имајќи го предвид Договорот за основање на Европската заедница, a особено член 100 од истиот,
ДИРЕКТИВА 2009/119/ЕЗ НА СОВЕТОТ
од 14 септември 2009 година
за наметнување на обврска на земјите-членки да чуваат минимум резерви на сурова нафта и/или нафтени производи
СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА,
имајќи го предвид Договорот за основање на Европската заедница, a особено член 100 од истиот,
имајќи го предвид предлогот од Комисијата,
имајќи го предвид мислењето на Европскиот парламент 1,
имајќи го предвид мислењето на Европскиот економско-социјален комитет 2, по консултации со Европскиот надзорен орган за заштита на податоци 3,
при што:
(1) Снабдувањето со сурова нафта и нафтени производи во Заедницата и понатаму останува многу важно, особено во транспортниот сектор и хемиската индустрија.
(2) Зголемената концентрација на производство, намалувањето на нафтените резерви и зголемената потрошувачка на нафтени производи во светски рамки, придонесуваат за зголемен ризик од тешкотии при снабдувањето.
(3) Европскиот совет, во својот Акциски план (2007 до 2009 година), со наслов “Енергетска политика на Европа” ја нагласи потребата да се зајакне безбедноста на снабдувањето на Европската унија (ЕУ) во целост и на секоја земја-членка, меѓу другото, со преглед на механизмите за нафтени резерви на Унијата, особено во поглед на расположливоста на нафта во случај на кризи.
(4) Таа цел наметнува, помеѓу другото, барање за поголемо приближување на системот на Заедницата и системот кој е предвиден од Меѓународната агенција за енергетика, (во понатамошниот текст “ИЕА”).
(5) Во согласност со Директива 2006/67/ЕЗ на Советот од 24 јули 2006 година за наметнување на обврска на земјите-членки за чување на минимум резерви на сурова нафта и/или нафтени производи 4, резервите се пресметуваат врз основа на просечната дневна домашна потрошувачка во текот на
1 Мислење од 22.04.2009 год. (сè уште необјавено во Службен весник). 2 Мислење од 13.05.2009 год. (сè уште необјавено во Службен весник). 3 Сл.весник C 128, 6.6.2009 г., стр. 42.
4 Сл.весник L 217, 8.8.2006 г., стр. 8.
претходната календарска година. Меѓутоа, обврските за чување на резерви во согласност со Спогодбата за меѓународна програма за енергетика од 18 ноември 1974 година (во понатамошниот текст “Спогодба на ИЕА”) се пресметуваат врз основа на нето увозите на нафта и нафтени производи. Од таа причина и како резултат на други разлики во методологијата, начинот на кој се пресметуваат обврските за чување на резерви и резерви за итни случаи на Заедницата треба подобро да се усогласат во методите за пресметка кои се користат во согласност со Спогодбата на XXX, и покрај фактот за можноста методите за пресметка според XXX да треба да се проценат во поглед на технолошките подобрувања од последните децении како и можноста земјите кои не се членки на ИЕА а се потполно зависни од увоз, да имаат потреба од подолг период со цел да ги приспособат своите обврски за чување резерви. Може да се покажат како неопходни и корисни дополнителни измени на методите и постапките на пресметка на степените на резерви за дополнително зголемување на кохерентноста со практиката на ИЕА, вклучувајќи на пример, и промени кои водат до снижување на процентот на намалување од 10% за одредени земји- членки при пресметувањето на резерви што би обезбедило поинаков третман на нафтените резерви или пак што би придонело за можноста да се пресметаат резерви во танкерите во територијалните води на земјите-членки.
(6) Локалното производство на нафта може да допринесе за сигурноста на снабдувањето и од тие причини може да обезбеди основа земјите-членки кои произведуваат нафта да одржуваат помали резерви за разлика од други земји- членки. Сепак, отстапката од таков вид не треба да резултира во обврски за чување резерви кои значително би се разликувале од оние кои се применуваат во согласност со Xxxxxxxxx 2006/67/ЕЗ. Следствено на ова, обврската за чување на резерви за одредени земји-членки треба да се утврдува врз основа на домашната потрошувачка на нафта, а не врз основа на увозите.
(7) Заклучоците на Претседателството на Европскиот совет во Брисел од 8 и 9 март 2007 година покажуваат дека станува многу важно и итно за Заедницата да воспостави интегрирана политика за енергија, комбинирајќи активности на европско ниво и на ниво на земји-членки. Затоа е важно да се обезбеди поголемо зближување на стандардите кои се обезбедени со постојните механизми за чување резерви во различните земји-членки.
(8) Расположливоста на нафтени резерви и сигурноста при снабдувањето на енергија се важни елементи на јавната сигурност за земјите-членки и за Заедницата. Постоењето на централни органи за управување со резерви (ЦСЕ) (CSEs) во Заедницата ги зближува тие цели. Со цел да им се дозволи на засегнатите земји-членки оптимално користење на националното право за да ги утврдат условите за нивните ЦСЕ а притоа да се олесни финансискиот товар за крајните потрошувачи кој се јавува како последица на таквите активности на чување резерви, доволно е да се забрани употребата на резерви за трговски цели и да се овозможи резервите да се чуваат во која било локација во Заедницата и од секоја ЦСЕ што е формирана за таа цел.
(9) Со оглед на целите на законодавството на Заедницата за нафтени резерви, можните грижи за сигурноста кои може да ги изрази некоја земја- членка и желбата да се направат поригорозни и потранспарентни механизми за
солидарност помеѓу земјите-членки, неопходно е колку што е можно повеќе да се фокусира работењето на централните органи за управување со резерви ЦСЕ на нивните национални територии.
(10) Треба да се овозможи нафтените резерви да се чуваат на која било локација во Заедницата под услов нивната физичка пристапност соодветно да биде земена предвид. Како резултат, економските оператори кои ги добиваат таквите обврски за чување резерви треба да бидат во можност да се ослободат од своите должности преку нивно доделување на други економски оператори или на кој било централен орган за управување со резерви (ЦСЕ). Покрај тоа, под услов тие обврски да може да се доделат на централен орган за управување со резерви (ЦСЕ) по слободен избор кој е лоциран во Заедницата за плаќање на износ ограничен на трошоците на обезбедените услуги, ризикот од дискриминирачки практики на национално ниво ќе биде намален. Правото на делегирање на еден економски оператор не треба да подразбира обврска на кој било од учесниците да го прифати делегирањето, освен ако не е предвидено поинаку со оваа директива. Кога земјите-членки решаваат да ги ограничат правата на делегирање на операторите, треба да обезбедат дека на операторите им е гарантирано правото да делегираат одреден минимален процент од нивната обврска; тие земји-членки за таа цел треба да обезбедат дека нивните ЦСЕ ќе го прифатат делегирањето на обврската за чување резерви во поглед на износот неопходен за гарантирање на тој минимален процент.
(11) Земјите-членки треба да обезбедат целосна расположливост на сите резерви кои се чуваат во согласност со законодавството на Заедницата. Со цел да се гарантира таа расположливост, не треба да постојат рестрикции или ограничувања на правото на сопственост на тие резерви кои може да ја отежнат нивната употреба во случај на прекин на снабдувањето со нафта. Не треба да се земат предвид нафтените производи кои се во сопственост на компании што се соочуваат со значителен ризик од постапки на извршување во поглед на нивните средства. Кога на операторите им се наметнува обврска за чување резерви, може да се земе предвид отпочнување на стечајни постапки или постапки на спогодување со цел да се покаже постоењето на таков ризик.
