Contract
Меѓугранична еднаквост и родова интеграција
Проектот е финансиран од Европска Унија
Договор за давање грант бр:
Склучен во Скопје, на _ _, помеѓу:
1. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје (во понатамошниот текст Акција Здруженска), ул. Никола Тримпаре бр. 12, Скопје застапувана од Xxxxxx Xxxxxxxx, Извршна директорка, како давател на грантот од една страна,
и
2. од друга страна како Грантист
Врз основа на одлуката донесена од Комитетот за селекција на грантови на проектот Меѓугранична еднаквост и родова интеграција на ден , странките се договорија за следното:
Член 1
Европската комисија (ЕК) и давателот на грантот, доделуваат финансиска поддршка во износ од
_ ЕУР (со зборови: ЕУР) на Грантистот за покривање на трошоците за реализација на проектот:
_
Член 2
Планиран термин за реализација на проектот е: 01.01.2016 до 30.06.2016
Член 3
Планиран термин за финансиска реализација на проектот е: 01.01.2016 до 30.06.2016.
1
Доколку финансиската реализација на грантот не започне најдоцна 15 дена од планираниот термин, Акција Здруженска ќе смета дека Грантистот се откажал од користењето на грантот со што важноста на овој договор престанува на триесет и првиот ден од планираниот почеток на финансиската реализација на грантот.
Доколку финансиската реализација на грантот не заврши најдоцна 10 дена од планираниот термин за завршување на финансиската реализација на грантот, давателот на грантот може да ја прекине понатамошната соработка по основа на овој грант и да побара поврат на средствата кои не се потрошени.
Член 4
Грантот доделен од проектот Меѓугранична еднаквост и родова интеграција ќе биде искористен на следниот начин:
Грантот ќе биде доделен на Грантистот преку банкарски трансфер на жиро сметка на Грантистот, според курс на ЕУР во однос на денарот по кој на Акција Здруженска ги примила по основ на проектот Меѓугранична еднаквост и родова интеграција .
Исплатите ќе бидат направени и средствата ќе бидат потрошени во согласност со следните буџетски ставки:
1. Персонал
2. Трошоци за активности
3. Индиректни трошоци
Грантистот не смее да ја пречекори висината на поедини ставки од буџетот ниту да изврши прелевање помеѓу ставките без писмена согласност од давателот на грантот.
Пречекорување, односно, прелевање помеѓу ставките без да се побара согласност од давателот на грантот е дозволено доколку не се работи за буџетска ставка која содржи хонорари (надомест за персонал) и ако прелевањето не е поголемо од 10% од висината на ставката во која средствата се прелеваат и не е поголема од 10% од висината на ставката од која средствата се прелеваат.
Резултатите и наодите на проектот на Грантистот се потполно на располагање и користење на Акција Здруженска и тие можат непречено да ги користат и јавно публикуваат.
Следните општи одредби ќе бидат применувани при користење на грантот:
Член 5
Грантистот е правно (физичко) лице кое грантот го добива заради придонес во унапредувањето на родовата еднаквост во Македонија. Грантистот потврдува дека нема да генерира профит со добиениот грант и дека нема да го користи грантот спротивно на активностите допуштени со Уставот, законите, и подзаконските акти во Република Македонија. Грантистот исто така се обврзува дека нема недозволено да располага со грантот и нема да ополномоштува трети лица.
Член 6
Грантистот се обврзува грантот да го користи во целост за намената за која е примен. Доколку престане потребата или условите за искористување на грантот, грантистот е должен веднаш да го врати грантот на давателот на грантот.
Член 7
Грантистот не смее да го употреби грантот за да влијае на резултатите од претседателските, парламентарните или локални избори ниту за партиска или верска пропаганда.
Член 8
Грантистот не смее да го употреби грантот за доделување грантови на други физички или правни лица, без согласност од давателот.
Член 9
Грантистот се обврзува на давателот на грантот во предвидените рокови да му поднесе завршни наративни и финансиски извештај за начинот на користење на грантот. Роковите за поднесување извештаи се следниве:
Завршен наративен и финансиски извештај – 15.07.2016
При менаџирањето на грантот и подготовката на извештаите, Грантистот ќе ги користи упатствата и форматите во прилог на овој договор - формат за финансиско известување и формат на наративен извештај.
Секој од наративните извештаи треба да содржи детален опис на спроведените активности, постигнатите резултати и споредба на постигнувањата со предвидените специфични цели на проектот. Во прилог на извештајот се додаваат детални информации: листи на учесници од обуки и состаноци, евалуациони листи, публикации и материјали за обука и други материјали дистрибуирани на настани, записници и извештаи од настани, фотографии и објави од весници од написи поврзани со проектните активности и слични документи кои потврдуваат исполнување и промоција на проектните активности.
