барање за отворање на трансакциска сметка
⮚ да ја достави потребната документација за отворање на трансакциска сметка и да гарантира за точноста на дадените податоци
⮚ да даде писмена изјава дека е запознат со позитивните прописи во земјата, по што истиот се идентификува како резидент
⮚ да плаќа надомест и фактички трошоци на банката, согласно содржаното во членот 6 на овој договор ;
⮚ да даде овластување и безусловен налог на банката за наплата на надоместоците и трошоците од претходната алинеја на товар на трансакциската сметка во банката
⮚ за секоја трансакција која ја извршува преку денарската или девизната сметка, да приложува xxxxxxx биометриски документ за идентификација
⮚ да ја врати картичката во случај на затворање на трансакциската сметка
⮚ за сите промени на податоците кои ги доставил при склучување на овој Договор, писмено да ја извести банката веднаш или најдоцна во рок од три дена од денот на настанувањето на промените. Имателот на сметката превзема целосна одговорност за било какви последици и евентуална штета која може да
настане како резултат на ненавремено пријавување на сите промени.
⮚ да врши обработка на личните податоци, на начин предвиден со Законот за заштита на лични податоци
⮚ да го извести имателот на сметката за сите аспекти на обработка на неговите лични податоци, а согласно начелото на транспарентност и обврските од Законот за заштита на личните податоци.
Член 8
Имателот на сметката ја овластува банката да ја задолжува сметката за измирување на договорените, достасани, а не платени обврски кон банката по сите основи.
Член 9
Затворањето на сметката на имателот на трансакциска сметка се врши или по негово писмено барање, или без негово писмено барање но врз основа на судско решение или налог на надлежен орган.
Сметката која нема салдо и промени во последните две години и не е блокирана, носителот на платниот промет е должен да ја укине, за што задолжително го известува учесникот во платниот промет.
Сметката на имателот на сметката неможе да се затвори доколку на истата се евидентирани неизвршени налози и основи за наплати, а истите не се пренесени на правен следбеник.
Член 10
Овој Договор се склучува на неопределено време.Xxxxxx може да го раскине една од договорените страни со отказен рок од 30 (триесет) дена од денот на поднесеното писмено барање за затворање на сметка или доставено писмено известување.
Договорот може да се откаже по писмен пат, со отказен период од еден месец. Договорот неможе да се откаже во случаите од член 9 став три од овој Договор.
Xxxxxxx може да го откаже договорот без отказен рок, доколку утврди дека имателот на сметката не ги почитува одредбите на овој договор и Законските прописи.
Во тој случај Xxxxxxx ќе ги пренеси средствата на друга трансакциската сметка по известување на имателот на трансакциската сметка.
Член 11
Xxxxxxx ќе преземи соодветни заштитни мерки за да ги заштити личните податоци на Имателот на сметката. Личните податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите заради кои се неопходни и само кога Xxxxxxx за тоа има соодветна законска основа.
Xxxxxxx ќе го информира имателот на сметката за сите аспекти на обработка на неговите лични податоци, а особено на неговите права како субјекти на лични податоци
Член 12
Договорните страни се согласни да ги решаваат, рекламациите и евентуално можните спорови кои можат да произлезат во текот на исполнувањето на овој Договор со заедничко меѓусебно договарање. Во спротивно, спорот ќе го решава Основниот суд во Битола.
Член 13
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за платниот промет и Законот за девизно работење.
страни.
Член 14
Договорот влегува во сила по негово потпишување од овластени претставници на договорните
Член 15
Овој Договор е составен во два еднообразни примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
За имателот на трансакциската сметка, За Банката,
По овластување од Управен одбор
Прилог 1 – Извадок од Тарифа ДЕНАРСКО РАБОТЕЊЕ | |||
1 | Денарски сметки – штедни влогови, тековни сметки (ТРС) и парични картички | ||
1.1. | Отворање штедни влогови и издавање штедна книшка | Книшка | Без надоместок, минимален влог 1.000,00 денари |
1.2. | Отворање на трансакциски сметки на граѓани | Сметка | -Без надоместок -150.00 ден. за итна пратка |
1.2.1. | Водење на трансакциски сметки на граѓани | Месечен промет на сметка Трансакциски сметки кои во текот на месецот имале само промет по основ на камата и/или провизија на банката Трансакциски сметки кои две години немале долговен промет во банката (освен промет по основ на провизии) | Ден. 35 месечно Без надомест 100 денари месечно (доколку салдото е пониско од 100 денари се наплаќа провизија во висина на салдото) |
1.2.2. | Затворање на сметка на барање на клиент | Сметка | 500 мкд |