(12) Со цел да им се овозможи на земјите-членки брзо да реагираат во случаи на особена итност или на локални кризи, може да биде соодветно да им се овозможи да користат дел од нивните резерви за такви ситуации. Итни ситуации од овој тип или локални кризи не вклучуваат ситуации кои се предизвикани од промена на цените на сурова нафта или нафтените производи, но може да вклучуваат прекини во снабдувањето со природен гас што би предвидувало менување на горивото, т.е. користење на сурова нафта или нафтени производи како гориво за производство на енергија.
(13) Во поглед на она што е неопходно во поглед на воспоставување на политики за вонредна состојба, приближувањето на стандардите кои се обезбедени со националните механизми за чување резерви и обезбедувањето на подобар преглед на нивоата на резерви, особено во кризни ситуации, земјите- членки треба да поседуваат средства за засилена контрола на тие резерви. Резерви кои што се чуваат во согласност со билатерални договори или договорни права за купување на одредени големини на резерви (потврди) кои ги
исполнуваат сите обврски утврдени со тековната директива, треба да претставуваат корисни инструменти усогласени со оваа цел за поголемо зближување.
(14) Поседувањето на значителен дел од тие резерви од страна на земји- членки или од ЦСЕ кои се формирани од разни национални органи треба да овозможи повисоко ниво на контрола и транспарентност, барем за тој дел од залихите.
(15) Со цел да се зајакне сигурноста на снабдувањето во Заедницата, резервите познати како “посебни резерви”, купени од земји-членки или од ЦСЕ и создадени врз основа на одлуки кои ги донеле земји-членки треба да одговараат на вистинските потреби во случаи на криза. Тие, исто така, треба да имаат посебен правен статус за обезбедување на целосна расположливост доколку се случи таква криза. За таа цел, засегнатите земји-членки треба да обезбедат дека се преземаат соодветни мерки за безусловна заштита на тие резерви наспроти сите мерки на извршување.
(16) Во оваа фаза, количините кои што треба да ги поседуваат ЦСЕ или земјите-членки треба да се постават на ниво кое независно и доброволно го одредува секоја од засегнатите земји-членки.
(17) Со оглед на потребата да се зголеми нивото на контрола и транспарентност, резервите за вонредни состојби кои не се посебни резерви треба да подлежат на зголемен број на барања за следење и во одредени случаи, треба да се бара од земјите-членки да ги известат мерките во поглед на расположливоста на резервите за вонредни состојби и за сите измени во аранжманите за нивно чување.
(18) Флуктуациите во поглед на големината на посебните резерви кои се резултат на посебните операции за нивно заменување може да се прифатливи со цел да се овозможат неопходните операции како оние што се потребни за обезбедување на обновени резерви, за обезбедување на усогласеност со измените во спецификациите на производот или за објавување на нови тендери за чување на резерви.
(19) Кога резервите за вонредни состојби и посебните резерви се мешаат со други резерви на економски оператори, треба да се нагласи транспарентноста на количината на резерви за вонредни состојби.
(20) Честотата на изработување на извештаи за резервите како и рокот за нивно поднесување како што е утврдено во Директива 2006/67/ЕЗ, делуваат како да не се во согласност со различните системи за нафтени резерви од други делови на светот. Во резолуцијата за макроекономското влијание на зголемувањето на цените на енергијата, Европскиот парламент ја изрази својата поддршка за почесто известување.
(21) Со цел да се избегне двојно известување во поглед на информациите кои треба да ги обезбедат земјите-членки за различни категории на производи, Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008 на Европскиот парламент и на Советот од 22
октомври 2008 година за енергетските статистики1 треба да послужат како референтна основа за различните категории на нафтените производи од оваа директива.
(22) Со цел да се зајакне сигурноста на снабдувањето, да се обезбедат пазарите со целосни информации, да се уверат потрошувачите за состојбата на нафтените резерви и да се изнајде најдобриот начин за пренесување на информациите, треба да се изготви одредба за можна последователна измена или појаснување на правилата за подготовка и поднесување на статистичките извештаи.
(23) Имајќи ги предвид истите цели, изработувањето и поднесувањето на статистички извештаи треба, исто така, да се прошири за да ги опфати и резервите кои не се резерви за вонредни состојби и посебните резерви, како и тие извештаи да се поднесуваат месечно.
(24) Бидејќи може да има пропусти и несовпаѓања во извештаите кои се поднесуваат до Комисијата, вработените во Комисијата или овластени лица треба да бидат во можност да ја проверат подготвеноста за вонредни состојби и за резервите на земјите-членки. Националните режими на земјите-членки треба да бидат веродостојни со цел да се обезбеди да таквите прегледи можат ефективно да се спроведат во согласност со националните постапки.
(25) Треба да се спроведе комплексна електронска и статистичка обработка на податоци за добиените или собрани податоци. Ова предвидува користење на интегрирани алатки и постапки. Затоа Комисијата треба да биде способна да ги преземе сите соодветни мерки во тој поглед, особено за развивање на нови компјутерски системи.
(26) Заштитата на поединци во поглед на обработката на лични податоци од земјите-членки е регулирана со Директива 95/46/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 24 октомври 1995 година за заштита на поединци во поглед на обработката на лични податоци и слободното движење на таквите податоци2, додека заштитата на поединците во поглед на обработката на лични податоци од страна на Комисијата е регулирана со Регулатива (ЕЗ) бр.45/2001 на Европскиот парламент и Советот од 18 декември 2000 година за заштитата на поединци во поглед на обработка на лични податоци од страна на институции и тела на Заедницата и за слободното движење на тие податоци3. Особено, тие акти наложуваат обработката на лични податоци да биде оправдана со легитимна цел и предвидуваат дека сите лични податоци што се собрани случајно мора веднаш да се избришат.
(27) Биогоривата и одредени адитиви често се мешаат со нафтени производи. Кога се мешаат или кога треба да се мешаат со такви производи, треба да се овозможи да се земат предвид и при пресметувањето на обврската за чување резерви и при пресметување на резервите што се чуваат.
1 Сл.весник L 304, 14.11.2008 г., стр. 1.
2 Сл.весник L 281, 23.11.1995 г., стр. 31.
3 Сл.весник L 8, 12.1.2001 г., стр. 1
(28) На засегнатите земји-членки треба да им се дозволи да ги исполнат сите обврски на кои може да подлежат како последица на обврската за пуштање во промет на резервите во согласност со Спогодбата на XXX или во согласност со мерките за спроведување од истата. Клучен фактор за ефикасен одговор на случаите со тешкотии во снабдувањето е соодветното и навремено извршување на одлуките од Спогодбата на ИЕА. Со цел да се обезбеди ова, земјите-членки треба да пуштат во промет дел од своите резерви за вонредни состојби во степен кој е предвиден со Одлуката според ИЕА за која станува збор. Комисијата треба да има блиска соработка со XXX и да ги заснова своите активности на ниво на Заедницата според методологијата од ИЕА. Особено, Комисијата треба да е во состојба да предложува пуштање во промет на резерви од сите земји-членки, како што е соодветно, да го дополни и олесни спроведувањето на одлуката од XXX за повикување на сите нејзини членови да пуштаат во промет резерви. Соодветно е земјите-членки позитивно да одговорат на таквите препораки од Комисијата во интерес на силна солидарност и единство на ниво на Заедницата помеѓу оние земји-членки кои се членови на ИЕА и оние кои не се, како одговор на прекин во снабдувањето.
