Contract
Д О Г О В О Р
за културно – образовна соработка склучен на 2023/2024 година помеѓу:
1.ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје, Булевар „Илинденска„ бр. 53 жиро
сметка_785010962878715_ЕДБ_4030973232895_Депонент на Народна банка на Македонија, застапувана од директорот Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска од една страна во својство на давател на јавни услуги во културата и
2. во својство на корисник на јавни услуги во културата.
ДОГОВОРЕНИТЕ СТРАНИ СЕ СОГЛАСИЈА ЗА СЛЕДНОТО
Член 1
Предмет на овој договор е остварување вонучилишна, воспитно – образовна, социјална, забавна и рекреативна дејност на ЈУ Детски културен центар „Карпош„ – Скопје (давател на јавни услуги во културата – во понатамошниот текст Центарот), со деца од предучилишна дејност до 17 години (корисник на јавни услуги во културата - во понатамошниот текст корисник).
Член 2
Користењето на јавните услуги во Центарот се реализираат во музичкиот оддел, хуманитарниот, драмскиот, ликовниот, за меѓународна соработка и спортски активности.
Член 3
Членувањето на корисникот во Центарот и користењето на неговите услуги, се реализира со потпишување пристапница и согласност од родителот – старателот на детето кои се наоѓаат на задната страна од договорот.
Член 4
За користењето на услугите на Центарот, корисникот(дете/родител) на хорско пеење е должен да ги почитува протоколите, да уплати чланарина во износ од 600 денари месечно. Членаринарините траба да се уплаќаат редовно секој месец.Членовите на секцијата за хорско пеење се дел од градскиот хор „ Гласот на децата на Скопје.
Децата треба редовно да доаѓаат на закажаните часови
Член 5
Обврските кои би настанале дополнително, а не се регулирани со овој договор, ќе се регулираат со анекс кон истиот.
Член 6
Центарот еднострано ќе го раскине договорот, доколку корисникот не ја исполни основната обврска од член 4 став 2, односно децата кои нередовно ќе ги посетуваат часовите, нема да бидат понатаму вклучени во изработка на аудио и видео материјал кој ќе биде емитуван јавно на медиуми, радио, ТВ и социјални мрежи, односно не ги почитува протоколите.
Член 7
Овој договор е изготвен во 2(два) еднакви примероци, од кои по 1(еден) за двете договорени страни. Договорот се испраќа електронски и електронски се враќа на инструктор потпишан од родител.
Член 8
Евентуалните спорови договорените страни ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно ќе одлучува надлежен суд.
За Центарот, За корисникот,
Xxxxxxx Xxxxxxxxx Серафимовска Директор
ПРИСТАПНИЦА
Име и презиме на детето: Возраст:
Име и презиме на родител/старател:
Контакт телефон:
СОГЛАСНОСТ
Јас , родител 1*Се согласувам моето дете да посетува часови по хорско пеење и сум согласен да го земам моето дете од просториите на ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје веднаш по завршувањето на часот од секцијата која ја посетува.
2* Се согласувам и одговорен сум моето дете самостојно да доаѓа и да си оди само без придружба, а ЈУ Детски културен центар
,,Карпош’’- Скопје не сноси никаква одговорност во врска со тоа. Изјавувам и потврдувам дека сум запознаен дека ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје не е, ниту се смета по било кој основ за одговорна за заштита на животот, здравјето, добросостојбата и безбедноста на моето дете надвор од деловните простории на центарот, вклучително ниту во однос на заедничките простории(ходници, дворно место, паркинг, лифт/платформа и друго) од зградата каде што се наоѓаат деловните простории на ЈУ Детски културен центар ,,Карпош’’- Скопје.
( се заокружува една од понудените опции)
Ги прифаќам условите и протоколите кои ги нуди Центарот.