Предмет на овие Општи Услови е користење на Тотал НЕТ сервисот, односно Тотал МИКС услугата, а во зависност од изборот на Корисникот. Тотал ТВ на Корисникот му овозможува преку WADSL или ADSL конекцијата да оствари пристап на интернет и да ги користи...
ОПШТИ УСЛОВИ
(ТОТАЛ НЕТ СЕРВИС И ТОТАЛ МИКС УСЛУГА)
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1.
Овие Општи услови, заедно со Понудата со ценовник за Тотал НЕТ сервисот, односно Понудата со ценовник за Тотал МИКС услугата, претставуваат составен дел на Договорот, односно Анексот на Договорот за основање на кориснички односи коi се однесува на одбраниот Тотал НЕТ сервис, односно на Тотал МИКС услугата од страна на Корисникот.
Дополнителни измени на овие Општи услови ќе се применуваат за Корисникот 30 дена од нивната објава на сајтот xxx.xxxxxxx.xx и на овластените продажни места, за кои Корисникот е запознаен и согласен.
Доколку Корисникот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на измените на Општите услови не го извести Тотал ТВ доо Скопје (понатаму само Тотал ТВ), за тоа дека го раскинува Договорот, ќе се смета дека се согласува со сите измени на Општите услови.
Дополнителни измени на Општите услови, кои се исклучиво во корист на Корисникот, може да се применат без одложување и во такви случаи не се применуваат одредбите од претходниот член.
ПРЕДМЕТ
Член 2.
Предмет на овие Општи Услови е користење на Тотал НЕТ сервисот, односно Тотал МИКС услугата, а во зависност од изборот на Корисникот. Тотал ТВ на Корисникот му овозможува преку WADSL или ADSL конекцијата да оствари пристап на интернет и да ги користи услугите спрема стандардната Понуда со ценовник за Тотал Нет сервисот или спрема Понудата со ценовник за услугата Тотал МИКС.
Тотал НЕТ сервисот му овозможува на постоечкиот Корисник на услугата Тотал ТВ дополнително да стане и WADSL или ADSL корисник со задолжително користење на Тотал НЕТ сервисот од најмалку 24 месеци, а спрема Понудата со ценовник за Тотал НЕТ сервисот.
Тотал МИКС услугата овозможува Корисникот истовремено да избере користење на услугата Тотал ТВ и WADSL или ADSL со обврска да ja користи Тотал МИКС услуга од 24 месеци, спрема Понудата со ценовник за услугата Тотал МИКС.
ПРЕДУСЛОВИ
Член 3.
Предуслови за користење на сервисот Тотал НЕТ на Тотал ТВ, односно услугата Тотал МИКС, се:
1. Лицето на кое се воведува Тотал НЕТ сервисот, односно услугата Тотал МИКС, да биде постпејд Корисник на услугата Тотал ТВ и да има склучен договор за услугата Тотал ТВ;
2. Тотал ТВ да е во можност на локацијата на Корисникот да обезбеди WADSL или ADSL приклучок.
СЕРВИС/УСЛУГА
Член 4.
Корисникот самостојно се определува за опцијата сервис/услуга што сака да ја користи, и во текот на времетраењето на корисничките односи, го задржува правото на измена на пакетот кој сака да го користи, во согласност со Понудата со ценовник за користење на Тотал НЕТ сервисот или со Понудата со ценовник за услугата Тотал МИКС.
Изборот на посакувана опција нa Сервисот/Услугата се врши преку потпишување на Договор/Анекс. Промената на пакетот Корисникот може да ја изврши преку телефонски пат или со праќање на писмено барање. Барање за промена на пакетот Корисникот може да поднесе еднаш во текот на 30 календарски дена, а користењето на неговиот пакет започнува na 1 (први) наредниот месец. Новиот рок од 30 календарски дена за поднесување на ново барање за промена на пакет започнува да тече од денот на извршената претходна промена на пакетот од страна на Тотал ТВ.
