Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување на имотот на електростопанските претпријатија
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 27.06.2012 година и со одлука бр.011/12 се применуваат од денот на донесувањето.
I ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на осигурување
(1) Основните средства на електростопанските претпријатија (производство, електропренос, дистрибуција на електрична енергија и останатите дејности) се осигурени по овие Посебни услови од пожар и некои други опасности како и од кршење машини и некои други опасности.
Предмет на осигурување можат да бидат и средствата земени на услуга ако не се осигурени. Овие средства се осигурени со денот на прифаќањето на понудата за осигурување.
Средства кои се изработени или набавени после склучување на осигурувањето и спаѓаат во групата на осигурените средства, се сметаат автоматски осигурени од моментот на преоѓањето на ризикот на осигуреникот.
(2) Од опасности од пожар и некои други опасности осигурени се сите ствари освен оние кои со овие Посебни услови се исклучени од осигурување.
(3) По овие Посебни услови не можат да бидат предмет на осигурување:
1. Земјишта, непоплочени дворови, брани, насипи и насипани брегови кои не се изградени од камен, бетон, метал и насипани со земја со непропустливо јадро и кои не се обложени со цврст материјал (камен, бетон и сл.) од водната страна;
2. Моторни и копнени возила, воздушни летала, приколки, самоодни машини, освен оние кои се движат во кругот на претпријатието и служат како помошни средства за работа без излегување на јавен пат, пловни објекти на вода;
3. Стока во превоз,освен превозот во кругот на претпријатието, односно во кругот на нејзините делови без излегување на јавен пат, риби и други животни во истечни и неистечни води, предмети изложени на саеми, пазари, непечени тули на отворен простор.
(4) Од кршење машини осигурени се сите машини, машински делови, електрични уреди и нивните полнења, апарати и инсталации.
Подвижни машини (самоодни и несамоодни), далновод- комплет, кабловски водоводи од висок напон, ТТ линии, механичка опрема кај електраните, опремата на жичарите, цевководи,гасоводи,нафтоводи, топловоди, пароводи,водна и канализациона мрежа, антенски столбови, метални силоси и слично, транспортни уреди и друго, полнења (работен медиум)на осигурените машини и уреди, како и постољата , лежиштата, темелите,кога нивната вредност е содржана во вредноста на осигурените предмети, маслото во парните турбини.
(5) По овие Посебни услови не можат да бидат предмет на осигурување од кршење машини и ако нивната вредност е содржана во осигурениот предмет.
1. Алати кои служат за обработка на матерјалите, вадење на струготини (како ножеви, глодала и бургии), тестери, брусни камења и сл (ножеви,ножици и сл.) и со деформации, лиење и обликување (како матрици,патрици,кокили, колани и слично) и алати за стегање до колку не се составен дел на машината и до колку не се водат како основни средства;
2. Делови на машините кои служат за кршење и ситњење (како топки, кугли, ударни чекани, плочи на млинови, челични и работни плочи на дробилица);
3. Делови на машини кои се изложени на директно термичко влијание:
• облоги на садовите, уредите за согорување, решетки и ложишта, горилници-пламеници, електро-отпорни грејачи, електроди кај индустриските печки,садови за сипување и топење на метали;
• облоги на печки, ако поинаку не се договори;
4. Делови на машини: сите, релефни и други заменливи облоги на валците, валци, облоги на гребени- чешљути, оклоп на млинови,
флексибилни цевки, ремени, четки, обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички матерјал), влошци на филтер, филтер платна, средства за термичка изолација, освен на топловодите и пароводите и заптивање, делови на спојници изложени на брзо трошење (гумени прстени, ламели и сл) и преносни гумени кабли;
5. Експлоатациски матерјали како: гориво, мазиво, разладни средства, хемикалии, средства за чистење) сијалици, јавни расветла од сите видови освен од удар на страно тело во столб и слично;
6. Xxxxxxx и јажиња;
7. Ленти, синџири и јажиња на транспортните уреди,до колку посебно не се договори;
8. Катализатори.
Член 2
Осигурување ризици (опасности) од пожар и некои други опасности
(1) Со осигурувањето по овие Посебни услови се дава осигурителна заштита од следните ризици:
1. Пожар и удар на гром;
2. Експлозии, освен експлозии од нуклеарна енергија, доколку поинаку не се договори;
3. Луња;
4. Град;
5. Излевање на вода од водоводни и канализациони цевки;
6. Од удар на сопствено моторно возило, со сопствена работна машина во осигурениот градежен објект;
7. Паѓање на воздушни летала од сите видови;
8. Манифестација и демонстрација;
9. Поплави, порој, восоки и подземни води , поради високиот водострој на водата во реките и езерата;
10. Лизгање, слегнување и одронување на тлото;
11. Снежни лавини;
12. Подпокување од надворешната страна на хидроградежните објекти; 13. Притисок на водата предизвикан од поплава на каналите, тунелите и цевководите;
14. Ако посебно се договори и пресмета дополнителна премија, осигурителната заштита се проширува и на дополнителниот ризик од самозапалување на залихи и истечување на течности.
