за меѓусебните права и обврски на студентите на II циклус на едногодишни студии (модел 4+1), запишани во учебната 2014/2015 и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје во остварувањето на наставно-образовниот процес
Врз основа на член 48 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ Скопје, во учебната 2014/2015 година, се склучува:
Д О Г О В О Р
за меѓусебните права и обврски на студентите на II циклус на едногодишни студии (модел 4+1), запишани во учебната 2014/2015 и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје во остварувањето на наставно-образовниот процес
Договорот се склучува помеѓу
1. Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје, ул. Xxxxx Xxxxxxxx 16 Скопје, со ЕМБС 6696287 застапуван од деканот проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxx и
2. Студентот ул.
бр . од со ЕМБГ , како договорни страни.
Член 1
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство -Скопје (во понатамошниот текст: Факултетот) презема обврска студентот, давател на средствата за школарина (во понатамошниот текст: студентот) да го запише како студент на II циклус на студиите под условите утврдени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми во учебната 2014/2015 година и овој договор. Студентот може да се запише на втор циклус на студии на Факултетот, ако ги исполни условите од глава II од конкурсот.
Член 2
Со запишувањето на Факултетот, студентот стекнува права и обврски утврдени со Законот за високото образование, Статутот и другите општи акти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и актите на Факултетот и кои се однесуваат на режимот на студии од II циклус.
Член 3
Висината на средствата за кофинансирање на студиите изнесува 1800 ЕВРА, пресметани во денарска противвредност.
Утврдениот износ студентот го плаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија што важи на денот на плаќањето, во 2 (две) рати, од кои првата, во висина од 900 ЕВРА при запишувањето студиите, втората во висина од 900 ЕВРА при запишување на летниот семестар, но не подоцна од 15.02.2015 година. Втората рата може да се плати и во 2 дела, и тоа прв дел при запишувањето на летниот семестар, но не подоцна од 15.02.2015, а вториот најдоцна до 15.04.2015. година. Непочитувањето на овие рокови повлекува засметување на законска камата од 10% на годишно ниво.
Член 4
Ако студентот не успее во предвидените рокови да положи одредени испити утврдени со студиските и предметните програми, истите ги презапишува со плаќање на соодветен надоместок согласно Правилата за студирање што се составен дел на студиските и предметните програми. Надоместокот изнесува 1/60 од школарината на студиската програма помножено со бројот на кредити на предметите кои се презапишуваат.
Член 5
Факултетот е должен додека трае овој Договор на студентот да му обезбеди услови за студирање заради остварување на наставно-образовниот процес во согласност со актите на Универзитетот и Правилата за студирање на Факултетот.
Член 6
Согласно член 223 од Статутот на Универзитетот, студентот треба да ги заврши студиите во рок од 2 години (односно најмногу двојно од траењето на студиската програма). По истекувањето на овој рок, студентот кој ги положил сите испити е должен да пријави магистерска тема. Рокот за изработка на темата е 1 година. Студентите кои нема да пријават магистерска тема во овој рок, ќе бидат обврзани да плаќаат соодветни казни, утврдени од деканатската управа на Факултетот.
Член 7
Студентот давател на средствата за школарина може да го раскине овој Договор без можност за враќање на уплатените средства за студирање, со што му престанува статусот студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
Член 8
Во случај на спор по овој договор надлежен е судот во Скопје.
Член 9
Овој Договор е склучен во три еднакви примероци, од кои два за Факултетот и еден примерок за давателот на средствата за кофинансирање.
СТУДЕНТ, Д Е К А Н,
Проф. д-р Xxxxxxx Xxxxxxxx