Секој од наративните извештаи треба да опфати и објаснување на проблемите, застоите, неповолните услови и преземените или предвидените постапки, како и непредвидени постигнувања доколку има такви.
Финансискиот извештај треба да содржи: информација за начинот на трошење на средствата - со приложување на копии од сите фактури, договори и сметки за трошоци направени во врска со користење на буџетот (а на барање и на оригиналите на увид). Доколку буџетот предвидува учество на Грантистот во финансирањето на проектот од сопствени средства, истата информација треба да се поднесе и за овие средства. Финансискиот извештај се поднесува по истиот курс по кој средствата се префрлени како аванс.
Член 10
Грантистот е обврзан во сите свои печатени материјали и јавни настани врзани со проектот – предмет на овој Договор, да се придржи до насоките за видливост на ЕУ (Visibility Guidelines), кои се доставуваат во прилог од овој договор.
Грантистот е обврзан во сите свои печатени материјали и јавни настапи врзани со проектот да ги запази одредбите од препораките за брендирање на ЕК. Овие упатства дополнително ќе му бидат доставени на грантистот.
Член 11
Акција Здруженска и ЕК, односно од нив овластени лица, имаат право на неограничен пристап, во секое време, до сите книги, документи, акти и досиеа на Грантистот кои се релевантни за Проектот, за да извршат ревизија односно испитувања и да добијат извадоци и преписи од истите.
Давателот на грантот го задржува правото да го надгледува начинот на кој се користи грантот според условите на овој Договор со ревизија на документите и начинот на кој се спроведуваат целите во канцеларијата на грантистот или во просториите каде што се спроведува проектот, и со барање на дополнителни информации и објаснувања за извештаите споменати во член 9.
Член 12
Грантистот се обврзува да ги чува поднесените извештаи и документи во рок од 5 години и во тој период давателот на грантот има право во секое време да врши увид на документите според своите потреби.
Член 13
Во случај Грантистот да го злоупотреби грантот, или го користи спротивно на намената, веднаш по сознанието за злоупотребата или недопуштеното располагање, истиот ќе биде одземен.
Во случај на неискористување и злоупотреба грантот ќе мора да се врати на давателот на грантот по ист пат како што е и добиен.
Член 14
Дополнително, Грантистот кој го злоупотребил грантот, или го користел спротивно на намената, губи право во иднина да аплицира за добивање грант.
Член 15
Во случај на повреда на обврските, преземени со овој Договор, давателот на грантот има право на заштита на своите права согласно позитивните законски прописи. Договорните страни се согласни евентуалните спорови кои ќе произлезат во врска со примената на одредбите на овој Договор да ги решаваат спогодбено, а во случај тоа да не можно, за решавање на спорот е надлежен судот во Скопје.
Член 16
Овластени лица за спроведување на овој Договор се застапниците на договорените страни кои со овој потпис го заверуваат договорот.
Член 17
Овој договор е составен во два примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
За
Акција Здруженска:
За Грантистот
(корисник на грантот):
Xxxxxx Xxxxxxxx, Извршна директорка
_
Место за печат
(потпис) (потпис)
(за правни лица)
Меѓугранична еднаквост и родова интеграција
Проектот е финансиран од Европска Унија
с
Образец за финален наративен извештај
Име на проектот: | |||||
Број на договорот за грант | Грантист | Изно на доделени средства МКД | Датум на започнување | Датум на завршување | Износ на префрлени средства МКД |
Краток опис на проектот (Xxxxx како што се наведени во пријавата за доделување грант) Цел
Специфични цели
Резултати Активности
Спроведени активности (Xxxxxxx опис на спроведените активности подредени како во пријавата. Во случај на промени или поголеми отстапувања од планираното, дајте образложение причините.)
Постигнати резултати (Xxxxxxxx ги споредбено конкретните резултати добиени од реализираните активности)
5
Планирани | Остварени |
Општ приказ на постигнувањата ( Наведете ги конкретните подобрувања се постигнати со реализацијата на акцијата , вклучувајќи ги непредвидените постигнувања доколку има такви)
Предизвици (Наведете ги проблемите, застоите, неповолни услови и преземени постапки)
Листа на прилози: ( наведете ги сите релевантни документи доставени во прилог на извештајот со кои се потврдува наведеното)
Датум
Потпис од овластено лице и печат на организацијата
6
Проектот е финаисран од Проектот е спроведуван од Акција Здруженска Скопје Европска Унија и Институт за развој на заедницата Тетово