РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки на екстра лесното масло за домаќинство, Договорниот орган може, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за испорака на екстра лесното масло за домаќинство во дополнително оставен рок од 48 часа, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета. Договорниот орган има право, да го раскине овој Договор и во случај Економскиот оператор, без оправдани причини, да не испорачува бензин/дизел гориво на Корисникот на безготовинската картичката на Договорниот орган. Во случај на раскинување на Договорот согласно овој член, Економскиот оператор е должен да му плати на Договорниот орган, договорна казна во износ од 10% од вредноста на Договорот од член 3 став 1 на овој Договор. . Доколку штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган е поголема од договорната казна од претходниот став, Економскиот оператор е должен да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штетата.
Appears in 4 contracts
Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation