Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ СО ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ НА ПРАВНИ ЛИЦА - НЕРЕЗИДЕНТИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Со Општите услови за отворање и работење со трансакциски сметки на правни лица - нерезиденти на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отворање, водење, работење и затворање на трансакциските сметки на правни лица - нерезиденти.
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПОИМИ
Одделни поими употребени во Општите услови, Договорот и останатите документи, кои го регулираат работењето со трансакциските сметки на правни лица - нерезиденти, го имаат следното значење:
Банка - Комерцијална банка АД Скопје.
Општи услови - Општи услови на Комерцијална банка АД Скопје за отворање и работење со трансакциските сметките на правни лица – нерезиденти.
Сметка – Нерезидентна сметка трансакциска девизна и/или денарска сметка преку која се вршат наплати и плаќања од трансакции со резиденти, пренос на средства со нерезиденти, како и уплати и исплати во ефективни странски и домашни пари, согласно законската и подзаконската регулатива.
Налог за плаќање/наплата - Налог за плаќање на средства од сметката независен од платните инструменти кои се применуваат во денарскиот и девизниот платен промет. Налогот за плаќање може да биде доставен на хартија или во електронска форма.
Работен ден – Секој ден од понеделник до петок, освен сабота, недела и државни празници и неработни денови согласно законските прописи во РСМ.
Имател на Сметка - Правно лице нерезидент кое во Банката има отворено трансакциска сметка.
Овластено лице / Овластен потписник - Физичко лице кое е овластено да располага со средствата на сметката, врз основа на писмено овластување од застапникот по закон на Имателот на сметка.
Договор - Договор за трансакциска сметка на правно лице – нерезидент, помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметка, со кој се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности помеѓу договорните страни, кои произлегуваат од отворањето и работењето со сметката на правното лице - нерезидент заради вршење на платен промет.
2.ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Банката, Имателот на сметка и Овластените лица, кои се засноваат со потпишување на Договорот и останатата документација.
Одделните работи во платниот промет во земјата и со странство, Xxxxxxx ги извршува во согласност со Општите услови, Договорот, законската и подзаконската регулатива и актите на Банката.
Општите услови се составен дел од Договорот за трансакциска сметка на правно лице нерезидент. Пред склучување на Договорот, на Имателот на сметка Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови.
3.ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Барање за отворање на сметка може да поднесе правно лице нерезидент, регистрирано согласно законските прописи на странска држава, законскиот застапник на нерезидентот или на друго лице овластено од нерезидентот или законскиот застапник.
За отворање на сметката, правното лице нерезидент до Банката треба да ја достави следната уредно пополнета и потпишана документација:
1. Барање за отворање на сметка,
2. За правното лице и неговиот застапник по закон - извод од трговски регистар или друг регистар каде се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот, не постар од 3 (три) месеци во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната земја, преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач, заверена на нотар,
3. За дипломатски претставништва или претставништва на меѓународни организации акредитирани во РСМ - документ издаден од Министерството за надворешни работи на РСМ или решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица од регистарот на Централниот регистар на РСМ во оригинал или копија заверена кај нотар, и нотарски заверено полномошно на одговорното лице во претставништвото,
4. Писмено овластување за лицата кои ќе располагаат со средствата од сметката, потпишано од застапникот по закон, и нотарски заверено,
5. Важечки документ за лична идентификација на застапникот по закон и овластените лица.
Во случај кога Банката не може од презентираните документи под точка 2 да ги утврди застапникот по закон (управувачка структура), назив, адреса, седиште, дејност и основачот/ите и вистинскиот/те сопственик/ци (сопственичка структура), датумот на основање, даночниот број, основачкиот капитал, тогаш правното лице нерезидент задолжително го презентира актот за основање и/или статутот на правното лице во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната земја, или доставува документ од сигурни и независни извори за потврдување на погоренаведените елементи.
Ако документите наведени под точка 2 не се презентирани на македонски јазик тогаш е потребен превод на македонски јазик од овластен судски преведувач, заверен на нотар.
