Contract
Национална групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ
Бр . 02-1227/2
27.02.2023 год.
С К О П Ј Е
ОПШТИ ОДРЕДБИ ВРЗ КОИ СЕ УТВРДУВА ОДГОВОРНОСТА
Со овие Услови се регулираат меѓусебните права и обврски, помеѓу организатор на превозот на стоки во домашен и меѓународен транспорт, како Осигуреник и АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје како Осигурувач на одговорноста на осигуреникот како организатор на превозот за штети настанати по негова вина, према корисниците на превозот.
Одговорноста на осигуреникот се утврдува според одредбите од овие Услови и:
1. Законот за Договорите за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на РМ бр. 23/2013 од 14.02.2013 со сите подоцнежни измени и дополнувања)
2. Законот за облигациони односи (“Сл.весник на РМ”бр. 18/2001) (со исклучок на одредбите од членовите 704 до 741 Глава ЏВИИ ПРЕВОЗ)
3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки ЦМР (“Сл.весник на РМ”, бр. 8/94)
4. Условите на осигурувачот за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт.
Со овие Услови не е осигурена вондоговорната одговорност на Осигуреникот.
Согласно овие услови, предмет на осигурување не е:
1) општата одговорност која произлегува од дејноста на Осигуреникот (организатор на превоз)
2) одговорноста на Осигуреникот (организатор на превоз) за штети настанати на трети предмети и штети настанати како последица на загадување на средината (еколошки штети) при превоз на опасни материи
Осигурувачот на барање на осигуреникот му издава годишна полиса за осигурување на македонски и англиски јазик, во која е договорена висината на осигурителното покритие по возило на годишно ниво и минималната годишна премија.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Ова осигурување ја покрива одговорноста на:
1.1. Осигуреникот од договорите за фактуриран, извршен превоз на стоки со сопствени возила.
1.2. Странски превземачи во колку истите директно бидат овластени од осигуреникот, а превозот го вршат со сопствени товарни возила и
ако осигуреникот договорно го презема покривањето односно обезбедувањето на ЦМР осигурување за странски преземачи при издавање на налогот за превоз, за што осигуреникот на барање на осигурувачот треба да даде доказ.
Во колку осигуреникот извршувањето на транспортот го пренесе на трето лице (подпреземач), во тој случај постои субсидерална
- додатна осигурителна заштита.
Со овие Услови е осигуран и превозот на стоки каде е потребен посебен режим на температура, како што се ладилници / фриго- контејнери, само од манифестирани транспортни штети (сообраќајка, пожар, експлозија), додека штети настанати од ризикот расипување се исклучени од осигурување, освен во случаите кога расипувањето на стоката е настанато поради пречекорување на рокот на превозот поради дефект на возилото.
Вонконвенциска одговорност не е покриена со ова осигурување.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ
Член 2
1) Ако е договорено осигурување во домашен транспорт, покритието на осигурувањето се однесува само на случаите до кои би дошло на таа територија, односно во границите на Република Македонија
2) Ако е договорено осигурување во меѓународен превоз, покритието на осигурувањето се однесува само на случаите до кои би дошло на територија на Европа, освен ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено.
Територијалното покритие се договара со годишната полиса.
ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
Член 3
(2)Осигурувачот ќе му ги надомести на осигуреникот износите на оштетни побарувања за пријавените - осигураните превози кои тој треба да ги плати по основ на докажана одговорност согласно ставот 1 од Општите одредби на овие Услови.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
(1)Осигурувачот не е во обврска да му надомести штета на осигуреникот иако според законските прописи осигуреникот за тоа е одговорен, а таа настанала како последица на една од следните причини:
1. Лоша намера или груба небрежност.
Осигурувачот не ја надоместува штетата, која настанала поради лоша намера или груба небрежност на осигуреникот и лицата за кои тој одговара.
2. Свесни постапки спротивни на Законот за безбедност во сообраќајот
Управување со возилото под дејство на алкохол, дрога, пречекорување на дозволеното време на сигурно возење и постапување со стоката, претовар, односно преоптоварување, надминување на габаритот на превозното средство и сл, доколку постои причинско-последична врска помеѓу штетниот настан и кршењето на законските прописи.
3. Располагање на стоката.
Ако испраќачот или приемачот одбие да ја преземе стоката, а осигуреникот без согласност на осигурувачот прифати сам да располага со стоката, осигурувачот не го надоместува делот на штетата кој ќе настане од таа причина.
