Contract
Осигурување на станови и ствари на домаќинство
Документ со информации за производот за осигурување
Компанија: ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Производ: ЕВРОДОМ
Во овој документ се сумирани клучните информации поврзани со производот за осигурување. Целосните преддоговорни и договорни информации за производот се составен дел од општите и посебните услови за осигурување.
Вид на осигурување
Предмет на осигурување се станбени објекти од масивна градба и ствари на домаќинство кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
Осигурително покритие
Основни опасности:
Пожар;
Удар од гром; Луња;
Град;
Провална кражба и разбојништво;
Одговорност за штети причинети на трети лица; Кршење на прозорски стакла од атмосферски непогоди и од злонамерни дејствија на трети лица;
Злонамерни дејствија на трети лица при вршење на провална кражба и разбојништво;
Трошоци за правна постапка против осигуреникот за причинети штети на трети лица при користење на осигурениот стан;
Провална кражба и разбојништво на готови пари и накит;
Трошоци за нови документи украдени или уништени при провална кражба.
Ограничувања на осигурувањето
За ненаселени станови не е вклучен ризикот провална кражба и разбојништво;
Со осигурената опасност одговорност за штети причинети од трети лица не е вклучен ризикот изливање на вода од водоводна, канализациона и топловодна инсталација.
Исклучени ризици
Индивидуални семејни куќи;
Станови во индивидуални станбени згради; Објекти од мешовита и слаба градба; Викенд куќи;
Составни уреди во зграда; Моторни возила;
Велосипеди со помошен мотор; Ствари во ненаселени објекти;
Останати исклучувања согласно условите.
Територијална важност на осигурувањето
Република Северна Македонија.
Обврски на осигуреникот
Да ги преземе сите мерки потребни да се спречи настанувањето на осигурениот случај. Во случај на настанување на некој од осигурените ризици да преземе мерки во негова моќ, за намалување и евентуално спречување на штетните последици.
Премија за осигурување
Xxxxxxxxxx, однапред.
Почеток и престанок на покритието
Осигурувањето започнува да трае во 24:00 часот во оној ден што е означен како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е платена премија и ако поинаку не е договорено и престанува во 24:00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на престанување на осигурувањето.
Прекин на договорот
Осигурувањето престанува за секој пооделен осигуреник во 24:00 часот, без оглед дали е и колку договореното траење, оној ден кога:
Предметот на осигурување биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот;
Ако предметот на осигурување биде уништен по отпочнување на обврската на осигурувачот, од ризици кои не се опфатени со осигурувањето;
Други случаи предвидени согласно ЗОО.