(29) Директива 73/238/ЕЕЗ на Советот од 24 јули 1973 година за мерки со цел олеснување на ефектите на тешкотиите при снабдувањето со сурова нафта и нафтени производи 1 има за цел да надомести за или, во најмала мера, да ги намали негативните ефекти од сите тешкотии, дури и само привремено, кои резултираат со значително намалување на снабдувањето со сурова нафта или нафтени производи вклучувајќи го сериозното нарушување на економската активност на Заедницата што тоа намалување може да го предизвика. Оваа директива треба да вклучува слични мерки.
(30) Директива 73/238/ЕЕЗ, исто така, има за цел да формира тело за консултации за олеснување на координацијата на практичните мерки кои се преземени или предложени од страна на земјите-членки во ова поле. Со оваа директива треба да се предвиди такво тело. Останува неопходно за секоја земја- членка да изготви план што може да се користи во случај на настанати тешкотии при снабдувањето со сурова нафта и нафтени производи. Секоја земја-членка треба да направи подготовки во поглед на организациските мерки што треба да се преземат во случај на криза .
(31) Со оглед на тоа дека оваа директива воведува бројни нови механизми, треба да се врши преглед на нејзиното спроведување и функционирање.
(32) Оваа директива ги заменува или ги опфаќа сите аспекти кои се дел од Одлука 68/416/ЕЕЗ на Советот од 20 декември 1968 година за склучувањата и спроведувањето на поединечни договори помеѓу влади во поглед на обврската на земјите-членки да чуваат минимум резерви на нафта и/или нафтени производи 2. Заради тоа, таа одлука повеќе не служи за никакви цели.
1 Сл.весник L 228, 16.8.1973 г., стр. 1.
2 Сл.весник L 308, 23.12.1968 год. стр. 19.
(33) Бидејќи целта на оваа директива имено, да се одржи високо ниво на безбедност на снабдувањето на нафта во Заедницата преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност кај земјите-членки, при што постои усогласеност со правилата на внатрешен пазар и конкуренција, не може задоволително да се постигне од страна на земјите-членки и бидејќи, заради доменот и ефектите на дејноста, може подобро да се постигне на ниво на Заедницата, Заедницата може да донесе мерки, во согласност со принципот на супсидијарност, како што е утврдено во член 5 од Договорот. Во согласност со начелото за пропорционалност, како што е утврдено во тој член, оваа директива не оди подалеку од она што е потребно за да ја исполни таа цел.
(34) Мерките кои се неопходни за спроведување на оваа директива треба да се донесат во согласност со Одлука 1999/468/ЕЗ на Советот од 28 јуни 1999 година за утврдување на постапките за примена на овластувањата за спроведување што ѝ се доделени на Комисијата 1.
(35) Во согласност со точка 34 од Меѓуинституционалната спогодба за подобро подготвување на законодавството, земјите-членки се поттикнуваат да состават за себе и во корист на Заедницата, свои табели во кои се покажува колку што е можно повеќе, заемниот однос помеѓу оваа директива и мерките за нејзино транспонирање и истите да се објават.
(36) Заради тоа, треба да се укинат директиви 73/238/ЕЕЗ и 2006/67/ЕЗ и Одлука 68/416/ЕЕЗ,
ЈА ДОНЕСЕ ОВАА ДИРЕКТИВА:
Член 1
Цел
Оваа директива ги утврдува правилата насочени кон обезбедување високо ниво на безбедност на снабдувањето со нафта во Заедницата преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност кај земјите-членки за чување на минимални резерви на сурова нафта и/или нафтени производи како и воведување на неопходни процедурални начини за справување со сериозни дефицити.
Член 2
Дефиниции
За целите на оваа директива:
(a) “референтна година” ја означува календарската година на податоците за потрошувачка или нето увоз кои се користат при пресметување на резервите што треба да се чуваат или на оние што реално се чуваат во одреден период;
1 Сл.весник L 184, 17.7.1999 год. стр. 23.
(б) “адитиви” значи сите не-јаглеводородни соединенија што му се додаваат или се мешаат со даден производ заради изменување на неговите својства;
(в) “биогориво” значи течно или гасовито гориво за транспорт што се произведува од биомаса, при што “биомаса” претставува биоразградлив дел од производи, отпад и остатоци од земјоделски (вклучувајќи растителни и животински супстанци), шумарски и сродни индустрии, како и биоразградлив дел од индустриски и локален отпад;
(г) “домашна потрошувачка” значи вкупните количини, што се пресметуваат во согласност со Анекс II, а се добиваат во една земја за енергетска и не-енергетска употреба; овој агрегат вклучува доставувања до секторот за трансформација и доставувања до секторите за индустрија, транспорт, домаќинствата и до други сектори за “крајна” потрошувачка; исто така, ја вклучува сопствената потрошувачка на секторот за енергија (освен горивото за рафинериите);
(д) “ефективна меѓународна одлука за пуштање во промет на резерви” значи секоја одлука што ја донесува Управниот одбор на Меѓународната агенција за енергетика да ги стави на располагање на пазарите суровата нафта или нафтените производи преку пуштање во промет на резервите на членовите и/или дополнителни мерки;
(ѓ) “централен објект за чување резерви” (ЦСЕ) значи органот или служба на кој може да му се додели овластувања за работа за добивање, чување или продажба на нафтени резерви, вклучувајќи резерви за вонредни состојби и посебни резерви;
(е) “голем прекин во снабдувањето” значи значително и ненадејно намалување на снабдувањето со сурова нафта или нафтени производи во Заедницата или во земја-членка, без оглед дали истото довело до ефективна меѓународна одлука за пуштање во промет на резерви;
(ж) “меѓународни морски бункери” го има значењето дадено во Дел 2.1 од Анекс А кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008;
(з) “нафтени резерви” значи резервите на енергетски производи кои се наведени во првиот став од Дел 3.1 од Анекс В кон Регулатива (ЕЗ) бр. 1099/2008;
(ѕ) “резерви за вонредни состојби” значи сите нафтени резерви кои секоја земја- членка е задолжена да ги чува во согласност со член 3;
(и) “трговски резерви” значи нафтени резерви кои се наоѓаат кај економските оператори а за кои не постои барање во согласност со оваа директива;
(ј) “посебни резерви” значи нафтени резерви кои ги исполнуваат критериумите утврдени во член 9;
(к) “физичка достапност” значи аранжмани за лоцирање и транспортирање на резерви со цел нивно пуштање во промет или ефективно доставување до
крајните корисници и пазари во тек на временски рокови и услови погодни за ублажување на проблемите со снабдување за кои е можно да настанале.
Дефинициите одредени во овој член може да се појаснат или изменат во согласност со регулаторната постапка од член 23(2).
Член 3
Резерви за вонредни состојби —
Пресметување на обврски за чување резерви
1. Земјите-членки може да донесат закони, регулативи или административни одредби како што е соодветно, со цел да обезбедат, до 31 декември 2012 година, да вкупните нафтени резерви кои се чуваат во секое време во Заедницата за нивна корист во најмала мера одговараат на просек од 90 дена од дневни нето увози или на просек од 61 ден на дневна домашна потрошувачка, во зависност од тоа која од двете количини е поголема.
2. Просечните дневни увози кои треба да се земат предвид се пресметуваат врз основа на еквивалентот на сурова нафта за увозите за време на претходната календарска година, кој е пресметан во согласност со методите и постапките одредени во Xxxxx X.
Просечната дневна домашна потрошувачка што треба да се земе предвид се пресметува врз основа на еквивалентот на сурова нафта за домашна потрошувачка за време на претходната календарска година, пресметана во согласност со методот и постапките одредени во Xxxxx XX.