4. Спогодбено договорен рок за испорака
Со овие Услови не е покриена одговорноста на осигуреникот, ако договорениот рок на превоз е пократок од вообичаениот за таква пратка на таа релација, а штетата настанала како последица од неисполнување на договорениот рок.
5. Неисполнување на спогодбата за превоз Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која би настанала ако, осигуреникот заклучил спогодба за превоз па тој превоз не го извршил или поради тоа што се јавил кај корисникот на превозот со задоцнување, а со тоа ја прекршил спогодбата за превоз.
6. Пречекорување на пропишаниот облик и тежина (габарит).
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета, ако осигуреникот пропуштил да ги преземе потребните организациони мерки за превоз на максимално дозволените профили и тежини во јавниот сообраќај, а штетата ќе настане поради непочитување на специјалните сообраќајни прописи за дозволен габарит за сигурен превоз (сообраќајен знак за известување на дозволена висина, ширина и носивост на друмско сообраќајен објект).
7. Осигурувачот не е во обврска да надомести штета доколку Осигуреникот врши превоз на стока која:
1. не е прицврстена на пропишаниот начин за прицврстување на тој вид на стока,
2. се превезува во нечисти транспортни садови,
3. поради превоз на
непрописно/несоодветно или недоволно пакување на стоката, нејзино редење, несоодветна амбалажа,
4. неисправно/несоодветно распоредување на стоката во возилото, што возачот или овластено лице од превозникот е во обврска да го увиди со неговото присуство при натовар/растовар на стоките и да стави забелешка во товарниот лист.
Доколку поинаку се договори и плати доплатна премија, за штети настанати на уредно пакувана стока/товар која е со надворешна амбалажа и поставена на палети заради причините наведени во точка 7) подточка 7.1 и 7.4 од претходниот став, обврсакта на Осигуреникот е лимитирана (под лимит) до 10% од сумата на осигурување наведена во полисата за осигурување и истата преставува максимална обврска за Осигурувачот по предметниот ризик
8. Кражба на стоката
Осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата во случај на кражба на стоката или на дел од стоката што се превезува, доколку:
- возилото со кое се врши превоз на пратката и од кое е извршена кражбата не е оставено на официјално обележано паркинг место наменето за паркирање на таков вид на возила.
- -ако остварувањето на ризикот кражба настанало поради тоа што возилото не било заклучено
9. Употреба на дефектно возило за превоз
Осигурувачот не ја надоместува штетата која ќе настане поради дефектна состојба на возилото употребено за превоз од страна на Осигуреникот или поради погрешна постапка или немарност на лицето од кое го изнајмил возилото.
10. Плаќање на застарено побарување
Осигурувачот не ја надоместува штетата, што ја исплатил осигуреникот без согласност на осигурувачот, ако рокот на плаќање законски е застарен.
11. Фиктивни кусоци.
Со овие Услови не е осигурана одговорноста на разни непојаснети кусоци, кои не се последица на физичка загуба или кражба на пратката. Според овие Услови,
документите за мерење и вагање не се доказ на физичка загуба или кражба на пратките.
12. Превоз на благородни метали
Превоз на благородни метали (ковани или нековани, преработени или непреработени), скапоцени камења и производи од благородни металии од скапоцени камења, хартии од вредност, валути и други скапоцености, освен ако посебно не се пријават и се превезуваат со вооружена придружба и специјални возила.
13. Превоз на поштенски пратки.
Осигурувачот не ја надоместува штета на поштенски пратки, ако ги превезува осигуреникот.
14. Сопствен имот и предмети
Осигурувачот не надоместува штети на сопствена стока на осигуреникот, личен имот на осигуреникот, неговите вработени или лицата кои ги ангажирал.
15. превоз на готови пари, музејски и уметнички предмети, нумизматички филателистички збирки, антиквитети и слични предмети
16. Автомобили кои се превезуваат со специјални возила наменети за превоз на автомобили, освен ако поинаку не се договори
17. Превоз на ствари при преселба
18. Превоз за кој Осигуреникот не наплатил возарина
19. оштетување на стоката настаната како резултат на влегување и престојување во делот каде се превезува осигурениот товар на неовластени лица, без разлика дали превозникот е запознаен со тоа или не, освен ако поинаку не се договори и плати доплатна премија.
Обврската на Осигурувачот за горенаведениот ризик е лимитирана (под лимит) до 10% од сумата на осигурување наведена во полисата за осигурување и истата преставува максимална обврска за Осигурувачот по предметниот ризик.
Под поимот влегување и престојување во делот каде се превезува товатор се подразбира насилно оштетување на церадата, вратата или оштетување/отстранување на пломбата од товарниот простор на возилото преку кои неовластени лица влегуваат во делот каде се превезува осигурениот товар.
20. Осигурувачот се ослободува од обврска за плаќање, доколку осигуреникот не ја изврши обврската за пријавување на пратката (стоката) пред запоцнување на превозот, а во меѓувреме настане штета т.е. се докаже дека осигуреникот е виновен.
21. Осигурувачот се ослободува од обврска за плаќање на евентуално настаната штета, доколку при контрола на деловните книги и евиденцијата на осигуреникот се констатира дека грешките т.е неправилностите во Пријавите влијаат на оцена на ризикот, т.е приемот во осигурување.
(2)Согласно овие услови, осигурувањето не покрива загуба, штета, одговорност или трошоци кои се непосредно или посредно предизвикани и кои произлегуваат како последица на:
1. виша сила (земјотрес, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање земјиште и сл.);
2. атмосферски врнежи (пороен дожд и снег) во случај кога тие предизвикале штета на пратката во превозното средство, а причина за тоа е несоодветно заштитени возила приклучни возила на превозникот поради што дошло до навлегување на вода во возилата и оштетување на осигурените предмети
3. делување на атомска енергија, хемиско, боилшко, био-хемиско или електромагнетно оружје,
4. употреба или операција со било каков компјутер, компјутерски систем, компјутерски софтверски пограм,компјутерски вируси или било кој друг електронски систем како средства кои ја предизвикале штетата;
5. припремна, мобилна и воена состојба, побуни, востанија, политички немири, вооружена кражба, терористички актови од сите врсти и сл.;
6. штрајк (прекин на работа) или запленување;
7. акти на надлежните органи (царина, ветеринарни инспекции и сл.);
8. вина на испраќачот или приемачот;
9. опасности поврзани со превоз на стоката во отворени возила;
10. потполна или делумна загуба или оштетување на стоката поради нејзините природни својства или маани, како (рѓа, корозија, саморасипување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага);
11. разбојнички или други напади;
12. превземени санитарни или дезинфекциони мерки и сл;
13. угинување на живи животни, живина и дивеч при превоз;
14. ако стоката се прима на превоз само под одредени услови - предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испраќачот ги нема преземено пропишаните мерки и внимание;
15. промена на бојата, мирисот и вкусот на стоката, освен во случај на расипување (докажан дефект на термографот) на термокингот од авто ладилници;
16. губење на комерцијалната вредност на стоката, освен поради пречекорување на родот на превозот во случај на дефект на возилото;
17. молци и други штетници;
18. разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стоката.
19. превоз на веќе оштетени предмети
20. оштетување, кусок или загуба на пратката кои се случиле надвор од договореното територијално покритие на осигурувањето
21.(СЕ БРИШЕ)
(3) Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1. „Штета како резултат на заразна болест“ означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена, произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности , како што се:
а) заразно заболување и / или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите
наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од властите или невладини правни лица или физички лица.
без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2.Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство, опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат, тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3. „Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога: а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија, паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и
б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир или контакт, пренесување преку воздух, пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина, течност или гас и
в) болест, супстанција или агенсот може, дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситем на човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или привремено или трајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијае на вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога (1) постапките или одлуките на кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и (2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причина за несакан настан не е препорака, одлука или
мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/-јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш се надоместува под услов да нема покритие за загуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест поради постапките или одлуките на тоа лице.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
Член 5
1. На осигуреникот му е должност да ги избере возачите и/или превозниците и другите помошници за извршување, кои совесно ќе ја обавуваат работата и на истата ќе и посветат внимание, а особено:
1.1. Возилата (како и придружната опрема и прибор) редовно и квалитетно да ги одржува, технички да се исправни и истите да одговараат на намената.
1.2. Возачите континуирано да ги обучува за да ги познаваат обврските и правата што произлегуваат од договорот за превоз, ЦМР конвенцијата, Упатството за користење на Тир карнети, упатствата на осигуреникот и осигурувачот.
1.3. Возачите да ги обезбеди со потребните лични и документи за превоз и средства (дозволи, Тир карнети (доколку го поседува), фактури, упатства и сл.) пред почнување на превозот.
1.4 Совесно да води сметка да секој ангажиран возач поседува возачка дозвола која важи во сите држави низ кои поминува, како и таа да важи за категоријата во која спаѓа возилото со кое се врши превозот
1.5 Совесно да води сметка дека возачот на возилото се наоѓа во добра физичка и психичка состојба, со цел безбедно извршување на планираниот превоз.