(3) Кога ќе се оствари осигурен случај став (1) на овој член, со осигурување се покриени:
1. Штетите од оштетување или уништување на осигурените ствари предизвикани при спасување (рушење,изнесување, укажување на помош и слично) поради настанатиот осигурен случај;
2. Штетите поради исчезнување на осигурените ствари при настанување на осигурениот случај;
3. Трошоците направени за расчистување и рушење во врска со настанатиот случај на осигурените ствари;
4. Трошоците кои осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај на осигурените ствари за мерките преземени поради отстранување и намалување на штетите во висина според член 22 од овие Посебни услови; и
5. Осигурувачот е во обврска да исплати надоместок само во случај на непосредни штети на осигурената ствар, а не и непосредно штетата, како што е штета поради загуба на закупнина, загуби предизвикани со престанок на работа, намалена можност и употреба поради други слични загуби поради настанатиот осигурен случај.
Член 3
Обем на опасност од пожар и удар на гром
(1) Пожар, во смисла на овие Посебни услови се смета оган настанат надвор од одредено огниште или оган кој ова место го напуштил и е
способен и понатаму да се развива со своја сопствена сила.
(2) Не се смета дека настапил пожар и осигурувачот не е во обврска да плати надоместок, ако осигурената ствар е уништена или оштетена:
1. Поради излегување на корисниот огин или топлина заради обработка или во друга намена ( на пример: во индустриската преработка при глачење, сушење,пржење,печење и сл.), или поради паѓање или фрлање во огништа (печка, шпорет и сл.);
2. Со осмадување (подгорување), опрлување или со прегорување од цигара, цигари, справи за осветлување (жар, жарчиња) и сл;
3. Поради вриење или затоплување, варење, чадење, и сл.
(3) Со осигурување од опасност од пожар на се опфатени штети на оџаците настанати во врска со вршењето на нивната нормална функција.
(4) Со осигурување од удар на гром, во смисла на овие Посебни услови се покриваат штети кои на осигурените ствари ги предизвикал гром со делување на сила или топлина, како и штети од удар на предмети соборени од громот.
(5) Со осигурувањето не се опфатени:
1. Штети на осигурените електрични постројки, апарати (вклучувајќи ги и апаратите за готвење, пеглање, греење на кревети, радио апарати, телевизиски приемници, лампи,сијалици и сл.), или електрични водови поради делување на електрична енергија,пренапон или загрејување поради преоптоварување, атмосверски влијанија, како: статичко оптоварување, индукција, поради атмосверски празнења и слични појави, затоа што такви штети се сметаат погонски. Меѓутоа, се надоместува штета од пожар кој би настанал со делување на електричната енергија како последица на тоа делување и понатаму самостојно се развивал;
2. Штети предизвикани со пренесување на електрична енергија преку водоводи како последица од удар на гром како и штети на заштитните осигурувачи од било кој вид, на заштитните прекинувачи, одводници, громобраните и слични уреди, настанати при вршењето на нивната нормална функција.
Член 4
Обем на опасност од експлозија
(1) Под експлозија, во смисла на овие Услови, со исклучок на експлозија од нуклеарна енергија, до колку поинаку не се договори се смета ненадејно пројавување на сила, заснована на стремежот на пареа или гасови за проширување.
Експлозија на садови под притисок(казани, цевки и сл.)постои само тогаш кога ѕидовите на садот во толкава мерка се искинати што се јавува моментално изедначување на внатрешниот и надворешниот притисок.
(2) Со осигурување не се опфатани:
1. Штети на стварите на осигуреникот предизвикани со минирање кои се вршат во рамките на неговата дејност или во рамките на дозволените дејности на триети лица;
2. Штети на машините предизвикани од експлозија во местото за внатрешно согорување (цилиндер на моторот);
3. Штети од експлозивно издувување на печки и слични направи,
4. Штети од експлозија кои се нормална појава во процесот на производство;
5. Штети од експлозија од биолошки карактер;
6. Штети поради пробивање на звучен ѕид;
7. Штети од експлозија на садовите под притисок од став (1),алинеја 2 од овој член поради дотрајаност, истрошеност или прекумерни наслаги на: рѓа,каменец, талог, тиња на осигурените ствари, но се надоместуваат штети на други ствари во врска со настанатата експлозија;
8. Штети од експлозија настанати како последица на било какво експлозивно тело, направа или уред (бомба, мина, експлозив, муниција).
Член 5
Обем на опасност од луња
(1) Луња, во смисла на овие Посебни услови се смета ветар од брзина од 17,2 метри во секунда, односно 62 km/h (јачина 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе.