1.3.1. | Уплати во готово преку интерен клиринг | Налог од 0-5.000,00 мкд Налог над 5.000,00 мкд | 45 мкд 60 мкд |
1.3.2. | Уплати во готово преку КИБС | Налог од 0-5.000 мкд Налог над 5.000 мкд | 65 мкд 120 мкд |
1.3.3. | Уплати во готово преку МИПС | Налог | 250 мкд |
1.3.4. | Уплата на благајна во корист на штедни книшки, трансакциски сметки, потрошувачки, станбени и други кредити во готово | Износ | Без надоместок |
1.3.5. | Безготовински плаќања по потрошувачки, станбени и други кредити | Износ | Без надоместок |
1.4. | Безготовински плаќања во корист на други трансакциски сметки | ||
- во Банката - за комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку КИБС - за комитенти кои немаат трансакциски сметки во Банката преку МИПС | Износ по налог Налог доставен до 12 ч Налог доставен по 12 ч Налог | Ден. 25 Ден. 40 Ден. 50 Ден. 250 | |
1.4.3. | Повлекување на налог од КИБС на барање на клиент | Износ по налог | Ден.100 |
1.5. | Плаќање со траен налог преку денарска штедна книшка, трансакциска сметка за постојани месечни расходи на своето домаќинство (плаќање на струја, вода, телефон, топлификација, детска градинка, школарина, даноци и други плаќања), како и други плаќање во корист на физички или правни лица кои имаат сметка во Банката | Износ на налогот | 0,02% минимум ден 20,00 |
1.6. | Организирана исплата со траен налог преку штедна книшка, трансакциска сметка во корист на правни лица | Износ | 2% на уплатениот износ кој се наплатува од правното лице во чија корист се врши уплатата |
1.6.1. | Организирана исплата со траен налог преку трансакциска сметка во корист на правни лица | 0,02% минимум ден 20,00 | |
1.7. | Траен налог за пренос на средства на сопствени сметки во Банка | Без надоместок | |
1.8. | Исплата на благајна од трансакциски сметки | Износ на исплата | 0,15 % минимум 35 денари |
1.13. | Изработка на преписи (изводи на картички) | Документ | Ден.40 при повторно издавање |
1.14. | е извод по тековна сметка на барање на сопственикот | Без надоместок |
Б. | ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ | ||
I | девизни сметки физички лица резиденти | ||
1. | Отворање девизен штеден влог и издавање штедна книшка | Книшка или сметка | Без надоместок, минмален влог противредност на 1000,00 денари |
2. | Уплата во корист на ТРС или девизен штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти | До 30 ЕУР Над 30 ЕУР | без надоместок, фиксно 120 денари фактички трошок |
2.1. | Уплата во корист на ТРС или девизен штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти, освен по основ на пензија | до 30 ЕУР - 50 ден, од 31-500 ЕУР-120ден, од 501-1.000 ЕУР- 200 ден, од 1.001-5.000 ЕУР-300ден, од 5.001-10.000 EУР-500 ден, над 10.001 ЕУР -20.000 еур 1.200 ден од 20,000 – 50000еур 2000 ден. над 50.000 ЕУР -3000 ден | |
2.1.1. | Уплата во корист на ТРС или девизен штеден влог во ефектива и со дознаки со назнака за трошоците ОУР | Без надоместок | |
2.1.2. | Приливи од друга домашна банка | Надоместок пресметан од домашна банка | |
3.3. | Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку трошоци се одбиваат од дознаката (СХАРЕД) | Денарска противвредност | 0,30% минимум 600 ден. |
3.3. | Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку странските трошоци се плаќаат веднаш (ОУР): - дознака до 1.000 ЕУР - дознака од 1.001 до 2.500 ЕУР - дознака од 2.501 до 5.000 ЕУР - дознака од 5.001 до 10.000 ЕУР - дознака од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР дознаки над 100.001 ЕУР | За ЕУР,УСД,АУД и ЦАД | За останати валути |
- 22 ЕУР | - 30 ЕУР | ||
- 25 ЕУР | - 35 ЕУР | ||
- 30 ЕУР | - 35 ЕУР | ||
- 0,60% минимум 40 ЕУР | - 0,60% мин 50 ЕУР | ||
- 0,40% минимум 60 ЕУР | - 0,40% мин 60 ЕУР | ||
- 0,30% минимум 300 | - 0,30% мин 300 ЕУР | ||
ЕУР | |||
3.5. | Извршување дознаки во земјата | Денарска противвредност | 0,30% минимум 600 денари |
3.6. | Извршување дознаки во земјата на сметка на истиот сопственик во друга банка | Денарска противвредност | 0,30% минимум 600 денари, максимум 3.000 денари |
3.7. | Извршување на дознаки по основ на траен налог | Денарска противвредност | 1%, минимум 600 денари |
4. | Исплата од девизен штеден влог-сметка, ако приливот потекнува од дознака или чек во: | ||
4.1. | Денари | Без надоместок | |
4.2. | Ефектива | Денарска противвредност | - До 5.000 ЕУР – 1% мин 250 ден - Од 5.001 ЕУР – 15.000 ЕУР - 0,8% - Над 15.001 ЕУР – 0,5% макс. 30.000 ден - без надомест, доколку пристигнатиот прилив одлежи во Банката на минимален рок од 15 дена |
9. | Затворање (гаснење) на девизен штеден влог- сметка | Влог или сметка | Ден. 500 |
10. | Затворање (гаснење) на девизен штеден влог- сметка со пренос на средствата во друга банка | Влог или сметка | Ден. 1000 |