3. Сепак, и покрај став 2, дневните просеци на нето увозите и домашната потрошувачка, како што е наведено во тој став, се одредуваат што се однесува до периодот од 1 јануари до 31 март на секоја календарска година, врз основа на увезените или потрошени количини во текот на претпоследната година пред односната календарска година.
4. Методите и постапките за пресметување на обврските за чување резерви, како што е наведено во овој член, може да се изменат во согласност со регулаторната постапка наведена во член 23(2).
Член 4
Пресметување на нивоата на резервите
1. Нивоата на резерви кои што се чуваат се пресметуваат со методите одредени во Xxxxx XXX. При пресметување на нивоата на резерви за секоја категорија што се чува во согласност со член 9, тие методи важат само за производите во категоријата за која станува збор.
2. Нивоата на резерви кои се чуваат во одредено време се пресметуваат со користење на податоци од референтната година утврдено во согласност со правилата одредени во член 3.
3. Сите нафтени резерви може истовремено да се вклучат и во пресметувањето на резервите на земја-членка за вонредни состојби и во пресметувањето на посебните резерви, под услов тие нафтени резерви да ги задоволуваат сите услови утврдени во оваа директива за двата вида резерви.
4. Методите и постапките за пресметување на обврските за чување резерви, како што е наведено во ставови 1 и 2, може да се изменат во согласност со регулаторната постапка од член 23(2). Особено, може да се докаже како неопходно и корисно изменувањето на тие методи и постапки, вклучувајќи ја примената на предвиденото намалување наведено во Xxxxx XXX, со цел да се обезбеди приближување со практиката на ИЕА.
Член 5
Расположливост на резервите
1. Во секое време, земјите-членки обезбедуваат резервите за вонредни состојби и посебните резерви да бидат расположливи и физички достапни за целите на оваа директива. Тие воспоставуваат решенија за утврдување, пресметување и контрола на тие резерви со цел да се обезбеди да бидат достапни во секое време. Ова барање, исто така, важи и за резервите за вонредни состојби и посебните резерви кои се мешаат со други резерви што ги чуваат економските оператори.
Земјите-членки ги преземаат сите неопходни мерки за отстранување на сите тешкотии и пречки што може да ја отежнат расположливоста на резервите за вонредни состојби и посебните резерви. Секоја земја-членка може да одреди граници или дополнителни услови за можноста нејзините резерви за вонредни состојби и посебните резерви да се чуваат надвор од нејзината територија.
2. Кога постои причина да се применат итни постапки предвидени во член 20, земјите-членки забрануваат, и се воздржуваат од, преземање на секоја мерка што го попречува трансферот, користењето или пуштањето во промет на резервите за вонредни состојби или посебните резерви што ги чуваат во нивната територија во име на друга земја-членка.
Член 6
Регистар на резерви за вонредни состојби — годишен извештај
1. Секоја земја-членка одржува детален регистар кој постојано се ажурира за сите резерви за вонредни состојби што ги чува за своја корист а кои не претставуваат посебни резерви. Тој регистар ги содржи, особено, информациите кои се неопходни да се прецизира магацинот, рафинеријата или складиштето каде што се лоцирани предметните резерви како и вклучените количини, сопственикот на резерви и нивната природа, со упатување на утврдените категории од првиот став од Дел 3.1 од Анекс В кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008.
2. До 25 февруари секоја година, секоја земја-членка ѝ праќа на Комисијата резиме од регистарот на резерви наведен во став 1 во кое се дадени барем количините и природата на резервите за вонредни состојби вклучени во регистарот последниот ден од претходната календарска година.
3. Исто така, земјите-членки ѝ праќаат на Комисијата целосна копија од регистарот во рамки од 15 дена од барањето на Комисијата; оваа копија не мора да содржи чувствителни податоци во поглед на локацијата на резервите. Ваквите барања се прават не подоцна од 5 години по датумот на кој се однесуваат бараните податоци и не се однесуваат на податоци што се однесуваат на кој било период пред 1 јануари 2013 година.
Член 7
Централни органи за чување резерви
1. Земјите-членки може да постават централни органи за чување резерви (ЦСЕ).
Ниедна земја-членка не може да постави повеќе од еден ЦСЕ или некој друг сличен орган. Една земја-членка може да ги основа своите ЦСЕ на која било локација во Заедницата.
Кога некоја земја-членка основа ЦСЕ, тоа има форма на орган или служба без цел за остварување добивка, работи за општа корист и нема да се смета за економски оператор во смисла на оваа директива.
2. Главната цел на ЦСЕ е да добива, одржува и продава нафтени резерви за целите на оваа директива или за целите на усогласување со меѓународните договори за одржување на нафтени резерви. Тој е единствениот орган или служба на кој може да му се доделат овластувања за добивање или продавање на посебни резерви.
3. ЦСЕ или земја-членка може, за одреден период, да додели задачи во поглед на управувањето со резерви за вонредни состојби и, со исклучок на продажба и снабдување, во поглед на управувањето со посебни резерви но, само на:
(a) друга земја-членка во рамки на чија територија се лоцирани такви резерви или се основани ЦСЕ од таа земја-членка. Вака доделените задачи не смеат повторно да се делегираат на други земји-членки или на ЦСЕ кои тие ги основале. Земјата-членка која основа ЦСЕ како и секоја земја-членка во рамки на чија територија ќе се чуваат резервите, има право да го направи ова доделување возможно само со нејзино одобрување;
(б) економски оператори. Вака доделените задачи не смеат да се доделуваат повторно. Кога вакво доделување, или промена или проширување на ова доделување вклучува задачи кои се однесуваат на управувањето со резервите за вонредни состојби и со посебни резерви што се чуваат во друга земја-членка, мора однапред да се овластат и од земјата-членка на чија сметка се чуваат
резервите и од сите земји-членки во рамки на чии територии ќе се чуваат резервите.
4. Секоја земја-членка која има ЦСЕ, за целите на член 8(1) и (2), треба да објави:
(a) на постојана основа, целосни информации разделени по категорија на производ, за големината на резервите за кои може да преземе обврска да ја одржи за економските оператори или доколку е соодветно, за заинтересираните ЦСЕ;
(б) најмалку 7 месеци однапред, условите под кои сака да даде услуги во поглед на одржувањето на резервите за економските оператори. Условите под кои се даваат услуги, вклучувајќи ги условите за утврдување на распоред, може исто така, да ги определуваат и надлежните национални органи или по конкурентна постапка за одредување на најдобра понуда од операторите, или доколку е соодветно, заинтересираните ЦСЕ.
ЦСЕ ги прифаќаат таквите обврски во согласност со објективни, транспарентни и недискриминирачки услови. Плаќањата од операторите за услугите на ЦСЕ не ги надминуваат целосните трошоци на дадените услуги и не смеат да се бараат сè додека не се создадат резервите. ЦСЕ може да постави како услов за прифаќање на делегирање да се обезбеди гаранција или некој друг вид на хартија од вредност.