Ќе се смета дека дувал ветер со оваа брзина во местото каде се наоѓа
осигурената ствар, ако ветерот кршел гранки и стебла или оштетил добро одржувани градежни објекти. Во случај на сомнение осигуреникот мора да ја докаже брзината на ветерот со извештај од хидрометеоролошка служба.
(2) Штетите од луња се опфатени со осигурувањето ако се предизвикани механички оштетувања на осигурените ствари:
1. Со непосредно дејство на луњата;
2. Со директен удар на предмети оборени или носени од нанесување на снег со ветар луњата.
(3) Со осигурувањето од луњата не се опфатени штети:
1. Од пробивање на дожд, град, снег или други наноси низ отворени прозорци или други отвори кои постојат во зградата,освен ако отворите настанале од луњата, како и штети од дожд и други падавини на стварите сместени на слободен простор (пластови, камари и сл.) , во купишта, под настрешници и во останатите отворени згради;
2. Над со пропис предвидена тежина на снег;
3. Од снег наносен од луњата или од тежината на снегот;
4. На градежниот објект кој не бил изграден според вообичаен начин на градба во тоа место,или кој слабо е одржуван или е дотраен;
5. На фолиите од вештачки матерјал на топлите леи,кои служат за покривање на растенија непосредно или во облик на тунел.
Член 6
Обем на опасност од град
(1) Со осигурување се опфатени штети од уништување, односно оштетување на осигурените ствари кои ги предизвикал градот (градушка) со својот удар.Опфатени се и штети од пробивање на дожд и град низ отвори настанати од паѓање на град (градушка).
(2) Со осигурувањето не се покриени штети на стаклени топли леи и стекленици, како и штети на малтерот на фасади, слабо одржувани или дотраени згради.
Доколку посебно се договори, покриени се штети на стакла и најлони за топли леи и стакленици, освен за најлони чиј век на траење по гаранцијата на производителот е помал од една година.
Член 7
Обем на опасност од удар на сопствено моторно возило и сопствена работна машина
(1) Со осигурувањето се опфатени штети на осигурениот градежен објект кои ќе настанат со удар на сопствено моторно возило и сопствена работна машина.
(2) Со осигурувањето се опфатени и штети на другите осигурени предмети кои ќе настанат како последица на рушење на градежниот објект или на дел од објектот предизвикани со удар на моторно возило во смисла на став(1) од овој член
Член 8
Обем на опасност од паѓање на воздушни летала
(1) Паѓање на воздушни летала, во смисла на овие Посебни услови, се смета паѓање на воздушно летало од било кој вид на осигурениот објект.
(2) Се смета дека настанал осигурен случај од паѓање на воздушното летало ако од директен удар на воздушното летало или од неговите делови како и предмети од воздушното летало, осигурените ствари се уништат или оштетат.
Член 9
Обем на опасност од манифестации и демонстрации
(1) Манифестација и демонстрација во смисла на овие Посебни услови се смета организирано или спонтано јавно манифестирање на нерасположение.
(2) Се смета дека настанал осигурен случај од манифестации или демонстрации ако осигурената ствар е уништена или оштетена на било кој начин на делување на манифестантите односно демонстрантите (рушење, демолирање, кршење, палење и др.).
Член 10
Обем на опасност од поплава, порои и високи води
(1) Xxxxxxx, во смисла на овие Посебни услови се смета стихијно
неочекувано поплавување на теренот од постојни води (реки, езера, мориња и др.) поради тоа што водата се излила од коритата или ги прелила одбрамбените насипи или брании, излевање на вода поради вонредна висока плима и бранови со необична јачинана на море и езера, и од надојдување на вода од вештачки езера.
Поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло создавање на големо количество на водена маса која настанала како последица од провала на облак.
Под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на теренот со водена маса која се создава на стрмни терени поради големи атмосферски врнежи и се слива во улиците и патиштата.
Со осигурувањето од поплава опфатени се само штеи предизвикани на осигурениот објект за време додека поплавата трае и непосредно после повлекувањето на водата.
(2) Со осигурувањето не се опфатени:
1. Штетите од внатрешна страна на цевководите, каналите и тунелите предизвикани со механичко дејство на водата;
2. Штети од габички настанати поради влага;
3. Штети од подземни води во ускопи,нископи,подземни ходници и јами во рудниците;
4. Штети од поплава на вода излеана од канализациона мрежа, освен ако до излевањето е дојдено поради поплава или порој;
5. Штети на ствари сместени во живи и суви корита на потоци и реки, како и на простор помеѓу потоци, односно реки и насипи (инудационо подрачје), ако поинаку не се договори;
6. Штети на полупроизводи, готови производи, стока и матерјали кои не се складирани по важечките прописи.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети на хидроградежни објекти поради поткопување на надворешните страни, а на канали, тунели и цевководи и штети од притисок предизвикан од поплава во смисла од претходниот став, доколку поинаку не се договори.