Банката по доставеното Барање одлучува најдоцна во рок од пет работни дена од приемот на Барањето и потребната документација, која треба да биде уредно пополнета и потпишана. По одобрување на Барањето и склучување на Договор, Xxxxxxx ја отвора сметката.
Xxxxxxx има право да го одбие Xxxxxxxx за отворање на сметка, без да ги наведе причините за својата одлука.
Имателот на сметка овластува лица да располагаат со средствата од сметката. Овластувањето може да се однесува и на правото за затворање на сметката.
Банката на Имателот на сметка му издава потписни картони со кои Имателот на сметка определува кои Овластени лица ќе располагаат со средствата од сметката. Потписните картони мора да бидат потпишани со оригинален потпис од лицето кое е застапник по закон на правното лице, или лице овластено од застапникот по закон врз основа на посебно полномошно заверено кај нотар. Доколку документот е заверен од странска институција потребно е да има апостил печат. Потписните картони мора да содржат полно име и презиме (напишано со печатни букви), како и оригинален потпис на Овластените лица кои ќе располагаат со средствата од сметката.
Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметка е должен грижливо да ги чува и користи потписните картони. Банката не сноси никаква одговорност за материјална или било каква друга штета која може да настане за Имателот на сметка како резултат на несовесно или невнимателно чување и користење на потписните картони.
Потписите во Банката важат се до моментот на нивното писмено отповикување во Банката, независно од промената во регистрационите документи на правното лице. Банката не одговара за евентуалните штети кои може да настанат за Имателот на сметката заради ненавремено извршување на промената на овластените потписници.
Банката го верификува потписот на Налогот за плаќање и наплата преку споредба со примерокот од потписот на потписниот картон. Банката може да го врати Налогот за плаќање, за што го известува Имателот на сметка, доколку на налогот не стои потпис соодветен на потписот депониран на картонот и тоа:
1. Налогот е потпишан од неовластено лице, или
2. Налогот е потпишан од овластено лице, но потписот изгледа променето, скратен е, нечитлив и сл.
Налогот за плаќање или наплата може да биде отповикан по телефон само од овластениот потписник. Банката мора да биде писмено известена за отповикување на налогот од страна на овластениот потписник и тоа најдоцна наредниот работен ден.
4. РАБОТЕЊЕ СО СМЕТКАТА
Преку девизната или денарската трансакциска сметка, Имателот на сметка може да врши наплати и плаќања од трансакции со резиденти, пренос на средства со нерезиденти, како и уплати и исплати во ефективни странски и домашни пари, согласно законската и подзаконската регулатива.
Работењето преку сметката ќе се одвива во рамките на расположливото салдо на сметката, односно во рамките на сопствените средства на Имателот на сметката.
Заради извршување на платен промет, Имателот на сметка до Xxxxxxx поднесува уредно пополнет Налог за плаќање или наплата потпишан од Овластено лице, заедно со комплетна документација потребна за извршување на налогот, согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката. Xxxxxxx го задржува правото да побара и дополнителна документација при извршувањето на налозите, согласно меѓународите страндарди, меѓународната пракса, законската и подзаконската регулатива и интерните акти.
Сите платни инструменти кои се користат во денарскиот и девизниот платен промет, а со кои се извршува плаќањето, наплатата, ги пополнува Банката врз основа на податоците наведени во налогот. Копии од платните инструменти со кои е извршено плаќањето се приложуваат со изводот од сметката.
Издавањето на преписи од платните инструменти како и дополнување или промена на дел од податоците во истите се врши на основа на писмено барање доставено од Имателот на сметка, потпишано од овластен потписник. Издавањето на преписи од платните инструменти се наплаќа согласно важечката Одлука за Тарифа на надоместоци за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје.
Имателот на сметка може да ги доставува налозите за плаќање или наплата по факс. Врз основа на претходно дадено писмено овластување за прифаќање на ваквите налози, Xxxxxxx го спроведува плаќањето или наплатата во име и за сметка на Имателот на сметката.
