Изјави Примери за клаузули

Изјави. ☐ Операторот се придржува и продолжува да се придржува до основните услови наведени во Анекс V кон Регулатива (ЕУ) 2018/1139 на Европскиот парламент и на Советот и до условите на Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012. ☐ Документацијата на системот за управување, вклучувајќи го и оперативниот прирачник, се усогласени со условите од Анекс III (дел-ORO), Анекс V (дел-SPA), Анекс VI (дел-NCC) или Анекс VIII (дел-SPO) кон Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012 на Комисијата и летовите се изведуваат согласно со одредбите од оперативниот прирачник како што се бара во точка ORO.GEN.110(б) од дел-ORO. ☐ Сите воздухоплови со кои се оперира мора да имаат: — важечко уверение за пловидбеност согласно со Регулатива (ЕУ) бр. 748/2012 на Комисијата, или, за воздухоплов регистриран во трета земја, согласно со ICAO Анекс 8; и — кога се користат за SPO активности, важечки договор за наем според ORO.SPO.100. ☐ Сите членови на летачкиот екипаж мора да имаат дозвола согласно со Анекс I кон Регулатива (ЕУ) бр. 1178/2011 на Комисијата како што се бара во точка ORO.FC.100(в), и членовите на кабинскиот екипаж мора, каде што е применливо, да се обучени согласно со Поддел ВВ од дел-ORO. ☐ (Доколку е применливо)Операторот спроведува и демонстрира сообразност на признаен стандард на индустријата. Упатување на стандардот: Сертификациско тело:Датум на последната ревизија на сообразност: ☐ Операторот го известува надлежниот орган за какви било промени во околностите кои влијаат врз усогласувањето со основните услови утврдени во Анекс V кон Регулатива (ЕУ) 2018/1139 и со условите од Регулатива (ЕУ) бр. 965/2012 на Комисијата, пријавено до надлежниот орган преку оваа декларација, и какви било промени на информациите и списоците од AltMoC вклучени и приложени на оваа декларација, како што се бара во точка ORO.GEN.120(a) од дел-ORO. ☐ Операторот потврдува дека информациите наведени во оваа декларација се точни. Датум, име и потпис на одговорниот управител
Изјави. 1. Изјавите наведени во членовите 14, 17, 18, 19 и 25 може да се дадат по потпишувањето, ратификацијата, прифаќањето, одобрувањето или пристапувањето или во кое било време потоа, и може да се изменат или повлечат во секое време. 2. Изјавите, измените и повлекувањата се доставуваат до депозитарот. 3. Изјава дадена во моментот на потпишувањето, ратификацијата, прифаќањето, одобрувањето или пристапувањето влегува во сила истовремено со влегувањето во сила на оваа Конвенција за односната држава. 4. Изјавата дадена подоцна и секоја измена или повлекување на изјавата ќе стапи во сила на првиот ден од месецот по истекот на три месеци од датумот на кој депозитарот го примил известувањето. 5. Изјавата дадена подоцна, и која било измена или повлекување на изјавата, не се применува на пресуди што се резултат на постапки што се веќе поведени пред судот што ја донел пресудата кога изјавата ќе стапи во сила.

Related to Изјави

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • ОУД 48.1 Валутата на земјата на работодавачот е: Македонски денари (МКД).

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.