(4) Со осигурување се опфатени штети на хидроградежните објекти во високи води.
Висока вода во смисла на овие Посебни услови се смета:
1. Ненадејна појава на необичен пораст на водостојот во неочекувано време;
2. Подземна вода како последица од висока вода.
Обврските на осигурувачот за штети од восоки води и подземни води како нејзина последица почнува со порастот на високите води над однапред утврдените месечни коти на водостојот или проектот измерени според најблиску поставениот покажувач на водостојот.
За секој месец нормален е оној најголем месечен водостој за последните
20 години кој го покажува покажувачот на водостојот на најблиската осигурена ствар со исклучок на посебно високите водостои.
Член 11
Обем на опасност од излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
(1) Излевање на вода, во смисла на овие Посебни услови се смета:
1. Неочекувано излевање на вода од водоводни и одводни (канализациони) цевки, како и од уредите за греење на згради со топла вода или парно греење и други уреди и апарати кои се приклучени на водоводната мрежа, поради оштетување кршење,прскање или откажување на уредот за управување и сигурност) на тие цевки, уреди и апарати;
2. Неочекувано избивање на пареа од уредите за топла вода или за парно греење.
(2) Осигуреникот е должен да се грижи за одржување на водоводните и одводните канализациони мрежи, уреди за греење со топла вода и парно греење, како и за нивната заштита од замрзнување.
(3) Со осигурувањето не се опфатени штети:
1. Од излевање на вода од отворени славини како и од одводни(канализациони) инсталации, ако штетата е настаната поради запушување на инсталациите;
2. Настанати на самите водоводни и одводни инсталации, уреди апарати и котли;
3. Поради дотрајаност, истрошеност и корозија;
4. Од габички настанати поради влага;
5. Загуба на вода и загубена добивка;
6. Штети на хидроскопни залихи кои не се складирани на палети високи најмалку 10 см или на пропишан начин;
7. Настанати како последица на повреда на должноста на осигуреникот од став(2) на овој член;
8. Од излевање на вода од олуци и цевки за одвод на дождовница;
9. Од слегнување на земјиште како последица од излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации;
10. Поради смрзнување на инсталациите и уредите кои се под контрола на осигуреникот.
Член 12
Обем на опасност од лизгање на земјиште
(1) Под лизгање на земјиште, во смисла на овие Посебни услови, се сметаат ненадејни движења на земјината површина на коси терени со јасни манифестации на расцепување на површината на земјиштето и срозување, кои со појава на силни деформации и пукнатини на градежни објекти настануваат во краток период.
(2) Под одронување, во смисла на овие Посебни услови, се смета откинување и паѓање на матерјалот како геолошка појава или во врска со лизгање на теренот.
(3) Се смета дека настапил осигурениот случај доколку деформациите, оштетувањата или уништувањата на осигурениот предмет настанале поради движење на земјиштето, притисок или удар на земјишниот материјал.
(4) Со осигурување не се опфатени штети:
1. На осигурениот предмет доколку лизгањето на земјиштето или одронувањето се предизвикани со дејноста на осигуреникот или со дејноста на било кое лице;
2. Со осигурувањето не се опфатени трошоците на санирањето на земјиштето.
Член 13
Обемна опасност од слегнување на земјиштето
(1) Под слегнување на земјиште во смисла на овие Посебни услови се смета ненадејно вертикално движење на земјиното тло улегнување како геолошка појава.
(2) Со осигурување по овие Посебни услови се опфатени штети од уништување и/ или од конструктивно оштетување на осигурениот предмет. Под конструктивно оштетување на осигурените ствари се сметаат деформации, пукнатини, кршење на пооделни витални делови, објекти, уреди, инсталации и сл., без кои предметот,уредите, инсталациите и сл. не можат да се стават во предвидената функција и/или безбедно да се користат.
(3) Со осигурување по овие услови не се покриени штети на осигурените предмети кај кои не настанало оштетување во смисла на став (1) и(2) од овој член:
1. Слегнување заради грешка во статичка пресметка;
2. Промена во естетскиот изглед на осигурениот предмет;
3. Центрирање, испитување и пуштање во работа на машини и уреди кај кои не настанало оштетување на виталните делови;
4. Испитување и пуштање во работа на инсталациите од сите видови;
5. Кршење на стакло од сите видови;
6. Пукнатини на земјишните објекти кои не ја загрозуваат стабилноста или функционалноста на објектот;
7. Пукнатини на сите делови на градежниот објект кои не влијаат на стабилноста на тој дел или на целиот објект;
8. Малтерски пукнатини од сите видови;
9. Пукнатини на керамички и други обложени плочки;
10. Молеро-фарбарски и собосликарски работи на градежните објекти.