1.6 Во меѓународен транспорт за релации подолги од 450 км, за секое возило да има двајца возачи само за Источно- Еврпоските земји.
1.7 По пат на Источно- Европските земји возачите да настојуваат да возат во конвој со други возила и да ноќеваат и да паркираат на јавни паркинзи и царински терминали.
1.8 При натовар и растовар на стоките возачот задолжително да е присутен и да врши правилен квантитативен прием и предавање на стоките,
проверка на амбалажата, редењето и прицврстувањето и растоварот на стоките.
1.5. Ако има недостатоци при натовар и амбалажата да е оштетена да бара испраќачот веднаш да ги отстрани или во спротивно да стави забелешка на товарниот лист за недостатокот при натоварот или растоварот што го вршат други лица.
1.9 Во товарниот лист прецизно, читливо и точно да биде наведена адресата на приемачот на стоката, неговиот телефон. Приемачот треба да има фотокопија на броевите на ЦМР- товарниот лист, Тир карнетот или соодветен царински документ и бројот на пасошот на возачот.
1.10 Да му укаже на возачкиот персонал дека пратките треба да ги испорача само со потврда за плаќање на приемачот ако е предвидено со акредитив.
1.11 По идентифидацијата на приемачот да ја почитува стандардната царинска процедура за да следи дали царинската процедура се извршува во Царината и од надлежни лица.
1.12 По извршената царинска процедура да се заверат товарниот лист и Xxx xxxxxxxx (или друг царински документ) и возачот стоката да ја предаде на правиот приемач со идентификација на магационерот на приемачот со лична карта и со внесување на податоци од истата во товарниот лист како и местото на растовар.
2. Осигуреникот е должен секоја видлива штета за која постои негова одговорност, да ја утврди со записник при предавање на пратката во присуство на приемачот на пратката и возачот и е должен да побара да се документираат констатираните оштетувања и возилото.
Осигуреникот е должен веднаш или најдоцна во рок од три дена од кога ќе дознае, на осигурувачот да му ја пријави секоја штета која по негова оцена го минува износот од 1000 Еур да ги има во предвид дадените упатства на осигурувачот за ангажирање на хавариски комесар за извид и процена на штетата.
3. Осигуреникот е должен да ги преземе сите потребни мерки за спречување и намалување на штетата.
4. Во случај на кражба, измама при прием и предавање на товарот, сообраќајна незгода или насилно влегување и престојување на неовластени лица во делот каде се превезува товарот, Осигуреникот е должен таквиот настан веднаш да го пријави на полиција во најблиското место или на друг надлежен орган и за таквите пријави да му приложи доказ на осигурувачот
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Кај овој вид на осигурување под осигурителна
заштита спаѓаат превози со товарни возила, (камионски, камионски/контејнерски и возила за превоз на стоки каде е потребен посебен режим на температура како што се ладилници/фриго контејнери).
Пред да започне превозот осигуреникот има обврска да го пријави превозот на пратката (стоката) на осигурувачот по телефакс, на е-маил инфоЖоспол.мк и телефонски да го потврди.
Пријавата треба да ги содржи следните податоци:
• Превозното средство и бројот на регистрацијата;
• Датум на поаѓање
• Место на отпрема
• Одредишно место
• Видот на стоката (нормална или стока со ладење)
• Информација - податок дали превозникот има ЦМР осигурување кај осигурувачот или во друго осигурително друштво.
Осигуреникот е должен да води месечна евиденција за сите ангажирани возила за превоз и на осигурувачот да му доставува список на возила кои ќе ги ангажира, до 10-ти во тековниот месец за изминатиот месец.
Премијата за осигурување, осигурувачот ја пресметува на основа месечните пријави за прометот, Табелата за висина на превознината за камионски превоз на стоки утврдена од страна на осигурувачот која се употребува како основица за пресметка на премијата, а која е составен дел на Понудата т.е Полисата за осигурување и пресмиската стапка наведена во полисата, а утврдена во зависност од висината на осигурителното покрите.
Пресметаната премија врз основа на превознината од Табелата за висина на превознина за камионски превоз на стоки, осигуреникот е должен да ја плати во рок од 14 дена од датата на фактурирање, по исцрпување на минималната премија.
Ако осигуреникот не ја плати премијата за осигурување во договорениот рок, осигурувачот се ослободува од обврската за плаќање во случај на настаната штета по вина на осигуреникот.
