е-mail:skopjetours@t-home.mk www.skopjetours.com.mk
Услови на патување
е-mail:xxxxxxxxxxx@x-xxxx.xx xxx.xxxxxxxxxxx.xxx.xx
L I C E N C A “А“
Патниците можат да се пријават до пополнување на местото во агенцијата.Пријавата се смета за дефинитивна кога е потврдена резервацијата.Потписот на договорот,потврдува дека сте ги прифатиле наведените услови и упатства и дека се сложувате со нив.
1. УПЛАТА
При пријавувањето се уплаќа задолжителна аконтација од 30% од вредноста на аранжманот,а остатокот до полниот износ патникот е должен да го плати во готово или на рати.Доколку не се уплати целокупниот износ на аранжманот согласно договорените рокови агенцијата смета дека патникот се откажал од патувањето.
2. ОТКАЖУВАЊЕ И ПРОМЕНА
Патникот може да го откаже патувањето со прецизирање на оправдани причини,но во тој случај е должен на организаторот
да му надокнади износ во одреден процент од цената на аранжманот и тоа:
Пред поаѓање: За откажување од 21 – 30 дена 15 %
од 15 – 21 дена 30 %
од 08 - 15 дена 60 %
од 03 - 08 дена 80 %
од 00 – 03 дена 100 %
3. ЦЕНИ
Организаторот го задржува правото да ги промени цените без посебна најава, ако дојде до промена на курсот и во случај на промена на цената на автобускиот и друг вид
превоз или други промени на цените на услугите.
4. ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
Патниците се должни да ги подигнат документите 4 (четири) дена пред поаѓање на пат во агенцијата. Секој патник е дол-
жен да поседува патни исправи. Агенцијата не превзема никаква одговорност во случај патникот да го изгуби пасошот
или истиот е неважечки.
5. ДЕВИЗНИ И ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ
Патниците се должни да ги почитуваат сите девизни и царински прописи.Секој граѓанин може да изнесе од земјата денар-
ски средства спрема важечките прописи на денот на патувањето.Странски валути може да изнесуваат сопственици на девизни сметки со потврда од банки.При излегувањето,патниците се должни да ги пријават на царинските службеници предметите кои ги изнесуваат како што се:камери, фото апарати и др.
6. Багаж
Организаторот на патувањето не може да биде одговорен за оштетување или губење на багажот во текот на патувањето.
Сите евентуални побарувања по овој основ патникот може да ги оствари обраќајќи му се директно на превозникот.
7. ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИЗАТОРОТ
Организаторот на патувањето не може да превземе одговорност при патувањето за штетите кои би можеле да настанат
со промена на програмата предизвикана од виша сила.Организаторот го задржува правото да го одложи или целосно да
го откаже патувањето во случај на мал број патници.Во овој случај организаторот му ја враќа на патникот во целост
уплатата во рок од 8(осум)дена од денот на откажувањето.Исто така организаторот може од оправдани причини делумно
да ја промени програмата на патувањето а патниците претходно да бидат известени.Во овој случај доколку патникот сака
да патува по променетите услови не може да бара никакво обештетување.
8. ИНФОРМАЦИИ
Усмените информации добиени во агенцијата не можат да го обврзат организаторот повеќе отколку што е понудено во
програмата.Во случај на спор надлежен е Основниот суд –Скопје.