Тотал ТВ го задржува правото на промена на опциите на услуги од Понудата со ценовник за користење на Тотал НЕТ сервисот и Понудата со ценовник за користење на услугата Тотал МИКС, право на измена на надоместокот наведен во Понудата со ценовник за користење на Тотал НЕТ сервисот и Понудата со ценовник за користење на услугата Тотал МИКС, како и право на измена на Политиката за фер користењe na интернет и Техничките услови за Интернет, кои се дел од овие Општи услови. Со секоја промена на Понудата со ценовник за користење на Тотал НЕТ сервисот и Понудата со ценовник за користење на услугата Тотал МИКС, Политиката за фер користење на интернет и Техничките услови за Интернет, Тотал ТВ ќе го извести корисникот со објавување на нивната содржина на веб странaте: xxx.xxxxxxx.xx, со кои Корисникот е запознаен и согласен. Предметните промени стапуваат во сила 30 дена од денот на нивното објавување.
ОСНОВНИ ОБВРСКИ НА ТОТАЛ ТВ
Член 5.
Основни обврски на Тотал ТВ се да:
1. На Корисникот, по склучување на Договорот, односно Анексот и обезбедувањето на предусловите од Член 3. Точка 1-2, на овие Општи услови, да му овозможи на користење без дополнителна наплата своја опрема. Опремата која Тотал ТВ му ја доставува на Корисникот, останува во трајна сопственост на Тотал ТВ. Во случај на престанување на важењето на Договорот, односно, Анекс договорот, Корисникот е должен опремата која ја добил на користење да ја врати во исправна состојба препорачано по пошта на адресата: Xxxx Xxxxx бр. 3 Скопје, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на престанок на важност на Договорот/Анексот. Доколку Xxxxxxxxxx не ја врати опремата во назначениот рок, Xxxxxxxxxx во таков случај се обврзува да и плати на Тотал ТВ договорна казна во износ од 3.100 денари. Тотал ТВ се обврзува да изврши замена на својата опрема доколку во текот на користењето дојде до нејзино оштетување, односно нефункционирање, освен ако истите се предизвикани од невнимание или намерно нанесени од страна на Корисникот (физичко оштетување, неовластено сервисирање и сл.). Во случај на дефект на опремата на Тотал ТВ кој е настанат од невнимание или намерно направен од страна на Xxxxxxxxxx, Корисникот самостојно ќе го сноси трошокот за поправка или трошоците за замена на опремата на Тотал ТВ, а во согласност so Понудата со ценовник. Корисникот се обврзува да ја користи опремата на Тотал ТВ само за приклучување на инфракструктурата на Тотал ТВ. За времетраењето на нефункционирањето на опремата која Тотал ТВ ја дава на користење без надомест, доколку вината не е кај Корисникот, Корисникот нема да плати надомест за користење на сервисот/ услугата, а во случај нефункционирањето на опремата да e po вина на Корисникот, на истиот ќе му на наплати целокупниот надомест за користење на сервисот/услугата;
2. Доколку постојат сите предуслови од Член 3. од овие Општи услови, Тотал ТВ во зависност од изборот на Корисникот, му овозможува користење на Тотал НЕТ сервисот, односно услугата Тотал МИКС, а во сооднос со Понудата со ценовник за Тотал НЕТ сервисот, односно Понудата со ценовник за услугата Тотал МИКС;
3. Тотал ТВ, во своето работење немa дa изврши повреда на правата на тајност на податоците на Xxxxxxxxxx и правото на тајност на пораките кои Тотал ТВ ги испраќа на Xxxxxxxxxx, освен во случај утврден со закон, како и во случаи кога податоците ги бараат надлежните органи;
4. Тотал ТВ e обврзан да обезбеди техничка поддршка и решавање на проблемите поврзани со користењето на сервисот, за време траење на договорот.
ОСНОВНИ ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ
Член 6.
