Contract
Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан
Xxxxx повик до граѓански организации за
поднесување предлог-проекти
Анекс 4: Договор за партнерство
Партнерството вклучува врска помеѓу две или повеќе граѓански организации или здруженија, со што јасно се утврдува одговорноста на партнерите во спроведувањето на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“. За да може проектот да се спроведе без проблеми, сите организации кои се дел од партнерството мора да ги почитуваат принципите на добра практика:
пред да ја поднесат апликацијата на Јавниот повик, сите партнери го прочитаа текстот на Јавниот повик и Xxxxxxx за поднесување на предлог проекти и јасно ги дефинираа индивидуалните одговорности во спроведувањето на активностите и управувањето со проектите и соодветно на тоа распределија финансиски средства помеѓу партнерите. Оваа поделба на одговорностите мора јасно да биде претставена во Предлог-проектот и прегледот на буџетот.
Сите партнери го овластуваат подносителот на проектот да ги застапува во сите односи со донаторот (УНДП Северна Македонија) во контекст на имплементацијата на проектот.
Подносителот и сите партнерски организации се обврзани да одржуваат редовни состаноци и да работат заедно за да го надгледуваат спроведувањето на проектот и да ги разгледаат начините за надминување на предизвиците и тешкотиите што се јавуваат при спроведувањето.
Сите партнери се обврзани да учествуваат во заедничката подготовка на наративни и финансиски извештаи, а подносителот ги доставува до донаторот во согласност со Договорот за грант со мала вредност потпишан со донаторот (УНДП Северна Македонија).
Предлогот за секоја измена на проектот треба да биде предложен и договорен меѓу партнерите, а потоа подносителот на предлог-проектот го доставува до донаторот на одобрување.
ИЗЈАВА ЗА ПАРТНЕРСТВО
Ја прочитавме и ја разбравме содржината на предлог-проектот
___________________________________________________________________________
(назив на проектот)
кој главниот апликант ќе го достави до УНДП Северна Македонија, во рамките на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, и се согласуваме со неговото поднесување.
Се обврзуваме дека во текот на имплементацијата на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ ќе постапиме во согласност со горенаведените принципи на добра практика за партнерство и партнерските обврски наведени во Предлог-проектот.
|
Назив на граѓанската организација или здружение |
Име на овластеното лице |
Потпис на овластеното лице и печат на граѓанската организација или здружение |
Xxxxxx подносител |
|
|
|
Партнерска организација |
|
|
|
Партнерска организација |
|
|
|
....... |
|
|
|