(4) Со осигурување по овие Посебни Услови не се опфатени индиректни
штети како последица на слегнување на земјиштето и тоа:
1. Загуби на производство;
2. Загуби заради престанување на работата;
3. Договорена загуба или одговорност;
4. Трошоци направени при спасување и расчистување;
5. Трошоци за санација на земјиштето-тлото.
Член 14
Обем на опасност од снежна лавина
(1) Снежна лавина, во смисла на овие Посебни услови се смета снежна маса во движење која се одвојува од планинските страни.
(2) Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани со делување на воздушниот притисок од снежната лавина.
Член 15
Обем на опасност од истечување на течности (лекажа)
(1) Истечување (лекажа) во смисла на овие Посебни услови се смета итечување на течности, односно излегување на гасови од неподвижни садови - цистерни, цевководи, и сл., ако течноста истече поради ненадејно прскање на садот или неочекуван дефект на вградените уреди за испуштање и истечување на течности.
Со осигурувањето се покриени штети само на осигурените течности, односно гасови, ако не е поинаку договорено.
(2) Не се надоместува штетата ако осигурените течности истечат затоа што прскањето на садот или дефектите на уредите настанале поради дотрајаност, лошо одржување на садовите,односно уредите, лошо зачепување или од лош затворач.
Со осигурувањето се покриени штети само на осигурените течности, односно гасови, ако не е поинаку договорено.
Ако посебно се договори, покриени се штети од истечување на самиот осигурен предмет.
Осигурувањето може да се склучи само на прв ризик
Член 16
Обем на опасност од самозапалување на залихи
(1) Самозапалувањето е физичко-хемиски и биолошки процес на преоѓање на материјата од цврста состојба во состојба на пепеллив прав без влијание на надворешни извори на пламен или високи температури.
(2) Материи склони на самозапалување се: материјали од растително потекло (сено, житарици и сл.), тресет и фосилните јаглени, масти и масла од растително потекло, хемиски материи и смеси (фосфор, цинков и алуминиски прав, соединенија, хидросулфиди на натриум, карбид на калциум и др.).
Влакнестите материјали поседуваат посебна способност на самозапалување само во случаите ако се натопени во растителни и животински масти: ленено, конопно и памучно масло, фирнајс, рибино масло и др.
(3) Опасноста од самозапалување на залихи е опфатена со осигурување само ако залихите се складирани и останатите работи се извршени по законски, односно технички прописи.
Член 17
Осигурување од ризици од кршење машини и некои други опасности
(1) Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот под која се подразбираат настани што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурената ствар како и неспретност, невнимание или зла намера на работници или било кое друго лице, освен:
1. Од осигурените основни и дополнителни ризици од пожар и некои други опасности,наведени во член 2 од овие Услови;
2. Провална кражба и разбојништво, штетно дејство на нуклеарна енергија, ерупции, освен истражни ерупции-доколку тоа посебно се договори;
3. Поради недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучувањето на осигурувањето, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот;
4. Непосредни последици на трајни хемиски, термички, механички,атмосверски и други влијанија и услови за сместување и работа (оксидации, стареење,корозија,зрачење, прекумерни вибрации и сл.);
5. Последици од сите видови на трошење :абење, ерозија, кавитација и сл.;
6. Прекумерни наслаги на рѓа, каменец во котлите, талог, муљ, и сл., па и кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурените ствари;
7. Преоптовареност на машините, машинските и електричните уреди,апарати и инсталации преку границите на нивните проектни параметри;
8. Ставање во погон пред конечната поправка;
9. Монтирање и пробно испитување на новите ствари;
10. Динамично вртење на ротационите делови на машините, ротори, турбини, генератори и сл., доколку посебно не се договори;
11. Повреда на техничките и други прописи и упатства за техничката експлоатација на осигурените ствари, како и заштитните мерки.
(2) Осигурувачот исто така не е во обврска:
1. За посредни штети настанати во врска со осигурениот случај, загуба на заработувачка, денгуби, казна и сл.;
2. За штети за кои по законски прописи или по договорот одговара производителот, односно испорачателот на стварите.Ако производителот, односно испорачателот ја оспорува одговорноста,а штетата е предизвикана со незгода во погонот,одредена во член 3 од овие Услови, осигурувачот ќе му исплати надомест на договорувачот на осигурувањето, а потоа до износот на исплатениот надомест ќе стапи во сите права на осигуреникот спрема производителот,односно испорачателот;
3. За трошоците за демонтирање и монтирање, кои се направени со цел за редовен преглед или одржување на осигурените ствари (периодични поправки или замена на истрошените делови), па и кога во тој служај ќе се утврди оштетување од осигурениот ризик на осигурената опасност. Надоместот во овој случај ќе ги опфати само трошоците за поправка или замена на оштетените делови кои не биле предвидени за периодична поправка односно замена.Осигурувачот е во обврска да дава осигурителна заштита од опасностите од став(1) од овој член и на осигуреното постоље,лежиште или на осигурените машини само ако оштетувањето на истите е последица на оштетување или уништување на машината од опасностите покриени со овие Услови;
4. Ако посебно се договори осигурувачот е во обврска да даде осигурителна заштита од оштетување или уништување, на стварите осигурени по овие Посебни Услови од опасноста ерупција која би настанала при опитно дупчење.