Имателот на сметка може да ги доставува налозите по обична или електронска пошта (e- mail) или преку Интернет банката. Налогот доставен по e-mail мора да биде скениран налог со сите податоци вклучувајќи го и потписот од овластениот потписник. Врз основа на претходно дадено писмено овластување за прифаќање на ваквите налози, Xxxxxxx го спроведува плаќањето или наплатата во име и за сметка на Имателот на сметката (доколку налогот содржи лични податоци потребно е да се обезбеди криптиран трансфер). Инструкциите за плаќање добиени преку е-маил согласно насоките дадени во законската и подзаконската регулатива ќе се сметаат за веродостојни и неспорни. Банката не презема никаква одговорност за евентуални последици настанати од неовластено користење на е-маилот како и злоупотреби од трети страни.
Xxxxxxx го извршува Налогот за плаќање/наплата истиот ден или наредниот работен ден доколку налогот е уредно пополнет, комплетиран со потребната документација и за негово извршување има расположливо салдо на сметката. За извршениот налог за плаќање или наплата Xxxxxxx доставува известување до Имателот на сметката, на начин и во рок меѓусебно утврден и договорен.
Исправноста на налогот ја проверува и утврдува службеникот на Банката.
Доколку на сметката нема доволно средства, како и во случај кога налогот или потребната документација која се доставува во прилог со налогот се неисправни или не содржат доволно податоци, Xxxxxxx нема да го изврши налогот, за што го известува Имателот на сметката.
Банката не сноси никаква одговорност ниту одговара за штета настаната како последица на неисправен налог за плаќање при што под неисправен налог се подразбира налог за плаќање во кој е наведен корисник, сметка или име на фирма или лице кое според евиденцијата на налогодавачот – Имател на сметка не требало да биде корисник на наплатата. Банката не е во можност да ги сторнира ваквите налози. Обврската на
налогодавачот – Имател на сметка е да се договори со корисникот на наплатата за евентуален поврат на средствата на сметката на налогодавачот – Имател на сметка, при што Xxxxxxx нема да навлегува ниту да посредува во односот помеѓу налогодавачот- имател на сметката и корисникот на наплатата.
Кога Xxxxxxx користи услуги на други банки со цел спроведување на инструкции на Имателот на сметката, тоа го прави за сметка и на ризик на Имателот на сметката.
Банката не превзема обврска ниту одговорност за неспроведување на инструкциите кои ги пренела на друга банка, дури и во случај кога превзела иницијатива за избор на другата банка.
Банката овозможува и дополнителни услуги поврзани со работењето со сметката, за што Xxxxxxx и Xxxxxxxx на сметка склучуваат посебни договори.
Застапникот по закон на имателот на сметка може да овласти трето лице кое не е потписник на сметката да подига и доставува документи, налози и изводи поврзани со работата на сметката, со претходно писмено известување до Банката и копија од важечки личен документ за идентификација на овластеното лице. Овластувањето важи до моментот на негово писмено отповикување од застапникот по закон доставено до Банката.
5.ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Имателот на сметка ја овластува Xxxxxxx да располага со податоците наведени во барањето за отворање на сметка и да ги користи во согласност со актите на банката и позитивните законски прописи.
Сите информации што се однесуваат на водењето на сметката и кои произлегуваат од работењето со сметката се од доверлив карактер т.е. претставуваат деловна тајна и истите може да се достават само на Имателот на сметка, на овластен орган во согласност со закон, или на трети лица врз основа на согласност од Имателот на сметка.
Заради заштита на своите интереси, Имателот на сметката е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето на сметката, вклучувајќи го и бројот на сметката, состојбата на сметката, овластените потписници, начинот на располагање со средствата и слично.
6.ИЗВЕСТУВАЊА
Имателот на сметка е должен веднаш да ја извести Xxxxxxx за сите промени во врска со правниот статус, промена на личните и другите податоци на Овластените лица и други податоци кои се однесуваат или се релевантни за водењето и работењето со сметката и се наведени во Барањето за отворање на сметката. Банката не сноси никаква одговорност за штетата настаната заради непочитување на обврската за известување за настанатите промени.