Основните обврски на Корисникот се:
1. Да е постпејд корисник на услугата Тотал ТВ;
2. Да избере од опциите-пакетите сервис/услуга во сооднос со Понудата со ценовник. Во случај Xxxxxxxxxx да не се определи за посакуваниот пакет, ќе се смета дека самоиницијативно се определил за најефтиниот пакет од Понудата со ценовник, која во наредниот период може да ја промени во сооднос со овие Општи услови;
3. Плаќање месечен надоместок за избраната опција-пакет во сооднос со Понудата со ценовник. Корисникот започнува со користење на Тотал НЕТ сервисот, односно услугата Тотал МИКС, со потпишување на Договор/Анекс. Корисникот на Тотал НЕТ сервисот ќе биде задолжен со надоместок за тековниот месец од денот на активирање на услугата. Корисникот на услугата Тотал МИКС ќе биде задолжен со надоместок по истекот на користениот промотивн период во кој ја користел со услугата Тотал ТВ. Корисникот се согласува да му се фактурира, во зависнот од избраниот Тотал НЕТ сервис, збирно со Тотал ТВ услугата, и со тоа се обврзува да уплати во рок од 8 (осум) дена од датата на фактурирање. Ако од причини за кои Тотал ТВ не е одговорен (на пр. неажурност на поштата, и сл.), фактурата не биде доставена до Корисникот во рок од доспевање на плаќањето, Корисникот е должен да се информира во најблиската Тотал ТВ придружница или преку корисничкиот сервис на Тотал ТВ во врска со својот месечен надомест и истиот да го уплати во наведениот рок. Своите задолжителни уплати Корисникот може да ги изврши во Пошта, банка и овластените наплатни места на Тотал ТВ. Задолжителните уплати преку пошта и банка се извршуваат со пополнување на општа уплатница со повикувачкиот број на Договорот и наведување на целта на плаќање (опција-пакет за Тотал ТВ услугата и опција-пакет за Тотал НЕТ сервисот, односно услугата Тотал МИКС која се плаќа). Корисникот е согласен дека Тотал ТВ има право привремено да го прекине сервисот/услугата на Корисникот во случај Xxxxxxxxxx да не ги изврши сите свои задолжителни уплати кон Тотал ТВ со нивната доспеаност. Тотал ТВ во таков случај има право на Корисникот му го наплати надоместокот за Total NET сервисот во сооднос со Понудата со ценовник, како и да му на наплати законската затезна камата на доспеаност, за неподмирените долгови на Корисникот;
4. Да го чува своето корисничко име и лозинка. Овие податоци Xxxxxxxxxx има право да му ги каже само на администраторот на системот или лично на службената техничка поддршка, и тоа дури кога ќе се утврди неговиот идентитет;
5. Сервисот/услугите на Тотал ТВ не смее да ги препродава понатаму на трети лица, како ни сервисот изведен од нив;
6. На интернет мрежата не смее да и го прави тоа што со одредбите на овие Општи Услови, се смета за недозволено однесување на Корисникот;
НЕДОЗВОЛЕНО ОДНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИКОТ
Член 7.
Однесувањето на Корисникот ќе се смета за недозволиво доколку е во спротивност со законските прописи на Република Македонија и меѓународните права, или договори, конвенции, препораки, кодекси кои се однесуваат на користење на интернетот, компјутерите и компјутерските мрежи, како и правилата и упатствата дефинирани во прифатливите користења на интернетот и Техничките услови за интернет. Однесувањето на Xxxxxxxxxx ќе се смета за недозволиво, особено, доколку со него се врши криминално делa или економски престап, се врши повреда на одредбите за авторски права и права на индустриска и интелектуална сопственост, извршува дела na нелојална конкуренција, доколку со него се загрозуваaт или повредуваат нечии лични права, доколку се врши повреда на добрите деловни обичаи
и правила за заштита на потрошувачиte, доколку со нив се врши поврека на договорот, конвенцијата и препораките од областа на телекомуникациите, кодексот на однесување на интернет, како и правилата и упатствата дефинирани за фер користењe на интернетот и техничките услови за интернет.