Член 8
Економски оператори
1. Секоја земја-членка обезбедува дека секој економски оператор на кој му наметнува обврска за чување резерви со цел да ги исполни своите обврски од член 3 има право да му ги додели тие обврски или дел од нив и по избор на економскиот оператор, но единствено на:
(a) ЦСЕ на земјата-членка на чија сметка се чуваат такви резерви;
(б) едно или повеќе други ЦСЕ кои однапред се декларирале самите дека сакаат да чуваат такви резерви, под услов дека таквите делегирања однапред се овластени и од земјата-членка на чија сметка се чуваат такви резерви и од страна на сите земји-членки во рамки на чии територии ќе се чуваат истите;
(в) други економски оператори кои имаат вишок резерви или расположлив капацитет за чување резерви надвор од териториите на земјата-членка на чија сметка се чуваат резервите во рамки на Заедницата, под услов дека таквото делегирање е однапред овластено и од земјата-членка на чија сметка се чуваат резервите и од сите земји-членки во рамки на чии територии ќе се чуваат резервите; и/или
(г) други економски оператори кои имаат вишок резерви или расположлив капацитет за чување резерви во рамки на територијата на земјата-членка за чија
сметка се чуваат резервите, под услов дека таквото делегирање однапред ѝ е соопштено на истата. Земјите-членки може да наметнат граници или услови за таквото делегирање.
Обврските кои се делегираат во согласност со точки (в) и (г) не смеат повторно да се делегираат. Секоја измена на или проширување на делегирањето од точки (б) и (в) важи само доколку однапред е одобрено од сите земји-членки кои го одобриле делегирањето. Секоја измена на или проширување на делегирањето од точка (г) се смета за ново делегирање.
2. Секоја земја-членка може да ги ограничи правата на делегирање на економските оператори на кои им наметнува или им има наметнато обврски за чување резерви.
Сепак, кога таквите ограничувања ги ограничуваат правата на делегирање на еден економски оператор до износи кои одговараат на помалку од 10% од обврската за чување резерви која му е наметната, земјата-членка обезбедува основање на ЦСЕ од кое се бара да ги прифати делегирањата во поглед на износите кои се неопходни за заштита на правото на економскиот оператор да делегира најмалку 10% од обврската за чување резерви од 10% која му е наметната.
Минималниот процент наведен во овој став се зголемува од 10% на 30% до 31 декември 2017 година.
3. И покрај одредбите од ставови 1 и 2, една земја-членка може да наметне обврска на некој економски оператор да додели барем дел од својата обврска за чување резерви на ЦСЕ од земја-членка.
4. Земјите-членки ги преземаат неопходните мерки да ги известат економските оператори за методите што треба да се користат за да се пресметаат обврските за чување резерви кои им се наметнуваат, не подоцна од 200 дена пред почетокот на периодот на кој се однесува односната обврска. Економските оператори го уживаат правото да делегираат обврски на ЦСЕ, не подоцна од 170 дена пред почетокот на периодот на кој се однесува односната обврска.
Кога економските оператори се известени помалку од 200 дена пред почетокот на периодот на кој се однесува обврската за чување резерви, тие можат да го уживаат правото да ја делегираат обврската во секое време.
Член 9
Посебни резерви
1. Секоја земја-членка може да ја преземе обврската да одржува минимум ниво на нафтени резерви, пресметано во денови на потрошувачка во согласност со условите одредени во овој член.
Посебните резерви се во сопственост на земјата-членка или ЦСЕ кој таа го основала и се одржуваат на територијата на Заедницата.
2. Посебните резерви може единствено да бидат составени од еден или повеќе од следните категории на производ, како што е дефинирано во Дел 4 од Анекс Б кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008:
— Етан
— ТНГ
— Xxxxxxx xxxxxx
— Бензин за воздухоплови
— Гориво за реактивни мотори од бензински вид (гориво за реактивни мотори од нафтен вид или JP4)
— Гориво за реактивни мотори од керозински вид
— Друг xxxxxxx
— Плинско/дизел гориво (дестилиран мазут)
— Мазут (со голема содржина на сулфур и со мала содржина на сулфур)
— Xxxxxxxxx xxxxxxxxx (“White spirit” ) и SBP
— Масла за подмачкување
— Битумен
— Парафински восоци
— Нафтен кокс
3. Нафтените производи кои претставуваат посебни резерви ги утврдува секоја земја-членка врз основа на категориите наведени во став 2. Земјите- членки обезбедуваат дека за референтната година која е утврдена во согласност со правилата од член 3 и во поглед на производите вклучени во категориите што се употребуваат, еквивалентот на сурова нафта за потрошените количини во една земја-членка е во најмала мера еднаков на 75% од домашната потрошувачка пресметана со постапката утврдена во Xxxxx XX.
За секоја категорија избрана од земјата-членка, посебните резерви кои земјата- членка се обврзува да ги одржува, одговараат на даден број на денови на просечна дневна потрошувачка измерена врз основа на нивниот еквивалент на сурова нафта во текот на референтната година утврден во согласност со правилата одредени во член 3.
Еквивалентите на сурова нафта наведени во првиот и вториот потстав се пресметуваат со множење со фактор 1,2 на агрегатниот показател “направени бруто домашни набавки”, како што е дефинирано во Дел 3.2.1 од Анекс В кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008, за производите вклучени во категориите што се применуваат или односните категории. Во пресметувањето не се вклучуваат меѓународни морски бункери.
4. Секоја земја-членка што одлучила да одржува посебни резерви ѝ испраќа на Комисијата известување што треба да се објави во Службениот весник на Европската унија со прецизирање на нивото на таквите резерви што се обврзала да ги одржува, како и времетраењето на таквото чување кое изнесува најмалку 1 година. Известеното минимално ниво се применува еднакво за сите категории на посебни резерви кои ги користи земја-членка.
Земјата-членка обезбедува таквите резерви да се чуваат за време на целиот период за кој се известува, без да е во спротивност со правото на земјата-членка да применува привремени намалувања единствено како резултат на посебните операции за замена на резерви.
Списокот на категории кои ги користи една земја-членка останува во сила најмалку една година и може да се измени единствено со важност од првиот ден од календарскиот месец.
5. Секоја земја-членка која не презела обврска за целиот период од дадена календарска година да одржува посебни резерви најмалку 30 дена обезбедува да најмалку една третина од нејзината обврска за чување резерви се чува во форма на производи кои се составени во согласност со ставови 2 и 3.
Една земја-членка за која се чуваат посебни резерви помалку од 30 дена изработува годишен извештај за анализирање на мерките кои ги преземаат нејзините национални органи за обезбедување и потврдување на расположливоста и физичката достапност на резервите за вонредни состојби како што е наведено во член 5 и истата ги документира аранжманите во овој извештај кои се направени за да ѝ обезбедат на земјата-членка да го контролира користењето на овие резерви во случај на прекини во снабдувањето со нафта. Тој извештај ѝ се испраќа на Комисијата, до крајот на првиот месец од календарската година на која се однесува.
Член 10
Управување со посебните резерви
1. Секоја земја-членка одржува детален регистар кој постојано се ажурира за сите посебни резерви што ги чува во својата територија. Тој регистар ги содржи особено сите информации кои се неопходни за прецизирање на точната локација на резервите за кои станува збор.
Исто така, земјите-членки ѝ праќаат на Комисијата копија од регистарот во рок од 15 дена по барањето на Комисијата. Оваа копија не мора да содржи чувствителни податоци за локацијата на резервите. Ваквите барања се изработуваат не подоцна од 5 години по датумот на кој се однесуваат бараните податоци.
2. Кога посебните резерви се мешаат со други нафтени резерви, земјите- членки или нивните ЦСЕ ги преземаат неопходните мерки за да се спречи преместување на тие мешани производи, во рамките на делови кои ги претставуваат посебните резерви, без претходно писмено овластување од сопственикот на посебните резерви и на органите на земјата-членка или ЦСЕ кои таа ги основала а во чија територија се лоцирани резервите.
3. Земјите-членки ги преземаат неопходните мерки за да обезбедат безусловен имунитет во поглед на мерките на извршување за сите посебни резерви кои се одржуваат или се транспортираат во рамки на нивните
територии, без оглед на тоа дали тие резерви се во нивна сопственост или во сопственост на други земји-членки.
Член 11
Ефектот од делегирање
Делегирањата од членови 7 и 8 на никој начин не ги изменуваат обврските на секоја земја-членка во согласност со оваа директива.
Член 12
Статистички извештаи за резерви кои се опфатени со член 3
1. Имајќи ги предвид нивоата на резерви што треба да се чуваат во согласност со член 3, секоја земја-членка изработува статистички извештаи и ги доставува до Комисијата во согласност со правилата одредени во Xxxxx XX.
2. Правилата за изработување на извештаите од став 1, нивниот опсег, содржина и зачестеност како и роковите за нивно поднесување може да се изменат во согласност со регулаторната постапка од член 23(2). Правилата за поднесување на тие извештаи до Комисијата исто така може да се изменат во согласност со регулаторната постапка од член 23(2).
3. Земјите-членки не смеат да вклучуваат количини на сурова нафта или нафтени производи кои се предмет на запленување или судско извршување во своите статистички извештаи на резерви за вонредни состојби. Ова, исто така, важи за резерви кои се во сопственост на компании под стечај или случиле договор со доверители.
Член 13
Статистички извештаи за посебни резерви
1. Секоја засегната земја-членка изработува и поднесува статистички извештаи до Комисијата за секоја категорија на производ, прикажувајќи ги посебните резерви кои постојат на последниот ден на секој календарски месец и прецизирајќи ги количините и бројот на денови на просечна потрошувачка во референтната година која ја претставуваат овие резерви. Доколку дел од тие резерви се чуваат надвор од територијата на земја-членка, тогаш таа ги дава деталите на резервите кои се одржуваат во или од страна на разни засегнати земји-членки и ЦСЕ. Исто така, таа обезбедува детално упатување за тоа дали ги поседува сите резерви или пак дали истите се во сопственост, делумно или целосно, од нејзините ЦСЕ.
2. Секоја засегната земја-членка, исто така, изработува и поднесува до Комисијата резиме за посебните резерви лоцирани на нејзина територија и во сопственост на други земји-членки или ЦСЕ, во кое се дадени резервите во нивната состојба на последниот ден од секој календарски месец и разделени по категории на производи утврдени во согласност со член 9(4). Исто така, земјата-
членка во ова резиме ги наведува и, за секој посебен случај, засегнатата земја- членка или ЦСЕ како и вклучените количини.
3. Статистичките резимеа наведени во став 1 и 2 се поднесуваат за време на календарскиот месец кој следува по оној на кој се однесуваат.
4. Исто така, по барање на Комисијата веднаш се испраќаат и копии од статистичките резимеа. Ваквите барања може да се изготвуваат не подоцна од 5 години по датумот на кој се однесуваат податоците за кои станува збор.
5. Опсегот, содржината и честотата на статистичките резимеа како и роковите за нивно поднесување може да се изменат во согласност со регулаторната постапка од член 23(2). Правилата за поднесување на тие резимеа до Комисијата, исто така, може да се изменат во согласност со регулаторната процедура наведена во член 23(2).
Член 14
Статистички резимеа за трговски резерви
1. Земјите-членки ѝ праќаат на Комисијата месечен статистички резимеа за нивоата на трговски резерви кои се чуваат во рамки на нивната национална територија. Притоа, тие обезбедуваат заштитени чувствителни податоци и се воздржуваат од споменување на имињата на сопствениците на засегнатите резерви.
2. Употребувајќи агрегатни нивоа, Комисијата објавува месечно статистичко резиме за трговските резерви во Заедницата врз основа на извештаите кои ги поднесуваат земјите-членки.
3. Правилата за поднесување и објавување на статистичките извештаи како и правилата за нивна честота може да се изменат во согласност со регулаторната постапка наведена во член 23(2).
Член 15
Обработка на податоци
Комисијата е одговорна за развој, водење, управување и одржување на ресурсите од информатичка технологија кои се неопходни за добивање, чување и изведување на каква било обработка на податоците предвидена во статистичките резимеа, сите други информации кои ги доставуваат земјите- членки или кои ги прибира Комисијата во согласност со оваа директива како и сите податоци кои се собрани за нафтени резерви во согласност со Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008 и кои се неопходни за целта на изработка на резимеата кои се бараат во согласност со оваа директива.
Член 16
Биогорива и адитиви
1. При пресметување на обврските за чување на резерви во согласност со членови 3 и 9, биогоривата и адитивите се земаат предвид само кога се мешаат со засегнатите нафтени производи.
2. При пресметување на нивоата на резерви кои реално се одржуваат, биогоривата и адитивите се земаат предвид во случај, кога:
(a) се измешани со предметните нафтени производи; или
(б) се чуваат на територијата на засегнатата земја-членка, под услов земјата- членка да има донесено правила за да се обезбеди дека истите треба да се измешаат со нафтени производи што се чуваат во согласност со барањата за чување резерви утврдени во оваа директива и дека истите треба да се користат во транспорт.
3. Правилата за земање предвид на биогорива и адитиви при пресметување на обврските за чување резерви и на нивоата на резерви, како што е наведено во ставови 1 и 2, може да се изменат во согласност со регулаторната постапка наведена во член 23(2).
Член 17
Координативна група за нафта и нафтени производи
1. Се ова се основа Координативна група за нафта и нафтени производи (во понатамошниот текст “координативна група“). Координативната група претставува група за консултации која придонесува за анализирање на состојбата во Заедницата во поглед на безбедноста на снабдувањето со нафта и нафтени производи и за олеснување на координацијата и спроведувањето на мерките на ова поле.
2. Координативната група е составена од претставници на земјите-членки. Со неа претседава Комисијата. Во работењето на координативната група, на покана на Комисијата, може да учествуваат репрезентативни тела од дадениот сектор.
Член 18
Прегледи на подготвеноста за вонредни состојби и чувањето на резерви
1. Комисијата може, во координација со земји-членки, да спроведува прегледи со цел да ја провери нивната подготвеност за вонредни состојби, а доколку Комисијата го смета за соодветно, и чувањето на резерви за вонредни состојби. При подготовката за таквите прегледи, Комисијата ги зема предвид напорите кои ги направиле други институции и меѓународни организации и се консултира со координативната група.
2. Координативната група може да се согласи за учеството на овластени службеници и претставници на други земји-членки во прегледите. Назначените национални службеници на земјата-членка која се проверува може да ги
придружуваат лицата кои ја спроведуваат проверката. Во период од 1 недела по објавувањето на прегледот наведен во став 1, секоја засегната земја-членка која не ја обезбедила Комисијата со чувствителните податоци за локацијата на резервите во согласност со членови 6 и 9, ги става овие информации на располагање на вработените на Комисијата или на овластените претставници.
3. Земјите-членки обезбедуваат да нивните органи и одговорните за одржување и управување со резерви за вонредни состојби и посебни резерви се согласуваат за инспекции и обезбедуваат помош на лицата овластени од Комисијата за вршење на тие прегледи. Земјите-членки особено обезбедуваат да тие лица имаат право на пристап до сите документи и регистри кои се однесуваат на резервите како и да имаат право на пристап до сите места на кои се чуваат резерви и до сите придружни документи.
