Contract
Договорза тековно одржување ( 1 увид ) на соларен систем за топла вода, надвор од гарантен рок, склучен помеѓу:
1. “Xxx Xxxxx дооел“ од Стар Караорман бб, Штип, во натамошниот текст ИЗВРШИТЕЛ
и
2. , во натамошниот текст XXXXXXXX,
Член 1 ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Вредноста на овој договор е 1200 ден. (+ 18 % ДДВ) доколку корисникот има купено соларен систем од Еко Солар дооел и сака извршителот да му биде достапен за еден увид кај соларен систем на кој му поминал гарантниот рок. Сумата се плаќа веднаш, како аванс на жиро сметка 270050084090106 по потпишан договор.
Вкупно за еден увид се плаќа е 1200*1,18=1416 ден, вклучен ддв. По исплата на оваа сума на корисникот му се дава фактура и потпишан договор.
Доколку корисникот нема купено соларен систем од Xxx Xxxxx дооел (купил од друг трговец) и сака извршителот да направи еден увид, тој треба да плати 2000 ден. год (+ 18% ддв) како аванс. Вкупно за еден увид се плаќа е 2000*1,18=2360 ден, со ддв. По исплата на оваа сума на корисникот му се дава фактура и потпишан договор.
Член 2 ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Co потпишувањето на овој договор, извршителот е должен на направи најмалку еден бесплатен увид кај корисникот, во термин претходно договорено со корисникот. Услугите кои се надвор од овој договор, ќе се решаваат во спогодба помеѓу извршителот и корисникот.
Извршителот врши само увид за да го дијагностицира проблемот. По овој увид тој дава понуда на корисникот, со цел тој да има реална слика какви активности (замена на делови, работна рака) треба да се направат за да се реши проблемот. Понудата се доставува на е-маил на корисникот, тој самиот може да ја подигне од Извршителот или преку телефон. Потоа, корисникот, по добиениот увид и понуда за сервис, оценува дали се согласува да се поправа соларниот систем или не.
Вредност на услугата - увид за решавање на проблем кај соларен систем за топла вода :
Саатнина на 2 мастори за увид (2 * 0,5 часа) = 1 час*600 ден. =600 ден. Транспортен трошок од Караорман до било која локација одалечена макс. 10 км = 300 ден Изготвување на понуда за сервис на соларниот систем , (0, 5 часа) = 300 ден.
Член 3 ВОНРЕДНА ИНТЕРВЕНЦИЈА:
Интервенцијата за вонредни или хитни повици надвор од овој договор ќе се решаваат со взаемно разбирање помеѓу корисникот и извршителот.
Член 4 МИНИМАЛНО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА УВИДОТ
Увидот за увид ќе се извршува од Понеделник до Петок во период од 08.00h до 14.00 h. Пресметано време за траење за извршување на услугата за увид на проблемот е максимум 0,5 час (30 минути).
Во договорениот термин, 2 вработени од Xxx Xxxxx доаѓаат со службено возило, поставуваат скала за качување на кров, прават увид и не наплаќа ништо друго. (Транспортни трошоци, саатнина...)
Пролонгирање на времето на увид може да биде од: временски неприлики или виша сила (дожд или лизгав покрив, снег, премногу ниски температури, превисоки температури, забрана за работа на отворено од зголемен UV Индекс објавено преку министерство за труд и соцјална политика, нарушени меѓучовечки односи со комшиите кои не даваат пристап до заеднички кров, болести, нема пристап кон место на увид, премногу ризично место за увид од аспект на електрични кабли или други слични причини)
При интервенција, извршителот е должен да обезбеди сигурен пристап до местото за работа. Корисникот е должен да го затвори доводот на вода до соларниот систем и довод на ел.енергија. Корисникот треба да биде во објектот пред да дојде сервисната екипа која ќе направи увид. Ако екипата пристигне во договорен термин на увид, а корисникот не е дома, тогаш времето на увид запошнува од монентот на доаѓање на екипата до објектот, а не од времето на доаѓање на корисниот.
.
Член 5 Попуст на резервните делови и дополнителни услуги
1. Извршителот дава 10% попуст за извршените сервисни услуги, кој не се предмет на овој договор
2. Понуда за резервни делови за Соларни системи, по цени кои се пониски од продажните за 7% дефинирани во редовен ценовник на извршителот ЕКОСОЛАР дооел.
3. Сите дополнителни интервенции се наплаќаат по ценовникот за Сервисни услуги на “Еко Солар“.
Член 6 Пријавување на дефекти
Корисникот се обврзува дека на персоналот на Извршителот ќе му ги завери работните налози и службената документација за извршената интервенција. Пријавите за евентуални дефекти и во работното време се примаат на: e- mali x.xxxxxxx@xxxxx.xxx или на телефон (000-000-000) кај извршителот од 08:00-12 секој работен ден од Понеделник до Петок. По добиен повик од извршителот до корисникот, извршителот е должен да испрати сервисна екипа во рок од најмногу 3 дена. (доколку се задоволени условите од член 4)
Член 7 Дополнителни услуги
Дополнителните услуги кои не се опфатени со овој договор можат дополнително да се договорат со Анекс и да доведат до корекција на месечениот надоместок за одржување.
Член 8 Доверливост на податоците
Извршителот е должен сите информации стекнати во работењето кај Корисникот да ги чува во своја евиденција.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 9
За се што не е прецизирано со овој Договор се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
Сите несогласувања или спорови до кои би дошло врз основа на овој Договор, во врска со неговото толкување или спроведување, договорните страни ќе пробаат да ги решат со меѓусебно договарање во духот на добрите деловни односи. Ако таквиот договор не биде постигнат, спорот ќе го решава надлежниот суд во Штип.
Член 10
Овој Договор влегува во сила со денот на потпишување на истиот.
Член 11
Овој Договор е составен во 2 (два) еднообразни примероци, од кои по 1 (еден) примерок за секоја договорна страна.
Датум и место на потишување на договорот
Извршител на услуги | Корисник на услуги |
Зоран Трајков ЕКОСОЛАР дооел | Име и презиме ( или назив на фирма) Потпис |