Contract
Комора на извршители на Република Македонија
Барање за прибирање на понуди за изработка и одржување на Програма за рамномерна распределба на барања за
извршување (предмети)
Скопје 10.05.2016 година
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Договорен орган
Договорен орган е Комората на извршители на РМ – Скопје, (во понатамошниот текст КИРМ Скопје), со седиште на бул.Илинден бр.60 002-2 1000 Скопје, Р.Македонија, телефон за контакт 00-0000-000 факс 00 0000-000 електронска адреса xxxx@xxxx.xx, контакт лице Xxxxxxx Xxxxxxxxxx.
2. Предмет на Договорот
Предмет на овој Договор е изработка и одржување на Програма за рамномерна распределба на барања за извршување.
3. Рок на испорака
Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска предметот на Договорот, да го испорача во рок од 2 месеци, сметано од денот на склучувањето на Договорот, и ќе има обврска да го достави изворниот код за понатамошно доградување на апликацијата и документацијата (скриптите) за креирање на структурата на базата на податоци до нарачателот на услугата односно Договорниот орган.
4. Начин на плаќање
Плаќањето за изработката на Програмата ќе се изврши на две (2) еднакви рати, од кои првата рата ќе се уплати кога ќе почне тест периодот на програмот, а втората рата кога програмот целосно ќе биде ставен во функција, врз основа на уредно доставена фактура во Архивата на КИРМ.
Плаќањето за одржување на Програмата за рамномерна распределба на барања за извршување ќе се врши месечно, врз основа на уредно доставена фактура во Архивата на КИРМ.
5.Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од - Пополнет образец на Понуда (Прилог 2);
Периодот за достава на понуди е 10 дена од денот на отворањето на Барањето за прибирање на понуди.
Краен рок за поднесување на понудите е 20.05.2016 година, Понудите се поднесуваат електронски на е-маил xxxx@xxxx.xx, пристигнатите понуди по истекот на рокот нема да се земат на разгледување.
Прилог 1:
Техничка спецификација на Програмата за рамномерна распределба на барања за извршување
Комората на извршители на РМ согласно Закон за извршување (Службен весник на РМ бр.72 од 12.04.2016 година) има потреба од Програма за рамномерна распределба на барања за извршување која претставува системско решение за импортирање на податоци доставени од доверителите во форма на ексел табели кој вклучуваат број на предмети за распределување, кој рамномерно треба да се распределат до извршителите на територија на РМ.
Програмата треба да ги има следните карактеристики и можности:
Од страна на вработените во КИРМ:
- Можност за прием, обработка, измени, едитирање (уредување) и дистрибуција на предмети;
- Можност за додавање на нов извршител во подрачје, како и бришење на извршител на кој му престанала должноста,
- Можност за генерирање на извештај на распределени предмети по квартали;
- Можност за генерирање на извештај со број на распределени предмети по доверител;
- Можност за генерирање на извештај на распределени предмети по подрачја;
- Можност за генерирање на извештај на распределени предмети по извршител; Од страна на администраторите да има:
- Можност за креирање, менување и бришење на сервиси и потсервиси
- Можност импортирање на еклел табели пополнети од доверителите;
- Можност за сигнализирање на евентуарли грешки при пополнување на xxxxx xxxxxx од страна на доверителите;
Прилог 2:
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДАТА
Врз основа на Огласот бр. 09-411/1 од 10.05.2016 година за доделување на Договор за изработка и одржување на Програма за рамномерна распределна на предмети, во постапка со барање за прибирање на понуди ја поднесуваме следнава:
1. ПОНУДА
Информации за Понудувачот:
Назив на понудувачот: Контакт информации: Адреса: Телефон: Факс: Е-пошта: Лице за контакт: Одговорно лице: Даночен број:
2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
2.1. Согласни сме да понудиме изработка и одржување на Програма за рамномерна распределаба на барања за извршување:
р.б | Назив | Количина | Цена со ДДВ во денари |
1. | Изработка на Програма за рамноменра распределба на примени барања за извршување | 1 | |
2. | Техничка подршка | 12 месеци | |
3. | Вкупно |
Според тоа, вкупната цена со ДДВ на нашата понуда, за изработка и одржување на Прогама за рамномерна распределба на примени барања за извршување изнесува:
[со бројки],
[со букви]
Датум и место: Oвластено лице: