Contract
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор за обезбедување финансиска поддршка склучен меѓу Здружението на финансиски работници и Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат заведен со број:0307-220 од 25.06.2020 година и Решението за објавување повик за избор на експерти заведено со број: 0302-245 од 07.07.2020 година, Здружението на финансиски работници објавува:
ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ
1. Информаци за проектот
Врз основа на Одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID –
19 кризата („Службен весник на РСМ“ бр.157/20), Владата Република Северна Македонија го поддржа Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријати Велес во спроведувањето на проектот „Анализа на политиките кои се однесуваат на финансирањето на локалната власт.“
Договорен период за негово спроведување е 6 месеци, но не подоцна од 31.12.2020 година.
2. Цели и активности за кои се потребни експерти:
За потребите на овој работен пакет потребни се тројца експерти кои ќе бидат ангажирани во имплементацијата на следните активности:
1. Анализа на Уредбите со законска сила донесени во текот на вонредната состојба;
2. Анализа на состојбите со постапувањето на ЕЛС во однос на финансирањето – телефонско интервју;
3. Анализа на состојбите со постапување на ЕЛС во врска со финансирањето – интернет истражување;
4. Онлајн издавање на публикацијата на Македонски јазик;
5. Бесплатни консултации;
3. Обем на работа
Потребни се тројца експерти кои ќе бидат ангажирани за:
− избор на уредби со законска сила по области (буџетирање, известување, наплата на приходи, дистрибуција на расходи и сл.);
− преглед на уредби објавени во Службен Весник и објави во медиуми;
− изработка на разговорник за телефонско интервју, со внимание да се добијат информации како постапувале во услови на вонредна состојба, кои мерки ги спровеле и сл.
− листа на лица со кои ќе се спроведе телефонско интервју и/или пополнување на анкетен прашалник (изборот на лица ќе биде од базата на податоци на Здружението на финансиските работници);
− пополнување на прашалникот со телефонско интервју на контактираните лица доколку има потреба;
− посета на веб страни на ЕЛС;
− посета на фејсбук страни на ЕЛС;
− преслушување снимки од совет;
− анализа на податоци за реализација по квартали во 2019 година (ако експертите имаат потреба и претходни периоди);
− изработена прва и финална верзија на анализата;
− бесплатни консултации;
4. Период на ангажман
Во временскиот период од почетокот на јули до 31.12.2020 година.
5. Потребни услови за аплицирање
Експертите треба да ги исполнуваат следните услови: Академски квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на ангажманот. Повисоко образование ќе се смета за предност.
Професионално искуство:
- Најмалку 10 години професионално искуство на областа на истражувањето;
- Релевантни претходни анализи и публикации од областа во која аплицира ќе се сметаат за предност;
- Искуство во работа на проекти Останати барања:
- Силни аналитички вештини;
- Докажана способност за мултидисциплинарна анализа;
- Докажана способност да се испорачаат услуги во рамките на претходно утврдени и тесни рокови;
- Јасно и убедливо изразување, прилагодување на стил и содржина на различна публика;
6. Процедура за аплицирање
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
- Мотивационо писмо со опис на експертизата релевантна за оваа задача;
- Биографија (CV);
Некомплетните апликации нема да се земат во предвид.
Ве молам доставете ги сите побарани документи на следната електронска адреса xxxxxxxx@x.xx најдоцна до 09.07.2020 година, во 14.00 часот.
7. Надомест по експертски ден и други релевантни информации
За селектираните експерти ќе склучен договор помеѓу експертите и Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија – Велес, според кој ќе се исплати надоместокот за извршениот ангажман.
Надоместокот е наменет само за покривање на трошоците за извршена консултантска услуга.
Експертите ќе треба да пополнат образец за евиденција (time sheet) за секој реализиран експертски ден и да достават извештај со опис за спроведените активности, кој ќе биде предуслов за исплата.