Критериум за доделување на договор Примери за клаузули
Критериум за доделување на договор. 1.8.1. Критериум за доделување на договор - е економски најповолна понуда. За изведувач ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
1.8.2. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
1) Карактеристики на квалитет (Техничка понуда) 70 бодови
2) Цена (Финансиска понуда) 30 бодови
Критериум за доделување на договор. Критериум за доделување на договор за јавна набавка е економски најповолна понуда која се утврдува врз основа на цената.
1.10.1 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда е оценета како прифатлива и чија понуда е економски најповолна понуда утврдена врз основа на Цената.
1.10.2 Кај овој критериум за избор на најповолна понуда не се користат бодови, туку се врши рангирање на вкупните цени на понудите.
