Legal Definitions Dictionary

Осигуреник 296

Осигуреник “ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;

Понудувач 268

Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;

Полиса 260

Полиса “ - документ на договорот за осигурување

Економски оператор 200

Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

Осигурувач 197

Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје

Понуда 195

Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

Прифатлива понуда 193

Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

Тендерска документација 192

Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

Алтернативна понуда 190

Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

Носител на набавката 180

Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

Премија 149

Премија износ што се плаќа по договорот за осигурување;

Осигурен случај 138

Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик;

Електронски систем за јавни набавки 133

Електронски систем за јавни набавки “ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;

Корисник 128

Корисник “ - лице на кое се врши исплата на осигурената сума односно надоместот;

Евалуација на понуда 126

Евалуација на понуда “ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;

Отворена постапка 126

Отворена постапка “ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;

Писмено или во писмена форма 126

Писмено или во писмена форма “ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;

Финансиска понуда 126

Финансиска понуда “ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;

Постапка за доделување на договор за јавна набавка 125

Постапка за доделување на договор за јавна набавка “ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;

Техничка понуда 125

Техничка понуда “ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;