Член 18
Важност и место на осигурувањето
(1) Осигурувањето важи за време додека осигурените ствари се наоѓаат во местото означено во полисата.
(2) Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени ствари се преместуваат од местото означено во полисата на некое друго место на територијата на Р. Македонија.
Машини и апарати, кога се монтираат и се спремни за работа кога се наоѓаат во работа, кога се демонтираат и монтираат поради ремонт (поправка) и додека трае ремонтот (поправката).
Кога се превезуваат во внатрешен превоз поради чистење, поправка и преместување во микролокацијата на погонот, а најповеќе до 15 км вон кругот на микролокацијата.
Кога се дадени под наем или услуга, ако работат во условите и служат за намената за која се проектирани и градени.
Предмети на осигурување не се осигурени за време додека се наоѓаат на изложби, пазар и саеми и во превоз надвор од кругот на претпријатието. Кај осигурувањето на прв ризик во полисата се наведува прецизно локацијата на местото на осигурување за секој осигурен предмет.
Член 19
Вредност на осигурените ствари
(1) Вредност на осигурените ствари е:
1. За згради и други градежни објекти:висината на цената на изградениот нов објект спрема цените во местото каде се наоѓа бјектот, намален за износот на проценетата истрошеност;
2. За мебел,уреди,машински справи, инсталации и апарати-висината на набавната цена на нови ствари намалена за износот на проценетата истрошеност (техничка и економска);
3. За обртни матерјални средства (суровини, полупроизводи, ситен инвентар итн.) и немонтирана опрема во висина на цените по кои е склучено осигурувањето, односно по набавните цени ако се пониски;
4. За ствари од злато и платина, непреработени благородни метали, скапоцени камења, ретки и скапоцени ствари, уметнички предмети, планови, цртежи, модели, калупи, документи, ракописи и деловни книги- износ договорно одреден помеѓу осигурувачот и договорувачот. Ако тој износ не е договорно утврден стварите од оваа точка се сметаат за осигурени најповеќе до 500 ЕУР по парче, а до 2500 ЕУР во денарска противвредност по збирка.
(2) На денот на настанување на штетниот настан за пресметка на штетата се зема средниот курс на еврото објавен од Народната Банка на Република Македонија.
Член 20
Плаќање на премијата
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да ја плати премијата за осигурување, но осигурувачот е должен да ја прими уплатата на премијата од секое лице кое има правен интерес таа да биде платена.
(2) Премијата се плаќа однапред, и тоа, ако поинаку не е договорено, одеднаш за секоја година на траење на осигурувањето, (период на осигурување) односно за покус период на осигурување,ако осигурувањето е склучено со срок на траење пократок од една година.
Премијата се плаќа во договорените срокови, а ако треба да се плати одеднаш, тогаш се плаќа при склучување на договорот.
(3) Ако се договори плаќањето на премијата да биде во рати или одназад може да се пресметува редовна камата на износот на премијата за која одлагањето е договорено. Но ако стасаната рата од премијата не се плати во договорениот срок, ќе се пресметува затезна камата.
Од договорувачот на осигурувањето може да се бара менична обврска за износот на кредитираната премија.
(4) Акодоговорувачотнаосигурувањето нејаплати премијатазанаредниот период на осигурувањето во договорениот срок, ниту тоа го сторило кое друго заинтересирано лице, договорот за оссигурување,доколку поинаку не се договори, престанува по истекот на еден месец од денот кога на договорувачот на осигурувањето му е врачено писмено известување од осигурувачот за стасаноста на одредениот срок за плаќање на премија, но со тоа тој срок да не може да помине пред да измине месец дена од стасаноста на премијата.
(5) Во секој случај договорот за осигурување престанува, ако договорената премија за тековната година на осигурување не биде платена во срок од година дена од достасувањето.
(6) Место за наплата на премијата е местото во кое договорувачот на осигурувањето има свое живеалиште односно седиште, ако со договорот не е определено друго место.
(7) Во случај на престанување на договорот за осигурување во смисла на ставовите (4) и (5) од овој член, договорувачот на осигурувањето е во обврска премијата да ја плати до денот на престанување на договорот, односно целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, доколку до денот на престанувањето на договорот настанал осигурен случај за кој осигурувачот е во обврска да плати надоместок.
