Брoj
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Брoj
.2019 год.
С К О П Ј Е
Д О Г ОВОР
за стипендија од Трета група -
за студенти на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки
Склучен на ден година помеѓу:
1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, со седиште на ул. „Кирил и Методиј” Бр. 54, 1000 Скопје, претставувано од министерот Xxxx Xxxxxxxx (во натамошниот текст како давател на стипендија) од една страна и
2. од
, со адреса на живеење на xx.
бр. , со ЕМБГ
, студент/ка на Универзитетот
запишан/а во семестар на Факултетот
во студиската 2020/2021 година, со број на индекс , (во натамошниот текст како корисник на стипендија) од друга страна.
Член 1
Предмет на овој договор е обезбедување и користење на стипендија за студент кој е запишан на додипломски студии во јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година, од Втора група – Стипендија за талентирани студенти, со бр. 19-12839/1 од 13.11.2020 година, утврдувањето на износот на стипендијата и регулирањето на правата и обврските на договорните страни.
Член 2
Давателот на стипендијата согласно Конкурсот од членот 1 на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од 3.300 денари, за периодот додека трае наставниот период во академската година, сè додека корисникот ги исполнува условите од членот 4 на овој Договор.
Член 3
Давателот на стипендијата се обврзува стипендијата од член 2 од овој договор да ја исплаќа на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Член 4
Корисникот на стипендија се обврзува:
1. Редовно да ги запишува семестрите, односно годината на студиите, да има остварен просечен успех од најмалку 7,00 и положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години и да дипломира во рокот предвиден со статутот на високообразовната установа каде се школува.
2. На почетокот на секоја студиска година, најдоцна до 30 октомври , до давателот на стипендијата да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успехот и бројот на положени испити од претходните години и индекс на увид, до завршувањето на додипломските студии.
3. Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото на стипендија, како што се: промена на факултет, насока, отсек, прекинување на понатамошно школување, добивање стипендија или кредит од друга установа или фирма, дипломирање, студиски престој во странство, како и други промени, должни се за тоа да го известат давателот на стипендијата најдоцна во рок од 30 дена од денот кога настанала промената.
4. На денот на потпишувањето на договорот да достави број на трансакциска сметка- резидентна, од банка во Република Северна Македонија на која давателот на стипендијата ќе врши исплата на средствата од член 2 од овој договор.
Член 5
Давателот на стипендијата може да го раскине договорот доколку корисникот на стипендија не ги исполнува обврските од член 4 од овој Договор, го промени факултетот или насоката за кои се доделува стипендијата, не ги достави навремено потребните документи, не постигне просечен успех согласно Конкурсот и нема положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години.
Член 6
Во случај на спор странките се согласни по истиот да решава Основниот суд Скопје II Скопје.
Член 7
Овој договор е составен во три еднообразни примероци, од кои два за давателот на стипендијата и еден примерок за корисникот на стипендијата.
Договорот се смета за склучен откако ќе го потпишат договорните странки.
ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА МИНИСТЕРКА, Xxxx Xxxxxxxx | КОРИСНИК НА СТИПЕНДИЈА (име и презиме) |
Изготвил: Прегледал: Одобрил: