ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА SMS БАНКАРСТВО, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА СМЕТКА ПРЕКУ ФАКС, ГОВОРЕН АВТОМАТ И
ОПШТИ УСЛОВИ
НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА SMS БАНКАРСТВО, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА СМЕТКА ПРЕКУ ФАКС, ГОВОРЕН АВТОМАТ И
ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВОДИ ЗА СОСТОЈБАТА И ПРОМЕНИТЕ НА СМЕТКАТА ПРЕКУ Е-МАИЛ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
1. Општи одредби
1.1. Со Општите услови за користење на услугата SMS банкарство, известување за промена на сметка преку факс, говорен апарат и доставување на изводи за состојбата и промените на денарската трансакциска сметка преку е-маил (во понатамошниот текст: Општи услови) се регулираат сите видови на услуги, начин и услови на користење на SMS услугата за промени на денарската трансакциска сметка (прилив/одлив), известување за промени на денарска трансакциска сметка преку факс или говорен апарат, како и доставување на Изводот за состојба и промени на денарска трансакциска сметка преку е-маил на Комерцијална банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Банка) и се дефинираат правата и обврските за користење на наведените услуги (во понатамошниот текст: Услуга).
1.2. Услугата е информациски сервис на Банката, која им овозможува на правните лица иматели на денарска транскациска сметка да добиваат SMS известувања на својот мобилен телефон за приливи и одливи од денарската трансакциска сметка, известување за промени на денарската трансакциска сметка преку факс или говорен апарат и доставување на Извод преку е-маил дефинирани во точка 4 од овие Општи услови.
2. Корисници на Услугата
Корисник на Услугата може да стане комитент правно лице кое:
- има отворено денарска трансакциска сметка,
- има доставено Барање за користење на Услугите и ги прифаќа Општите услови за користење на услугата
- поседува мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Република Македонија,
- поседува факс апарат во мрежата на овластените оператори на територијата на Република Македонија
- поседува валидна е-маил адреса уредно пријавена во Банката
3. Договарање на услугата
3.1. Банката ќе му овозможи на Корисникот на услугата, користење на сите услуги кои се нудат во Услугата, а Корисникот на услугата самостојно по сопствен избор одредува која услуга сака да ја користи. Со овозможување на некоја од услугите, корисникот се согласува да ги добива и сите други бесплатни известувања за кои Банката не наплатува надомест.
3.2. Корисник на Услугата може да стане секој клиент на Банката кој ќе пополни и потпише Барање за користење на услугата SMS банкарство, известување за
промена на сметка преку факс или говорен апарат, и доставување на Извод преку е-маил.
3.3. Со потпишување на Барањето, прифаќање на Општите услови, како и одобрувањето на Барањето од страна на Банката, се заснова договорен однос помеѓу Банката и Корисникот на услугата.
3.4. Корисникот на услугата со својот потпис на Xxxxxxxx потврдува дека е запознаен со Општите услови и без приговор ја прифаќа нивната примена на овој договорен однос.
3.5. Банката го задржува дискрециското право да го одбие Барањето за користење на услугата SMS банкарство, известување за промена на сметка преку факс или говорен апарат и доставување на Извод преку е-маил.
4. Карактеристики на Услугата
4.1. Услугата SMS банкарство, известување за промена на сметка преку факс или говорен апарат е информациска услуга на Банката, која на Корисникот му овозможува преку SMS известување испратено на неговиот мобилен телефон кој го пријавил во Банката, факс порака испратена на неговиот факс апарат или порака достапна на говорниот автомат, добивање на информации за состојбата и промените на сметката, односно за секоја трансакција на трансакциската сметка.
4.2. Услугата доставување на Извод за состојбата и промените на сметката е информациска услуга на Банката, која на Корисникот му овозможува на предходно доставена валидна меил адреса да добива Извод за состојбата и промените на сметката потпишан со валиден дигитален сертификат од Банката, со кој се потврдува веродостојноста на испратениот документ.
