Contract
Бр. Скопје,
РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТЕЖНИТЕ УСЛУГИ
Склучен во на ден , помеѓу:
1. ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д. Скопје со седиште во Скопје и адреса на ул. Xxxxx Xxxxxx бр. 14 Скопје, регистрирана во Централен регистар на Р.Северна Македонија-Трговски регистар со ЕМБС 4558669, ЕДБ: 4030993261735, Број на сметка: 250000000000111, Свифт адреса: XXXXXX00, Веб-страна: xxx.xxxxxxxxx.xx, Е-пошта: xxxxxxx@xxxxxxxxx.xx, Телефон за контакт: 02/ 15 050 Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), Платни системи во кои учествува Банката – КИБС, МИПС, Visa и Mastercard работејќи преку својата експозитура во градот <OEBaranje>, претставувана од овластеното лице
......................................................., во понатамошниот текст “Давател на платежни услуги/Банка“ и
2. , со адреса/седиште на xx. , XXXX/xxxxxxx
број/ЕМБС од
, е-пошта: ---------------- претставуван
во натамошниот текст: “Корисник на платежни услуги/Корисник“
I. ПРЕДМЕТ
Член 1
(1) Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Давателот на платежни услуги и Корисникот на платежни услуги во врска со извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции како и условите за отворање, одржување и затворање на платежна/и сметка/и, издавање и користење на дебитна картичка поврзана со платежна сметка, издавање и користење на кредитна картичка и услуги на електронско/мобилно банкарство.
(2) Со потпишување на овој Рамковен договор, Корисникот на платежни услуги потврдува дека ги примил, прочитал, ги разбрал и се согласил со следните Прилози кои се составен дел на овој Рамковен договор:
• Општи правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за физички лица
• Општи правила и услови за платежна сметка и платежни услуги за правни лица
• Барање за платежна сметка и платежни услуги, во натамошниот текст: ”Барање”
• Барање за издавање и користење на кредитна картичка
• Одлука за надоместоци за физички лица
• Одлука за надоместоци за правни лица,
(3) Доколку Корисникот на платежни услуги е и корисник на дебитна картичка, кредитна картичка, мобилно и/или електронско банкарство покрај Прилозите набројани во став 2 од овој член Рамковниот договор ги вклучува и:
• Општи правила и услови за издавање и користење на дебитни картички на физички лица
• Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Bussines дебитна картичка
• Општи правила и услови за издавање и користење на кредитни картички за физички лица
• Општи правила и услови за издавање и користење на Master Card Business кредитна картичка
• Општи правила и услови за електронско банкарство
• Општи правила и услови за користење на пакети на физички лица
• Општи правила и услови за користење на пакети на правни лица
(4) Договорните страни се согласни со правото на Давателот на платежни услуги да врши ажурирање на Прилозите наведени во став 2 и 3 од овој член, без да се склучи Xxxxx кон овој Договор, а ажурираните верзии да бидат достапни во електронски облик на видно место на веб страната и во печатена форма во експозитурите на Давателот на платежни услуги.
(5) Со потпишување на овој Договор, Корисникот на платежни услуги потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор ги примил, прочитал, разбрал и се согласил со условите од:
- прилозите од став 2 и 3 од овој член
-информативниот документ за надоместоци за услугите сo стандардизирани термини и дефиниции од листата на најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка на НБРСМ и надоместоците за услугите кои Давателот на платежни услуги ги дава;
-поимникот што ги содржи стандардизираните термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги поврзани со платежна сметка на НБРСМ.
-НАЦРТ Xxxxxxxx договор и дека пред склучувањето на овој Договор бил запознаен и согласен со условите од Прилозите кои го сочинуваат овој Рамковниот договор.
(6) На барање на Корисникот на платежни услуги по отворањето на платежната сметка, Xxxxxxx може да му одобри и издаде на Корисникот кредитна платежна картичка за што Xxxxxxx и корисникот ќе склучат посебен договор со кој детално ќе бидат уредени правата, обврските, роковите, каматните стапки и другите услови релевантни за тој договорен однос.
