Contract
Врз основа на член 6 точка 6.5 (г) од Финансискиот договорот за спроведување на Проектот (Подобрување на водената инфраструктура на општините во Северна Македонија), Операциски број 2018-0837 склучен помеѓу Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка, а врз основа на член 4 од Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Инвестициона Банка по финансискиот договор за проектот за подобрување на водената инфраструктира на Општините во Северна Македонија, („Службен Весник на РСМ“ бр. 203/2022) Министерството за животна средина и просторно планирање спроведува:
Јавен повик
за изразување интерес за консултантски услуги за Проект
„ Подобрување на водената инфраструктурата на општините во Северна Македонија″
Министерството за животна средина и просторно планирање отпочнува постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за следните позиции:
1) Инженери за водоснабдување – член на ПЕИ 2 (два) извршители
2) Инженер за отпадни води – член на ПЕИ 1 (еден) извршител
3) Специјалист за финансии/исплаќање - член на ПЕИ 1 (еден) извршител
4) Специјалист за јавни набавки - член на ПЕИ 1 (еден) извршител
Министерството за животна средина и просторно планирање ги поканува сите кандидати кои ги исполнуваат условите да изразат интерес за обезбедување на консултантски услуги.
Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.
Доколку сметате дека ги задоволувате соодветните квалификации и искуство, Ве молиме да доставите ваша Професионална биографија - CV и Писмо за интерес и документи за потврда на потребните стручни квалификации , со јасна назнака за која позиција аплицирате на адресата на Министерството за животна средина и просторно планирање; Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје и на следната е-маил адреса: x.xxxxxx@xxxxx.xxx.xx.
Последен рок за доставување апликации е 26.07.2023 година до 12:00 часот, локално време.
Деталниот опис на работни задачи и условите за работа за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни подолу во Јавниот повик.
Потребни стручни квалификации и услови за номинирање и именување на членовите на Проектната единица
Позиција 1:
Инженери за водоснабдување – член на ПЕИ 2 (два) извршители да ги исполнуваат следните услови:
- Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на технички науки;
- Да има стекнато најмалку 1 година работно искуство во струката;
- Доказ за познавање на англиски јазик;
- Доказ за познавање на програми за канцелариско работење.
- Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија.
- Предност ќе се смета искуство во меѓународен или домашен проект за управување со водоснабдување и добро разбирање на FIDIC договори.
Работното време трае 8 часа дневно секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот.
Позиција 2:
Инженер за отпадни води – член на ПЕИ 1 (еден) извршител треба да ги исполнува следните услови:
- Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на технички и природно математички науки;
- Да има стекнато најмалку 1 година работно искуство во струката ;
- Доказ за познавање на англиски јазик;
- Доказ за познавање на програми за канцелариско работење.
- Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија.
- Предност ќе се смета искуство во меѓународен или домашен проект за управување со водоснабдување и добро разбирање на FIDIC договори.
Работното време трае 8 часа дневно секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот. Позиција 3:
Специјалист за финансии/исплаќање - член на ПЕИ 1 (еден) извршител треба да ги исполнува следните услови:
- Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на економски науки
- Најмалку 1 година работно искуство во областа на финасиите, предност ќе се смета познавање на трезорско работење;
- Доказ за познавање на англиски јазик;
- Доказ за познавање на програми за канцелариско работење.
- Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија
Работното време трае 8 часа дневно секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот.
Позиција 4:
Специјалист за јавни набавки - член на ПЕИ 1 (еден) извршител треба да ги исполнува следните услови:
- Да има завршено високо образование, со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на економски, правни науки
- Најмалку 1 година работно искуство во областа на јавни договори и набавки,
- Познавање на правилата за набавки на МФИ и FIDIC условите;
- Доказ за познавање на англиски јазик;
- Доказ за познавање на програми за канцелариско работење.
- Да не му е изречена забрана за вршење на дејност или професија
- Предност ќе се смета спроведување на постапки за јавни набавки во договорни органи/органи на државна управа, како и поседување на лиценца за положен испит од Биро за јавни набавки јавни набавки.
Работното време трае 8 часа дневно секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот.
Задачи на членовите на Проектната единица
1) Членовите на ПЕИ му помагаат на Раководителот на ПЕИ во спроведувањето на активностите од својот делокруг на работа и обезбедуваат поддршка на Раководителот во подготвување на месечни, квартални и годишни извештаи за напредокот при спроведување на проектот и завршниот извештај за реализација на проектот
2) Членовите на ПЕИ се одговорни за обезбедување на навремени информации до Координаторот, со цел целосно исполнување на активностите поврзани со подготовка и спроведување на Проектот
3) Членовите на ПЕИ ќе соработуваат со финансиските институции, со консултантите, ќе работат на спроведување на тендерските постапки, склучување и реализација на договор со изведувачот
4) Членовите на ПЕИ по потреба учествуваат на редовни состаноци за следење на проектот и подготвуваат кратки белешки по истите, како и по потреба организираат посета на локацијата на проектот
5) Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на ПЕИ за навремено и квалитетно вршење на својата работа во рамките на своите овластувања и надлежности
6) Членовите на ПЕИ вршат и други работи доверени од раководителот на ПЕИ, согласно договорите потпишани во врска со спроведувањето на Проектот
7) Членовите на ПЕИ во своето работење ги почитуваат барањата за етика и интегритет на работното место.
8) Членовите на ПЕИ се грижат за целокупната документација поврзана со имплементацијата на проектот во согласност со пропишаните правила
9) Членовите на ПЕИ вршат собирање, средување, евидентирање и архивирање на документи и податоци поврзани со проектот
10) Членовите на ПЕИ одговараат пред Раководителот на XXX.
Услови за работа
Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедува соодветен канцелариски простор за работа на ПЕИ (канцелариски мебел, интернет, компјутери, печатачи и сл.)
Раководителот и членовите на Проектната единица за имплементација се должни да присуствуваат на работното место секој работен ден од 7.30/8.30 часот до 15.30/16.30 часот.