4.3. Известувањата содржат информации кои се во согласност со пополнетото Барање од страна на Корисникот на услугата, за сите износи над 500 денари или над износот определен од страна на Корисникот на услугата, како и други информации кои не се врзани за износ.
4.4. Корисникот на Услугата со пополнување на соодветно поле во Барањето, може да одбере да ги добива известувањата моментално (веднаш по настанување на промената), или во определен временски интервал во текот на денот (однапред дефиниран од страна на Банката).
5. Надоместок за Услугата
5.1. Корисникот е согласен Банката да му наплатува надомест за користење на Услугата во согласност со Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Комерцијална банка АД Скопје.
Надоместокот ќе се наплатува на почетокот на секој месец со задолжување на трансакциската сметка на корисникот на услугата, за користење на Услугата во текот на претходниот месец.
Доколку корисникот на услугата нема доволно средства на својата трансакциска сметка, согласен е Банката, без претходна најава, за наплата на своите побарувања по основ на надоместок за користење на Услугата, да ги употреби постоечките средства на корисникот во Банката по сите основи или тековните и идни денарски и девизни приливи на неговите сметки во Банката.
6. Промена на податоците
Корисникот на Услугата е должен писмено да ја извести Xxxxxxx за:
- промена на бројот на мобилниот телефон,
- промена на бројот на факс апаратот
- губење или кражба на мобилниот телефон (веднаш по губењето или кражбата),
- барање за престанок на Услугата, и
- повторно активирање на бројот за доставување на информации.
Доколку Xxxxxxxxxx не постапи во согласност со став 1 од оваа точка, Xxxxxxx не одговара за штетата настаната заради испраќање на известувања.
7. Заштита на личните податоци и доверливост на информациите
7.1. Сите податоци кои Корисникот на услугата ќе ги достави на Банката се деловна тајна на Xxxxxxx и ќе бидат користени исклучиво за сопствени цели. Времето на праќање на пораката е времето кога пораката го напуштила информативниот систем на Банката. Банката гарантира за доверливоста и интегритетот на податоците до моментот на нивното излегување од информативниот систем на Банката. Банката не сноси одговорност доколку поради технички проблем или привремен прекин во работата на мобилниот оператор, фиксниот оператор или авторизацискиот систем на Банката се случи ненавремено доставување или недоставување воопшто, доколку во Барањето за користење на Услугата, доставил неточен или туѓ телефонски број на кој треба да се доставуваат известувањата согласно користењето на Услугата.
7.2. Банката се обврзува да ги заштити личните податоци за Корисникот на Услугата, согласно законските прописи и интерните акти на Банката.
8. Откажување на Услугата
Корисникот може да ја откаже употребата на Услугата преку пополнување на соодветните полиња во писменото Барање за користење на Услугата.
9. Завршни одредби
9.1. Со доставување на пополнето и потпишано Барање за користење на Услугата на Комерцијална банка АД Скопје и прифаќање од страна на Банката, се смета дека е склучен договор за користење на Услугата, помеѓу Банката и Корисникот.
9.2 Банката може во согласност со својата деловна политика да ги промени условите за користење на Услугата, при што е должна да го запознае Xxxxxxxxxx со измените.
9.3. Корисникот е согласен да биде известен за промената на условите преку изводите на трансакциската сметка, или на други начини кои Xxxxxxx ќе ги определи за известување. Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со промената, може да побара прекинување на користењето на Услугата во рок од 15 дена од денот на објавата на измените во условите. Во тој случај Xxxxxxxxxx е должен на Xxxxxxx да и достави писмено Барање за откажување на Услугата. Во спротивно ќе се смета дека Xxxxxxxxxx е согласен со измените.
9.4. Сите можни спорови, Xxxxxxx ќе настојува да ги реши со Xxxxxxxxxx во духот на добрите деловни односи, а доколку тоа не е можно надлежен ќе биде судот во Скопје