(7) По отворањето на платежната сметка Банката може да му одобри на Корисникот дозволено пречекорување на салдото на неговата платежна сметка до износ, под услови, рокови, каматни стапки, начини и други услови утврдени со посебен Договор за користење на дозволено пречекорување по платежна сметка кој Банката го склучува со Корисникот.
(8) Банката дава и платежна услуга Прифаќањето на платежните картички на продажни места како начин на плаќање на стоки и услуги за што Банката и Корисникот на платежни услуги може да склучуваат посебен договор со кој ќе се уредат правата, обврските и одговорностите на договорните страни.
II. БАРАЊЕ
Член 2
(1) Договорните страни се согласни Корисникот да ги користи платежните услуги кои ги дава Банката согласно Барање доставено од Корисникот и прифатено и одобрено од страна на Давателот на платежни услуги. Овие Барања Банката ги регистрира по хронолошки редослед. Давателот на услуги има право да не прифати Барање од Корисник на услуга за што соодветно го информира Корисникот на услуга на начин уреден во соодветните Општи правила и услови и важечките прописи.
III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
(1) Банката како давател на платежни услуги:
- се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи платежните услуги наведени во прифатеното Барање;
- се обврзува да отвори, да одржува и затвори платежна сметка со единствена идентификациона ознака во согласност со условите уредени во овој Рамковен договор, Општите правила и услови, интерните акти на Банката и важечките прописи;
- се обврзува да извршува исправни платни налози доставени од Корисникот во согласност со соодветните Општиправила и услови и важечките прописи и има право да одбие да изврши платен налог или да ја иницира платежната трансакција за што го известува Корисникот на платежни услуги, за причините за одбивање и за постапката за исправка на грешките кои довеле до одбивање на платниот налог, освен ако давањето на информациите е забрането со закон;
- се обврзува да го информира Корисникот за промените на платежната сметка на начин уреден во соодветните Општи правила и услови
- се обврзува да врши други услуги доколку се исполнети условите од соодветните Општи правила и услови;
- има право да пресмета и наплати од Корисникот на платежните услуги надоместоци за платежни услуги кои му ги дава согласно овој Договор, Барањето и Општите правила и услови
- дава информации и става на располагање информации за Корисникот на платежни услуги на начин утврден во Општите правила и услови и согласно важечките прописи;
- има право само заради наплата на надоместоци и провизии да дозволи премолчено должничко салдо на платежната сметка на корисникот на платежни услуги под услови дефинирани во соодветните Општи правила и услови и да му стави на располагање на корисникот на платежните услуги парични средства во износ што го надминува тековното салдо на неговите парични средства на платежната сметка и со ова премолчено должничко салдо Корисникот не може да располага;
(2)Корисникот на платежни услуги:
- има право да доставува уредно пополнет платен налог до Давателот на платежни услуги во хартиена форма или во електронска форма по пат на мобилно или електронско банкарство во согласност со соодветните Општи правила и услови;
- се обврзува да го почитува терминискиот план за работа на Xxxxxxx;
- се обврзува да располага со средствата на платежната сметка лично или преку овластено лице во согласност со важечките прописи, овој Рамковен договор и соодветните Општи правила и услови;
- има право на комуникација со Давателот на платежни услуги на начин предвиден во овој Рамковен договор и Општите правила и услови;
- има обврска да го користи платниот инструмент и платежната услуга во согласност со условите и одредбите од овој Рамковен договор, Општи правила и услови и во согласност со важечките прописи;
- има обврска навремено да ги подмирува сите обврски кон Банката.
(2) Правата и обврските на договорните страни се детално уредени во овој договор и Прилозите наведени во член 1 став 2 и 3 од овој Договор.
IV. НАДОМЕСТОЦИ, КАМАТНИ СТАПКИ И ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ
Член 4
(1) За платежните услуги кои Банката му ги обезбедува на Корисникот, му пресметува и наплаќа надоместоци, трошоци, провизии и одобрува камата во висина, во рокови и на начин согласно Одлука за надоместоци за физички лица, Одлукатата за надоместоци за правни лица за услугите што ги врши Банката, Одлука за каматни стапки на Банката и Општите правила и услови.
