Contract
ЗАКОН
за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договор за Вториот Програмски заем за развојни политики- ПДПЛ 2
Член 1
Република Македонија се задолжува кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка со заем во износ од 23.300.000 евра, наменет за реализација на Вториот Програмски заем за развојни политики - ПДПЛ 2.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон, се утврдуваат со Договор за Вториот Програмски заем за развојни политики - ПДПЛ 2, кој ќе се склучи меѓу Владата на Република Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка.
Во име на Република Македонија, Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии или од него овластено лице.
Член 3
Рокот за отплата на заемот од членот 1 од овој закон е 17 години, со вклучен грејс период од пет години. Каматната стапка по која ќе се сервисира заемот е ЛИБОР (за евро валута) плус фиксен распон. Каматната стапка може да биде и помала во зависност од важечките одлуки на Меѓународната банка за обнова и развој.
Заемот ќе се отплаќа во 24 полугодишни рати, на секој 15 јануари и 15 јули во годината. Од 15 јули 2012 година до 15 јули 2023 година ќе се отплатат 23 полугодишни рати секоја во износ од 4,17% од заемот, односно 971.610 евра, додека на 15 јануари 2024 година ќе се отплати последната рата во износ од 4,09% од заемот, односно 952.970 евра.
Во грејс периодот од пет години, што претставува и период на реализација на проектот, ќе се плаќа само камата на заемот.
На денот на повлекување на средствата, Република Македонија ќе и плати на Светската банка еднократна провизија во износ од 1% од износот на заемот, која може да биде и помала во зависност од важечките одлуки на Меѓународната банка за обнова и развој.
На износот на неповлечените средства од заемот се плаќа провизија пропишана од страна на Меѓународната банка за обнова и развој во висина од 0,75% годишно, која може да биде и помала во зависност од важечките одлуки на Меѓународната банка за обнова и развој.
Провизијата на неповлечени средства од ставот 5 од овој член се плаќа полугодишно, на 15 јануари и на 15 јули секоја година.
Член 4
Корисник на средствата од заемот од членот 1 на овој закон е Министерството за финансии во име на Владата на Република Македонија.
Член 5
Република Македонија, заемот од членот 1 на овој закон ќе го сервисира од Буџетот на Република Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".