Некои од однесувањата спрема прифатените кодекси се сметаат за недозволени:
1. Користење на сервисот/услугата, односно одредени опции на Тотал МИХ сервисот/услугата за неовластен пристап или за добивање на контрола на други системи на локалните мрежи и интернет;
2. Загрозување на непреченото користење на сервисот/услугата од страна на друг Xxxxxxxx;
3. Загрозување на непречената работа на мрежата на Тотал ТВ или кое било друго дело на интернет;
4. Дистрибуција на малициозни содржини, вируси или други програми со деструктивни карактеристики;
5. Нарушување на приватноста воопшто на останатите Корисници на интернет;
6. Дистрибуција на несакани е-маил пораки преку електронска пошта или спемирање;
7. Испраќање или проследување на добротворни барања, петиција, врзани писма, како и испраќање рекламни и промотивни материјали за производи и услуги, освен на места предвидени за таков вид на огласувања.
ПРАВА НА ТОТАЛ ТВ КОГА КОРИСНИКОТ СЕ ОДНЕСУВА НА НЕДОЗВОЛЕН НАЧИН
Член 8.
Доколку според своја процена се заклучи дека Корисникот при користењето на Тотал МИКС сервисот/услугата се однесува на недозволен начин и/или се однесува спротивно на Политиката за фер користењe интернет и Техничките услови за Интернет, Тотал ТВ има право да го ограничи и/или суспендира Корисникот и/или да му го укине правото на користење на сервисот/услугата (привремено на одреден временски рок, или засекогаш, со писмено известување на Корисникот). Корисникот, за време на привременото ограничување и/или суспензија и/или исклучување, за истите да одговара и за целата создадена штета што ќе настане поради таквото однесување. Според тоа, во овој случај Тотал ТВ има право податоците на Xxxxxxxxxx и неговото недозволено известување да го даде на увид на надлежните судски и извршни органи, како и заинтересираните лица, а по налог на наведените органи. Во случај на пуштање на пошта со штетна содржина и повредување на правата на интелектуална сопственост од страна на Xxxxxxxxxx, Тотал ТВ ќе испрати писмено известуваме (е-маил) до Корисникот. Доколку Корисникот продолжи со испраќање на пошта со штетна содржина и повредување на правата на интелектуална сопственост од страна на Xxxxxxxxxx, Тотал ТВ може да постапи на начин од претходниот став. Процената на Тотал ТВ за недозволеното однесување на Корисникот ќе се смета за основано тогаш кога ќе постои разумно сомнение во поглед на недозволеното однесување на Корисникот во смисла на член 7 од овие Општи услови.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ТОТАЛ ТВ
Член 9
Тотал ТВ не одговара за:
1. Загушување, доцнење или грешка во функционирањето на интернетoт, на кој објективно не може да делува;
2. Прекин во работата, прекината поради прекин на електричната енергија, во случај на виша сила, како и поради други причини на кои Тотал ТВ не може објективно не може да делува;
3. Технички проблеми во функционирањето на интернет инфраструктурата.
4. Штета која Xxxxxxxxxx ја нанел на трети лица со своето недозволено однесување;
5. Повреда на правата на приватност и сигурност на Корисникот, кои на интернет ќе ги изврши трето лице;
6. Сигурноста и точноста на информациите кои Корисникот ги разменува со останатите корисници на интернет;
7. Штетата која ќе настане на Корисникот или на трето лице поради повредите на обврските на Корисникот за чување на тајност на податоците на сопствениот кориснички налог;
Тотал ТВ не одговара за каква било штeта на Корисникот или на трето лице, настаната од горенаведените причини. Под ниеден услов, евентуална штeта за која Тотал ТВ може да одговара не може да биде повисока од износот за која Корисникот се определил во приликата кога ја избрал опцијата/пакетот од Понудата со ценовик. Во сите набројани случаеви се смета дека Договорот е на сила, и Xxxxxxxxxx е со обврска да го плаќа месечниот надомест за сервисот, односно услугата. Тотал ТВ не гарантира дека датотеките симнати од интернет немаат некој компјутерски вирус или друга програма која манифестира инфективни или деструктивни особини. Корисникот е одговорен за спрoведување одредени процедури и проверка на заштитaта на работата од таквите програми. Тотал ТВ не сноси никаква одговорност за последиците кои Xxxxxxxxxx ќе ги претрпи поради тоа.
