од ИПА 2011 грантовата шема „Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор“ EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK
ПРОМОЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ГРАНТ
од ИПА 2011 грантовата шема „Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор“ EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK
На 18.12.2015 година, со почеток во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на Европската унија, беше промовирано потпишувањето на договорите за грант финансирани од Европската унија во рамките на ИПА ТАИБ 2011 грантовата шема „Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор“ EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK.
Општа цел на грантовата шема е поддршка на одржливоста на граѓанскиот сектор, а специфична цел е понатамошно подобрување на средината погодна за развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на јавното мислење и политиките и учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Целите ќе бидат имплементирани преку потпишаните 12 договори за грант во времетраење од 14 до 18 месеци, во две приоритетни области: Зголемување на учеството на граѓанскиот сектор во креирањето на јавното мислење и политиките и во донесувањето одлуки на локално и национално ниво и Зајакнување на финансиската одржливост на граѓанскиот сектор преку соработка со државата и приватниот сектор.
Вкупниот буџет на грантовата шема е 1.500.000 евра, од кои 10% се кофинансирање од корисниците на грант.
Воведно обраќање на овој настан имаа министерката за информатичко општество и администрација, г-ѓа Xxxxx Xxxxxxxx Томовска и шефот на Делегацијата на Европската унија, X.X г-дин Аиво Орав.
Министерката Арсовска Xxxxxxxx во своето обраќање потенцираше дека отвореноста и граѓанското вклучување имаат значајна улога во поттикнување на отчетноста, промовирање на иновативноста и развојот и подобрување на перформансите, поради што Владата на Република Македонија во изминативе години презеде голем број реформи во оваа област, како што се усвојувањето на Стратегиите за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 и 2012-2017, Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондации и Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политиките, како и воведувањето измени во правниот систем со цел да се обезбеди достапност на предлог-законите на веб-страниците на министерствата и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) итн.
Во продолжение на настанот, за корисниците на грантовите беше спроведена обука за управување на грантови од страна на претставници на ИПА Структурата на Генералниот секретаријат на Владата, кои се осврнаа на целите на грантовата шема и обврските кои произлегуваат од договорите за грант, особено во делот на известувањето, прашања поврзани со набавките при спроведување на проектите и мерките за видливост и претставниците од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) на Министерството за финансии, кои укажаа на повеќе практични аспекти на финансиското управување со проектите.
xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx.xx e-mail: xxxxxxxxxxxx@xx.xxx.xx; Тел. 0000 000 локал 191 и 307