4. Резултатот на прегледите извршени во согласност со овој член се доставува до земјата-членка која се проверува и исто така, може да се испрати до координативната група.
5. Земјите-членки и Комисијата обезбедуваат дека службениците, овластените претставници и други лица кои работат под надзор на Комисијата како и членовите на координативната група не смеат да дадат информации кои се собрани или разменети во согласност со овој член и кои по својата природа се опфатени со службена тајност, како што е идентитетот на сопствениците на резерви.
6. Целите на прегледите наведени во став 1 не смеат да вклучуваат обработка на лични податоци. Сите лични податоци кои се најдени или случајно откриени за време на тие прегледи не смеат да се собираат или да се земат предвид и доколку се прибрани случајно, веднаш се уништуваат.
7. Земјите-членки ги преземаат неопходните мерки со цел да обезбедат дека сите податоци, записи, резимеа и документи кои се однесуваат на резервите за вонредни состојби и на посебни резерви се чуваат за период од најмалку 5 години.
Член 19
Заштита на поединци во поглед на обработката на податоци
Оваа директива не е во спротивност и на никој начин не влијае врз нивото на заштита на поединци во поглед на обработката на лични податоци во согласност со одредбите на Заедницата и националното право и особено, не ги менува обврските на земјите-членки во поглед на обработката на лични податоци како што е утврдено со Директива 95/46/ЕЗ или обврските кои им се наметнуваат на институциите и телата на Заедницата во согласност со Xxxxxxxxxx (ЕЗ) бр.45/2001 во поглед на обработката на лични податоци од нивна страна при вршењето на нивните должности.
Член 20
Постапки при вонредна состојба
1. Земјите-членки обезбедуваат да имаат воспоставено постапки и да преземаат мерки како што е неопходно, со цел да им овозможат на нивните надлежни органи брзо, транспарентно и ефективно пуштање на дел или сите нивни резерви за вонредни состојби и посебни резерви во случај на големи прекини со снабдувањето како и да наметнат општи или посебни ограничувања за потрошувачка во согласност со проценетите кусоци, меѓу другото, преку приоритетна распределба на нафтените производи на одредени групи корисници.
2. Во секое време земјите-членки имаат планови за непредвидливи ситуации што треба да се спроведат во случаи на големи прекини во снабдувањето и предвидуваат организациски мерки што треба да се преземат со цел да се овозможи спроведувањето на плановите. На барање, земјите-членки ја информираат Комисијата за нивните планови за непредвидливи состојби и соодветните организациски мерки.
3. Во случај на ефективна меѓународна одлука за пуштање во промет на резерви која се однесува на една или повеќе земји-членки:
(a) засегнатите земји-членки може да ги користат своите резерви за вонредни состојби и посебните резерви за да ги исполнат своите меѓународни обврски во согласност со таа одлука. Секоја земја-членка што постапува на овој начин веднаш ја известува Комисијата, за таа да може да свика состанок на координативната група или да се консултира со своите членки по електронски пат со цел да процени влијанието на тоа пуштање;
(б) Комисијата треба да им препорача на земјите-членки да пуштат во промет дел или сите нивни резерви за вонредни состојби и посебните резерви или да преземат други мерки од еднаков ефект доколку се смета за соодветно. Комисијата може да постапува единствено по консултации со координативната група.
4. При отсуство на ефективна меѓународна одлука за пуштање во промет на резерви, а при тешкотии во снабдувањето на сурова нафта или нафтени производи во Заедницата или земја-членка, Комисијата ја информира XXX доколку е применливо, и соодветно се координира со истата, и свикува консултирање на координативната група колку што е можно побрзо, или по барање на земја-членка или по сопствена иницијатива. Кога некоја земја-членка бара консултирање на координативната група, тогаш тоа се свикува најдоцна во период од 4 дена од барањето, освен ако земјата-членка не се согласи на подолг период. Врз основа на резултатите од испитувањето на состојбата од координативната група, Комисијата утврдува дали се јавил голем прекин во снабдувањето.
Доколку се оцени дека се јавил голем прекин во снабдувањето, Комисијата одобрува пуштање во промет на дел или сите количини на резерви за вонредни состојби и посебни резерви кои се предложени за таа цел од земјите-членки.
5. Земјите-членки може да пуштат во промет резерви за вонредни состојби и посебни резерви под задолжителното минимално ниво кое е утврдено со оваа директива во количини кои се непосредно неопходни за првичен одговор во случаи на посебна итност или со цел да се пребродат локални кризи. Кога се работи за такво пуштање во промет, земјите-членки веднаш ја информираат Комисијата за пуштените количини. Комисијата ги пренесува овие информации до членовите на координативната група.
6. При примена на ставови 3, 4 или 5, земјите-членки може привремено да чуваат резерви кои се помали од оние предвидени со оваа директива. Во тој случај, Комисијата одредува врз основа на резултатите од консултациите на координативната група и, кога е применливо, во координација со ИЕА а особено земајќи ја предвид состојбата на меѓународните пазари за нафта и нафтени производи, разумен временски рок во чии рамки земјите-членки мора да ги вратат резервите на минималното потребно ниво.
7. Одлуките кои ги донесува Комисијата според овој член не се во спротивност со сите други меѓународни обврски кои им се наметнуваат на засегнатите земји-членки.
Член 21
Казни
Земјите-членки ги утврдуваат правилата за казните кои се применуваат за прекршување на националните одредби донесени во согласност со оваа директива и преземаат такви мерки доколку е неопходно да се обезбеди дека се применуваат. Таквите казни се ефективни, сразмерни и превентивни. Земјите- членки ја известуваат Комисијата за тие одредби до 31 декември 2012 година и ја известуваат без одложување за секоја последователна измена на истите.
Член 22
Преглед
До 31 декември 2015 година, Комисијата врши преглед на функционирањето и спроведувањето на оваа директива.
Член 23
Постапка на комитетот
1. На Комисијата ѝ помага комитет.
2. Кога се упатува на овој став, се применуваат членови 5 и 7 од Одлука 1999/468/ЕЗ.
Член 24
Укинување
Со ова, од 31 декември 2012 година се укинуваат Директива 73/238/ЕЕЗ, Директива 2006/67/ЕЗ и Одлука 68/416/ЕЕЗ. Упатувањата кон укинатите директиви и кон укинатата одлука се толкуваат како упатувања до оваа директива.
Член 25
Транспонирање
1. Земјите-членки ги спроведуваат законите, регулативите и административните одредби кои се неопходни за усогласување со оваа директива до 31 декември 2012 година.
По пат на отстапување од првиот потстав, земјите-членки што не се членови на ИЕА до 31 декември 2012 година и ја покриваат нивната домашна потрошувачка на нафтени производи во целост преку увози, ги спроведуваат законите, регулативите и административните одредби кои се неопходни за усогласување со член 3(1) од оваа директива до 31 декември 2014 година Додека тие земји-членки не ги спроведат тие мерки, тие одржуваат нафтени резерви кои соодветствуваат на 81 ден на просечни дневни нето увози.
Кога земјите-членки донесуваат мерки, тие содржат упатување кон оваа директива или се придружени со такво упатување при нивното официјално објавување. Методите за правење на такво упатување ги утврдуваат земјите- членки.
2. Земјите-членки ѝ го доставуваат на Комисијата текстот на главните одредби од националното право кое го донесуваат во полето кое е опфатено со оваа директива.
Член 26
Влегување во сила
Оваа директива влегува во сила на 20-иот ден по нејзиното објавување во
Службен весник на Европската унија.