ИСКЛУЧИТЕЛНА ОДГОВОРНОСТ НА КОРИСНИКОТ ЗА СОПСТВЕНОТО НЕДОЗВОЛЕНО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 10.
Исклучиво Xxxxxxxxxx одговара кривично, граѓански, или на кој било друг начин пред надлежните органи за своето недозволено однесување. Корисникот ќе одговара на Тотал ТВ за секоја материјална и нематеријална штета (нарушување на угледот кај другите Корисници) предизвикана од недозволеното однесување.
Член 11.
Корисникот се обврзува во писмена форма на Тотал ТВ да им достави комплетни и исправни податоци, вклучително и име и презиме, односно назив и седиште на фирмата, име на личноста за контакт, адреса и број на телефонскиот приклучок на кој ќе се инсталира WADSL или ADSL приклучок, одбере опција-пакет и во случај на промена на наведените податоци, веднаш за тоа да го извести Тотал ТВ.
ПРЕСТАНОК НА СЕРВИСОТ/УСЛУГАТА
Член 12.
Корисникот се обврзува Тотал НЕТ сервисот на Тотал ТВ да го користи 24 активни месеци.
Во случај Xxxxxxxxxx еднострано да сака да го раскине Договорот за засновање на кориснички односи за приемни услуги на Тотал ТВ во делот што се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот, пред истекот на минималниот период, има обврска да, ги подмири сите доспеани долгови кон Тотал ТВ, да плати договорна казна во износ, поради предвремено раскинување, од 6.000 денари.
Во случај Xxxxxxxxxx еднострано да сака да го раскине Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на услугата Тотал МИКС, пред истекот на одбраниот минимален период, има обврска да, поради подмирување на сите свои доспеани долгови кон Тотал ТВ, целиот износ на име на сите дадени погодности кои предизвикале Корисникот да ја избере услугата Тотал МИКС.
По истекот на 24 месеци од денот на почетокот на користење на Тотал НЕТ сервисот на Тотал ТВ, односно 24 месеци од почетокот на користење на услугата Тотал МИКС, Корисникот може да поднесе барање за еднострано раскинување на Договорот за засновање кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот/услугата Тотал МИКС, по писмен пат, и под услов да ги подмирил сите свои доспеани долгови кон Тотал ТВ. Таквиот едностран раскин стапува во сила на денот на демонтажа на WADSL или ADSL приклучокот, од каде почнува да тече рокот на враќање на Тотал ТВ
опремата од страна на Корисникот.
Тотал ТВ може еднострано да го раскине Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот/услугата Тотал МИКС со отказен рок од 30 (триесет) дена, во кој случај на Корисникот не се применуваат обврските за договорна казна поради предвремено откажување дефинирано во претходните ставови на овој член.
Тотал ТВ може еднострано да го раскине Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот/услугата Тотал МИКС без отказен рок во случај Корисникот во рок од 90 дена од почетокот на привременото прекинување на давање сервис/услуга, не ја отстрани причината за привремено прекинување, како и во случај Корисникот да извршува едно од недозволените однесување од член 7. од овие Општи услови. Во овие случаи, Xxxxxxxxxx се обврзува да плати договорна казна од 6.000 денари.
Без разлика дали датумот на стапување на сила на едностраниот раскин на првите 24 месеци од започнување на користење на Тотал НЕТ сервисот/ услугата Тотал МИКС, или после тоа, Xxxxxxxxxx е должен да ја врати опремата на Тотал ТВ во сoгласност со одредбите на овие Општи услови, како и да ги плати сите заостанати долгови, а на Тотал ТВ му останува правото да ја пресмета затезната законска камата на тие долгови.