(2) За секаков вид на платежна трансакција кој опфаќа купопродажба на девизи и ефективни странски пари Банката постапува согласно соодветните Општи правила и услови и важечките прописи.
V. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
Член 5
(1) При користење на платежната сметка, дебитна платежна картичка и Услуги на електронско / мобилно банкарство, Корисникот се обврзува да ги применува заштитните и корективните мерки предвидени во соодветните Општи правила и услови и во применливите прописи.
(2) Одговорноста за неавторизирани платежни трансакции се утврдува согласно Општите правила и услови и применливите закони.
VI. ВРЕМЕТРАЕЊЕ, ИЗМЕНИ, ДОПОЛНУВАЊА И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Член 6
(1) Овој Договор се склучува на неопределено времетраење и неговата важност може да престане само под услови предвидени во овој Договор или во важечките законкси и подзаконски прописи.
Член 7
(1) Сите измени и дополнувања на овој Договор и прилозите кон него, Xxxxxxxxx на платежни услуги ќе му ги предложи на Корисникот на платежни услуги најдоцна 2 (два) месеци пред датумот на нивната примена на начин уреден во Општите правила и услови.
(5) Промените во висината на каматните стапки и девизниот курс се применуваат веднаш, без претходното известување од став 1 на овој член, доколку промените се прават врз основа на менување на договорената референтната каматна стапка и/или референтниот девизен курс. Давателот на платежни услуги ќе го извести Корисникот на платежни услуги за промените во висината на каматната стапка на начин утврден во Општите правила и услови.
Член 8
(1) Корисникот на платежни услуги и Давателот на платежни услуги имаат право да го раскинат овој Договор под услови, на начин и рокови утврдени во Општите правила и услови.
(2) Корисникот на платежни услуги и Давателот на платежни услуги имаат право да го откаже користењето на платежна услуга (користење на дебитна картичка, користење на електронско/мобилно банкарство) на начин, под услови и рокови утврдени во соодветните Општи правила и услови.
(3) Во случај на раскинување на Рамковниот договор и затворање на платежната сметка или откаже користењето на платежна услуга Давателот на платежни услуги ги наплатува надоместоците во висина која е сразмерна на периодот до раскинување на Рамковниот договор, односно до користењето на откажаните платежни услуги.
VII. ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
Член 9
(1) На платежните услуги кои се предмет на овој Рамовен договор се применуиваат одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи, Закон за девизното работење, Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за облигационите односи, Законот за заштита на личните податоци како и други важечки закони во Република Северна Македонија.
(2) Договорните страни се согласни, сите евентуални спорови од овој Договор да ги решаваат спогодбено, а доколку во тоа не успеат споровите ќе ги решава надлежниот Основен суд во Скопје.
Член 10
(1) Доколку Корисникот на платежни услуги смета дека Давателот на платежни услуги не се придржува кон своите обврски за информирање во врска со платежни услуги, не ги исполнува своите обврски за давање на платежни услуги, односно не му овозмужување користење на платежни услуги согласно овој Рамковен договор и ЗПУПС има право да поднесе приговор во писмена или електорнска форма до Давателот на платежни услуги.
(2) Давателот на платежни услуги на Корисникот на платежни услуги ќе му достави одговор на приговорот од став 1 од овој член во писмена или електронска форма во рок од 15 работни дена, сметано од денот на приемот на приговорот.
(3) Доколку Давателот на платежни услуги не може да одговори во рокот од став 2 од овој член поради причини кои се надвор од негова контрола ќе го извести Корисникот на платежни услуги за доцнењето на одговорот со јасно наведување на причините и за рокот до кој Корисникот на платежни услуги ќе го добие одговорот, а кој не може да биде подолг од 35 работни дена од денот на приемот на приговорот.
(4) Корисникот на платежни услуги, кој поднел приговор согласно став 1 од овој член и не е задоволен од добиениот одговор или пак не добил одговор во рамки на договорениот рок, може да поднесе поплака до Народна банка на Република Северна Македонија.
(5) Поплаката до Народната банка може да биде поднесена непосредно во архивата на Народната банка, по пошта со препорачана достава или во електронска форма со употреба на средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги.
(6) Поднесувањето поплака до Народната банка не го исклучува или ограничува правото на Корисникот на платежни услуги, да поведе судски спор со Давателот на платежни услуги, заради заштита на своите интереси.
(7) Во врска со можноста за решавање на споровите меѓу договорните страни кои произлегуваат од овој Рамковен договор во вонсудска постапка, договорните страни се обврзуваат да постапуваат согласно релевантните важечки прописи и подзаконските акти.
VIII. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 11
(1) Корисникот на платежни услуги се обврзува да го извести Давателот на платежни услуги за настанати статусни промени и/или друг вид на промени на податоци во рок од 7 (седум) дена од настанатите промени. Корисникот на платежни услуги се обврзува да го извести Давателот на платежни услуги за секоја промена на личните, адресните, како и податоците за контакт (телефон и е-пошта).
(2) Корисникот на платежни услуги се обврзува за секоја настаната промена на овластените лица за располагање
со средства на платежната сметка и на лицата овластени за достава на платните инструменти и/или подигнување на изводи да го извести Давателот на платежни услуги и да достави соодветни документи за извршената промена. За евентуално настаната штета на Корисникот на платежни услуги заради ненавремено известување од страна на Корисникот на платежни услуги, Давателот на платежни услуги нема да сноси одговорност.
(3) Поради потребата од ажурирање на документацијата кај Давателот на платежни услуги, Корисникот на платежни услуги е обврзан на барање на Давателот на платежни услуги да презентира соодветна документација
(4) Ажурирањето на документацијата за секој Корисник на платежни услуги, Давателот на платежни услуги ќе го спроведува на редовна основа, при што Корисникот на платежни услуги е должен да го извести Давателот на платежни услуги доколку има промени во податоците, како и да ги достави бараните документи на барање на Давателот на платежни услуги.
(5) Во случај Корисникот на платежни услуги, на претходно Барање од Давателот на платежни услуги, да не ја достави побараната документација за ажурирање на сметката, Давателот на платежни услуги ќе го ограничи работењето со сметката, се до доставувањето на побараната документација од Корисникот на платежни услуги. Заради ажурирање на документацијата и идентификација на правното лице, Корисникот на платежни услуги е долженпри промени или на барање на Давателот на платежни услуги, да презентира извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот (во оригинал или нотарски заверен препис), кој не е постар од 6 (шест) недели и од кој може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање, како и друга потребна документација согласно позитивните законски и подзаконски прописи и актите на Давателот на платежни услуги.
Член 12
(1) Xxxxxxxxxx на платежни услуги изрично изјавува и се согласува дека Давателот на платежни услуги е овластена во негово име и за негова сметка, врз основа на овластувања дадени во овој Договор, да издава платни инструменти на товар на средствата на неговите сметки кои тој ги има кај Давателот на платежни услуги по било кој основ, како и на товар на неговите идни приливи, а заради пренесување на истите на сметка на Давателот на платежни услуги, со цел да ги наплати доспеаните, а не наплатени обврски кон Давателот на платежни услуги по сите основи.
(2) Доколку Корисникот на платежни услуги се стекне со право на пензија согласен е Давателот на платежни услуги на првиот работен ден во месецот да изврши префрлање на аванс во висина на износот на пензија согласно пресметка добиена од ФПИО за претходниот месец. Во моментот на фактичкото одобрување на преносот на средствата по основ на пензија од страна на ФПИО, Давателот на платежни услуги има право од одобрените средствата по основ на пензија од страна на ФПИО да ги затвори своите побарувања кон Корисникот на платежни услуги по основ на веќе исплатениот аванс за пензија. За сите евентуални разлики од одобрениот износ на првиот работен ден во месецот до реалниот прилив по основ на пензија исплатен од ФПИО, Корисникот на платежни услуги е изрично согласен и ја овластува Давателот на платежни услуги да изврши задолжување или одобрување на неговата сметка.
Член 13
(1) Двете договорни страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраење на Договорот, како и по неговото раскинување или откажување, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат.
Член 14
(1) Давателот на платежни услуги ќе обезбеди заштита на личните податоци за Корисникот на платежни услуги и Овластените лица согласно законската регулатива, односно важечките прописи. Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите на личните податоци и во случај и на начин предвиден со овој Договор, закон или друг пропис.
Член 15
(1) Корисникот на платежни услуги изричито е согласен и го овластува Давателот на платежни услуги, податоците во врска со овој Договор, вклучително и личните податоци, да ги обработува во рамки на банкарското работење како и да ги стави на увид на овластени лица во Давателот на платежни услуги или на трети лица, во сите случаи предвидени со Законот.
(2) Со потпишување на овој Договор како клиент на Давателот на платежни услуги која е дел од Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, Корисникот на платежни услуги e свесен и согласен податоците кои се собираат и обработуваат од страна на Давателот на платежни услуги, а се однесуваат на воспоставувањето на деловниот однос со Давателот на платежни услуги, да може да бидат пренесувани во другите членки на групацијата. Податоците кои ги покрива оваа согласност може да ги вклучуваат следниве податоци, но не се ограничуваат на истите, и тоа:
• Сите деловни податоци во врска со Корисникот на платежни услуги кои се доставени до Давателот на платежни услуги или во иднина ќе станат познати за Давателот на платежни услуги во текот на спроведување на деловниот односи;
• Сите податоци кои се однесуваат на секој деловен однос со Давателот на платежни услуги (особено името, видот на правното лице, адреса, сопственичката структура, земја на живеење/потекло, проценето ниво на ризик, банкарски односи);
• Податоци за одобрени кредити, вклучувајќи ги и нивните услови; склучени финансиски термински договори/трансакции; тужби; прекршување на договори; мерки за спроведување, обезбедување и слично;
• Најновите годишни финансиски извештаи, како и на соодветните анализи на овие податоци;
• Структурата на групацијата во која припаѓа компанијата (доколку е применливо).
(3) Договорните страни се согласни Давателот на платежни услуги да ги обработува личните податоци на корисникот на платежни услуги за цели на директен маркетинг единствено по добивање на претходна писмена согласност за тоа издадена од истиот.
(4) Со потпишување на овој Договор корисникот на платежни услуги дава и важечка и неотповиклива согласност, доколку Xxxxxxxxx на платежни услуги во било кое време и од било кои извори на податоци, идентификува постоење на US индиции за сметката кои се релевантни за FATCA:
• Да побара дополнителни информации кои ќе се потврдат со докази и документација;
• Да ја затвори сметката, без дополнителни известувања, доколку не бидат обезбедени бараните информации и документација од страна на Клиентот во предвидениот рок од 90 дена. Доколку постои салдо на сметка истото ќе биде пренесено согласно: i) добиените инструкции од клиентот ii) на трансакциска сметка во друга банка или iii) на времена сметка на Давателот на платежни услуги, односно согласно важечката законска регулатива;
да ги обработува и пренесува личните податоци на Клиентот во странство за целите на известување, како и да ги спроведе сите задржувања, согласно регулативата (локална и FATCA).
Член 16
(1) За се што не е предвидено со овој договор ќе важат Законот за платежни услуги и платни ситеми, Законот за девизно работење, други законски прописи, подзаконски акти и интерните актите на Давателот на платежни услуги.
(2) Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна. По исклучок, Договорот може да биде составен во 4 (четири) примероци, 2 (два) на англиски јазик и 2 (два) на македонски јазик од кои по 2 (два) за секоја договорна страна, при што во случај на неусогласеност верзијата на македонски јазик е преовладувачка.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
ДАВАТЕЛОТ НА КОРИСНИКОТ НА
ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
Назив / Име и презиме: |
Своерачен потпис: |
ДАТУМ: ГОДИНА
Изготвил: | <ImeReferenta> |
Проверил: |