Член 21
Утврдување надомест од осигурувањето
(1) Висина на надоместот на осигурувањето се утврдува:
1. Во случај на уништување или исчезнување на ствари спрема вредноста на осигурените ствари (член 19) за време на настанување на осигурениот
случај намалена за вредноста на остатоците;
2. Во случај на оштетување во висина на трошоците за поправка по цени на матерјалот и работата за време на настанување на осигурениот случај, намалена за износот на просечната истрошеност и вредноста на остатоците, ако не е поинаку договорено.Во трошоци за поправка пресметани се и трошоците за демонтажа, монтажа и трошоците за превоз кои се за таа цел направени;
3. Ако при поправка на стварите оштетени од осигурениот ризик од член 2 до 17 од овие Посебни услови, одделни делови се заменат со нови, при пресметка на надоместокот ќе се земе во предвид смалената вредност на заменетите делови поради истрошеност, ако поинаку не се договори;
4. Поголемите трошоци кои би произлегле од настанатиот осигурен случај, како трошоци за други поправки кои не се во врска со настанатиот осигурен случај на осигурените ствари, трошоците за направеното подобрување при поправката и слично, паѓаат на товар на осигуреникот;
5. Ако трошоците за поправка (трошоци за воспоставување на техничка исправност) на оштетеното средство се поголеми од трошоците за поправка со замена на одделни делови на оштетеното средство од нови, штетата се надоместува во износ на трошоците за поправка со замена на нови делови;
6. Осигурувачот не е во обврска да ги надомести ниту трошоците кои осигуреникот ќе ги направи поради измена во проектот,конструкцијата
,материјалот, локацијата и слично, па и тогаш кога е таа измена моментално или трајно добронамерна за воспоставување на технижка исправност, односно за понатамошна експлоатација (користење на средствата);
7. Ако трошоците за поправка на една ствар се поголеми од вредноста на осигурените ствари на денот на настанување на осигурениот случај, ќе се постапи како да е стварта уништена и надоместокот ќе се пресмета спрема точка 1 од овој став;
8. Осигурувачот не е во обврска да ја надомести вредноста на целиот уред или апарат ако оштетеноит,односно уништениот дел не може да се набави или поправи затоа што апаратот-уредот е набавен во странство или повеќе не се произведува;
9. Осигурувачот е во обврска да ја исплати вредноста на оштетеноит, односно уништениот дел на апаратот,а висината на надоместокот се утврдува пропорционално спрема неговото функционално учество во целина или опрема слични или истовидни ствари;
10. Ако сумата на осигурувањето е помала од вредноста на стварите за време на настанување на осигурениот случај (подосигурување),штетата ќе се надомести во однос помеѓу сумата на осигурувањето и вредноста на осигурените ствари.
11. Штети на полнење и масло се надоместуваат во процентуална вредност спрема векот на траење по постојните прописи и под услов штетата да е последица оштетување на машината од опасности кои се опфатени со овие Посебни услови;
12. Трошоци за земјени работи, вклучувајќи и асфалтирање и трошоци за изнаоѓање грешки односно места на штети на далноводите, каблите и цевководите ќе се надоместат ако е посебно договорено;
13. Оштетена или уништена опрема од увоз може да се поправи или набави во странство само ако таа опрема не може да се поправи или набави во земјата;
14. Ако увозната опрема биде уништена,а истата таква опрема со исти квалитет се произведува во земјата, на име оштета ќе се признае вредноста урврдена по опремата на домашниот пазар и од таа вредност ќе се одбие износот на проценетата истрошеност и вредностана остатоците;
15. Во случај трошоците за поравка на оштетената опрема од увоз да ја преминуваат вредноста на иста таква нова опрема која може да се набави во земјата, на име отштета ќе се признае вредноста на таква нова опрема по цена на домашниот пазар и од таа вредност ќе се добие само вредноста на остатоците на оштетената опрема од увоз;
16. Договорувачот на осигурувањето не може да дава оштетена ствар или дел на таа ствар да се замени со нов, ако може да се изврши поправка и после тоа не настане опасност за сигурност во погонот;
17. Неопходните трошоци за остранување и смалување на штетата направени по наредба на осигурувачот се надоместуваат и кога со надоместокот ја поминуваат сумата на осигурувањето, односно договорената вредност кај осигурувањата склучени по Посебните услови за осигурување на градежни објекти и опрема на договорена вредност;
18. Ако договорувачот на осигурувањето оштетените средства ги поправи во сопствена режија ќе му се признае режиски час на осигурената организација која изведува работи утврдени на почетокот на годината, за меѓусебна пресметка помеѓу своите економски погони, ако не дојде до измена на прописите во текот на годината кои знатно влијаат на неговата висина.
19. Режискиот час на осигурената организација не може да биде поголем од најголемиот режиски час на другите ремонтни претпријатија овластени за изведување на таков вид на работа која се наоѓа во седиштето на осигуреникот или во најблиското место на осигурување;
20. Трошоците за премија на осигурување кои влегуваат во трошоците за поправка на машината се надоместуваат само ако е посебно договорено;
21. Во сите штетни настани од осигурените ризици од кршење машини и некои други опасности,дефинирани во член 17 од овие Услови,осигуреникот учествува со 10% од пресметаната конечна оштета,но не помалку од 150 ЕУР. и не повеке од 5.000 ЕУР. во денарска проиввредност, доколку поинаку не се договори.
Член 22
Надомест на трошоци
(1) На име трошоци направени за расчистување, чистење и рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурените ствари ,осигурувачот ги надоместува неопходните издатоци за расчистување и рушење но најмногу до 3% од сумата на осигурување односно од договорената вредност кај осигурувањата на договорена вредност, а од нова вредност кај осигурувањата на нова вредност на оштетените ствари. Во трошоците за расчистување спаѓаат неопходните издатоци за одвоз на огорината, шутот и тињата до најблиското место за истовар. Во трошоците за рушење спаѓаат неопходните трошоци кои договорувачот на осигурувањето ги имал при настанување на осигурениот случај за рушење на преостанатите оштетени неупотребливи делови и нивното однесување до најблиското дозволено место за истовар.
(2) Осигурувачот ги надоместува неопходните трошоци кои договорувачот на осигурувањето ги имал при настанување на осигурениот случај на осигурените ствари за преземените мерки заради одстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни.
(3) Вкупниот надомест на име трошоци и на име надомест од осигурување не може да ја премине сумата на осигурување.
Нужните трошоци за отстранување и намалување на штетата направени по налог на осигурувачот се надоместуваат тогаш кога заедно со надоместокот од осигурување ја преминуваат сумата на осигурување.
(4) Во случај на подосигурување трошоците за расчистување, рушење, како и трошоците за остранување и намалување на штетата се надоместуваат во ист однос како и надоместокот, освен во случаите кога тие трошоци се направени по налог на осигурувачот.
(5) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците настанати за остранување на причинителот на штетата,како и трошоците за интервенција на противпожарното друштво или други организации чија должност е спрема карактерот на работата бесплатно да даваат помош кога ќе настане осигурен случај.
пристапуваат кон Арбитража. Арбитражата е водена од Арбитражна Комисија. Арбитражната Комисија се состои од три члена, од кои по еден делегира секоја од двете страни во рок од 7 (седум) дена по исцрпувањето на рокот за преговори. Членовите на Арбитражната Комисија, делегирани од двете страни, именуваат Претседател на Арбитражната Комисија во рок од 15 (петнаесет) дена. Претседателот треба да биде стручен за областа за која се води арбитража, со најмалку 4 (четири) години работно искуство во таа област. Доколку двете страни не се договорат за името на Претседателот на Арбитражната Комисија, тој ќе биде именуван од страна на една од следните институции: Факултет што ја покрива областа на спорот, Друштво на Проценители или Стопанска комора на РМ.
Ниту една страна нема право да отповика свој член од Арбитражната Комисија до завршувањето на нејзината работа, која не може да трае подолго од 3 (три) месеци од денот на именувањето на нејзиниот Претседател. По исклучок од претходниот рок, Арбитражната Комисија го продолжува своето работење само со писмена согласност на двете страни. Арбитражната Комисија своите одлуки ги носи со мнозинство гласови. Двете страни с еобврзуваат дека ќе ги почитуваат одлуките на Арбитражната Комисија како конечни и неотповикливи. До завршувањето на меѓусебните преговори, евентуално и на работата на Арбитражната Комисија и двете страни се откажуваат од поведување судски спорови по предметот на Арбитражата, како и од пресметка на камати по основ на спорните побарувања.
Трошоците за Арбитражата ќе ги делат и двете страни подеднакво. Доколку Арбитражната Комисија не успее да го реши спорот, тој ќе се решава во месно надлежниот Суд на Република Македонија.
Член 24
Важност на општи услови за осигурување имоти
Составен дел на овие Посебни услови за осигурување на имотот на електростопанските претпријатија прават Општите услови за осигурување на имоти кој текст се приложува. Општите услови за осигурување на имоти се применуваат и на осигурувањата кои се склучуваат по Посебните услови за осигурување на имотот на електростопанските претпријатија ако не се во спротивност со Посебните услови за осигурување на имотот на електростопанските претпријатија.
Член 23
Процес на арбитража во случај на спор
Доколку по било кој дел од овој договор (Полисата за осигурување) дојде до спор, двете страни (Осигуреникот и Осигурувачот) ќе започнат меѓусебни преговори во траење од најмногу еден месец. Доколку во рокот од еден месец преговорите не завршат со договор за настанатиот спор меѓусебните преговори ќе продолжат и во наредните месец дена, ако за тоа се согласни и двете страни.
По исцрпувањето на рокот за меѓусебни преговори, двете страни