Престанокот на Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот/услугата Тотал МИКС не влијае на делот на Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ кој се однесува на пружање на услугите на Тотал ТВ. Престанокот на Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ кој се однесува на пружање на услугите на Тотал ТВ, повлекува и автоматски престанок на Договорот за засновање на кориснички односи за прием на услугите на Тотал ТВ во делот кој се однесува на користење на Тотал НЕТ сервисот/услугата Тотал МИКС и подразбира стапување на сила на сите одредби на раскинување прецизирање во Општите услови за услугите на Тотал ТВ и овие Општи услови.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 13.
Договорните страни не можат своите права и должности да ги префрлаат на трети лица, ниту трети лица не можат да пристапат кон овој Договор.
КЛАУЗУЛА ЗА НАДЛЕЖНОСТ
Член 14.
Во случај на спор, договорните страни ќе пробаат да се договорат, а доколку не успеат во тоа, истите ќе ги решаваат пред надлежниот суд во Скопје.
ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИКОТ
Член 15.
Тотал ТВ ќе ги собере, архивира и користи личните податоци на Корисникот наведени во Договорот, како и во останатите обрасци кои се во негов прилог и кои се неопходни за извршување на Договорот. Тотал ТВ може да ги користи телефонските контакти и е-маилот на Претплатникот за да му праќа известувања и фактури, и по основ на посебно напишани согласности кои може да ги издаде Тотал ТВ, и со својот потпис да ги прифати Претплатникот. Со потпишување на Договорот и избирањето на понудените опции, Xxxxxxxxxx и дава согласност на Тотал ТВ, во случај на неговите неизвршени задолжителни обврски кон Тотал ТВ во Договорот, неговите податоци можат да бидат дадени на располагање на трети лица поради наплата, побарување и враќање на опремата.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 16.
Доколку која било од одредбите на Договорот и овие Општи услови станат спротивни на законот, неважечки или неизвршливи во согласност со законот, тоа нема да делува на законодавноста, полноважноста и извршеноста на останатите одредби и услови на Договорот/Анексот и
овие Општи услови.
ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ
Член 17.
барање за заштита на своето право до Агенција за електронски комуникации. Кон известувањето се приложуваат и соодветни докази (на пример службена белешка за извршената техничка
• Претплатникот има право на приговор против одлуките или активностите на операторот и/или давателот на услуги во врска со пристапот до или обезбедување на услуги.
• Операторот и/или давателот на услуги треба во своите општи услови за пристап и користење на комуникациските услуги да ги наведе условите за поднесување на приговорот од став (1) на овој член, а особено роковите и начинот на поднесување на приговорот, да наведе податоци за името и седиштето, броевите на телефони на надлежната служба за решавање по приговори, како и за можноста за добивање на образец за поднесување на приговор.
• Приговорот се поднесува во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнување на активностите кои се предмет на приговорот.
• Во случај на поднесен приговор во врска со износот на сметката, се до донесувањето на конечна одлука, претплатникот е должен да го плати само износот на месечната претлата до датумот наведен во сметката во било кое продажно место на операторот и/или давателот на услуги или други достапни начини за плаќање од страна на операторот и/или давателот на услуги.
• Операторот и/или давателот на услуги по поднесениот приговор треба да одлучи во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот и за тоа писмено да го извести претплатникот. Известувањето треба да содржи детално образложение за причините за одбивање, односно прифаќање на приговорот, како и упатство за правото на претплатникот да поднесе
контрола и сл).
• Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истата да побара заштита на своето право пред Агенцијата за електронски комуникации.
• Доколку операторот и/или давателот на услуги не постапи по приговорот во рокот утврден во ставот (5) од овој член, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата за електронски комуникации во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот до операторот и/или давателот на услуги.
• Агенцијата за електронски комуникации, одлучува по приговорот од претплатникот во рок од 45 дена од денот на приемот.
• Бројот за грижа на корсници на Агенција за електронски комуникации е 190.
СТАПУВАЊЕ НА СИЛА
Член 18.
Овие општи услови стапуваат на сила на ден 15.11.2014. година.
Тотал ТВ доо Скопје