Член 27
Адресати
Оваа директива се однесува на земјите-членки.
Брисел, 14 септември 2009 година
За Советот Претседател С. Малмстром
АНЕКС I
МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЕКВИВАЛЕНТОТ НА СУРОВА НАФТА ЗА УВОЗИТЕ НА НАФТЕНИ ПРОИЗВОДИ
Еквивалентот на сурова нафта за увози на нафтени производи, како што е наведено во член 3, мора да се пресметува со користење на следниот метод:
Еквивалентот на сурова нафта за увозите на нафтени производи се добива со пресметување на износот на нето увози на сурова нафта, течности од природен гас, влезни суровини за рафинерии и други јаглеводороди како што е утврдено во Дел 4 од Анекс Б кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008, прилагодувајќи го резултатот со цел да се земат предвид сите измени на резервите, и намалувајќи го за 4% од приносите на нафта (или, доколку просечните приноси од нафта во рамки на националната територија се поголеми од 7%, намалувајќи ја реалната нето потрошувачка на нафта или просечните приноси од нафта), додавајќи го ова на нето увозите на сите други нафтени производи исклучувајќи ја нафтата, на начин на кој би се зеле предвид промените во резервите и помножено со коефициент 1,065.
Во пресметувањето не се вклучуваат меѓународни морски бункери.
АНЕКС II
МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЕКВИВАЛЕНТОТ НА СУРОВА НАФТА ЗА ДОМАШНА ПОТРОШУВАЧКА
За целите на член 3, еквивалентот на сурова нафта за домашна потрошувачка мора да се пресмета со користење на следниот метод:
Внатрешната потрошувачка е износот на вкупните “направени бруто домашни набавки” како што е дефинирано во Дел 3.2.1 од Анекс В кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008, единствено на следните производи: моторен бензин, бензин за воздухоплови, гориво за реактивни мотори од бензински вид (гориво за реактивни мотори од нафтен вид или JP4), гориво за реактивни мотори од керозински вид, друг керозин, плинско/дизел гориво (дестилиран мазут) и мазут (со висока содржина на сулфур и ниска содржина на сулфур) како што е наведено во Дел 4 од Анекс Б кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008.
Во пресметувањето не се вклучуваат меѓународни морски бункери.
Еквивалентот на сурова нафта за домашна потрошувачка се пресметува со множење со коефициент 1,2.
АНЕКС III
МЕТОД ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА НИВОТО НА РЕЗЕРВИ ШТО СЕ ЧУВААТ
Мора да се користат следните методи за пресметување на нивото на резерви:
Без да е во спротивност со случајот наведен во член 4(3), ниедна количина не смее да се смета за резерва повеќе од еднаш.
Резервите на сурова нафта се намалуваат за 4% што одговара на просечниот принос на нафта.
Не се вклучуваат резервите на нафта и нафтени производи за меѓународните морски бункери.
При пресметувањето на резервите се вклучуваат други нафтени производи служејќи се со еден од двата метода одредени подолу. Земјите-членки мора да продолжат да го користат методот што го избрале во текот на целата календарска година за која станува збор.
Земјите-членки може:
(a) да ги вклучат сите други резерви на нафтени производи утврдени во првиот став на Дел 3.1 од Анекс В кон Регулатива (ЕЗ) бр.1099/2008 и го пресметуваат еквивалентот на сурова нафта со множење на количините со коефициент од 1,065; или
(б) да ги вклучат резервите само од следните производи: моторен бензин, бензин за воздухоплови, гориво за реактивни мотори од бензински вид (гориво за реактивни мотори од нафтен вид или JP4), гориво за реактивни мотори од керозински вид, друг керозин, плинско/дизел гориво (дестилиран мазут) и мазут (со висока содржина на сулфур и ниска содржина на сулфур) и да го пресметаат еквивалентот на сурова нафта со множење на количините со коефициент 1,2.
Во пресметувањето може да се вклучат количините што се чуваат:
— во рафинериски резервоари,
— терминали за товарање,
— нафтоводни капацитети
— во шлепери,
— во крајбрежни танкери,
— во нафтени танкери на пристаништа,
— во внатрешни бродски бункери,
— во складишта на дното на резервоарот,
— како оперативни резерви,
— од страна на големи потрошувачи како што се бара со закон или на некој друг начин контролирано од владите.
Сепак, таквите количини освен оние што се чуваат во рафинериски резервоари, нафтоводни капацитети или во терминали за товарање, може да не се вклучат при пресметување на нивоата на посебни резерви кога таквите резервоари се пресметуваат одделно од резервите за вонредни состојби.
Во пресметувањето не смее никогаш да се вклучи:
(a) сурова нафта што сè уште не е произведена; (б) количините што се на залиха:
— во цевководи,
— во вагони-цистерни,
— во бункери на морски бродови,
— во сервисни станици и малопродажни објекти,
— од други потрошувачи,
— бродови-цистерни,
— како воени резерви.
При пресметување на своите резерви, земјите-членки мора да ги намалат количините на резерви кои се пресметуваат како што е утврдено погоре со 10%. Тоа намалување се применува за сите количини што се вклучуваат во дадено пресметување.
Меѓутоа, не се применува намалување од 10% при пресметување на нивото на посебни резерви или нивоата на различни категории на посебни резерви кога тие категории или резерви се земаат предвид засебно од резервите за вонредни состојби, особено со цел да се провери усогласеноста со минималните нивоа утврдени во член 9.
АНЕКС IV
Правила за подготовка и поднесување до Комисијата на статистички резимеа за резервите што треба да се чуваат во согласност со член 3
Секоја земја-членка мора да изработи и поднесе до Комисијата, на месечна база, конечен статистички извештај за нивото на резерви кои реално се чуваат на последниот ден од календарскиот месец, пресметани или врз основа на бројот на денови на нето увози на нафта или врз основа на бројот на денови на внатрешна потрошувачка на нафта, во согласност со член 3. Статистичкото резиме мора да обезбеди детални податоци за причините зошто пресметувањето се заснова на бројот на денови на увоз или обратно, врз основа на бројот на денови на потрошувачка и во него мора да се прецизира коj од методите за пресметување одредени во Xxxxx XXX се користел.
Доколку некои резерви кои се вклучени при пресметување на нивото на резерви што се чуваат во согласност со член 3 се чуваат надвор од националната територија, секое резиме содржи детали за резервите што ги чуваат разни засегнати земји-членки и ЦСЕ на последниот ден од периодот на кој се однесува. Во извештајот, секоја земја-членка, исто така, мора да укажува, за секој посебен случај, дали резервите се чуваат во согласност со барање за делегирање од страна на еден или повеќе економски оператори или пак дали се чуваат по нејзино барање или по барање на нејзините ЦСЕ.
За сите резерви што се чуваат од страна на земја-членка во рамки на нејзината територија во име на други земји-членки или ЦСЕ, таа земја-членка мора да изработи и поднесе до Комисијата резиме кое ќе ги покажува резервите што постојат на последниот ден од секој календарски месец, разделени по категорија на производ. Исто така, земјата-членка во резимето мора да ги наведе, за секој посебен случај, засегнатата земја -членка или ЦСЕ како и вклучените количини.
Статистичките резимеа наведени во овој анекс мора да се поднесат до Комисијата во рок од 55 дена од крајот на месецот на кој се однесуваат. Тие резимеа, исто така, мора да се поднесат во рок од 2 месеци по барањето од Комисијата. Ваквите барања се изработуваат не подоцна од 5 години по датумот на кој се однесуваат бараните податоци.