ПРАВО НА КОНТРОЛА
Член 7
Осигурувачот има право на преглед на деловните книги и евиденцијата на осигуреникот со цел да провери дали правилно и точно се пријавуваат податоците во Пријавата за.осигурување која се доставува на осигурувачот за секој поединечен превоз. Ако констатира грешки во пријавите за осигурување кои влијаат на пресметката на
премијата, осигурувачот пресметува дополнителна премија.
Осигурувачот е должен да ги чува како деловна тајна податоците кои ќе ги сознае при прегледот на деловните книги и евиденцијата на осигуреникот.
КОНСТАТИРАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
Член 8
Осигуреникот е должен секоја видлива штета, која е покриена со осигурување, да ја утврди записнички на вообичаен начин, со учество на приемачот односно корисникот на превозот пред предавање на пратката и за истото веднаш да го извести осигурувачот и да ги почитува неговите упатства.
Осигуреникот е должен да ги превземе сите потребни мерки за спречување, односно намалување на штетата.
Секој случај на кражба на пратката, сообраќајна незгода, пожар или насилно влегување и престојување на неовластени лица во делот каде се превезува товарот Осигуреникот треба веднаш да го пријави на Полицијата и записникот за тоа да му го предаде на осигурувачот.
Доколку Осигуреникот намерно или со крајно невнимание ги повреди обврските од овој член, осигурувачот може да се ослободи од обврската да му ги надомести штетите што ќе настанат поради тоа.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ОШТЕТНО БАРАЊЕ
Член 9
Ако оштетената странка поднесе отштетно барање, осигуреникот е должен веднаш барањето да му го достави на осигурувачот заедно со сите документи и податоци потребни за ликвидација на штета како што се:
• Пријава за штета
• Оштетно барање на оштетеното лице
• Превозни документи (товарен лист, договор)
• Царинска фактура или друг доказ за вредноста на пратката
• Xxxxxxx изјава на возачот за причината и околностите за настанување на штетата
• Записник-хавариски сертификат за процена на штетата
• Докази врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење
одговорност на осигурената страна за настанатата штета
• записник од полиција, ако настанала сообраќајна незгода, кражба на пратката, пожар или насилно влегување и престојување на неовластени лица во делот каде се превезува товарот
• Докази и изјави кои осигурувачот ќе ги побара за појаснување на отштетното побарување.
Ако од околностите за настанатата штета или од поднесената документација не може со сигурност да се утврди одговорноста на осигуреникот за настанатата штета или за нејзината висина, осигурувачот е должен да му даде упатство за правните и други мерки, кои треба да ги преземе со цел да се заштити од недокажани, неосновани или преголеми оштетни барања.
Осигуреникот е должен како добар стопанственик да ги преземе сите потребни мерки со цел да се заштити од неосновани побарувања. За преземените мерки без одлагање треба да го извести осигурувачот.
БАРАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ
Член 10
Осигуреникот е должен пред превземање на било какви дејствија со кои признава обврска за надомест на штетата, да го извести и побара согласност од осигурувачот и да се придржува на неговите упатства.
Ако осигуреникот не постапи спрема одредбите од предходниот став, осигурувачот може да ја одбие исплатата на штетата, целосно или делумно доколку смета дека осигуреникот не бил одговорен за настанатата штета или неговата одговорност е помала од онаа која ја признал.
Одредбите од претходниот став се применуваат и на случаите кога одговорноста на осигуреникот е утврдена во судски или арбитражен спор за кој осигуреникот благовремено не го известил осигурувачот, а осигурувачот ставил оправдана примедба во врска со водење на спорот.
ВИСИНА НА ОШТЕТА
Член 11
Висината на штетата за целосна или делумна загуба на пратките се утврдува според вредноста на предметите и фактурата на продавачот, а доколку таква вредност нема, тогаш по пазарната вредност во време и место на утовар, во границите на законскиот лимит за ограничена одговорност, но максимум до висината на осигурителното покритие.
Надоместот на штета се пресметува во денарска противвредност по среден курс на валутата на
денот на исплатата на штетата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 12
Во случај на штета за која не постои одговорност на осигуреникот согласно овие Услови, а превозот е пријавен и премијата платена, осигурувачот е должен да изврши надомест на штета на осигуреникот во рок од 14 дена по целосното документирање на оштетното побарување и утврдувањето на обврските на осигурувачот.
По истек на рокот од став 1 осигурувачот плаќа законска камата.