Заради ажурирање на документацијата и идентификација на правното лице – нерезидент, Имателот на сметка е должен најмалку еднаш во текот на 2 (две) години да презентира извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот (во оригинал или нотарски
заверен препис), кој не е постар од 3 (три) месеци и од кој може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање, вклучувајќи и Апликација за идентификација/ ажурирање на клиент правно лице, доколу поинаку не е уредено со интерните акти на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото од Имателот на сметката да побара достава на документација за ажурирање и во пократки рокови од роковите утврдени во претходниот став.
Ажурирањето на документацијата за идентификација на овластените лица се врши веднаш по истекот на рокот на важноста на личната исправа која ја приложиле за идентификација, врз основа на важечка лична исправа.
Xxxxxxx го известува Имателот на сметка за сите промени на состојбата на сметката со доставување на Извод за промените и состојбата на сметката на барање и на начин определен и меѓусебно договорен со Имателот на сметката.
Банката го известува Имателот на сметката за сите трошоци, провизии и надоместоци поврзани со работењето на сметката, со предавање на извадок од Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје на денот на склучување на Договорот.
7.ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Банката го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на Општите услови, Договорот, услугите поврзани со работењето на сметката, Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје, Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје и другите акти на Банката, упатствата и другите документи со кои се регулира работењето на сметката.
За сите наведени промени Банката го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговата сметка или на web-страницата на Банката.
Имателот на сметка е должен да подига извод по секоја промена на состојбата на сметката, а најмалку еднаш месечно, да ја проверува состојбата на сметката и да ги следи известувањата на Xxxxxxx за настанатите промени во работењето. Имателот на сметка се смета за уредно известен за сите промени со самото доставување или подигање на изводот во кој истите се објавени, односно со испраќање на писмено известување на последната пријавена адреса на Имателот на сметка во Банката.
Xxxxxxx нема да одговара за било каква штета настаната во врска со нередовно подигање на изводите од сметката или нередовно следење на промените и состојбата на истата.
Доколку Имателот на сметка не се согласува со одредени промени во условите на работењето со сметката, може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена по завршување на месецот во кој е објавена промената, во спротивно се смета дека Имателот на сметката се согласува со предложените промени и во потполност ги прифаќа.
8. ОГРАНИЧЕНА СМЕТКА
Банката нема да дозволи одлив преку сметката доколку нерезидентот нема да ја обезбеди соодветната потребна документација за ажурирање на податоците согласно точката 3 – Отворање на сметка и точката 6 – Известувања.
Доколку настанат услови за ограничување на девизните средства на тековните сметки на нерезиденти, Банката ги пренесува на посебна ограничена сметка. На средствата на ограничените сметки Xxxxxxx пресметува и припишува камата согласно одредбите од Одлуката за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје.
Со ажурирање на предвидената потребна документација согласно точката 6 (Известувања), се симнува ограничувањето на сметката.
Ограничената сметка може да се затвори на барање на Имателот на сметката со инструкции за еднократен пренос на средствата на неговата сметка кај друга овластена банка во земјата, односно на негова сметка кај странска банка.
9.ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Банката ќе ја затвори сметката на правното лице нерезидент доколку:
- Имателот на сметка достави писмено барање за затворање на сметката,
- Договорните страни го раскинат Договорот по било кој основ,Настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката регулатива и интерните акти на Банката.
Имателот на сметка може во секое време писмено да побара од Xxxxxxx да ја затвори сметката и да го раскине Договорот со отказен рок од 30 дена.
Имателот на сметка е должен да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работењето со сметката и од Договорот, настанати до денот на раскинувањето на Договорот, односно до денот на затворањето на сметката.
Договорот престанува да важи на денот на затворање на сметката. За затворањето на сметката и престанокот на важноста на Договорот, Xxxxxxx го известува Имателот на сметката.
Банката може еднострано без отказен рок да го раскине Договорот и да ја затвори сметката, доколку Xxxxxxxx на сметка не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или интерните акти на Банката со кои е регулирано отворањето и работењето на сметките на правните лица – нерезиденти.