БОНУС И XXXXX
Член 13
Врз основа на овие Услови, осигуреникот има право на бонус и малус во зависност од постигнатиот технички резултат кој се утврдува по истекот на 1 (една) година осигурување.
За позитивен меродавен технички резултат до 50% во изминат осигурителен период се одобрува бонус од 5% од техничката премија.
Бонусот се одобрува од договорената и наплатената премија за период од 1 (една) година на осигурување.
Бонусот за изминатиот осигурителен период се одобрува како учество во позитивниот меродавен технички резултат при склучување на осигурувањето за наредниот осигурителен период.
Ако Осигуреникот го промени Осигурувачот, при обнова на полисата му се признава право на бонус ако пред почетокот на важност на новиот договор за осигурување, донесе претходна полиса за осигурувње или потврда издадена од страна на претходниот Осигурувач за немање на штети во претходните години на осигурување. Доколку Осигуреникот не може да обезбеди потврда од претходниот Осигурувач, тогаш во тој случај при склучување на нов договор за осигурување (полиса), Осигуреникот е должен да потпише изјава во која под морална и материјална одговорност ќе наведе дека немал штети во претходните осигурителни години.
Пренос на бонусот не може да се врши кај осигурувањата кои се претходно склучени со скаденца помала од 1 (една) година.
Малус, односно доплатната премија се пресметува и осигуреникот се задолжува со истата по истекот на тековната година ако меродавниот технички резултат изнесува над 100%.
Малусот односно доплатната премија изнесува најмалку:
• 5% ако меродавниот технички резултат е до 120%;
• 10% ако меродавниот технички резултат е над 120%.
ФРАНШИЗА
Член 14
Осигурувачот ќе ја надомести настанатата штета поради сообраќајна незгода, пожар и експлозија без франшиза ако поинаку не е договорено во Полисата за осигурување.
Во случај на погрешно предавање на стоката поради измама на возачите, во случај на кражба на стоката (освен докажана разбојничка кражба) или насилно влегување и престојување на неовластени лица во делот каде се превезува товарот осигуреникот учествува со 20% од настанатата штета.
Во сите други случаи франшизата ќе изнесува во висина на природната загуба (кало, крш, растур) за кој дел согласно законските прописи, узансите и условите за осигурување не одговара превозникот.
РЕГРЕСНО ПРАВО
Член 15
Со исплатата на штетата, на осигурувачот му преминуваат сите права кои осигуреникот ги имал према лицата одговорни за настанување на штетата.
Осигуреникот е должен навремено да ги преземе сите потребни мерки за обезбедување на регресните права кон лицата одговорни за штетата.
Ако Осигуреникот не постапи согласно претходниот став, осигурувачот има право да го намали надоместокот за штета, пропорционално на висината на износот на неоствареното регресно право, или во целост да не го исплати надоместокот за штета.
ЗАБРАНА ЗА НЕТОЧНО ПРИКАЖУВАЊЕ СОДРЖИНАТА НА ДОГОВОРОТ НА
КОРИСНИЦИТЕ НА ПРЕВОЗОТ
Член 16
Со овие Услови е покриена одговорноста на осигуреникот т.е. превозниците за штети на стоки примени на превоз. Поради тоа осигуреникот не смее да истапува према корисниците на превозот дека е осигурана стоката, со што ќе го доведе во заблуда сопственикот на стоката дека со овие Услови наполно се осигурани и неговите
интереси.
Сите штетни последици, кои со вакво тврдење би ги произвел Осигуреникот доведувајќи го корисникот на превозот во заблуда, ќе паднат на негов терет, без било какво право тој да се повика на склучениот Дог вор за осигурување на неговата одговорност врз основа на овие Услови.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 17
Согласно овие Услови, споровите ќе се решаваат спогодбено или пред редовниот суд во местото на седиштето на осигурувачот.
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Член 18
Договарачот, осигуреникот или корисникот на осигурувањето можат да достават приговор до Комисијата за доброволни осигурувања формирана кај осигурувачот.
Договарачот, осигуреникот или корисникот на осигурувањето по извршено постапување од претходниот став, можат да достават приговор во однос на осигурувачот до Агенција за супервизија на осигурување, како орган надлежен за супервизија на друштвата за осигурување.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 19
Составен дел на овие Услови е Табелата за висината на превознината за камионски превоз на стоки потребна за пресметка на премија по ЦМР осигурување кај организатори на превоз.
Правна поука Член 20
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
Датум на примена Член 21
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за осигурениците.